Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Професии кои изневеруваат

Дискусија во 'Брак' започната од Vertigo014, 8 септември 2013.

  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ^ Ама не е тоа до казината дека ги отвориле, до самите луѓе е.

    Не знам, јас верувам во верност и верувам дека ако некој е личност со карактер и доколку вистински сака нема да изневери, па кај и да биде и каква и професија да има. Според мене професијата не е изговор, не може професијата да те натера да изневериш. Па и докторка да сум утре и сестра.. па што.. тоа би ме натерало да изневерам? Глупост жива според мене... Тие што изневеруваат и онака секогаш за себе си имаат некаков изговор, односно они никогаш нема да признаат дека се криви туку дека некој друг или нешто друго (како во случајов) е виновен за нивната постапка. Па затоа мислам дека од таму е ова дека одредена професија има можност, шанса или дека искушува за неверство.
     
  2. Vertigo014

    Vertigo014 Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    13
    Една од најпознатите експерти за брачно неверство е Ширли Глас. Има анализирано над 350 брачни парови во период од 20 години. Во право е кога вика дека работното место многу допринесува дали ќе се случи неверство или не.
    I'm tempted to go to all the buildings downtown and put up a sign, "DANGER
    ZONE: Men and Women at Work." Today's workplace is the most common breeding ground
    for affairs. It's the proximity and collegiality - the intimacy of working together,
    not bad marriages, that is the slippery slope to infidelity.
    Shirley Glass, NOT Just Friends
    ****************
    Men's affairs in particular are often the cause of troubled marriages
    and not the effect. In my data, 56 percent of men who entered into affairs
    said they had ''happy'' or ''very happy'' marriages, compared with 30
    percent of women. For men, the strongest predictor for having an affair is
    their attitudes and values about monogamy. For women, it's marital unhappiness.
    Shirley Glass, NOT Just Friends

    Го знаеме сите знакот DANGER ZONE: Men at Work, така? Е оваа терапевтка вика,

    Во искушение сум да отидам до градот и да ставам натпис на зградите DANGER ZONE: Men and Women at Work. Денешните работни места се највообичаени почви за одгледување на афери. За да се втурне некој во неверство не допринесува толку лошиот брак, туку блискоста и колегијалноста - интимноста да се работи заедно.
    Конкретно аферите на мажите доведуваат до лош брак, а не дека се последица на лошиот брак. Според моите податоци 56% од мажите коишто имале афера, ми кажале дека имале среќен или многу среќен брак, споредено со 30% од жените коишто изневеруваат во брак. За мажите, најголем индикатор да се има афера се нивните ставови и вредности за моногамија. За жените, ако е несреќна во бракот.


    Линкот е овој, може да прочитате многу повеќе на страниве, има интересен сајт. http://www.shirleyglass.com/people.htm


    Не реков дека секој што е на такво работно место ќе изневери, ама за некои професии тоа е многу полесно да се направи.

    Не знам зошто некој овде се осети прозван, кога само мене ме прозвавте да кажам што сум јас и маж ми по струка. Одма да одговорам, јас сум биолог тој е инжињер. Во една студија за неверни професии спроведена во Англија, прочитав дека на прво место се информатичари-инжињери, а професорите беа на добро трето место. :D Можеби се во право, ама во градов немам слушнато ништо за инжињер кој вара, а за професори веќе станува секојдневица.
    До карактерот е. Знам со сигурност дека маж ми не ме изневерува, по комјутерите се му стои отворено, фејс, скајп, мејл, некогаш мене ме заповеда да одговарам на пораки, телефонот не го крие од мене, не го носи во ВЦ со себе, сакам да кажам дека никогаш не ми дал повод да се посомневам во нешто.
    На работното место од жени имаат само една секретарка (50 годишна). Ако еве карикираме некој од колегите или тој има нешто со колешкава, сопругата на дотичниот кога ќе разбере ќе отиде таму и ке ја раскринка работата (не секретарката :) ). Тој неверникот, би ја увидел грешката и би се повлекол. Но ако цел ешалон на млади женски тела ти се врцкаат околу маж ти на работното место, што ќе направиш како сопруга? Како ќе им застанеш на патот?
     
    На martovsko cveke и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Ми се допадна ова, зашто не изневерува само маж кога ја реди чивијата, туку и кога ќе му влезе чивијата. До тој степен се заљубуваат во апаратите и во лесна пара што е поболно него меракот. |(
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.165
    Допаѓања:
    112.943
    Пол:
    Женски
    Болд бр.1: И на моја познаничка мажот и се однесуваше како твојот ама еве го сега чека дете од швалерката со која варал 1 година, а со жената се разведува.

    Болд бр2. Ако мажот ти не е скорен да вара и знае да го почитува бракот и голи да му шетаат нема да ги регистрира, а ако е толку лесно подводвил и со чип за варање и со закопчана до грло ќе те превари и тоа таа ќе е едиствена жена во машки колектив!!!
     
    На DVAANGELA, irena.1 и tessie им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Aко мажот е склон кон такво глупирање, не ми го ни треба во животов. Немам попаметна работа во животот и лични обврски па сега ќе трчам да го тргам од работните места на кои има жени или па ќе го превоспитувам (шо па ич не е моја работа туку на неговите).

    Санки тие жени само на работа ќе ги види. Ги има и надвор. Ако сака со таа од трафиката ќе оди, а ќе ме излаже дека по цигари е тргнат. И на таков да му ги тргам препреките во трката. Ако сака да е победник, ќе ги прескокне пречките. Ако не, шо ќе ми е илеџија?
     
    На martovsko cveke, DVAANGELA, vitamina и 3 други им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.165
    Допаѓања:
    112.943
    Пол:
    Женски
    Има една приказна за ова:

    Бил мажот многу љубоморен и и пререкувал на жената за све и сешто. Женава еднаш му рекла:
    - Ако решам да те варам ти сам ќе ми ги слечиш гаќите.
    Мажот се изнасмеал на ова и си продолжил да гледа ТВ.
    После некое време женава земала да меси леб, и му вели на мажов:
    - леле мажу, многу ми се оди по мала нужда, ај те молам соблечи ми ги гаќиве да претрчам во ВЦ надвор, цела сум со тесто. И мажов оп и го соблекува гаќите женава излегува и се враќа после 15 мин.

    Мажот ја прашува. Што стори до сега? И она му вели, нели ти реков дека сам ќе ми ги слечиш гаќите.. е па бев со комшијата во сеното..
     
    На Ana.couple, DVAANGELA, rici.aaaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Аууу баш така. :D

    А стереотипите како на пример „докторите се разведуваат/ универзитетските професори изневеруваат/Италијанците лажат/Русите пијат“ оставете ги на луѓе кои не се доволно свесни за животот во кој живеат и не сакаат да ја гледаат вината во човекот како индивидуа. Затоа што професијата е само околност.

    Ако те извара, нема да го направи тоа ради колешките на работа или ради неговата професија. Ќе го направи затоа што е таков ков и од некои општествени стеги тоа било поттиснувано (а секако ќе избило на површина), а ете, работното место се погодило како средина во која тој ќе го реализира својот карактер и вистинско лице.
     
    На ninja35, DVAANGELA, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Не знаев дека од раѓање сме бележани како изневерувачи и неизневерувачи, па ако ти е пишано да си таков тоа е, нема спас.
    Многу од оние кои изневеруваат прво им дошла мисла па после трагаат по прилика, но на многу други приликите им се стално тукуречи во скут без да ги бараат. И точно дека на крај зависи од човекот, но работното место, статусот што го имaат во општеството нема врска со тоа? Нормално дека имаат.
    Не е исто да си во искушение ретко, често или секогаш. Не е сеедно дали околу тебе секој ден ќе се врткаат млади заводливи девојки/жени кои на секој начин сакаат да го добијат твоето внимание затоа што им е битно од разни причини, или ќе работиш некоја скромна работа во фабрика со мажи пример. И не ми давајте примери сега одма од ваши познаници кои немаат допир со жени во работното место па пак изневеруваат оти друга ми е поентата.
    Нема правило нормално за ниту една професија, само постојат такви со повеќе или помалку искушенија за тоа...Биди верна рок ѕвезда да те видам :D
     
    На okcenzi и Vertigo014 им се допаѓа ова.
  9. dejana2

    dejana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    38
    Со овој Sex and the city менталитет верноста е апстрактна именка. :doh: Професијата не е главен, но е и битен фактор за неверство, за жал. Им се укажва можност и прилика, се вадат на тоа како никој (?) нема да дознае.. Вака сите слаби карактери размислуваат. И себични.

    Од друга страна пак има луѓе со принципи и лојалност, што се за почит и се ретки во денешно време но сепак постојат. И не се такви затоа што кога ќе видат можност и кога ќе ја користат професијата како алиби ќе изневерат, туку зашто ниедна колешка (пример) нема да им е поинтересна и попривлечна од онаа што им е дома.
     
    На Vertigo014 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vertigo014

    Vertigo014 Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    13
    Oва е пример пар екселанс како поради природата на работата трпи бракот. Иако од друга страна а добро што ги има тие работни места кои другите градови ги немаат. Можам да замислам дека секој иден брачен партнер од Гвг е среќен ако идниот сопруг или сопруга не е со работа во тие бранши. Можеби е стереотип, ама праксата покажува дека таквите работи се случуваат прилично зачестено.
     
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.477
    Допаѓања:
    54.994
    Пол:
    Женски
    Секаде и секогаш има начин да ве изневерат,не мора да е трета смена,да биде доктор,цариник, и не знам ти што. Мои комшии вработија една девојка околу 20 год а газдата имаше околу 37-38 па на сред бел ден започнаа да се швалерисуваат сите ги гледавме :devil:зависи до мажот или жената,може да е обичен смртник да оди до продавница па да те изневери :D
     
  12. Girl1983

    Girl1983 Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Ne e bitna profesijata.Biten e covekot.Nema takvi pravila
     
  13. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Професии кои изневеруваат
    Не постојат такви
    Но постојат лица кои немаат почит кон сами себе,
    значи полни со комплекси на ниска вредност и тие се тие кои го можат тој низок чин да го сторат
     
    На Annath, slavica999 и kammam им се допаѓа ова.
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Не е до професиите туку до луѓето е.
    Луѓе не само што имаат лабилен карактер туку не се емотивно исполнети. Не дека ги оправдувам туку ги тапкам по рамо за правилна проценка на карактер и да си го живеат животот како сакаат но пред се моралот да им е на прво место.
     
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Професијата и работното место не е играат голема улога во можноста за неверство. Секогаш и секаде каде што е присутен човекот има начин некој некого да изневери.
    Во прашање е индивуалното расудување, моралниот чин и емотивната зрелост.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Оуу многу ми е ниско кога ќе слушнам дека некој/а изневерен/а куди и клне се по ред освен дотичниот/та. На таквите паметот очигледно и е плиток и површен, не сака да гледа бе подалеку од носот и што го носи.
    Професијата не е мерило на верност а ниту пак останатиот дел од светот, кај сака нека оди каде сака нека работи, негово/нејзино е тоа, и у диско да оди и кафич .. било дека бе, ако дака да изневери ќе изневери ако не сака и гол/а маж/жена да и/му се слече нема да го направи тоа и крај.
    До паметот е, до изживеаноста, до критериумот, се друго е приказни.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Temava e bas ok, tocno deka ne treba da se generalizira, NO mnogu e verojatno deka konkretna profesija ima pogolem potencijal (i nudi pogolema moznost za neverstva) od druga. Nastrana profesijata, ne mozete da ocekuvate deka so konstantna opkruzenost od licnosti od sprotivniot pol (gi razgleduvame onie koi se "fini", "ljubezni", dobro izgledaat,i tn,i istite tie ocajno go sakaatvnimanieto na vasiot maz)deka nisto nema da se sluci, vasiot maz ke si ja nurne glavata vo rabota i namesto na nea ke misli na rucekot koj Vie, negovata zlatna zenicka ste go prigotvile so ljubov..... BULLSHIT!!! Ne mozete da kazete deka vasiot partner nikogas ne bi gi poglednal, niti pak bi razmisluval za niv (poso neli toj ima oci samo za vas) .... Da ne se lazeme, nikoj maz ne e imun na konstantno pustanje na harizmaticna, ubava, zgodna, komunikativna koleska, koja bas so nego flertuva... ako e karakter, mozebi nema da ve izneveri, no ke ve e*e zamisluvajki ja. Kolku vreme ke izdrzi taka? Sigurno ne dolgo, i pak ke se sluci ona izvini draga VO ZABLUDA BEV ZNAES DEKA TEBE TE SAKAM! Ova e za posvetenite mazi so karakter... E, ako e od onie koi izneveruvaat, togas profesijata im e samo od pomos. Treba malce realni da sme, nikoj MAZ ne bi izdrzal POSTOJANO pred oci da ima koleska koja ke go asocira na sex, bez nisto da napravi (osven ako ne e zenet radi kamuflaza) :) :*
     
    На ninja35 и doubleg им се допаѓа ова.
  18. flavor

    flavor Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2016
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    235
    Мислам дека е здравството на број еден поради ноќните смени.
     
  19. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.968
    Допаѓања:
    134.892
    Пол:
    Женски
    само ноќе се изневерува?
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. #Пепи

    #Пепи Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    Не се изневерува само ноќе, се изневерува во било која доба од денот ако си таков човек.
    Ама за здравството е општо познато за третата смена, да бидеме реални :)
     
    На ...Arthemisia... му/ѝ се допаѓа ова.