1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протести на тутунарите

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 4 јануари 2011.

  1. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    не знаммм.... пред десетина години баба ми садеше тутун, имам седено кај неа за да и помогнам (не дека помагав ама дете ко дете, мерак ми беше), е тогаш тутунот го продаваа за само 60-80 денари од килограм. А сега стварно не ми е јасно што повеке бараат, како шо разбрав понудата им е околу 100 до 160 денари а плус имаат субвенции од по 60 денари од килограм, па кога ке пресметаш излегува секако повеке од 160 денари. Знам дека сето ова го прават затоа што лани имаше подобра цена ама тоа е, а ииии... ок тешка работа е, ама сепак е полесна од онаа која ја работат луѓето во рудниците под земја, а зимаат по само 15 000 месечно, затоа што тутунот си има период кога ке го береш и кога ке го диплиш, и се тоа е околу 5-6 месеци, а оние од рудникот не се знае ни дали ке излезат. Грешка сум????
     
  2. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    да грешка си! тутнот се работи од Март до Октомври и после пак во јануари! и тогаш кога на баба ти и поминувал тутунот по 80 денари, нафтата беше 20 денари.
    поздрав
     
    На KuklickaSk, BoaVista, kate21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Убаво кажано Ози :clap: :clap:
    Тутунот пред 5-6 години беше и по 40 денари. Да плачеш или се смееш! |( А тутунарите излегоа тивко, од сите партии, и не им беше гајле дали Рамковски или Пи*куси Мајчин ги плаќа автобусите, и се изборија за барем 15 денари субвенции. А не ко денес, од едната страна на Вардар СДСМ од другата ВМРО. Од нив нема да се земат пари, од луѓето ко тој (ако гледавте) што беше ќутук пијан, и држеше низа тутун и кажа дека „нееееее, ја...никад не см нижеw тутун...“ |( И од Брат Љубе, и од Селмани, и од сите кои денес во парламент личеа на циркуски кловнови, е од нив нема пари! Монополите начекаа, ќе не дерат! И никој, ни влада, ни Свети Влада нема да не спаси. Сите си гледаат како да си ги затоплат фотелјине в парламент, и како д асе изнавреѓаат, како да заработат 1000 евра плата. Од нив нема пари да се земат. А не оти има или нема доволно тутун, не од тоа дали се бара или не.
     
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.865
    Само да кажам за субвенциите. Субвенциите не се резултат на работата на оваа влада, ниту на претходната. Субвенции се даваат од фондови на Европската Унија, и по закон донесон по налог на ЕУ, бидејки со отварањето на границите кон ЕУ 2010 (и не плакањето на данок за увоз/извоз на стоки 2011) ЕУ стимулира производство на култури кои и тие ке можат да го искористат.
    И затоа не е фер една влада да си ги препишува субвенциите како нивна заслуга.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Кој и да е заслужен, тие го упропастија производството на тутун! Заради тие 60 денари плус, насадија и на дрва, и на асфалт, и сега сите нетутунари кои планираа да садат до година ги ишкаат тутунарите и ги тераат да се плукаат меѓу себе! Кај нас нема никаков редослед во ништо. Она вчера личеше на се освен на протести :fubar:
     
  6. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Ги поддржувам тутунарите, греота луѓето :( тутунот е тежок за работа и тоа не само за еден или двајца ....целото семејство ги вложува сите сили во работата.
    Е сега тука јас ќе истакнам две работи: прво државата (владата) треба да се потруди да го осигура откупот на тутунот и минималната цена за откуп да биде пропишана, бидејќи тутунот е едно од главните стратешки добра кои нашата држава ги извезува. Не сметам дека владата нема никакво влијание врз цените, таа ако сака може да дејствува (дали преку закони или други работи не е битно - сепак може)
    Второ компаниите за откупување на тутун имаат склучено картел, тие помеѓу себе ги имаат договорено цените за откуп и затоа цените не варираат. Сепак склучувањето на картели е казниво со закон, државата треба да реагира и да издејствува поставување на пристојна цена (а не грабеж), компаниите кои го откупуваат тутунот го продаваат по далеку повисока цена т.е. печалат на грбот на другите :devil:
    Како и да е греота луѓето!
    СО овие услови и земјоделството ќе ни пропадне, додека сите други западни држави го форсираат :worried:
    Обезбедувањето на жрана и облека се најбитните добра кои државата треба сама да си ги обезбеди, за да се обезбедат подобри услови за живот.......ни на едното ни на другото поле не сме во завидна позиција.
    А со овие случувања и понатаму го убиваат земјоделството ! :@
     
    На kate21, OzzyAngel и BoaVista им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Работава не е од годинава,а ние како гледачи,го гледаме само ова денес и викаме куку,леле,греота стварно!
    Субвенциите се наложени од ЕУ точно,затоа што земјоделските производи,особено тутунот кој кај нас пак е нужен и за државата и во најмала рака (с)е од стратешко значење и припаѓаат во категорија на чувствителни производи.Нејсе,цената на тутунот многу порано од ова е потценувана,некој друг заработуваше на грбот на тутунарите,но сепак,мора да признаеме дека имаа убава живеачка.Е сега,лани,кога цената на тутунот беше висока,имаше многу малку произведувачи,па помина ко со путер подмачкано,ама затоа беше млекото во прашање.Е македонски менталитет,поучени од лани,и слепо и сакато и на секаква оценета почва посадија тутун...тутун кој реално сега не задоволува критериум,а башка што бил калапен и нижен машински,па не е селектиран по класи исправно.Не штитам влада (впрочем ги пцујам господата што протестираат.Чуму простести против опозиција?!Ако ме прашувате мене,тоа е прв удар по демократијата,затоа што јас имам право на избор,зошто мене некој да ме гледа како шугава само затоа што сум избрала поинаку?!Според нивното или тие или никој,нечуени работи.Значи навиваат за еднопартиски режим и се што е поинакво од нивните разбирања,е предавнички),не штитам ниту опозиција,ниту тутунари.Да не била погрешена работата од порано,па така што ланската цена,ќе беше овогодишна,а ланската тродупло поголема...ќе беше супер.Ама сега тоа е,пазарна економија,поголема понуда,паѓаат цените,а башка,не секој тутунар е поштен,навистина луѓе,значи информација од прва рака,подметнувале тутун кој што не може да биде сместен во таа класа,па после куршлуси.А рака на срце,опозицијава...ни е убав пример за опортунизам.
    Тоа е класичен пример за нашиот лев менталитет и лоша земјоделска политика,која е страшно непланска и раскалашена.Не се криви тутунарите,криви се оние од горе кои после толку време,немаат најдено начин како да го организираат сето тоа,плански и во соработка со државата.Земи оцени ги земјиштата,плати експерти нека ти кажат што за што е погодно,направи план колку е потребно за задоволување на домашниот пазар,колку за извоз итн итн...
    Така што дечки...стварно жал ми е за народов и сите тие солзи...ама работава не е од сега и не е баш така како што се гледа по вести.Не го гледајте обоено во сино или црвено.
     
    На Offspring, srculka и BoaVista им се допаѓа ова.
  8. zapirka

    zapirka Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    21
    АЛоооо сте слушнале за пазарна економија,однос понуда -побарувачка,така одат работите во реалниот свет во капитализмот во кој се борите да бидете,секој се бори за себе и таков е светот и секојпат таков бил,демек денес е најтешко,јас лично ни од владата ни од груевски ни од никој не очекувам ништо освен од самиот себе и престанете веќе да ги обвинувате другите за своите неуспеси преземете одговорност бе луѓе ,мозокот не ви е за џабе даденн
     
  9. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Викаат 1 месец плата а 5 месеци без плата. Епа ако платата биде 500е тогаш може и така, ама кога платата е само 100е затоа ке ја чекаме секој месец. Срамота е било кои земјоделци и сточари да се жалат на владата кога добиваат толку многу субвенции за кои пред тоа воопшто ги немаа. И моите не се задоволни што мораме месецот со 8000 да го минеме, и мајка ми е целата подгрбавена од машините за шиење наработа ама не излегува да и се жали на владата што зима 100е плата, затоа што никој не ја натерал да оди да работи. Ако не им се допаѓа цената нека не го даваат тутунот нека си го чуваат дома а не да го запираат сообраќајот и заради нив и некој друг да си изгуби дневница која апсолутно најмалку 5 пати е помала од нивната!
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ако малку повеќе се информираш ќе ти стане јасно дека тие субвенции не се од владата :) Колку да ти стане појасно прочитај го малку погоре мислењето од КукличкаСк.
     
  11. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Информираноста кај офи е на место , а на истото да се надоврзам . Вчера бев во Битола... по пат наминавме на една фарма и истиот сопственик разочаран ни ја покажа документацијата за предадено млеко со тони ...а субвенции нема , за добитокот половина... нешто исплатено нешто не . А за свед милк друга приказна . Важно на Грујо млекото му се допадна на отварањето на истата. :) Ете тука е предноста Ништо подобра не е ситуацијата со тутунот , само на лице место се гледа колку се задоволни од проценката на тутунит и за колку е исплатена нивната мака . Жалосно кога ги послушав истите кои ги сретнав на фармата .Но тоа е тоа . Каде што има сила нема правдина.
     
    На BoaVista и Offspring им се допаѓа ова.
  12. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Секако дека не се од владата но владата ги одвојува за нив, што за жал претходната не го правеше... многу познато ми е од каде се средствата и колкави средства се одвојуваа со претходната влада а колку од оваа... срамота е!
     
  13. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    една кутија цигари иста цена со еден кг тутун каде тутунопроизводителите се мачеле да не кажам цела година за една плата.
     
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Според тебе по која цена треба да се откупува тутунот?
    800 денари за килограм можеби?

    Исто така нема поента и продавниците на цигарите да имаат само 1 денар ќар, па што?
     
  15. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    за 800 ден никој не спомна ништо како што знам. ама на половина е од ланската цена. тутунот бара најмногу работа и затоа треба да биде најскап
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Лани кога тутунските комбинати и третата класа тутун ја откупуваа по цена од прва класа,тогаш одговараше, што е јасно.
    Сега со економски криза, све е поскапено.
    Лебот сега е 30 денари, маслото е 80-90.
    И нормално на таа сметка откупот на земјоделските култури мора да се намали или барем цената.
     
  17. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    а во македонија кога немало економска криза? изгледа тоа од лани што ни го наплатија тутунот сега преко нос ни го вадат и првата класа по цена на трета ја плаќат. ама тој што не работил тутун ништо не знае, колку тешко се работи. така може да зборуваат тие што никогаш не го работеле. има луѓе што живеат само од тутун и сега нема да можат и оваа година да ја поминат.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Ани.таа
    Баланс-искористи го.
    Друго, доста аман со тоа тутунот бил најмачен, тутунот ова, тутунот она.
    Мачен е да. Сум берела и сум нижела тутун, ама те уверувам потешко е камења да креваш, отколку да го работиш тутунот.
    Премногу се жалите.
    Па мислите на граѓаните на сите рози им цветаат? Не е стресно и мачно да се пентериш на 6ти спрат стоејќи на импровизирани штички и да фарбаш фасада?
    Не не, тутунот е тежок.

    Имам и една случка да ти раскажам(не можам детално,но ќе се обидам да ти ја доловам поентата).
    На одредени земјоделци, за одреден земјоделски производ им беше побарано да се откупи тој производ по примамлива цена, со однапред потпишан договор за краен рок на исплата.
    Обиено беше.
    Знаеш зошто?
    Зошто бизнисменот да заработува на нивниот труд?
    И така производот им скапуваше во складовите, а потоа се жалеа како ни на пазар не можеле да го продадат целиот и се давеле во сиромаштија, државата не им помагала.
    Зависта ги осиромашува.
     
  19. noli

    noli Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Ашлинг мислам ако ти стварно си нижела тутун нема вака да размислуваш.....Некој цела година да се мачи и крајот за џабе.....кога ти би живеела само од тутунот тогаш стварно би го ценела ;)
     
    На Ani.taa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Ноли, девојче разбирам дека е тешко да живееш само од тутун исто како што е тешко да живееш и од 6000 плата.
    Но, тутунот да е најмачен?
    Мај ес, како што реков оди кревај камења, фарбај фасада на 6ти спрат стоејќи на импровизирани штички, чисти сечии гомна...
    па после ќе зборуваме за најмачна работа
    бидејќи покрај тутнот постојат уште милион тешки работи кои се платени релативно малку, па не се кренале толкави бунтови.
    На чистачине не им е мачно да работат за 6000 денари,а дома имаат семејство и сметки еден куп?