1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протести на тутунарите

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 4 јануари 2011.

  1. noli

    noli Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    јас не велам дека е најмачен туку дека цела година работат за џабе.....ќе не можат ни основните потреби да си ги платат :)
     
  2. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Само тутунарите?
     
  3. noli

    noli Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    не, само тие во фотељите можат да кажат дека земаат пари...другите се за џабе
     
    На Ani.taa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    во право си ноли. земјоцелците во македонија воопшто никој не ги гледа и не знаат како живеат и каква е нивната мака. само тие на фотељите си седат по цел ден и си зимат високи плати.
     
    На noli му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    A бе, мачен, да, ама па да ви кажам право да се протестира за тоа што нереално се цени, едни земаат по 180 денари, други за иста класа тутун, 120! На почеток муабетите беа поинакви, сите плачеа, кубеа коси, ама како привршува откупот е друга ситуација. Сите укаат, викаат по власта( во ред, државата е таа што треба да ги поттикне некои работи, да мотивира, да пушта лиценци едно друго), се тепаат по патишта, штрајкуваат, во меѓувреме се бара под дрво и камен луѓе( не секој ама секој втор), па го дава со пријатели, претходно кукајќи како ќе се срами и нервира, па го дава тутунот, скапан, мувлосан, голем, мал, црвен, зелен, се смешка под мустаќ, и после го нема три дена да излезе од дома да не го праша некој како поминал! А поминал супер, си добил реална цена. Заклучок: бараме преку леб погача! Отпрва почна лошо, да, се беше катастрофа, луѓето не носеа, им беше страв да не го дадат пошто-зошто, ама сега истите тие што протестираа пред влада, го прават она погоре што пишав. И испаѓа дека прво и јас џабе се бунев, кога ситуацијата не се прикажува реално ни на ТВ ни па по комшии. Повеќето се задоволни од цената, ама за инат не кажуваат, колку така де, да се трошат муабети за избори, за нечесна влада, за ниски цени.
    И да, муабетот ми беше дека се нафатираа дебело, од два тона тутун, пак ќе земат по 7-8000 евра сосе премијата, па пак нека е мачен. Мачно е крави да раниш, и пипер да наводнуваш цело лето на сонце и да чекаш да ти се разболи од бастра, па да нема пиперче зелено, овци да тераш цел ден по ливади. Тутунот е мачен, многу, тебе некој најубавиот сон да ти го скрши во 4 сабајле, има да плачеш и колнеш,
    ама е поисплатлив и во вакви превртливи години од се останато. Со годинашнава цена се има да се купи по еден нов мобилен и некое количе, да се реновира по дома, да се живее цело лето, можда не багатела, ама пристојно. Работиш за да имаш! Имало и полоши години!
     
    На snegulka21 и Ashling им се допаѓа ова.
  6. shakira111

    shakira111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    и јас ги подрЖувам тутунарите бидејки сите знаеме колку труд се влоЖува за тутунот, мислам дека треба да им се плати бидејки заслуЖуват. : :
     
  7. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Тутунарите произведуваат тутун-а тоа е производ...
    Пазарна економија=секој производител си наоѓа пласман на своите производи
    На пример, јас имам продавница, и ако никој не ми купува од неа, тогаш владата е крива!
    Ме разбирате, нели?
    Не викам дека нивната работа не е тешка, ама пак всушност, која е лесна?!?! И не можеме да очекуваме владата да ни ги реши проблемите.
    Еве уште еден глуп пример: мајка ми знае да плете, да везе и т.н....Арно ама, никој не и ги купува изработките? Треба ли сеа да и ја с'снам на владата, да излезе и она да се дере, да крши огради и не знам уште што?
    А она што најмногу ме нервира е што демек ќе се налутат, па палат тутун, ако се прозводители на млеко го истураат, јаболки ако произведуваат, и нив ги газат...Па добро бе човек, ако не ти е мака за сопствениот труд, па уништувај си го сопственото, и не очекувај другите да те сфатат и да те жалат!
     
  8. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    46
    Не,не ги подржувам тутунарите.
     
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Леле споредбата :x
    Споредбава не само што не држи вода туку и е повеќе од банална.
    Тутунарите имаат склучено договори со откупните пунктови дека ќе им се откупи тутунот. Тутунот има пласман, но проблемот е што сакаат да го откупат по многу ниски цени, многу пониско од реалната цена.
    А за ова последново што се чудиш дека ќе го запалат тутунот, па ај ако не нека го дадат без пари, ама нека не го палат :x
     
  10. DivineChaos

    DivineChaos Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    60
    Нема слободен пазар во македонија за тутунот, власта дели лиценци за откуп . Тоа е и најголемиот проблем .
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Според тебе владата нема никаква вина нити па обврски ни смее да презема било какви мерки :^) .
    Да не ширам претерано еве пр. какви ингеренции има - забрана за увоз на производи за штитење на домашното производство, субвенции пр. во делот на транспортот за извозните производи, влијание преку политиката на цени итн итн.
    Да не одам ептен офф - ама според тебе владата и министерствата изгледа постојат само за вработените таму да дремат на фотелји или на нет, бидејќи гледам од сите сфери им ја одземаш одговорноста?!
    Едно е да се имаат симпатии кон власта, ама друго е без никаква рационална база и поткованост за дискусија да се нафрла нешто бесмислено, така не помагате многу на каузата која се обидувате очајно да ја одбраните. Големина е да бидеш објективен и тогаш кога си субјективно засегнат, иф ју ноу ват ај мин.
     
  12. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    Премијата за тутунарите почнала да се исплаќа вчера а за тоа никој незнаеше,
    не се кажа на ниту едни вести ,треба човек секојдневно да си ја проверува сметката од 0 денари за да види дали се накачила па да сфати дека тоа премијата била пуштена ...
    На луѓето кои зедоа вчера премија кој им кажа? Што се случува? Знаеше некој за ова?
    Просветлете ме :geek:
     
  13. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Епа сеа нели ветуваа субвенциии за да садат тутун, а кога дојде време за откуп нема кој да го откупи. :fubar:
     
  14. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Е да де, владата ги тераше тие што лани насадија 1декар, годинава да насадат 5 декари, владата е крива што они се полакомија по субвенциите....па сега немаат каде да го продадат тутунот. Се знае, претходно се договара колку тони тутун ке биде потребен за таа и таа година, и колку да се произведе!!!
     
  15. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Па можеа да скратат една ТРИУМФАЛНА порта де, која со ништо не го објаснува постоењето во Скопје па да им го дооткупат, секако ќе ќареше државата и со производството и со извозот.
     
  16. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    И да не ја изградеа Триумфалната, немаше да го откупат целиот тутун. Си слушнала за понуда и побарувачка? Кога понудата е помала од побарувачката, цената расте, што беше случај лани. Ако побарувачката е иста, а понудата расте цената паѓа. Колку повеќе понудата расте, толку повеќе цената паѓа. Владата не го откупуваше тутунот, си го откупувааа тие што им треба, и колку им требало толку си купиле.
     
  17. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    :rofl: :rofl: :rofl:
    Да да во цел свет е намалена побарувачката за тутун.
     
  18. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    И секаде не само тука не им треба тутун за откуп, никој во светот го нејќе посебно не нашиот... Катастрофа какви ни се дипломатските осноси со станство со право владата не може да обезбеди пласман и тука не може ништо да се стори, никој не е крив, исто како за македонското вино итн. Кутри земјоделци до кај стигнаа, им се лутат оти произведуваат повеќе од што треба, наместо да им благодарат што придонесуваат за економијата, ама некои за тоа не се заинтересирани, доста им било цел живот што си го поминале в село па сега дошле во град (на власт) па сакаат во Скопје Париз да го видат. :fubar:
     
  19. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    Ќе давале уште по 30 денари премија?!
    Шпекулација ли е? Предизборно ли е? Знае некој нешто околу тоа? :^)
     
  20. DivineChaos

    DivineChaos Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    60
    Предизборно е.
    Пари едвај имаат за пензионери и социјалци а камоли за нешто екстра. Бајаги луѓе се жалеа дека и пред тоа не зеле субвенции а камоли сега.
    Освен ако не ги даваат парите за социјалци и пензионери кои треба да се дадат послед 5 јуни.
    Се прашувам што не чека откако избориве ќе завршат.
    Државава е практично банкрот...