Места за излегување Може и тука, што да не, ако те бендиса, go for it. Еве вака, во убав стаклен сад, во кој некогаш се чувала некоја гревна рипка (Лизаразу, may he RIP), се пишуваат на ливчиња песните кои сакате да ги пеете. Обично ги ставаме добро познатите хитчиња, за поголем дел од нив ги имам испечатено и текстовите во случај да запне некој. Еве од прилика вака се песничките Robbie Williams - Angels Radiohead - Creep Oasis - Wonderwall Moloko - The time is now Seal - Crazy итн, итн... На youtube (God bless it) има скоро за секоја песна инструментал, т.е. караоке верзија. Ги симнувам и ги режам, за да идат у позадина. Да е автентично де. За песна за која немаме музичка потпора, може да се пее и на суво, по желба на интерпретаторот. Некои од нив пример, имаат и текст кој си тече во позадина , па ако приклучувате на двд, уште подобро. http://www.youtube.com/watch?v=EFaPRrpJVgA И така, микрофон од пазарче = 200 ден, а во Базаро има и безжични, троа поскапи 300 ден. Се' на се, кога ќе се додаде алкохол на рецептов, испаѓа едно смешно и бесценето искуство. п.с. по можност и камера и апарат, да се сликнат и снимат најинтересните моменти.
Трендафилке во срце си ме погодила. Сега јас така малечко сум за Амигос, кубански, кинески, индиски итн...ама мајка му стара ми се гади од дискотеки. Идеш во дискотека сите мини до г*з, штикла 2 педи, барам спас на друго место и повеќе ми годи. Најубавиот помин ми е секогаш во Амигос мислам. Начос и Александрија, а ако седам надвор, кој стасам оговарам, бре купишта ги има. Патем кој е тој коктел бар на Македонија? ...Мало сум, мало за алкохол, ама никој не ми бара лична. Биди старолик и светот е твој.
незнам за вас во Скопје ... ама за нас во Битола .. да нема каде да излезиш .. 2-3 паркови што се .. нема каде.. а за по дискотеки .. во денешно време .. мислам дека одат девојки .. како што рече Sephora .. со мини до г*з .. а во нивно друштво .. ретко кој сака да биди x))
Јас мислам на се направи „Романтични паркчиња и кафичи во Македонија“- проект, место скопје 2014. Поголема маса на луѓе ќе задоволат кај кај..
Во Ново Лисиче, поранешната детска улица, сега е Тоше Проески. Има фонтана и клупи, како корзо е Мн од спотовите на нашите „опасни“ рапери се снимени таму... Спотот за Класика, мислам се викаше, е еден од нив...