1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прочитајте и помогнете...

Дискусија во 'Разделби' започната од muzichar, 29 октомври 2010.

  1. muzichar

    muzichar Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    до пред некое време (две седмици) бев во 5-годишна врска со девојка со која бевме создадени еден за друг и лудо вљубени. Едноставно кажано таа живееше и сеуште живее за само мене да ми угодува на било кој начин да јас не бидам повреден а таа отфрлена... После толку време требаше да заминам со неа во странство но јас неможев или немав сигурност во неа а и самиот јас па на секој начин само одолговлечував...... но целава моја мака е тоа што сум женет и имам две прекрасни деца и жена, но воопшто не ја сакам и не сум срекен со нејзе, а за децата би умрел. После целата ваква ситуација не сум со таа девојка(ја фатив за ситна лага-прилика за да и раскинам)ја скршив и нејзе и самиот себе и секој ден полека и тивко умирам, таа што е дома до мене не можам да ја смислам а со таа што сакам да бидам и ја сакам бегам зошто ја сакам и нејзе и децата а двете работи не одат заедно. Значи кога би бил овде ке бидам со фамилијата и ке бидам несрекен зошто ја немам нејзе, а кога би бил со нејзе некаде во стртанство незнам што би било но мислам дека носталгијата и ликот на децата би ме убиле. Ве молам за помош и што се може да помогне кажете само да не биде животот развратнички............... VI BLAGODARAM... ;(
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    прочитајте и помогнете...

    Како си можел да имаш 5 годишна врска покрај жена и деца?
    Ти самиот си ги искомплицирал животот.
    Кој совет да ти го дадеме ќе биде тежок, ќе биде болен.
    Или развод и смирување со девојката која ја сакаш, или продолжи и врати и се на сопругата, која не знам како не ја дознала таа 5 годишна врска?!?
    Бараш совет за себе а знаеш ли само колку луѓе повредуваш во ситуацијава? Девојката, жената, децата, родителите, нејзините, пријателите ги лажеш.
    Ти живееш лажен живот, правиш грешки до грешки.
    Избери страна, доста повредуваш луѓе околу себе. Не мисли само на својата среќа, моментална среќа.
    Подобро е да одлучиш и да ставиш граница, него да продолжиш вака и себе но и другите животи да ги уништуваш.

    Во вакви комплексни прашања за совет никој не може да ти помогне. Само ти треба да одлучиш.
    Ти ... главниот ЛОШ лик во целава приказна!
     
    На rozeta-duskovska и mina им се допаѓа ова.
  3. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    461
    Другар те разбирам дека ти е тешко,вака значи прво би ти кажала дека не ти требало да се жениш со некоја која што не ја сакаш,а потоа започнуваш врска која трае 5 години стварно не ти требало,но добро што е тука е ај да речеме дека и тоа се случува да се заљубиш иако не си слободен,но не требало да трае толку долго време,а да не решиш што понатака,греота и за жена ти ај стави се ти на нејзино место како би ти било па зар таа не заслужува некој да ја сака кога веке ти не ја сакаш,а за децата стварно е греота да шивеат без двајцата родители но не за чабе е што викаат подобро срекен развод отколку несрекен брак,јас мислам дека најпаметно би ти било отворено да поразговараш со жена ти се да и кажеш колку и да се љути подобро и за неа ке биде кога ке знае се и фино лепо разведи се децата пак ке си ги гледаш тие ке пораснат за миг а твојата младост и живот не се вракаат.Ти посакувам се најубаво
     
    На rozeta-duskovska му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    сум се наоѓала во ваква ситуација на местото на твојата девојка сега кога го прочитав ова све ми се врати назад како вчера да беше вечерта кога ми пиша моето бившо момче по порака ЈАС И ТИ НЕМОЖЕМЕ ПОВЕЌе ДА СМЕ ЗАЕДНО со некое глупо објаснување а толку слепо му верував рацете во оган ги ставав за него незнам како се совзедов таја вечер и како да не му беше доволно тоа знаеќи колку го сакам и колку ме повреди продолжи и понатаму да ме измачува со некои глупи изговори или пораки молимте никогаш од нокого не сакам да бидам сожалувана а посебно во таја ситуација сакав да бидам за понатаму да не кажувам како заврши тој човек овде ќе се зборува за тебе... е сега јас ќе ти кажам ваква работа ми се случи пред неколку години а раните тешко заздравуваат затоа не должи одлучисе и тргни по тој пат без да се навраќаш назад и без да се кајш од твојата одлука па потоа да отвараш стари рани нема да те осудвам ни да ти солам памет тоа што се случило се случило неможи да се врати времето назад од оваа ситуација страдаат многу луѓе зато одлучисе и стои цвртсто позади твојата одлука те чека тежок пат ама запомни едно патот до вистинската среќа секогаш е тежок....
     
    На LadyLibra му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    едно ќе кажам, тежок е двојниот живот! во овој случај, ти го живееш... и се наоѓаш на една раскрсница... но само ти го знаеш одговорот, само ти знаеш на каде ќе свртиш.
    и потполно се согласувам со росонерка. се' е кажано.
     
  6. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Лошо, многу лошо е она што си и го правел на сопругата. Мој совет е под итно да покренете постапка за развод. Не за да ти бидеш среќен со другата, туку за да не ја повредуваш уште повеќе жената со која некогаш си се заколнал на вечна љубов, а и за да децата не живеат во нездрава средина, со родители кои меѓусебно не можат да се смислат. Ова ми се чини никогаш повеќе нема добро да функционира, затоа за сите е подобро да се разделите. Така и ти, како слободен, можеш да ги имаш и двете работи кои ги сакаш. Не мора да бегаш во странство, остани со љубовницата, ама некаде блиску, од кај што можеш без проблем и редовно да си ги гледаш децата. Ама оваа фарса под итно мора да престане!
     
  7. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Доста комплициран случај! Јас мислам дека најдобро решение ти е да ја кажиш вистината! Како што кажаа девојките погоре, единствениот лош лик во приказнава си ти! Значи ти ја повредуваш женати, децата, таа девојка со која си бил 5 години! Значи имаш 4 уништени животи, само за да си обезбедиш задоволство и среќа! Не џабе рекле, измери 2 пати, па после сечи! Штетата ја имаш веќе направено, а добар чекор си направил што си се свестил! Мораш да разговараш со жена ти, зошто таа не е играчка, се работи за брак со деца! Ако не ја сакаш жена ти, тогаш разведи се од неа, ама како што е редот! Значи мораш да и дадеш објаснување, да и ја кажиш вистината! Само да ти кажам дека децата најмногу ќе патат! Тие и во двата случаи се оние што губат! Размисли добро, само ти можеш да одлучиш кој пат да го одбереш!
     
  8. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Ауууч,ти водиш двоен живот. :worried: Не ми е јасно нели забележа жена ти 5 години дека ја изневеруваш??? А и ти како можеш да живееш со некоја што не ја поднесуваш?Ја повредуваш и неа и самиот себе се повредуваш,и уште многу други околу тебе повредуваш!Мое мислење е дека си требал многу порано да се разведеш а не дури сега да мислиш на тоа.И да имаш друга и да немаш кога нешто не оди,не оди и готово.Ако не ја сакаш жена ти не се измачувај и не ја измачувај неа.И немој да мислиш дека децата вака се посреќни.Децата можеби не разбираат но верувај дека ја чувствуваат секоја ситуација и кога ке бидат возрасни тоа ке се одрази врз нив.Тоа сум 100% сигурна.Имам таков случај кај мои блиски луѓе а и по психологија и педагогија сме учеле.Ако се разведеш пак ке си ги гледаш децата,е сега можеби поретко ама важно ке ги гледаш.А тие кога-тогаш ке сфатат дека така морало да биде.Важно е ДА БИДЕШ ДОБАР ТАТКО-без разлика дали сте заедно со мајката или не.И пред се БИДИ ЧОВЕК и реши ја што побрзо оваа ситуација!
     
    На rozeta-duskovska и peperutkaa им се допаѓа ова.
  9. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Најдобро потруди се да бидеш најдобриот татко, отколку сопруг, пошто таа „улога“ и онака не ти легнала. Само ме чуди како сопругата толку многу години не познала ништо. И плус, каква е таа? Заљубена ли е таа во тебе? И освен тоа што ТИ не ја сакаш, дали бракот ви е досега ок, барем она ок, среќни сте, ти е грижлива и добра сопруга, само ете нема љубов, не била таа судена? Делумно се согласувам со девојките кои досега те советуваа или подобро кажано ти укажуваа, ако мислиш дека понатаму и ти ќе бидеш уште понесреќен, знај дека и децата ќе ги направиш такви со тек на време. Ама сепак, најдобрата одлука можеш да ја донесеш ти, и никој друг. :!:
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Одлучи се што сакаш во животот. Можда е и малку предоцна за да го спасуваш бракот зашто поминале цели 5 год ама поради твое задоволство не дозволувај да други патат и очајуваат. Претпоставувам дека и твојата сопруга е свесна за сето тоа.
    Подобро биди добар татко и љубовник одколку лош сопруг
     
  11. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    49
    Можеби лошо ќе звучи мојот коментар ама нема воопшто да се потрудам да ја скријам нервозата од прочитаното !!!

    КОЈ ТЕ ТЕРАЛ ДА ПРАИШ ДЕЦА ??? - Тоа е вистинското прашање !!!
    Жени - можеш 100 да смениш во животот, ама ДЕЦА !!!

    Ти иди прај што сакаш ама што кога знаеш дека треба да дојдеш дома и дека те чекаат децата И дека треба со истите раце со кои си гушкал некоја си, со истата уста со која си се шлапал со некоја, да одиш и да ги гушкаш и бацуваш нив !!!

    Ова воопшто не е некој совет ама колку побрзо сфатиш дека ЈАКО си згрешил, толку побрзо можеби ќе ти текне дека тоа што веќе го имаш (деца и жена), кое САМ си го направил МОРАШ да го чуваш !!!
    Единствен совет ми е, да си се опаметиш додека децата не те разберат па после стварно да не умреш за да ги видиш !!!
     
    На skorpijaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Мислам дека преостро осудуваш.Како прво тој си знае,можеби непланирано ги направил децата па се оженил.Како второ во животот мораме само да умреме,а ништо друго не се мора.Зошто да остане во несреќен брак???Децата така ке бидат понесреќни.Во првиот мој пост тука пишав дека ова им се има случено на мои блиски луѓе,и вистина е.Децата ке бидат исти како родителите кога ке пораснат.Ете само тоа може да се постигне.
    Но го нема да ни пише,како е,што направил?! :worried:
     
    На LadyLibra му/ѝ се допаѓа ова.
  13. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    49
    Остро или не, тоа е моето мислење.
    Никој не му е крив што ги направил децата па ај после пу пу не важи, идам да бркам жени !! Ха ха .. Мало сутра тоа !!

    Се согласувам дека децата ги следат стапките на родителите, но ајде да видиме вака. Прво, ќе го следат таткото и ќе ја направат неговата грешка па после 10-20 години ќе ги читаме нивните маки. Или пак ќе ја следат мајката која сигурно ќе остане разочарана од сопругот..

    Животот е еден и за тоа немам никаков коментар, но ете и да се разведат верувај дека децата заземаат страна, а во овој случај сигурно ќе изгуби таткото. Никој ама баш никој не е вреден да биде понижуван заради туѓи грешки, а децата сигурно ќе најдат начин да се одбранат од неговите глупости.

    И како крај на сето ова мислам дека човек би бил посреќен покрај своите деца и жена која сам ја одбал за нивна мајка, отколку покрај `љубената` а да знае дека децата нема да ги види никогаш !!! А секако и таа огромна љубов еден ден ќе заврши (зошто веќе почнале да се откриваат лагите), па кога тој ќе се врати назад нема повеќе да го има тоа што го оставил зад себе.
     
  14. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Барби не ја знаеме другата страна...Незнаеме-можеби и жената е незаинтересирана.Јас повторно тврдам дека децата ке имаат лоши последици.И убаво му пишав,мислам дека развод е најдобро решение,безразлика дали после ке остане со таа друга или не.Развод не е ништо ни чудно,ни срамно!
     
  15. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    49
    Се е во ред со разводот, немам ништо против ако стварно работата е до таа ситуација.
    И воопшто и да не се грижам за него или неговата сопруга. Единствено лошо што би можело да произлезе од развод е лошо врз децата. Јас сум 100% сигурна дека доколку се разведе и тој биде со таа жена, дека децата нема да го поддржат во тоа. Таа жена секогаш ќе биде причина за распадот на нивното семејство и никогаш нема да ја прифатат ни неа ниту новата ситуација.
    Единствено што знам дека нема да го има овој човек е развод, новата жена и децата во исто време !!! А правилниот избор мислам дека би требало да бидат децата !!!
     
  16. muzichar

    muzichar Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    pa vaka..... Me nemase eve nekoe vreme poradi rabotni obvrski,gi procitav site komentari... i sakam da Vi kazam deka podolgo vreme ne se gledam so devojkata, boli, no mora taka da bide za promena izleguvam so moite deca , drugari drugarki zena mi i toa dosta intenzivno se se samo da ne bidam sam. Od druga strana mojot konecen odgovor e ostanuvam so zena mi i decata a nestoto kolku i da boli so tek na vremeto mora da pomine. Vi blagodaram na vasite komentari ako nisto drugo mi ja potkrenaa doverbata...........neznam koj prasa za zena mi no kolku da se znae taa e vljubena vo mene isto kako i prviot nas zaednicki den,ja znae celava situacija i bezrezervno mi pomaga se za ljubovta kon mene i nasite deca.........ISKRENO VI BLAGODARAM
     
    На Lina24 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Е па фино жената те сака , а ти не.И така ќе функционирате. :^) Значи не си искрен ни према себе , а уште повеќе ни према неа.Полошо не може да биде.
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ти ни самиот не знаеш што сакаш бе кој те терал да ја лажеш девојката па уште 5 години каков човек си ти велиш дека женати неможеш да ја поднесеш а сега си ги лечиш раните со неа демек за да ја заборавиш девојката катастрофа жал ми е и за едната и за другата а тебе те сожалувам оти никогаш ама баш никогаш нема да бидеш среќен човек го уништи животот на девоката и сега како ништо да не било зато многу ќе страдаат од таквите како тебе ама пак затоа и постојат жени како мене за да ги газат тие како тебе... немам коментар повеќе катастрофа...
     
    На meruska му/ѝ се допаѓа ова.
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Jaс искрено само ќе додадам ... ја жалам женати.
    Тешко и е да живее години и години со еднострана љубов, да трпи изневерувања и притоа да те подржува.
    Хмммм музичару не знаеш да цениш.
    Не бива ни толку добрина, ете со добро ти враќа жената, а ти ништо за возврат не и даваш.
    Тоа што живеете уште заедно и што излегувате не е ништо, ти сепак тоа го правиш само за да не мислиш на другата. А женати па верува дека ќе те смени.
    Јас искрено не верувам дека ќе се смениш.
    Ако заврши фарсата со другата девојка, еден ден ти пак ќе најдеш друга.
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Што ви е на вас бре,да се разведе?!?!?! Така е тоа, буцни прачка пиј вино! Оп-троп разведи се! Кога ќе му прдне на газот! А таа жена каде ќе оди со две деца?! Ќе ака под кирија, додека овој си прави мерак на правалото за деца со кое направил веќе 2 ! Кога ќе бидете во брак разведувајте се,така лесно е тоа или недај Боже во фамилија да ви се дешава вакво нешто! Цц ц ц
     
    На Lina24 му/ѝ се допаѓа ова.