Ти кажувам другарка се разведе плати 1000ка во црква и пак се венчаше со сегашниот маж ништо не и кажаа. Не знам кој и барал 300евра но не е толку.
Ваљда сфаќате дека ова баш и не е аргумент да ја одбраниш црквата, со оглед на тоа што забранет е разводот? Значи разводот не е дозволен, ама е дозволен за 300 евра. Сега по ново и 300 евра се многу, па може и за 1000 денари. Понуда и побарувачка ваљда.
А каде тоа јас ја бранам црквата? Јас реков не е 300 евра за да не шири дезинформации. Ако некој и наплатил толку воопшто не требало да дава зошто не е тој износ. И јас сум против да се наплаќаат такви работи зошто не секој може да дозволи али тоа е.
@Cosmi ај те молам еве во законов https://ener.gov.mk/files/propisi_f...акон_Предлог закон за родова еднаквост _1.pdf кажи ми каде е исполнување на желби на лица што сакаат да сменат пол. За овој закон правиме моабет и против овој закон протестирате.
Ајдее, сега муабети разводот бил забранет. Не е забранет, туку се советува проблемите во бракот да се решат и да се зачува истиот, да не дојде до развод. Ако веќе мора, никој не забранува. За цените, сто пати сум ви кажала, не е задолжително ништо. Кој има и сака, ја плаќа цената, кој сака да плати ама не може толку, плаќа колку што може и кој не може, не мора да плати. Јас така гледам и знам дека прават, вие што се слушнале од Трајко, од Петкана, не знам.
во другата тема дискутираме за законот. https://forum.femina.mk/threads/Зак...добива-кој-што-губи.34560/page-7#post-6705763
Првиот пост и во оваа тема е за протестот повбрзан со закон за Родова еднаквост. И на која сакате дискутирајте во Законот за Родова еднаквост нема ништо за менување пол. Повеќе е за рамноправност. Ама МПЦ намерно си ги мешала работите за да напали народ на протест.
Почитуваната Ирена кажа оти со законот се овозможува на транс лица да сменат пол во документи, за да немале муки при патување и институции. Така да ако е тоа дезинформација, она кажала, не јас или косми. Или па не знаат и сами да го толкуваат шУзнам. ************ Едит Прво не сум патриот некој си голем и не се занимавам со политички и историски прашања ама се кладам дека истиве што вриштат против фашизам СЕГА, никогаш претходно не се позанимавале со actual фашизам. Ако неможноста некој да смени пол во документи го споредува со фашизам...појма нема што е фашизам мајке ми. Да убациме и холокауст и да завршиме со муабетот.
Има жена меѓу ниФ, ама не се гледа од встано на попо. Ништо не говори толку добро за скромност и прибраност како десетици автобуси од цела МКД, видео бимови, илјадници евра за реклами на фб... Апсолутно без пароли со омраза, ко ќе нема да ме мрзи ќе ги прикачам и нив.
Хахахаххахахахаха, од встано на попо. Една дури има, која е, онаа што оди да почисти по црквата и свеќите ги собира? Туку, сериозно, беше ли некој и што кажаа поповиве? Или има негде некое видео да се види?
А може и да ги прочитате законите, за двата има посебна тема, па да кажувате што има и нема. Наместо да ви тумачат МПЦ или здруженијата за родовост.
За да нема забуни, ова е политичка идеологија што ги спојува национализмот, фашизмот и христијанството. И е опасна, исто како што се опасни исламските водичи на власт. Ама не е "сите христијани се фашисти".
И христијанството? Кој термин уствари го преведувате? Или измислевте нов, за локална употреба? Кој дел од христијанството точно, имал некаква врска со фашизмот?
Ќулавкова и тоа како е повикана, стручна и компетентна да коментира на темава, жена со искуство, елоквентност и кредибилитет. Вторава, колку само нешто да каже, неразбирлива сама по себе, безуаргументирано напаѓање и ништо повеќе.
Не го измислив јас, ова се група на луѓе кои истовремено се декларираат како христијани и следат фашистички вредности бидејќи веќе не е ни срамота да си фашист. Секако дека е актуелно во Америка, со други зборови екстремни десничари. Ама имав потреба да објаснам бидејќи знам како ќе се сфати поимов во темава.
Оваа тема е за плукање на Мпц. Ги прочита законите? Двата кои одат паралелно? Да полот во личните документи ќе може да ги смени секое лице кое навршило 18. И според министерката Тренчевска и според Лила Милиќ главен активист на трансџендерите и според Ирена. А другиот закон ако убаво го прочиташ ќе сфатиш кој закон повеќе ги штити жените. Не транс жените,жените. Значи не го попалил народов МПЦ туку луѓето знаат да читаат , нема никаква потреба да се прогласува народот проста маса.