Пошто си помала еве ти примери од претпоследната и сегашнава влада, прво Бојан Маричиќ идеше со татко му на работа, сега Тимчо Муцунски иде со татко му на работа. Со кого од овие двајца ќе менуваш систем? Па овие двајца ако не се Мурто и Курто јас не знам посоодветен пример. Овие што сега се местат за фотелји се втора генерација синови на политичари. Кога ќе замине ВМРО ДПМНЕ од власт нивните деца ќе се тепаат за фотелји и така у круг. Наједноставно е кај нас партијашите се борат за фотелји, не за народ. Сега политичарите од сите партии се милионери а пред да се вклучат во политика биле со стотче у џеб. Стварно не ми е гајле у која партија ќе ме сместите, немам никаков проблем, овие ќе продолжат заедно да крадат.
Менување на систем не се менува со менување партија, се менува со...друг систем? Еве, уште мислам како се менува систем...освен со Револуција. Ама па тоа било забрането И со што ќе го замениш? Море министерство да ти дадат одма, министерство за растурање протести. Веднаш до моето-за чукнато одење. МонтиПајтон и ТЛН г... да јадат
Апсолутно се согласувам со тебе, јас сигурно нема да одам пак на овие протести т.е.квази протест за "промена на систем" со Бучко и Фрчко мали на Шарена 2. Овие што на мрежи бранат било која страна онака слепо со напаѓање на другите, што очи си вадат меѓу себе не ги сваќам. Или се да не кажам глупи па не можат да работат и чекаат од штаб некоја клати врата зимај плата работа или би и они да крадат.
@Н Системот е јавната администрација и судството. Власт а партијата што е на власт. Кај нас системот е партизиран и корумпиран. Јавната администрација не е таму да им служи на граѓаните туку на партиите. Тоа е најголемиот проблем. Курто и Мурто креираа систем во кој партијата е над системот и државата. Така што џабе ќе менуваме партии на власт, ако не смениме систем. Односно ако не изградиме систем зашто во моментов немаме систем. Имаме само партиски војничиња кои прават се што ќе им каже шефот (некој партиски моќник) и мислат дека немаат одговорност. Ама еве и на форумов се покажува дека на голем дел од луѓето им е побитно партијата што ја сакаат да си остане комфорна и комотна. Нивниот живот им е помалку битен од удопствата на лидерот на партијата. Затоа викам сите на кои им е комфорно во овој систем на нивна душа е следната трагедија. До сега се држев на страна од политика, односно бев аполитична. Е ова некако ме потресе и сега сум решена малку да ги дрмам партиските полтрончиња. Почнав со пишување меили па ќе видиме. Ако треба и јавно ќе пишувам и ќе протестирам и се што треба. Џабе власт ќе менувам ако корумпираните луѓе во јавната админстрација не почнат да си ја вршат работата за која се платена.
Следен протест во сабота сите ние во лубеници манго, папаја, цреши и лубеници облечени и пред влада глеаш пикачу како протестира у турција...
Прво, знам дека се повторувам од претходно ама уште на првиот протест беше јасно дека невладини се дојдени да го превземат протестот. Со таа агенда на шарање и урлање само го киднапираа и полека го угнетоа народниот гнев кој беше многу голем и можеше да се искористи со поголеми и почести протести за измена на законот за безбедност, построги казни, пуштање на системот Безбедносен град како и најбирното судски реформи. Второ, се шпекулираше дека протестите за Фросина завршија откога Росица се вклучи во движењето Кој е следен и фамилијарно не се согласиле протестите да станат политички протести. Знам дека Росица не мора да сподели ама многу е важно кои се како што ги нарече луѓето од позадина што ги влечат конците а не се појавуваат во јавност. Сакам да ги прашам зошто мора да се мешаат и да уништат се. Толку е едноставно, сакаме да протестираме за секоја работа која не чини кој сака нека е на власт, и да се бориме против секоја неправда ама од киднапери на протести кои чекаат да зграбат шанса за политичка конотација на секоја побуна не може да дојдеме на ред. Сега кај и да е, не тука ама на соц.мрежи да, ќе се навлечат коментари на кои не им одговара постот па ќе почнат да ја обвинуваат фамилијата на жртвата, стандард македонска работа. Ко да немаат истите доволна болка ќе им се накачат со секакви прекари.
videte koj e tatko i na frosina, koja partija ja sponzorira. mnogu mi e tazno sto semejstvoto na frosina odluci da fura partiska agenda na vmro so protesti za sudstvoto, so cel promena na kocevski a sega kocevski im e OKEJ i otkako kaza mickoski deka kje pocekal pred da go razresi, na sudiite im snema kvorum! ZAL MI E NAJMNOGU ZA FROSINA, CIE SEMEJSTVO RESI NEJZINATA SMRT DA JA ISPOTILIZIRA
Јас затоа не отидов на првиот протест, зашто сакав да видам како ќе се одвиваат работите и дали ова ќе биде повторно исполитизирано и злоупотребено. На нас дефинитивно ни нема спас, трулоста, злобата, корумпираноста и алчноста е навлезена со длабоки корени и тешко дека ќе се смени нешто на подобро. Многу сум разочарана, премногу.
После статусот на сестрата на Фросина, не знам дали некој здраворазумен би одел на протест утре. Ќе бидат само синот на Буч и онаа шарената што се шминкаше на протест. Лешинари
Не ти е срам?! Гледаш дека на состанок сестра и ја прогласиле за средство?! Шарените со радост чекале смрт за да имаат основ за протести. Они вовлекуваат ранливо семејство за нивни побуди. Оди поддржи ги, што да ти кажам. Истото беше и за Тамара. Ја искористија мајката, и на крај жената си отиде у странство. Тие што ја искористија не и дадоа пари за да го лечи второто дете. Така го искористија Мартин, за после да го пуштат убиецот на слобода. Ко од вчера да сте или имате по 15 години.
Koga vmrovec te prasuva dali za nesto ti e sram. Ne znam so da ti odgovoram koga nemas kapacitet za kriticko razmisluvanje. TODOR KULAKOV E PROFITER NA TRANZICIJATA, NA OBJAVITE OD VMRO NEGOTINO E VO PRVI REDOVI - I TI ME PRASUVAS MENE DALI JA IMAM SRAM, A TI BEZ SRAM JA SIRIS PROPAGANDATA?
Не треба да се политизираат овие случаи и должност е на семејството да не го дозволи тоа. Не се сеќавам дека вака жестоко се протестираше и се бараше оставки од влада кога беа убиени Теодора, Јелена и други жртви. Тоа е нивото кое треба да остане и да се бара правда со притисок од јавноста врз институциите. Жал ми е што ве разочарала фамилијата на Фросина што не рипна да вика уа влада, зошто очигледно само така ќе бевте задоволни. И која партија ја спонзорира не ни треба да те интересира, не е наша работа, дете беше убиено и можеше да биде било кој од нас затоа што судот го ослободуваше маминото и татиното разгалено дериште. Подеднакво ми е жал и за Јелена и за Теодора и за другата Фросина и за девојчето кај Сити мол што загина и воопшто не е битно нивните од која партија се, битно е да престанете да ја вовлекувате партијата во се. Ете од таму треба да се започне таа фамозна борба против системот, да престанеме да се поделуваме по партии. Тек тогаш може да се каже дека ќе има реална критична маса.
Е и таа е дел од системот изгледа, за срам незнаат…. За другото шо си го искоментирала немам коментар. За шарените и фрчкоски бучкоски народот треба сам да си ги исфрли, и ќе биде тоа само треба време, тие не се свесни дека ние народот не сакаме да менуваме власт туку систем, и доколку не се смени системот која влада и да биде ние ќе бидеме на протест. Другари крадеа шо крадеа, толку беше сега би требало да почне нова ера, а ако не почне тогаш не заслужуваме држава Има вакви и од сдс да не се лажеме, ова треба да сопре, овие неможат да сменат систем, народот треба да ги смени нив
Мене постот на Росица ми е ептен контрадикторен. Ќе беше издржан да не беа нејзините партиски определени. Дури и они како да се заблагодаруваа цело време, на институциите. Мислам, кои институции? Грев не грев, ама ќе речам. Да беше некоја обична девојка, некое просечно девојче ќе поминеше ни видено, ни чуено. И штета е што обичните луѓе кои мака мачат со неправдите во системот не доаѓаат до израз. Баш тие не се политички определени и не се интересни за ,,системот".