Протести, мирни собири и организации за Кочани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Јас таа, 23 март 2025.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.449
    Допаѓања:
    8.747
    Пол:
    Женски
    Затоа некаде пишав, по неколку принципи се водат и едните и другите. Првиот е "Ако може тој, зашто да не можам јас". Вториот е "Јас ако праам, ама тој зашто да прави". И така дур се очисти тоа црно семе ќе требаат сто години, за голема жал за децата и луѓето кои невини страдаат. Ама кога зајакот ќе му каже на магарето дека има големи уши, или обратно, не знам дал да се смеам ил да плачам. Силната верба дека едните се подобри од другите или дека ние сме поштени, а вие не, овој украл па избегал ко џанам оној другиот да не беше покус со крадењето и бегањето, нереално ми е, како во паралелни универзуми да живееме.
     
    На st-el, Skyler, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    Ние што бевме тогаш во 20тите а сега сме во 30тите сме свесни за тоа. И во шарената имаше голем дел од младината која искрено се вклучи во протестите. Само што водачите и нивната позадина имаа за цел да дојдат на власт и да добијат политички фунции и некое тендерче како Васиљ. Мислам дека затоа сега сме со резерва и претпазливи.
    И не треба да сме таргетирани како луѓе што лежат и позади тестатура мрчат. Доволно сме возрасни да знаеме дека треба постојано да се протестира ама без позадински лидери и партиски штабски лидерчиња. И затоа се согласувам дека не треба да биде тајност кој стои зад организацијата, бидејќи народот ќе излезе но дали ќе продолжи да протестира зависи од тоа колку се независни луѓето позади Кој е следен. Би сакала и јас да се оформи граѓанско здружение и така да бидат јасни работитие. Не сум против таа иницијатива ама мислам дека од што сме изгорени ќе дуваме и во млако, тоа е.
    Во врска со студентине од видеото не заслужуваат никаков коментар, партиски војници на задача, идните Бектеши, Љупче, Груби, Тодоров и компанија.
    И сите што се лути на оние кои се скептични во врска со протестиве да се потсетиме не беше од дамна, пред 2 години, како помина протестот за случајот онкологија која е злосторство против човештвото? Имаше еден протест и толку пропадна, затоа што немаше партија зад протестите да ја повика својата војска а овие невладиниве беа ухлебани на државна цицка. Сдс беше на власт а Вмро ги повика своите да не излагаат наводно Левица ќе правеле немири. Протестот пропадна, кривците и ден денес се на слобода а едниот од нив чека да биде премиер.
     
    На JoyJoy и Керолајн им се допаѓа ова.
  3. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    Нема никаква суштинска разлика меѓу нив (освен што сегашните се поголеми националисти па и на меѓународен план прават проблеми). [/QUOTE]
    Какви проблеми на меѓународен план?
    Иначе они Курто и Мурто меѓу себе се сигурно и куќни пријатели, зарем стварно мислите дека се мразат.
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.220
    Допаѓања:
    34.749
    Пол:
    Женски
    Какви проблеми на меѓународен план?
    Иначе они Курто и Мурто меѓу себе се сигурно и куќни пријатели, зарем стварно мислите дека се мразат.[/QUOTE]

    Не се мразат. Напротив супер се ускладени да им врви бизнисот.
    Инаку со сегашниве стопирани се сите процеси кои водат кон интеграција во ЕУ. Односите со сите соседи ни се најклимави можни. Сите заобиколуваат земјава во широк лак кога доаѓаат на Балкан. Јасно ни порачаа дека ако не се смениме нема да да имаме никаква поддршка од ЕУ (Албанија почна преговори, во Албанија отворија центар на ЕУ за Западен Балкан, кај нас шипки варени добивме). Претсетаделката нема ама баш никаков план за средби билтаерлни или мултилатерални за ништо и со никого. Ама на оваа структура на власт меѓународна изолација супер и прија. Така поедноставно се манипулира. Секогаш кога нешто ќе згусти ќе ја вадат картата на јадните ние потлачени од сите. Ама национзлизмот пуштен на најјако. Се билда како само ние сме угнетени, како ете името не го мењаме, се делиме на предавници и патриоти. И така во круг. Остануваме изолирани (а во таква ситуација полесно е да се праватр глупости внатрешно, никој не сака да оправа земја што сама се изолира и не сака да биде оправена).
     
    На Angie1432, Ahoy и Dentina им се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.449
    Допаѓања:
    8.747
    Пол:
    Женски
    Какви проблеми на меѓународен план?
    Иначе они Курто и Мурто меѓу себе се сигурно и куќни пријатели, зарем стварно мислите дека се мразат.[/QUOTE]
    Секако дека не, врана на врана очи не копа. Има кој да ја сработи за нив омразата, овие со столчето што ќе им го измкнат. Толку да живеат во делузија луѓето мислев не е можно, ама ете и тоа бива.
     
    На Ahoy и JoyJoy им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.715
    Допаѓања:
    41.473
    Пол:
    Машки
    IMG_0073.jpeg IMG_0074.jpeg IMG_0075.jpeg
     
    На theowndemon, Mumoftwo30, Snowflake97 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.067
    Допаѓања:
    6.562
    Пол:
    Женски
    Многу сакам да ја искористиме енергијата да се поправат работите на добро.
    Обуки за безбеднот и заштита. Инспекции, активирање...
    Не подржувам протести.
    Како еден паталец, поранашен подржувач на протести за искажување револт и барање промени, можам да трвдрам дека протестите не се соодветен начин за постигнување на цели, освен ако не се спонзорирани од "надворешни извори".
    5% од порталите не те објавуваат, ако одиш со празни раце, без фина позадина.

    Не е важно која партија е. Важно е да не се губат жртви на банални грешки.
    Модуларни болници, крадење лекови, неисправни објкети.... Правила за важат за сите.

    Да не се повтори ништо слично.
     
    На Bella •••, x-MajaEsposito-x, Керолајн и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
  9. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.778
    Допаѓања:
    16.553
    Пол:
    Машки
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.715
    Допаѓања:
    41.473
    Пол:
    Машки
    Б Р А В О за вечерва!!! Браво!
    Покрај сите притисоци и закани, дезинформации и говор на омраза! Достојно и како што доликува!

    Државата СЕ плаши!
    IMG_0107.jpeg
     
    На Bella •••, JoyJoy, sparklie и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    Не е многу активна темава ама да споделам ислуство за сите што не бевте, и покрај времево масовно беше.
    Протестот не е против системот против владата е. Сосема е легитимно и тоа како цел и може отворено да си кажат дека е против влада.
    Нема правда нема мир и цела влада оставка беа главни извици, тоа е таа екипа фала богу од прва што се покажа. Вие си знаете за понатака, ако сте во тој филм со убаво да си протестирате.
    Секој треба да има право на протест и не треба да трпи никакви притисоци и булинг ако се одчучил за тоа. Но исто и тие што нема да продолжат да протестираат не заслужуваат булинг.
    На соц.мрежи е ужасно денес. Двете страни очи ќе си извадат, мизерно. Подобро ќе си гледам турски серии периодов.
     
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.848
    Допаѓања:
    36.406
    Пол:
    Женски
    Ако, ако... од дома ќе менуваме, од фотелја :^)
    За владата.... со последниов потег (одмор во собрание) ми се згадија и треба да дадат оставка. Само, алтернативата е мизерија тешка :doh: што би рекол Гвујче: Округло, па на ќоше.
    Решение е мислам да се инсистира на промена на закони, да си намалат или да ги укинат целосно привилегиите кои ги имаат, а може и еден Бошко Буха во собрание (кога ќе се вратат) и ќе завршиме работа, пошо овде поинаку не се оправаат |(
     
    На Mishela, JoyJoy, Angie1432 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.778
    Допаѓања:
    16.553
    Пол:
    Машки
    Одморот како надеж дека ќе се смири револтот кај народот, а тие да си продолжат после тоа како ништо да не било.
     
    На JoyJoy и tambelina им се допаѓа ова.
  14. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    Подобро серија ќе гледам отколку да читам соц.мрежи. Очајни се двете страни. Легитимно е и барање за оставка ама не е барањето за објавување на документацијата.
    Иначе да, треба бројот на пратеници и министерствата да се намалат, исто и да се укинат патни трошоци. Кој ги врти ако им одговара нека доаѓаат ако не нека си најдат таму работа, никој не е незаменлив.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.848
    Допаѓања:
    36.406
    Пол:
    Женски
    Епа, сите овие промени од фотелја дома нема да ги добиеме. Само на улица.
    Што се однесува до партискиве гниди (од едната или другата, небитно) треба да се игнорираат, оти секогаш ќе ги има. Тоа не значи дека ние како народ треба да ќутиме, оти видовме со ќутењето што направивме |(

    Туку... @Cka сакам да ја прашам што ќе каже за одморов во собрание? Пошо ја исплука амбасадата во Виена дека имале одмор, па очекувам да се произнесеш и околу ова? ^_^

    И уште нешто... Сигурни сте дека овие што бараа оставка денес се од шарените? Пошо, знаејќи какви тактики се вртат, може и од ВМРО да се, за да ги дискредитираат протестите.
     
    На JoyJoy и Ahoy им се допаѓа ова.
  16. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    За Пулс се виновни сите од 2012 до сега, така да од 120 таму бар 110 не треба да имаат лице да се појават во јавност со оглед на тоа што нивните партии биле на власт и го создале и одржувале системот на корупција.
     
    На st-el, mom to be и JoyJoy им се допаѓа ова.
  17. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    Па не, прилично јако скандираа. Секогаш кога сакам да знам чив е ставот отварам курир за да знам кои се зборови од власта и инфомакс за да знам кои се зборови од опозицијата. На инфомакс главна вест е дека се скандирало цела влада оставка, така да од протестот е. Тие ти се тие мегафони.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.778
    Допаѓања:
    16.553
    Пол:
    Машки
    Да, рековме веќе дека и од тогаш има виновни што придонеле за работата на дискотеката, но сега ги коментираме постапките на власта моментална и зошто го прави тоа што го прави.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. elenaa0805

    elenaa0805 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    946
    Пол:
    Женски
    Дечкиве низ Скопје излезени во голем број барајќи правда за досегашните трагедии, башка дожд, тие упорни, за на крај да читам коментари дека се соросоиди и комуњари.. ;(
    Како трагедииве да избираат политичка партија, наместо сите да се обединат.. Како пожаров да бираше да изгори само деца од Сдсм.
    Загреота ..
    Е заради ова не нѐ биднало досега, ама сета среќа што коментариве се од пензионери што не успеале ништо во нивното време, и ограничени особи со насловна од политичка партија, така да и не се баш нешто битни. Сега ние младиве сме на потег, се надевам ќе одиграме правилно .. Барем за нас и нашите идни генерации.:l:
     
    На andrejko82, Bella •••, st-el и 16 други им се допаѓа ова.
  20. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.137
    Допаѓања:
    11.772
    Пол:
    Женски
    Многу бев горда на тоа колку луѓе се кренаа на нозе вчера.
    Читајќи некои коментари се разочарувам искрено. Како бе можете и тука да мешате политика? Еве не ми е јасно како може протестот и промените да не ви се на прво место. Не ви е страв да растете деца во државава??

    Се надевам дека се малцинско и мнозинството ќе продолжи да се бори.
     
    На st-el, theowndemon, elenaa0805 и 6 други им се допаѓа ова.