Ќе те праша тебе ќерка ти кој да го земе.Штом е така мажи се ти место нејзе за да биде онака како што сакаш а таа нека си седи дома под стаклено ѕвоно . И не го разбирам ова Маж ми да нема професија во која е постојано во контакт со жени.Ако таа професија ви го вади лебот на маса,да видам дали тогаш ке му кажете-Маже седи дома ако треба ке гладуваме,ама битно ти да не си во контакт со други жени. Вакви размислувања имаат само несигурни жени кои немаат нималку доверба во своите мажи и дечковци. А ако немате доверба во вашиот животен сопатник се прашувам зошто воопшто сте го земале да ви биде тоа и сте се омажиле за него. Пак ке кажам врска/брак без доверба НЕ МИ ТРЕБА. Додека сте биле во врска сигурно сте процениле дали таа личност е лабилна и гледа по секоја сукња или е некој нормален човек со свои вредности и приоритети. Порано мајките викаа-Керко пази да не земеш некој пијаница,коцкар,наркоман па и женкар, сеа викаат-Керко гледај да земеш некој што нема да работи со жени,по можност и очите извади му ги во брак коа ке влезете за не види друга освен тебе. Боже,боже... Со половава еднаквост и еманципација,богами тешко дека ке најдете такви мажи.Сигурно ке има или за колешка на работа жена или со такви странки ке биде во допир освен ако не планирате да го испратите во свемирот да биде сам самотник. И крај краева ако некој решил да ја вара својата сопруга без разлика дали работи на такво место или не,ке најде и зајачка рупа ако треба и ке ја извара .
Јас не сум несигурна во себе, од искуство знам дека кога маж има работа во која е во постојан контакт со жени зголемена е мнигу шансата за изневерување. Кога викам од искуство мислам на мнобу мој близок. А инаку јас не сум несигурна во себе воопшто, тука многу грешиш, незнам како тоа проценуваш личности за кои ништо не ни знаеш, само врз основа на еден коментар. А, не нема да му речам на мажот да седи дома, зошто едноставно не планирам со такви личности да бидам. Мене лебот негов што го заработува, а и да ме изневерува, не ми е потребен.
Mаж ми е во струка ради која во средно учел во клас со само 4 машки, на факултет биле двајца, на првата работа бил само со жени, а сега исто има многу околу него. И искрено речено, ама баш воопшто тоа не ме тангира Јас знам дека ме сака и почитува, и има цврст карактер, така што и не помислувам кога оди на работа дека оди таму по љубовници. Од друга страна јас одев на факултет со повеќе мажи, па ниту имав врска со било кој таму, ниту пак толку парови (јавни и нејавни) се створија. Понекогаш мислам дека кога си опкружен со драстично повеќе лица од спротивниот пол шансата да имаш нешто со некој од нив е помала - едноставно мнозинството те гледа како свој член и така те третира На оние пак мажи што се опкружени само со други мажи, и првата жена што ќе се појави ќе им изгледа интересна Но, и тоа не значи дека ако се во постојана врска ќе изневерат.
Се согласвам со Емотионал. Попрво за несигурност би го дефинирала она реагирање дека треба да се затвораат теми или да не се дискутира дали одредени професии се повеќе настроени кон изневерување, од лични причини, затоа што некој се осетил прозван?! Никој овде никого не прозва освен од мене што се бараше да кажувам за професијата на маж ми. Што воопшто не ми претставува проблем, а немам намера да ја бранам неговата професија. Изневерувања се случуваат и таму и ваму, но не е за секоја професија исто лесно да се помине линијата.
Ти жено, си класичен пример за жена со која маж би „заглавил“ во брак, а не би стапил во брак. Уште и деца ќе имаш. Ја коа викам дека кампањата за трето дете е погрешна, замисли да родиш три деца, па на три деца ќе им го уништиш животот, плус маж ти, четири луѓе си сјебала у животот, минимум.
Размена на мислења почитувам и толерирам и да се различни, ама овде некој се произнесе буквално со бљувотини????? Нешто те наведе така да изреагираш, највероватно многу лично ги сфаќаш овие дискусии. Боли, а зошто боли, нема врска со мене туку од твоето искуство. жалам ама не можам да ти помогнам. или да прифатам одговорност за немилите случки од твојот живот
^Или па ти ги сфакаш многу лично што си крајно убедена дека еден професор е крајно неморална и безобразна личност па упорно сите ги убедуваш дека ни на душман не би го препорачала како иден сопруг. Од кај знаеш може на форумов има професори па и ти со твоите постови ги навредуваш редејки бљувотини како се без морал етика и безкруполозни.
Со пар постирања беа извреѓани неколку категории на луѓе - и професори, и асистенти, и нивните жени/девојки (бидејќи нели тие се гуски што или толерираат или не сфаќаат со какви имаат работа). Плус може чита тука некоја ќерка на професор која се гордее со татко си... и така натаму. Секако и обратното - асистентките, професорките и нивните партнери. Таква една генерализација многу повеќе кажува за тој што го пишува тоа, отколку за тие за кои пишува
мојот иден маж баш не е ваков, секој сака да командува ама да се лути не. Уствари кога ке помислам сака да командува за времето кога излегуваме јас сакам покасно а тој порано, но за се друго си се договараме заедно
Мојот вереник е економист по звање и работи во приватна фирма.Интелигентен човек нема што, работел од 18 години.Додека студираше, работеше и дипломираше пред рок со висок просек.Пример за упорност.
Кога бев мала сакав пилот, а после сакав доктор. Ама чим е лошо да има жени наоколу, не знам како да вози авион само за мажи или да барам исклучиво доктор специјалист за простата, па да се омажам. На маки ме стаивте сеа. Може треба рудар да најдам, оти со закон е забрането жени во рудник да одат. Ијјјј, сите болно љубоморни кои не смеат да имаат маж професор, доктор, или слично, рудаи да си фанат! А и платичка имаат богами. Сериозно :Мене не ми е битна професијата на мажот, битно ми е да ме поддржува во мојата. И рудар да е ќе и го опне на некоја ако сака. Се сеќавате на затрупаните рудари, кај беа, Чиле ли не се сеќавам. Кога се појавија сите швалерки за да бараат пари од државата за нематеријална оштета ))
Mojot mas e policaec (Sobrakaec) i plus e vo posebnata edinica na MVR ne e los ,nisto ne kontrolira ne komanda ne ispituva i ne e nasilen se na se e najprekrasniot covek na ovoj svet i na site vi posakuvam da si najdete eden vakov covek pa iako e policaec.moj si e .
Мојот дечко (иден маж) за некоја година ќе биде професор. Морам да се пазам. Колку што нема вистина ова со професииве. Кај секој човек е тоа индивидуално. Зависи од карактерот на човекот, а не од неговата професија. А која професија ја прави жената неверна?
Треба да се договориме и што е неверство, која е линијата. Порно актерките си имаат дечковци, сопрузи, па на работа одат за да се ебат пред камера и тоа не се смета за изневерување, туку за работа. Ама, може девојка да оди да работи у банка позади шалтер и да флерта со секој втор што ќе влезе без да допре било кого.
Мојот маж е пејач во рок група(локална) и неговата работа е по кафичи и клубови...опколен со секаков народ и секакви ЖЕНИ..и сега што треба да правам јас ? Обезбедување да платам?
Кога се сака се се може... Ако тој решил да изневери или да флертува со друга жена, ќе го направи тоа, независно од неговото работно место. Мислам дека жената е таа која што не треба да дозволи мажот да помисли на нешто такво, треба да има постојано разбирање пред се меѓу двајцата, меѓусебна поврзаност, ЉУБОВ, и трпение. ММ има приватен бизнис, па што ако е блиску до дома, се случува јас цел ден да не го видам иако е во близина.