Истите маки @joy1 . Додека беше сам дома беше работилница насекаде, сега јас го прибирам и разместувам кога не е дома. Ако случајно нешто не работи- јас сум крива- сум чепкала некаде. Да бе сигурно, програмирам во слободното време кога не си дома. Кога одиме некаде коментарот е пак ли големиот куфер, јас се бранам со неговиот кампувачки ранец во кој си ја собира опремата. И рутер носи со себе обавезно. @Dust без лаптопот никаде не се оди. Евентуално телефонот.
Ама после квалитетно ќе му наплатиш И јас не одам никаде без лаптопот а не па вашиве.. И јас сум имала моменти кога во 3-4 по полноќ сум почнувала да корегирам нешто, ама кај мене беше само поради глупавата временска разлика.. Ама секој со своите маки Секоја чест, јаки жени
Мојов е со лап-топ, два монитора, таблет.. Хаос Исто и кај нас.. Ама јебига од тоа живеме практично. Среќна сум што не го мислам барем, тука ми е!!
Без лаптоп некаде???? 9-то светско чудо би било тоа Додека бевме во врска кај мене на гости со лаптоп доаѓаше Кога одиме некаде на викенд или на одмор, прв услов за резервација на хотел е wi-fi во соба да има, да не седи во лоби цело време. Овој повеќе спие, не е со 3-4 саати, му треба повеќе сон. Спие по 6 саати Најупотребувана фраза дома е „чекај уште ова да видам дали ќе работи“. И ти чекај си Ама се дочекува Само смислува нешто, ќе си направам апликација за ова, ќе си направам апликација за она, тебе ќе ти средам за ова вака да ти работи...... И само му текнува нешто за на работа, ако ова вака го направи системот вака ќе работи.......Си збори со мене ко јас точно да знам што и како е Ќе земе одмор, ќе спие првиот ден до покасно, и некаде околу 13:00 најкасно го фаќа криза и се уклучува на работа да види што се случува А муабетот пред секој одмор му е „ич не ми е гајле, што сака нека се случи, цел одмор ќе си сурфам и не ми чуе за на работа“. Аха, само првите неколку саати е така, после е 24/7 достапен за се што треба. Дека на одмор де Не е до толку да не знае што се случува околу него, чита се и сешто, ама најмногу стручна литература. Се нервира малиот кога не не слуша нешто или не разбира, му викам, дете е тоа од 2 години, нема копче on-off на него ко што би сакал ти, нешто си утнал во неговиот софтвер па не ти работи ко што сакаш Тука само поглед добивам и нема веќе муабет @Dust мила, зимај програмер ич не му ја мисли! Супер луѓе се, сериозно
@green.eyes Маче ме потсети на дм со погорните мисли дека кај тебе на гости доаѓал со лап-топ. Мојов нејќе да спие кај мене само зошто сум тазе преселена и уште немаме ви-фи. Па, џабе ќе го мкни. Нејќе да чуе дур не ставиме интернет. Хахахах
Жената на програмерот му носи кафе. Тој без да оддели поглед од мониторот, го зема кафето и пивнува една голтка. Вели: - Не можам да го пијам без шеќер! - Знам, душо - одговорила жена му. - Само сакав да ти го чујам гласот... @duffi , @joy1 @Cinderfakinrella Читам коментарите значи не е само кај мене така, кај сите е исто.
Мм пак , дека специјалец , цел ден за пушки , бомби , пиштоли , бетеери и тенкови слушам на памет научив како функционираат нагазни мини и како се пука со пушкомитралез да не зборувам за униформи и куп други ствари кога ќе ги донесе во ранец поголем од мене па настанува општ хаос во тоалет за кое на колку степени се пере па ми објаснува ова на 40 оди ова на не повеќе од 30 .. и на крај му велам кога знаеш пушти ги сам , јас отидов кај децата првата ноќ кога остана на преспивање , со плашливец дојде а не беше ни блиску до вработување тогаш .. ама пуста љубов и ај спиј мирно да те видам добро е што дома имаме само еден плашливец ( и тој размонтиран цел и на највисокото место во домот седи ) , а не цела артилерија на оружја