Професии кои изневеруваат

Дискусија во 'Брак' започната од Vertigo014, 8 септември 2013.

  1. Vertigo014

    Vertigo014 Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    13
    Што мислите дали има такво нешто? Професии кои повеќе изневеруваат во брак од другите?

    Неверството или народски кажано кај нас, швалерајот, постои. Не можеме да го негираме тоа. Од секогаш постоело и ќе постои во сите општествени пори, без разлика на професијата. Но дали има точки на натрупување кај поединечни кариери?

    Постојат студии кои тоа го потврдуваат. Луѓето од одредени професии се повеќе склони да го изневерат својот брачен партнер споредено со други професии кои помалку изневеруваат.

    Еден пример да кажам: универзитетски професор. На најголема душманка да не и го посакаш за маж.
    Полека сега, не значи дека секој што некогаш се сторил професор дека ќе изневерува. Не ги ставам сите во ист кош. Но,...

    Тие се во центар на вниманието и секогаш имаат свеж прилив на млади женски тела и можности за отсуства од дома колку сакаш! Предавања, семинари, конференции. Над 18 години се студентките, значи не се малолетни, а девојките се млади, убави, наивни, професорите моќни. Обично професорите се одлучуваат за некоја со која добро соработуваат,никако да не е некоја лудача што ќе го издаде и на самото завршување од факултет соработката преминува во нешто поинтимно.

    Помладите професори првин изневеруваат со своите колешки асистентки, но како заминуваат годините овие колешки се повеќе стареат и ги гази нов ешалон на млади студентки. Ми кажуваше еден професор дека за да си го зачува бракот потребни му се ваквите излети и човекот си се вљубува (јака логика), како што рече секоја втора или трета година во нова студентка, потоа си имаат "врска" која трае некое време. На времето тоа му биле асистентките, кои станале професорки, ама остареле пустите, сега само со студентки си го истерува меракот.

    Имам бројни такви примери во комшии, пријатели, за жал и роднини. Не е само оваа професија непрепорачлива, има и други, но во оваа професија се кријат хронични изневерувачи.
     
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Се си е до човекот, професијата си нема врска. Оти бил универзитетски професор и опкружен со девојки, а за астронаутот што е опкружен со ништо или гинекологот што да кажеме? Се си е до карактерот.
     
    На sugarlips, nena2010, Abeja и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Гинекологот нема потреба да изневерува, од толку вагини можда за навек му се згадило :rofl: Или па задоволен е од глетката така, и потребата за инзневерување му е задоволена?

    Асторнаутите може педери да станат, зашто нели некои се водат по поговорката од пребирача нема еб*ча, па така дај шта даш.

    Темава и дискусијата на темава ја рамњам на ниво на онаа со хоскопските знаци кои се верни а кои неверни. Сите луѓе у еден кош ги ставаме, не иде.
    Има професори што шврљаат али за среќа имам сретнатно професори за кои со задовоство можам да кажам дека се прави интелекуалци и чесни и поштени педагози зашто навистина се пред се луѓе па после професори на факултет, имаат почит и разбирање за студентите.

    Секој човек различна приказна, од една неуспешна и неубава прича не се носи генерален или главен заклучок.
     
    На sugarlips, tessie, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Vertigo014

    Vertigo014 Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    13
    Не им берете гајле на космонаутите, просечен космонаут барем 90% од времето гази по земјата, како и сите други мажи. Нема таква струка кај нас ама ми текна на еден опасен љубовен триаголник со космонаут од Америка, кој заврши трагично, на оваа планета, не во вселената. Значи изневеруват сите професии, ама се повеќе слушам за професори од нашава средина кои тоа го прават.

    Се слагам дека не секој професор е прељубник, јас исто имам позитивно искуство со моите професори,но не можеш да му знаеш сите страни и аспекти на неговиот живот. Ни жена му не му ги знае. Ако некој вара дома, не значи дека е лош професионалец.

    Сигурно е дека има и други професии со кои полесно се изневерува, но сега кога се фативме за учените да видите како изгледа еден типичен работен ден на наш универзитетски професор. Текстот го објавил некој дечко на интернет а маж ми кога го прочита вика ист, ист случај!! како еден наш професор што го имавме во фамилија. Се згазивме од смеење :D :D

    http://www.motika.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=37536&catid=31&Itemid=55

    Факултетот не е технички како на тој што го знаеме, ни дијалектот, ама се друго се вклопува, Како од ист калуп да се направени. Типичен профил на професор од наш факултет. :rofl: А за она со швалерката од Радовиш ич да не зборам. Секој си има по некоја таква!! :rofl:
     
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Ц |( добро може ли да прашам што си толку запнала за тие универзитетски професори? Ако си имаш ти некое лично искуство од тој аспект, се е ок, ама не разбирам, темата ти е за различни професии, а ти сега упорно само за нив, додека не не убедиш или што? :^)
     
    На irena.1 и anggell им се допаѓа ова.
  6. Vertigo014

    Vertigo014 Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    13
    Има и други професии не берете гајле, посебно тие што одат во ноќни смени со спротивниот пол. Пример медицинарите. Не скокајте сега, иако знам дека повторно некој лично ќе се почувствува засегнат. Меѓутоа професијата е таква што захтева многу стрес а останатото време во ноќта може да биде поминато многу интимно. Една позната моја работи на приватна клиника и вика, точно е, секој доктор си има по некоја сестра, работава е сапунска опера.

    Е тоа се професии на мажи кои не би ги препорачала на мои блиски пријателки кои се наред за мажење. Не велам дека тука завршува прикаската со неверни професии, мора да има и други. Како и да е, едно е карактерот на човекот, друго е налетот на слободни девојки и жени околу него.
     
  7. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Aха ок. А така да ми кажеш, што е всушност поентата на темата? Бидејќи ние мислам нема што многу да кажеме, освен дека се си е до човекот и неговиот карактер, т.е секој си е различен, нема што особено да се дискутира, за разлика од тебе. Како можам да кажам јас за некој "aаа не не, тој е швалер на сите времиња, па неле знаеш оти е професор?"..aпсурдно е, in my opinion.
     
    На Annath и irena.1 им се допаѓа ова.
  8. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.417
    Допаѓања:
    171.911
    Оф мори мајко.... :D
    Да,универзитетски професори,автомеханичари(нели,на жените кога ќе им се расипе колата па ја носат на поправка-е и тука треба да се внимава... :D :D ,фризери-можат и тие да швалерисуваат(немојте случајно фризер за маж да земате),потоа полицајци-и тие се постојано надвор-дење-ноќе....потоа пекари-ноќна смена,лекари-ноќна смена,диспечери во такси служби,геодези,геометри-и они се надвор на терен па неможе да им се води контрола постојано.....потоа банкари,инкасатори,продавачи(замислете ,може во гардеробата да си тера кеифови со муштерики)....
    Според некоја логика најдобро е да се земе маж кој е невработен,да му се стави кецеља и да си работи по дома.....сигурно си е сигурно....оф се отепав од смеење...благодарам .
     
    На ku4ence, tessie, Winterborn77 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Као работник на шалтер во банка да не може да каже: „Одобри си кредит! ]:)
    Ма дај... |(
     
    На tessie и Annath им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ќути, јас не знам баба ми Бог да ја прости како издржа толку години во брак со дедо ми...

    Прво не го разбрав насловот на темава кога го прочитав, дури и си помислев дека е по грешка отворена во категоријата Брак. Аман веќе од вакви генерализации!
     
    На Hipster, Annath и irena.1 им се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Јас па прочитав "Професори кои изневеруваат"... :o си викам тууу зар и приватни детективи станавме овде на Фемина. Одма си замислив листа на професори по име, презиме, на кој универзитет предаваат, на кој факултет, по кој предмет, кој со која асистентка, каде, што, како (уствари "што и како" знаеме туку со кој...) :tmi: Тешко мене.

    Инаку, ако некој сака да изневери не мора стручна подготвеност да има, односно некоја конкретна професија. И да не работи, дома цел ден да седи ќе си најде занимација, ехее таквите и до улица да излезат ѓубре да фрлат одма ќе и' намигнат на комшиката, знаеш "Комшике нешто слушам машината за перење ви тропа, мислам ако треба, не е проблем... мислам... знаете... :wasntme: " Се зависи од човекот, секогаш тоа што е општо познато низ народот, дека ете докториве и професориве се најголеми изневерувачи, мислам дека да се направи некакво тестирање баш ќе излезе обратно. Може таксистиве ќе ја понесат титулата за најголеми изневерувачи бе.. еее па од кај знаете... Ама нели македончето се си знае, нема тука збор. Докторите, професорите, гинеколозите итн... ќе се најде уште некој само не му измислиле, чекајте има време. Може некоја баба пензионерка ќе се изнервира од ова шофериве на автобуси, ќе пушти некоја помлада, неа ќе и' замине, ќе ја испушти и ете ти белја, одма манијак е. Штом младо мевце пуштил во автобус, а на една стара бабичка не и' помогнал мора да има нешто.
     
    На SparkyAngel, Annath и irena.1 им се допаѓа ова.
  12. Vertigo014

    Vertigo014 Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    13
    Aма ако му дојде жена инкасатор или поштарка и тој можеби ќе превари. Најдобро да му се каже да не отвара врата!! :D
    Се шегувам, не значи ако е човекот од дадена професија дека 100% ќе изневерува. Не изневеруваат сите професори од ред до ред.
     
  13. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Абе едноставно кажано, темата е глупава бидејќи професиите си немаат никаква врска со изневерувањето. Па ти ако сакаш стави го во канализација, или затвори го во рудник, тој ако ти е решен да те изневери, consider it done!
    п.с изедоа те професорите :D
     
    На Annath и stetoskop им се допаѓа ова.
  14. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Една е сигурна-жиголо :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.345
    Пол:
    Женски
    Аман бе госпоѓо, па зар не сфаќаш дека почна на лично ниво да навредуваш. Секој што е професор или медицинар овде на форумов се наоѓа прозван. Како викаш не скокајте, кога изнесуваш стереотипи и предрасуди. Ајде фино лепо те молам кажи ти што си по професија и твојот сопруг, па да извадиме некоја статистика или што викаш ти студија за изневерувањето во таа бранша. Јас се извинувам на дирекниот пристап, но овде се надминуваат границите на пристојното однесување.
    Мислам нема цел да продолжи оваа дискусија. Го изнесе својот став за конкретните професии, ние нашиот и молам некој од модераторите да ја затвори темава. Стварно нема потреба од навредување.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.417
    Допаѓања:
    171.911
    Нема потреба од понатамошна дискусија на темата-гледаш колку лесно и самата дојде до сознание дека професијата нема блага врска со неверствата....и со кецеља и со дневник...кој изневерува-изневерува...
    Ајде со здравје....од мене толку на темава.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека најдобро е да се чува партнерот дома, со синџири и бомба која ќе се активира ако стигне до влезната врата и/или на присуство на непозната личност во иста просторија со него.
    Тој ако сака нека си е доктор, инжињер, професор, келнер, кувар или невработен...сеедно. :D


    Шала на страна, јас сметам дека професијата само им ја олеснува " работата", на тие кои се по таквите работи (изневерување). Тоа е вродено, според мене, не се стекнува.
    Вродено, ама скриено таму негде во потсвеста.
    Не е битна професијата, ама ич.
     
    На pepita82, tessie, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.446
    Допаѓања:
    48.170
    Пол:
    Женски
    Вертиго се запна за професорот што изневерува фали уште анонимна клада на форумов да направиш и да го спалиш за сторените гревови.

    Изневеруваат лугето а не професиите. Професијата е звање,стручна подготовка определена моќ,а човекот е тој што ја користи моќта и што се дрзнува кон изневерување. Впрочем и не мора да изневерува ,можеби е сингл па си наога начин да ја ублажи самотијата.

    Не сметам дека има професии во кои лугето се повеке склони кон изневерување.И поп од манастир да е пак може да прави неморални работи. (често сме слушале и за нивни нечовечки активности)

    Ако некоја личност е со лабилен карактер и по леб и млеко да го пуштиш ке напраи тоа што мисли да го направи. Ако дечко ми или маж ми треба да ги држам до мене 24/7 само за да бидам сигурна дека нема да направат нешто со што би ме повредиле ,ондак налет таа врска и брак. Од друга страна тука постојат и оние кои по лесен пат се спремни да стигнат до посакуваната цел. Дали тоа значи ширење ноџиња за оцена на факултет или ширење ноџиња за напредување на работното место , не е битно. За да се случи неверствно СЕКОГАШ се потребни 2ца исто како што за танго се потребни 2ца. А маж кој што си ја сака својата жена или девојка и да е во бања со голи жени ке се сврти и ке си замине затоа што нема да му бидат битни тие колку што му е битна сопругата дома .Така да не за џабе рекле-Битно е што има во главата,а не колку има и кој е ...
     
    На ku4ence, pepita82, tessie и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.006
    Допаѓања:
    135.985
    Точо е дека не е до професиите, до луѓето е.

    Само луѓето со лабилен карактер во одредени професии имаат поголеми шанси да изневерат.
    Има такви кои ако животот им пружи шанса - ќе ја искористат. Можеби да нема шанса - би си седел мирен, ама ете, работата е таква што му се укажува можност, и ја користи. Ќе ги земам за пример докторите - нема некој што не го слушнал муабетот за нив. Тоа апсолутно не значи дека секој доктор и секоја сестра додека се трета смена изневеруваат, но сепак има и такви кои го прават тоа. Има луѓе што одат по конгреси и семинари и пуздер прават, но има и такви кои си седат мирни.

    Има и такви кои ако наумиле да изневерат, ќе го направат тоа по секоја цена. Тука професијата не игра никаква улога.

    Да бидеме реални, има многу луѓе со лабилен карактер.

    Наравоучение: Подалеку од лабилни типови!
     
    На martovsko cveke, pepita82, tessie и 5 други им се допаѓа ова.
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Секаде каде што има трети смени. Царина, шпедиција, казина... Казина по готово. Во Гвг конкретно откога ги отворија казината секој трет брак завршува со развод. :(
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.