Девојки помагајтеееее!Очајна сум,моите нозе малку по малку наликуваат на географска карта Знам дека генетиката си го прави своето,но не можам да се помирам со ова.Значи водам многу здрав живот..не пушам цигари,не пијам алкохол,фитнес речиси секој ден,нон стоп ги масирам нозеве со креми за вени...бадијала!Секое лето си имам нова! Помош!!!!
Некои вежби од областа на јогата помагаат при решавање на проблемите со проширени вени. Пример позиција ,,свеќа,,. Пробајте, нема што да изгубите. Само немојте од прва да очекувате било какви резултати. Повторете ја вежбава по еднаш во денот.
девојки,и јас го имам истиот проблем, ве молам помагајте, кажете лек за проширени вени, како да се вовлечат, бидејки неможам кусо да облечам...на десната нога позади од коленото надоле имам како јазоли, не капилари, вени малку помодрени,сум ставала секакви креми, не помагаат, дури купив и од топ шоп, размислувам да одам ласерски да ми ги остранат, има ли некој такво искуство ?
Мене пред некое време ми се појавија од назад на нозете,вежбам секој ден и по недела дена почнаа да исчезнуваат,значи прави што повеќе вежби за истегнување на нозете,посбно за тој дел каде што се вените и мислам дека ќе има афект.Среќно
и јас имам попуштени вени спас за тоа нема немој да се лажеш пари да фрлаш не знам што ти значи тоа ласерски,и јас така се излажав бев и кај Анчевски нејќам ни името да му го спомнам ама морам,кога им кажав за проблемот ми дадоа инекции кои се примаат директно во вена што е сосема погрешно само тоа сакав да ти кажам батали реклами ласерско ова она чиста лага позз
И мајка ми исто има проширени вени и на лекар мислам дека баш сега скоро и рекоа некои хулахопки да купи, е сега не знам точно какви беа, али наводно помагале. И најзгодно е да се носат во зима, затоа што биле многу дебели. Ако некој друг знае некое решение кажувајте.. Поздрав.
да за еластични чорапи и јас носам кога можам,креми секогаш редовно ставам моментално ставам Ербавен задоволна сум од неа ја лади освежува ногата.а бидејќи мене ме болеа примав летово к и Аварикон таблети по 2 на ден со јадење,мн. ми помогнаа и тие за болката поздрав
Девојки и јас го имам истот проблем со вени и капилари и тоа усте од 10 годишна возраст,кај мене се наследно...Моментално го користам Ревен крем од див костен,винова лоза и арника,пробајте го бидете редовни во масирањето на нозете и тоа секогаш правете го одоздола нагоре.Вреди верувајте.Поз
Затоа и ја отворив темата за проширени вени.. значи со гоооодини мачкање со секакви креми, ништо СЕ РАЗБИРА НЕМА ЕФЕКТ, баш генетиката си го прави своето... Почнаа да ми се појавуваат некаде во 7мо одд., а веќе сега кога имам 27, скоро 28 години почнаа и болки малаку по малку, а одам апсолутно здрав живот. Редовно вежбам, не пушам цигари, внимавам на исхрана и немам проблем со прекумерна тежина... Освен непријатностите во нозете што не се з потценување, се наметнува и прашањето за естетскиот изглед.. Затоа и прашувам дали некој има искуство со склерозација на вени или познава некој со такво искуство?, бидејќи јас размислувам веќе во таа насока, бидејќи мојата вена полека но сигурно се проширува и нагоре и надоле
Анчевски е дерматолог што си купил ласер, не е специјалист за крвни садови. Така да ако веќе одиш на преглед или сл. треба да се оди на трансфузиологија да ти направат доплер и да ти кажат во каква состојба ти се вените. Постои и метод наечен склерозација на вени по кој вената се повлекува. Тоа е слично како операција, само што е помалку инванзивно и помодерно се разбира, и побезбедно. Трае пократко и по третманот пациентот одма си оди дома-значи нема потреба од лежи во болница и сл. Бидејќи јас размислувам за тоа (замисли и јас имам позади десното колено убави зелени јазоли )))), би ти советувала да направиш така како што и јас планирам да направам.. прво да одам на преглед кај специјалист и да се советувам што треба да правам. Значи оди во државна болница или во Филип Втори-тие таму се стручни за тоа)- значи немој да се излажеш да одиш кај некој дерматолог како Анчевски да ти ги чепка крвните садови-не е играчка! Можеш и сосвојот матичен лекар да се советуваш каде да одиш на преглед. Инаку, во меѓувреме мачкај екоја кремичка/гел за проширени вени (не дека ќе ги повлече-но превентивно да не се искомплицира работата), спортувај, избегнувај мрсна храна и не накачувај тежина. А доколку имаш некое килце повеќе-гледај симни го
Еве што пронајдов јас на нет http://www.arithera.hr/bolesti-vena-prosirene-vene . Ми се виде многу добра, да не речам одлична варијанта за брзо и као што велат целосно отстранување на вените без хируршка интервенција, а со помош на некаква пена. Е сега барав по форуми, натаму-наваму, но никако не можев да најдам некој со вакво искуство, но се спремам да се јавам директно во болницата и да прашам што и како е. Ако некој случајно веќе има информации за оваа постапка на отстранување вени, нека ја сподели. Ова ми се гледа како единствено вистинско решение , но бидејќи претпоставувам дека чини некоја паричка повеќе, ќе собирам и одам. Ако некој отиде пред мене, пак ќе речам, нека пише за искуство. Многу среќа на сите ... оти вениве навистина се проблем, сега лето, плажа, а јас не можам да си се опуштам од проклетиве вени. Ми се смачија веќе
I jas go imam istiot problem Jas imam mnogu bolki, osobeno ako podolgo sum na noga ili pri promena na vreme. Pokraj ostanatoto imam i ramni stapala, sto e dopolnitelna pricina zaradi koja se prosirile. Bev na transfuziologija vo Voena i napraviv dopler (privatno), i mi preporaca doktorot kompresivni hulahopki od 2 stepen. Gi nosev skoro 1 godina, deka se debeli zavisi od firmata, no bez razlika - mene mi studese zasto nogata ti e sosema stegnata - duri i mi se namali obemot na nozete, a vo toplo vreme - mi bese pretoplo. Potoa vtorite koi gi zedov bea do butovi, za da ne mi bide mnogu toplo. Vo ovoj slucaj me stegaa malku, no i na toa se naviknav. Gi nosev postojano, se so cel da se spreci ponatamosno prosiruvanje, cija sto e i cel, no zabelezav deka i na drugata noga (na koja nemav nisto) se pojavila po nekoja vena. Sega vekje mnooogu slabo gi nosam i imam vo plan povtorno da odam da doktor. Za nekoi hirurski zafati ili slicno imam slusnato za vbrizguvanje na pena i nekoi drugi, no po nekoja godina prosirenite veni povtorno se pojuvauvaat. Fizickata aktivnost e dobra, stetno e da se stoi vo mesto, da se sedi podolgo. A za smiruvanje na bolkite dobro e da se krevaat nozete.
Јас го купив од прилика 300 ден. 126мл е...скапо е ама вреди. Инаку и јас се мачкам по 1-2 пати дневно.
Пробајте со ВЕНДОКСИН капки,веројатно имате слушнато..Навистина помагаат,малку се поскапи,но треба редовно да се користат.Исто така не треба долго да се изложувате на стоење,што поголема циркулација толку подобро..
А дали некоја има искуство со тромбоза и некој народен лек во комбинација со антикоагулантна терапија?
Не ги читав претходните мислења,само ќе ви кажам дека мајка ми се мачи веке година-две и еве месец дена носи некои чорапи беше кај некоја нова докторка па и ги препишала. Деновиве чувствувам како и моите пулсираат,па се мислам дали да одам на лекар.Може да биде генетски?
девојки ве читам и ви кажувам никако склеротизација на вени тоа е најлошото нешто што мене ми се има случено,а сум разговарала и со други истото го казуваат вените за време на скле... се губат да за по некое време да се појават понабрекнати и полоши со многу болки во нозете верувајте многу поголеми болки.
Каде треба да се оди за проширени вени?! На кој лекар? Мене ме пратија на трансфузиологија, кај Рада и искрено РАЗОЧАРАНА СУМ максимално. НИТУ ме погледна, ниту се помести од столчето да ме види, само ми рече ништо не ти е ај млада си ти. Човече оставив работа цел ден, се бутав во гужвите за да не ме ни прегледа ни ништо. КАТАСТРОФА! Дали треба да одам на васкуларна хирургија, и ве молам некој да ми препорача лекар кај кој можам и доплер да направам и да ме прегледа асално и сл.!