Протести на тутунарите

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 4 јануари 2011.

  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Што мислите за овој настан кој веќе неколку дена се случува во нашата држава?
    Дали ги оправдувате и дали треба да им се помогне?(може и анкета да има)

    Јас ги поддржувам сите што ќе решат да ги бараат своите права и платен труд, сакам да има помасовни протести, затоа што ЗНАМ колку е тежок тутунот, па речиси цела година бара внимание, работа, трпеливост.. и што е најлошо оставен е на милост и немилост на Бога, на временските услови.
    по телевизија слушам секакви коментари, многу нереални, зборуваат луѓе што немаат врска како е да се работи тутутнот! Тоа ме иритира премногу :@ :@

    Дали е реално од просек преку 220 денари по килограм (без субвенции), сега просекот да биде 40 денари?? Од што му е ќеф ли на тутунарите мрзнат по патиштата??
     
    На Offspring и Ashling им се допаѓа ова.
  2. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Ги поддржувам од причина што премногу ниска цена е 100 денари од килограм тутун (кога би се зело во обзир дека само неколку грама се содржат во една кутија цигари)
    Тутунските комбинати профитираат од овие цени на штета на тутунарите.
    Меѓутоа протестите не би менале апсолутно ништо бидејќи тие не се веќе под државна капа, но и државата не ги заштитува доволно земјоделците при вакви услови.
    Не е прва година да има проблеми со цената на откупот на тутунот, меѓутоа ова е веќе засрамувачки, како што рече и самата ти, Ozzy тутуонт поготово е премногу тежок за нижење,а за да нанижиш еден килограм тутун, па не е мала работа за едни мизерни 100 денари.

    Кога целата јавност би се запознала со правиот пат на тутунот сигурно не би го коментирале како да се работи за килограм компири или јаболка.
     
  3. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Ашлинг, цената не е 100 денари, така кажуваат на телевизија, во откупните пунктови состојбата е друга.
    Ако се земе предвид дека работниците што тутунарите ги плаќаат бараа 800 денари дневница(која трае најмногу 5 саати) за тутунарите не останува ни денар заработка...
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.262
    Допаѓања:
    89.953
    Пол:
    Женски
    Ги подржувам тутуранирите. Греота се луѓето, работат цела година за на крај да не им биде платен трудот. Иако ова не го мсилам само за тутунарите, туку и за сите земјоделци. Сум берела и нижела тутун и мачно е, а не знаете луѓе колку е мачно калапењето.
    Мислам дека во план им е да ги затворат границите и треба. Не може некој да се богати на туѓ труд.
    Сега се спојуваат и со лозарите, па заеднички ќе биде протестот. Се надевам дека ќе издејствуваат.
     
    На srculka и OzzyAngel им се допаѓа ова.
  5. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Навистина сметам дека не им ја ценат маката на луѓето. Навистина е тешко да се работи тутун. Но, џабе ги прават протестите. За цената одлучуваат сопствениците на комбинатите (американец, грк и не знам што друго) а не владата. Владата е одговорна само за премијата, која е иста како и лани, 60 денари за килограм (барем колку што сум запознаена за ова со премијава).
    И не знам колку слушнавте на вестиве (на визија слушнав јас) демек протестите биле партиски организирани. Демек сето е под водство на сдсм, а не од тутунарите кои си бараат да им се плати маката. :@ До когаа???
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.998
    Па секогаш е така. Се што е против власта е под закрила на опозицијата. Можеби луѓено навистина протестираат од мака, ама кој ќе им верува. Секогаш се вадат вакви изговори.
     
  7. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    До некаде е точно дека одат тутунарите од сдсм да протестираат, но затоа што нема кој да ги организира сите заедно да одат да на протест. До некаде се разбира дека и владата е виновна, таа раководи со се, па и со откупите.
     
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.262
    Допаѓања:
    89.953
    Пол:
    Женски
    Не е точно дека одат само оние партиски определените. Но едноставно луѓево не можат да се договорат сите.
    Владата и те како е виновна. Не е ова во согласност со темава, но минатата година во Кавадарци, лозарите го фрлаа грозјето, а Груевски им отвараше сала. Па што ќе им е на нив сала, кога немаат пари.
     
  9. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Марама, вистина е и точно дека повеќето се од сдсм. Баш пред малку на вестите ги видов, неколку луѓе што го користат ова за да викаат “долу Грујоооооо“, ама тоа не е решение! Решение е да се бара реална цена и правда, а не избори! Изборите нема да ни го платат тутнот, туку уште повеќе ќе го запостават, затоа што ќе треба да се спремаат кампањи!
     
  10. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Во случајов со тутунарите ако реално ја разгледате ситуацијата Владата и не ја сносува најголемата кривица како што некои одредени персони сакаат да прикажат.Сепак Грујо не ја одредува цената на тутунот,тоа се приватни фирми кои се задолжени за откуп.Ако ја посматравте ситуацијата ќе видевте дека беше испратена инспекција за утврдување на регуларноста на откупот,сепак по прв пат во толку години некој се реши да им даде субвенции на тие луѓе што од 3 ноќеска стануваат да си го вадат парчето леб.Барем јас така ја сфаќам ситуацијата,не сум стручњак да солам памети тука,ама ете тоа е мој став!

    Има семејства кои буквално тутунот им е единствен прилив на пари,од тоа зависи семејниот буџет и навистина е греота некој нафатирани лижигазовци да прават дебили од нив.Нит краделе,нит лажеле,чесно ја заработиле својата корка леб.
    И не знам дали има или нема замешано штипки некоја опозициска глава,ама не ми е ни чудно ако е така,сепак за пустата топла фотеља и секој циркус е нормална појава(ова не се однесува на протестот да напоменам ами на вечното препукување меѓу позиција и опозиција со секогаш единствената цел-фотеља.)

    И додека обичниот селанец,граѓанин бара правда за буквално своите пари,они изиграваат Брзата Птица и Којотот,еден секогаш да за**е некој друг користи секакви средства кои му се на располагање и одвреме навреме ги замнеуваат своите улоги....да се чувствуваат како победници сите на крај де!
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Јас не сваќам што им е виновен Груевски? Од страна на владата е исто како и минатата година.
    Само едно ќе ви кажам.Лани тутунот добро им помина,дури и натплатен им беше,реално тутунот кој го оценуваат како трета класа лани им го дадоја прва.Сите беа задоволни.Уште толку семејства насадија тутун мислејќи дека и оваа година ќе им биде платен така.Но оние кои им го купуваат тутунот сакаат квалитетен :!: Не знам што се жалаат тука,јасно ми е дека е мачен,нема помачно од тутун..сега нека се помират со тоа.
    Зошто не штрајкуваат кај комбинатите,кај приватниците кои им го наплаќаат тутунот?Залудно е онака по патиштана...
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Си пробала да го работиш ти па да кажеш дека лани бил натплатен?? или и ти се една од оние кои седат дома и ги чекаат платите на мама и тато??
    Знаеш зошто е виновна владата? затоа што им дава лиценци на комбинатите, ако се грижи за тутунарите, ќе го стопира откупот, па да видиме после кај ќе најдат тутун и дали ќе го земаат за без пари!
    знаеш колку семејства чекаат на тој тутун за да преживеат? и сега да му го потцени некој трудот и тие да молчат! зошто? затоа што лани зеле пари! е ај твоите дома еден месец нека земаат плата, а 5 месеци нека живеат со неа, па да ги видам дали нема да се жалат!
     
    На ane.bella, annii, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Не е точно дека лани тутунот беше натплатен :!: Кај некои кои ич не му ја марат дали е добро среден, дали е скапан или не, да, му се плати дебело, ама сите останати зедоа пари, па на никој не му беше гајле дали некој заслужил или не. А инаку, едно да знаете-од секогаш просекот на тутунот бил кило тутун-кило маслинки, ова од баби прабаби важело, едино тогаш во цела година купувале канта маслинки, кога ќе земеле пари од тутнот. Штрајковите...народот е во право, си бара, ама не оди секој да штарјкува. Тоа е факт, ги гледам и знам како се организираа-во недела на протест, ама општинскиот штаб на СДСМ плаќа автобуси :fubar: Еее, малку морген, не може така, ако веќе се протестира дај сите нека излезат и нека се бунат, без укање по Грујо или Бранко :!: Ова ко кец на десетка на СДСМовци им излезе, таман ќе се бунат. Од парчето леб на народот си прават политика.
    И всушност, владата може да среди работа, ама ако сака! Како? Па нели Прилепскиот монопол е државна сопственост? Нека им ги укине лиценците на квази монполите, кои прво половината работат не легално, земаат кај стасаат, лажат како ќе им успее, па нека ги откупи останатите 4 (мислам) милиони тони во прилепскиот за државни резерви, и нека пушти пат за годинашнава реколта. За се има решение, ама кој да ризикува :^)

    А искрено многу ме нервира кога некој ем не знае, ем кажува, со што се соочив многупати деновиве |(
    И нека не се прави од мравка слон, ниту една телевизија не е објективна во кажувањето, на терен е друга ситуација :!:
     
    На OzzyAngel и Ashling им се допаѓа ова.
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Види, ти отвораш пекара.
    Приватна фирма, со примена на хасап-системот, издаваш фискални сметки, ја исполнуваш даночната обврска.
    Откупуваш брашно од разни мелници, а цената е по договор.
    Јас како потрошувач не морам да ти го купам брашното,ако НЕ сакам.
    Државата не може да ме натера да ти го откупам, бидејќи мене државата не ми дава ни денар скршен за мојата пекара.
    Таков е случајот и со тутунарите.
    За маката, онаа ниска цена ни малку не вреди и премногу се потценети, тоа ми е јасно, бидејќи и јас имам нижено тутун и знам колку е тешко, за некој на крај да ти понуди онолку мизерна цена.
    Државата треба само да води преговори со тутунските комбинати,за истите да им овозможат подобра платежна цена,а тоа значи да намалат со некои давачки,за да можат и тие да им понудат повисока цена.

    Но, не ми се свиѓаат овие протести по патиштата.
    На вести го покажаа случајот со камионџијата.
    Срамота е она што го прават.
    Колку што нив им е до парите и работата,толку и на сите луѓе кои тргнале на пат со некаква цел не треба да им се скрати тоа право.
    НИКОЈ,ама БАШ НИКОЈ граѓанин не е виновен за тоа што нечија работа е потценета.
    Има многу вработени во текстилни фабрики,кои работат за 4000 денари месечно, па и плата не земаат со месеци, па што треба да направат? Да не остават другите да одат на работа, зошто тие немаат пари?

    Според мене треба правата да си ги бараат пред министерството за земјоделство, да се договорат со министерот и на тој начин да ја побараат потребната поддршка.
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Јас не велам да има протест на патиштата, ама МОРА да има некаде! ако седат дома кој ќе ги слушне??
    Примерот со пекарата не е тука веродостоен, знаеш зошто? затоа што разговараме за гранка- земјоделие!
    Немој да мислиш дека јас сум против власта ама ако таа сака овој проблем ќе се реши, земјоделците беа тие што ја турнаа сдсм од власт, сега може да се слуши истото! што е она оди полицијата и ги турка тутунарите како да се животни по улица, а тие немаат пари да купат јадење за Божиќ! Па луѓето од тој тутун и живеат, и деца школуваат, со што оваа година? Немаат сите услови да посадат пипер, да посеат жито, садат само тутун затоа што за него барем не се троши за наводнување и вештачко ѓубрење...
    Во лето за да појдат до нива тераат трактор, а тој трактор вози на нафта, нафтата е преку 40 денари... од каде толку праи ќе најдат сега? знаете ли што значи да се земат пари еднаш годишно и да се живее цела година со нив? И те како треба државата да застане на здрави нозе. Ај нека му ги стопира лиценците на откупните места, па да видиме како ќе биде? Ајде тоа нека го направи министерот!
     
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Не реков дека не треба да протестираат воопшто, туку да не го скратуваат правото другите да работат.
    Тутунскиот комбинат фукционира исто како и сите приватни фирми.
    Компарација.
     
  17. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Ози и вака и така Ашлинг планира да направи масовно убиство на сите конзумирачи на тутунот, така да како и да е ќе ја уништи оваа гранка во државава :D

    *Уште една причина плус да не се воведува Закон за забрана на пушење во држава во која цели градови живеат од индустриската гранка - тутунарство.

    Се извинувам за офф топиков, апсолутно ги поддржувам тутунарите, мораат и тие луѓе некаде да го дигнат својот глас... А, ако не преку протест, како на друг начин?
     
    На BoaVista, ludoto19, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    епа и јас тоа сакам да кажам!

    а за тоа, и јас сум строг антипушач!!!
     
    На Bokicka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Македонија е земјоделска земја ;) Тутунот е најзастапена гранка, а ако не им треба(што чисто се сомневам ) на монополите , нека одат во друга држава нека откупуваат, па нека им дадат по 60-70 денари за кило тутун.
    Ама, убаво реков сите слушнале, ама пола не знаат ;)
    Лани, Струмица табак и Битолски Сокомак потајно потпишаа договор со странски фирми дека можат да однесат „толку и толку“ килограми тутун. А толку немаше. И што се случи? Се натпреваруваа кој од овие два ќе откупи повеќе. Околу Нова Година почнаа со камиони да трчкаат по селата ноќе, да земаат тутун во бали и да го плаќаат на рака, по 200 денари, ама на жими мајка, нема премија после. Кој се излажа, се излажа. Премија знаеме кога доделија и како доделија. Во Сокомак се налапаа директорите пари, пишаа кила колку што не треба и после народот лут, нема за сите премија. е нема, неа ја зеде некој друг, а пуштија убава цена(и нереална можда, за кој како) за да замачкаат очи. Плус Струмичкиот монпол во половина од местата каде што откупуваа немаа закуп на простор, земаа во двор, на улица, легално е така? Не! Има позадини ова, владата може да спаси ситуација, ама не е крива ни најмалку, монополите и босовите се тие кои го сушат народот. Владата само е посредник, кој реално, во оваа ситуација не крева ни мало прсте :!:
     
  20. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Незнам што не разбираат луѓево :)

    Еве вака, како јас разбрав од она што ми го објаснија :)

    Во време на Југославија, се знаело - кој град што ќе прозиведува и колку ќе произведува.
    Ако било речено да се произведе 20 000 t тутун - толку и ќе се произвело !

    Ама, луѓето сакале демократија. И ја добиле.
    Македонија е произведувач на тутун, и го продава на другите големи земји.
    Е сега, да земеме за пример - еден килограм тутун да биде 200 денари :)
    И ќе земеме дека Македонија извезува за Русија.

    Лани, полани - имало поголема побарувачка на тутун во светот и со тоа цената била повисока.
    Оваа година побарувачката е помала и со тоа цената е помала.
    Ако земеме за пример дека цената на тутунот во Русија изнесува 200 денари, откупувачите во Македонија треба во тие 200 денари за килограм да ги вклучат цената која ќе ја дадат на произведувачот (тутунарот), цената на транспортот (од Македонија до Русија) и плус профитот за себе.
    Значи, цената на тутунот сега е ниска затоа што е намалена побарувачката за тутун.
    Пазарна економија = побарувачка и потрошувачка :)