Протести, мирни собири и организации за Кочани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Јас таа, 23 март 2025.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.715
    Допаѓања:
    41.473
    Пол:
    Машки
    Избришаа ради темата, оф топик беше.

    Изгубија поддршка инаку зашто студентите се стремат кон тоа да бидат непартизирани, а организаторов на Пленумот кој е и на видеото бил апла во Левица, па се обои одма нештото. Не верувам дека ќе успеат со тоа.

    Од друга страна овие од Кој е следен ми даваат повеќе надеж.

    И убаво вака што има оркестриран напад, значи се плашат од нас.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    1.970
    Пол:
    Женски
    Не му придавај на важност, најдобро е да ги игнорираме ваквите. Мислам има луѓе чие мислење не вреди 2 динара како неговото и на останатите партиски војници. Ќе се испотепаат меѓу себе за власт.
     
    На JoyJoy и DS10 им се допаѓа ова.
  3. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    1.970
    Пол:
    Женски
    Еве во врска со барањето на Кој е следен стручно мислење. Се надевам ќе го земат во предвид.
     

    Прикачени фајлови:

    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.460
    Допаѓања:
    138.862
    Протестите за утре се откажани.

    Гледајте го цело видео, едниот кажа дека е од политичка партија другиот дека досега бил, а онаа Доротеа е од ЛГБТ, што се насмеала среќна целата, возбудена...

    Ние немавме сила ни на форумов да пишуваме, они состанок одржале како да го искористат пожарот во нивна корист ... Вака пробаа да ги преземат протестите кога беше убиена Фросина, сега пак. ЗА ПАРИ
     
    На Трагедијаупмм, Rozevata, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.715
    Допаѓања:
    41.473
    Пол:
    Машки
    Утре во 18:59 на Плоштад Македонија :)
     
    На theowndemon, Thinkerbell., FriendOfDorothy и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    1.970
    Пол:
    Женски
    Не се. Тие од видеото, некоја си самопрогласена организација на студенти не откажале ене ги се силат на инстаграм, ќе си одржувале некакви пленуми. Мислиш дека туку така ќе се повлечат, зарем не слушна и виде за каков тип на луѓе се работи и на што се се спремни? Откажани се само протестите на легитимниот сојуз на студентите.
    Кој е следен ќе се одржи на плоштад од 19 часот.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    4.782
  8. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    4.782
    Студентите се силеле, безобразни, како не им е срам пленуми ќе правеле.

    Од една страна Борјан Кој е следен од Шарена, од друга страна НСС со Левица. Стварно не знам, најубаво да си ќутиме и дома да си седиме, уствари и на форум да јадеме нешто.
     
  9. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    1.970
    Пол:
    Женски
    Не бе таман работа. Студентите си знаат што да прават, се надевам ќе си продолжат неутрално без овие од видеово. Утре секако ќе одиме на Кој е следен, има многу работи кои не чинат и не смее власта да се остави да биде комотна.
     
    На Ahoy и JoyJoy им се допаѓа ова.
  10. ЕмилијаEma

    ЕмилијаEma Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2025
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Мене ми е да не се искористи оваа трагедија(од партии),и наместо да направиме се за да се оправи државава да пропаднеме уште повеќе
     
    На Трагедијаупмм, Momichka, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    8.748
    Пол:
    Женски
    Невозможно е, барем не за наредни неколку генерации. Затоа што "задните ложи" се под кирија, мора да се сработува инаку ќе им се измкне столчето веднаш. Личните интереси се посилни од сѐ, каков пожар, каква модуларна, каква Фросина. Само крвава борба за власт. Се гледа и на форумов, од авион, кој како е активен, таман кога треба. Ако младиве генерации започнат да делуваат сега(ама обратно од нивните родители), тогаш плодовите можеби ќе ги берат нивните внуци.
     
    На Трагедијаупмм, JoyJoy, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.220
    Допаѓања:
    34.756
    Пол:
    Женски
    Ајде ќе почнат спинувања и линчувања. Ќе се прават монтажи и слични глупости. Само да се зачува комотноста на фотељата.
    Никој што е сега во власт не сака промени. Очигледно не сакаат отчетност и одговорност. Сакаат мачкање очи у глумење дека нешти се прави.
    Пишав и на друга тема Мицковски и ВМРО имаат историска шанса да го ресетираат системот. Сега за сега никој не бара промена на власт сите бараат ккрумпираноста на системот да се смени. Само ВМРО го врти на промена на власт. За нив партијата е иста со државата. Срамно и жално е што излитени фаци како Игор Дурловски од сега се закануваат со звучни топови (кажува дека како Вучиќ имаат намера да станат, арам да му е). Залудени и заблудени од крадени пари немаат ни срам би перде ни осет.
    И да еве НСС биле партиски мотивирани, а УСС не се демек. Со години се знае дека партиски потрчковци се ставаат да се Претседатели на Студентско Собрание, тоа им беше отскочна даска за плитичка кариера. И како е сега едното полегитимно од другото? Ако е така кому да веруваат студентите? На голем дел од нив партиите не им се битни. Различни генерации се. Само им треба поддршка за вистинки да го сменат системот. Само дали ќе ја добијат е прашање.

    Еве и мислење на ескперти за тоа како власта се меша во истрага и прави тоа што не треба:

    https://racin.mk/vesti/kalajdhiev-z...oa94a_6UFu8hipSEuA_aem_o3jSaEf7Dk2vSugvNIvCwA

    https://civilmedia.mk/selimi-najmal...hko-deka-ke-rezultira-so-neselektivna-pravda/

    Се додека тие што се на власт се трудат да се исперат со сензационални апсења (најчесто на претходници од спротивниот табор) а потоа се влечат судски процеси, се кријат докази и на крај главните не одговараат ни нема спас. Се додека некој во некое Министерство, Инспекторат, Општина и слично потпишува документ без да размисли за последиците само заоа што од партија е аминувано тоа (со мито платено). Партизираната и корумпирана јавна администрација е проблем. Протестите се за тоа. Ама на некој му се тресе газот па одма почнаа со заплашување и спинување. Се гледа и на форумов.
     
    На Трагедијаупмм, IRBBB, Thinkerbell. и 4 други им се допаѓа ова.
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.152
    Допаѓања:
    27.230
    Владее немирен период кај нас моментално и не мислам на политичката сцена само. Луѓето се бесни и гневни и треба да се. Јас бев на неколку мировни протести, но за овој плениум или штагод да е- не го поддржувам. Кога видов кои се такозвани „организатори“ ми се згади. Нит им е жал, нит се бесни туку го гледаат како начин да дојдат до власт. Толку е провидно се, додатно и таа од Србија што им е. Буквално девојката им рече дека не е иста состојбата. Толку ми е мизерно да прават конфликти од ситуацијава. Да, младината има моќ, ама не секоја младина е младина која мисли на иднината на државата.
     
    На Трагедијаупмм, sino.o.oka, Iva:) и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.778
    Допаѓања:
    16.555
    Пол:
    Машки
    813.jpg
     
    На JoyJoy, DS10 и Ahoy им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.699
    Допаѓања:
    128.882
    Пол:
    Женски
    Протести треба да има, но без никакви и ничии влијанија од елитни, пленуми, шарени итн. На таквите не треба да им се дозволува присуство.
    Но, јас гледам проблем и во Кој е Следен?
    Не во тоа што постои, туку во тоа што има слабости.
    Мора да се дефинира што е.
    Не треба да се нарекува граѓанско движење доколку не е јасно утврдено чие е и дали е регистрирано во некаква форма. Ако се навистина независни, не треба да им е проблем да стават детални информации на профилите за сите заинтересирани веднаш да препознаат дали е под влијанија или не. Не може да се води борба без конкретна форма.
    Друго нешто, не се добро информирани како оди истрага и кои информации кога можат да бидат достапни.
    Овие слабости можат да бидат искористени од сите политички актери и иницијативата може да биде обојувана и понатаму.
     
    На Трагедијаупмм, Iva:) и Керолајн им се допаѓа ова.
  16. Керолајн

    Керолајн Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2025
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Сегашните студенти се деца што во време на шарената револуција имаа од 9 до 12години, верувам дека не знаат баш како се одвиваше и што донесе таа револуција. Сега само гледам дека голем дел од нив се воодушевуваат на тоа што се случува во Србија и одат на протести колку за да објават на стори, а нивната неинформираност ја користат во свој прилог големите играчи со долгорочно поставени цели. Поддржувам излегување и покажување на револт на достоинствен начин, но и тие што ги организираат протестите тековно да информираат колку и кои лица се во притвор. Некако како да се заборава фактот дека се притворени сопствениците, поранешни градоначалници и министер, припадници на мвр итн...
     
    Последна измена: 24 март 2025
    На Трагедијаупмм и Iva:) им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.460
    Допаѓања:
    138.862
    Денеска студентски лидер, одбрале некој дечко од 30 години, што не може да заврши факс, кој е лидер на Кој е следен, и кој у време на корона е со слики од Венко како давал крв. Значи пред 15 години можеа да излажат дека е студент и независен, сега се гледа дека има завршени пред 7 години, не е еструдент, туку политички нанесен задник од комуњарите. И кога ќе се чудат оти не им успеал протестот, да знаат. Оти прво живи ги фатија со онаа Доротеа како се радуваат дека можат да искористат смрт на деца, а сега местат политички активен дечко за лидер на студенти кој не е студент или па. 12 години не може да заврши факс.
    Студентите треба да знаат дека шарена беше да се донесе Заев, кој е денеска у Дубаи, со месеци. И да се смени имеето
     
    На Трагедијаупмм и Iva:) им се допаѓа ова.
  18. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека протестите може да придонесат за нешто овој скапан систем под хитно да се смени. Да и покажеме на власта дека неможе со нас да си игра играчки
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.053
    Допаѓања:
    41.840
    Тиха језа, едните кокодакаат за едно, другите за друго.
    Тоа партијашењето во фамилијарна лоза веќе им е влезено, и на едни и на други. Толку млади, а толку продадени, господине зајко, господине мицко.
    Лигуши, полтрони од мали, анални спелеолози, од родителите ваљда тренинг добиваат.
    Овде каде живеам, просто не ми се веруваше, ама има иселеници кои сестра со сестра се мразат и долен веш си вадат онлајн оти едната сдс другата вмро. А ситуирани интелектуалки као.
    За таму можам да замислам. Младите лебарки, пацови, лешинари и буба шваби, уште од сега се гледа на која банда припаѓаат. Смешното е што трите, четирите или колку банди ги има, само за своите задници им е најважно, другото евентуално на 14 место на список.
    Гадни гадови, та богдани, та господине заев алапачи гадуриски. Ај можда ко биле деца, ги иалажале. Наивни, со идеали.
    Ама сега партиските сточиња ко на норма да работат, барабар ми се со оние монструмите од мара салватруча од Хондурас, само овие не убиваат со куршум (мада има и такви) туку со возило, мазут, растворени лекови, дрога полче и слично, лоповишат навелико дур се колнат во мадре македоЊа, името, семето и племето со рака на срце.
     
    На Трагедијаупмм, tambelina, Skyler и 2 други им се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.220
    Допаѓања:
    34.756
    Пол:
    Женски
    @nextredstyle е па што е тогаш одговорот? Кој независен се грижи и има време за мислење на правниот статус.
    А у покрај ваква машинерија за спинување никој што ќе протестира нема да биде оставен на раат. На сите нас може да ни монтираат видеа, слики. А и секој од нас може да се нашол во ситуација да е сликан со некого и некаде многу мала држава сме. На власта секако и одговара ваква ситуација кај што сите во се ќе се сомневаат за тие да си продолжат по старо. Да еднаш се изгоревме со Шарената револуција. Дојде Мурто место Курто. Сега е Курто а уствари сенте една те иста мафија. Нема никаква суштинска разлика меѓу нив (освен што сегашните се поголеми националисти па и на меѓународен план прават проблеми). Супер им одговара што во старт има сомнежи за протестите. Најбитно е карванот да врви.
     
    На Ahoy и Dentina им се допаѓа ова.