Не сум за простести искрено,која е целта да се протестира кога убиецот е во затвор и осуден на 14 години затвор?
Целта е полициската бруталност кој ја вршат врз граѓаните , целта е дека да немаше сведоци немаше ни да биде убиство туку ќе беше прогласена предозираност или нешто , целта е колку вакви случаеви се обиделе да ги сокријат со самоубиства , целта е криминалната влада.
Убиецот си го лежи стореното дело,тука нема потреба ама баш за никакви протести.Која полициска бруталност?Зарем полицијата треба да стои а ние само да си маваме по нејзе?Земи прост пример од тебе кога некој ке те мавне и повреди и ти ке мавнеш и повредиш,така е и со полицијата,работат за парче леб и она што ке им наредат тоа и ке прават.Не дозволувајте преку нашите мозоци политичките партии да си ги добијат она што го зацртале во животот,секогаш имало криминал без разлика која партија била на власт,и секогаш и ке има.
Протести-ДА Ги подржувам овие протести,но се додека народот не научи да разграничува ПОЛИТИЧКИ ПРОТЕСТИ ОД ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТИ ќе имаме неписмена нација... Насилство не подржувам,да се спуштат сите предмети од типот на шипки,шишиња, камења итн,никако не ни доликува нас младите на пропагираме таков тип на насилство... А на Ивона новинарката да се надоврзам подобро му е да се скрие во некоја дупка и глава да не појавува сите ја знаеме која е и што е,патем ми даде идеа како од една гребнатинка да направам драма и да се измачкам со крв каде што ќе ми текни за да глумам жртва и невиност фала ти Ивонче...
Секој има право на протести АМА БЕЗ НАСИЛСТВО МИРНИ ДА СЕ а не со секакви предмети да се мава по полицијата па од кога ке заиграат лисиците и пендраците полицијата е брутална и лоша, не може така и тие се нечии родители и деца не смее гневот , омразата и насилството да се истура брз полицијата
Браво баш така,значи како прво организираат мирни протести,искача народот,мава брутално по полицијата,пали контињери фрлаат со оган по неа,фрлаат со каменња и флаши,и сакате полицијата да седи мирна?немој да ме је*еш(само ставете се во ситуација,некој ваш роднина да е полицаец таму).Се знае како изгледа мирен протест,овие два дена се мирни протестите и се надевам така ке останат така во иднина.Не сум за ниедна политичка партија искрено ме заболе и за едни и за други,јас сум за поубава иднина за нас младите и за овој напатен и изнемоштен народ.
Се разбира дека мора да има протести. Кој сака, нека си седи дома и нека попува по форуми како му е вака или онака во државата. Јас како граѓанин на земјава, имам обрвска да се борам за демократија и човечко достоинство. Протести редовни и масовни, без насилство се некаква надеж. Неможе поинаку со оваа крајно опасна и криминална мафија.
Добро е бар ке имаат слики за на кавер и профилна слика,дојде време каде фб е најбитно од све во животот,жално но вистинито.
протести подржувам се додека нема насилство. Никој нема ништо да постигне ако со цигла мавне полицаец или со јајца по влада.. Ако сето ова е заради убиството на мартин, мислам свака им част на овие шо протестираат и почитта што му ја оддаваат. Дури и владата да ги сокрила вистинските факти за убиството, зарем луѓево треба да се покажуваат колку се силни и дека вака дури се и полоши од нив. Демек властиве штитат убиец, а ние сме некои хулигани, ќе идеме ќе кршиме, ќе маваме, невини луѓе можеме да убиеме, и сега сме некои херои кои одаваме почит на дечкото. И човек треба демек да се гордее со нив нели? Ако владата стварно сокрила, нека се обидат да докажат, не велам дека ВМРО се цвеќиња за мирисање, ама не е работата само да се изживуваш и да го вадиш бесот за да постигнеш нешто е не пак да смениш власт. Како и за смртта на Младенов. Прво правно нека се докаже, дека бил убиен, после нека течат работите како што треба. Истото го мислам и за протестите што беа лани во ѓорче кога го убија матурантот. Оние што протестирааа, мислеа воопшто против кого протестираат? ако детето било убиено од албанец поради етничи причини, што се криви тие кои можеби не ни биле таму кога се случило убиството. Албанцине протестираа пред 2-3 години во Гостивар за полицаецот што уби двајца во самоодбрана ама они кршеа во наша земја и на наши граѓани, додека оние во ѓорче се сметаа за големи луѓе кои одаваат почит на почуната личност оштетувајќи дуќани на луѓе кои се ни криви ни должни, А некој може да помине од таму, жив да не остане. И јас да не треба да се гордеам со еден македонец кој за малку можел да ме убие? Не подржувам ниедна партија, ниедно убиство, ниеден протест со насилство. Се додека невини луѓе се изложени на опасност поради ваквите испади на бес, ние ќе си се гордееме со државава, со оние коо ја водат, и со оние кои не гледајќи што прават сакаат тоа да го сменат.
Се' тоа убаво звучи,само кој да го докаже?Правната ни држава со местени обвинители и судии?Корумпираната држава?Да не беше жално ќе беше смешно. А за протестите,да имате право измешани се некои работи.Најмногу тоа што луѓево или сосила се прават дека не сфаќаат или вистина не сфаќаат,ако ти сметаат овие глупости не значи дека ги поддржуваш глупостите на другите.Еве да речеме не се Сдсм тие што ги објавуваат бомбите,туку некој пензиониран политичар од некоја си чкљ партија и тогаш ли протестите ќе беа партиски.А знам тогаш ќе беше муабетот абе овај го плаќаат.Ми се повраќа од луѓе што ќе ми речат ако не си за едните мора да си за другите.Е да мене перен ми е мозоков па не можам сама да мислам,мора некоја партија да ми каже што да мислам. И да расчистиме,протестите не се за Мартин,туку за да не се повтори обидот за прикривање на убиство и калкулирањето со нечие убиство,за да се спасат нечии га*oви.
Зашто сте се фатиле сите за насилството, еве да кажам од искуство, зашто бев. Тие што провоцираат, маваат со шишиња, прават нереди, се мала група, доаѓаат маскирани. Сите останати луѓе, протестираат мирно. Вчера еден дечко малку поагресивно се движеше наоколу и вреѓаше, го искараа група луѓе што беа дојдени да протестираат.
Промени во општеството нема со седење дома и куцкање на пц. Секако дека поддржувам протести. Да бевме ние во времето на Гоце Делчев, турците ќе беа пресреќни. Да бе ќе искачам ќе се тепам, ако дојде некој друг подобро ли ќе ни биде? Или, да бе ја ако искочам на протест ќе сменам ли нешто? Е од такви си патиме.
Од денешните протести низ цела Македонија , некаде повеќе , некаде помалку али ги има , малце оптимизам за 17ти
Според мене нема добра организација,нормално дека во Ск ќе има најповеќе одзив,не се протестира оделно по градови,сите да се соберат во Скопје и во еден глас да биди све па ќе видат што е одзив,ама знам дека за тоа треба и финансиски сретсва а сепак ова се граѓански протести... Целта е пред влада да се протестира
Протести додека не падне оваа проклета власт. Денес 18 часот пред влада, за прикривање на убиство. СИТЕ ДА ОДГОВАРААТ! https://www.facebook.com/events/108458522822631/
Колку е мека оваа полиција и власт, во рамки на неспособност. Абе удри по скапаниците и не ги штеди. Кога се протестираше во САД, Турција, Италија, Шпанија, во Франкфурт полицијата маста им ја истресе на демонстрантите. Е па не може во цивилизирана држава на кој ќе му текне да создава кризи, и тоа тие луѓе излегоа со причини да протестираат, не како овде, собрани група комуњари што им се истрошија заштедите од она што го крадеа до пред 10 години и сакаат да рушат државен поредок. Мрш бе таму. Не сум вмро и никогаш немам гласано на избори ама тоа не значи дека вас ќе ве поддржам и ќе ви се придружам во глупирањето. Гледате дека и Европа крена раце од вас веднаш кога сфати колку сте малоумни и бескорисни, чукнете си ги црпките да видите колку ниско паднавте. Знам дека овој форум сте комуњари и дека и постот нема да биде сфатен како што треба, јас да напишам тоа што се испровоцирав од читање на овие теми. П.С. Ако сакате да се вратите на власт, пренесете му на вашиот лидер да состави програма и да им понуди нешто корисно на граѓаните, не да трча кај американскиот амбасадор после секоја глупост што ќе ја направите. Сами чистете си ги срањата.
точно...вакво самоволите по улици не било нема ни да биде, во која држава и да беа пред која друга влада кој знае што ќе ги снајдеше. Уште пцујат викаат и вреѓаат по административците пред владата како тие да им се криви. Дно дна.
Елиса подобро нешто отколку ништо.Знаеш ли ти што значи воопшто отпор, знаеш ли ти воопшто зашто они протестираат, тие пред влада си знаат за што протестираат, но тие пред собрание незнаат зашто протестираат