01. Која е вашата идеја за совршена среќа? - Да најдам некој што искрено ќе ме сака, и ќе изградиме една фамилија и ќе остариме заедно, со еден збор мир и здравје. 02. Кој е вашиот најголем страв? Дека никогаш нема да се омажам. 03. Која особина најмногу ја осудувате кај себе си? Тоа што се си клавам на срце. 04. Која особина најмногу ја осудувате кај другите? Неискреноста и зборањето зад грб. 05. На кој жив човек најмногу му се восхитувате? На фамилијата моите 3 06. Која е вашата најголема естраваганција? / 07. Која е вашата моментална умствена состојба? Вознемирена, ужасна. 08. Која доблест сметате дека е преценета? Искреност 09. Во кои околности лажете? Скоро никогаш, секогаш гледам вистината да ја кажувам. 10. Што најмалку ви се допаѓа во вашиот изглед? Очите, градите и задникот. 11. Која жива личност најмногу ја презирате? Презирам една фамилија огромна, што ни зедоја се наше. 12. Која особина најмногу ја цените кај мажите? Ако е некој упорен. 13. Која особина најмногу ја цените кај жените? Искреноста 14. Кои зборови или фрази најмногу ги употребувате? Срц, пеер, немај мака, шу праеш.... 15. Кој или што е најголемата љубов во вашиот живот? Тој. 16. Кога и каде сте биле најсреќни? Најсреќна сум секогаш кога сум на море, океан или езеро. 17. Кој талент најмногу би сакале да го поседувате? Да знам да пеам. 18. Ако можете да смените едно нешто кај себе си, што би било тоа? Стапалата 19. Кое е вашето најголемото достигнување? Завршувањето на факултетот. 20. Ако починете, и се вратите како личност или нешто, што би било тоа? Да бидам позната глумица или манекенка. 21. Каде најмногу би сакале да живеете? Австралија. 22. Кое е најценетото нешто кое го поседувате? / 23. Што е најмизерно, според вас? Да те изневери пријател или некој што се во животот си направил за него, кога на некој му кажуваш точни работи а тој верува на други. 24. Кое е вашето омилено занимање? Глумица или манекенка 25. Која е вашата најизразена карактеристика? Комуникативноста и немањето срам. 26. Што најмногу цените кај пријателите? Искреноста. 27. Кои се вашите омилени писатели? / 28. Кој е вашиот херој од фикцијата? / 29. Со која историска личност најмногу се идентификувате? / 30. Кои се вашите херои од реалниот живот? Татко ми 31. Кои се вашите омилени имиња? Бисера и Стефан 32. Што е тоа што најмногу мразите? Да чекам некој и да бидам изневерена и простотилук 33. За што најмногу жалите? За неискористените прилики, за простувањето 34. Како би сакале да починете? Немам размислувано. 35. Кое е вашето мото? Без разлика колку и да е тежок животот, СМЕЈ СЕ !
Основните прашања гласат : 01. Која е вашата идеја за совршена среќа? Да бидат здрави сите мои сакани. Да живеам сама со вереникот во наша куќа и да имаме разбирање и мир. И да има мир во светот. 02. Кој е вашиот најголем страв? Тешки болести, височина, адреналински предизвици, болница! 03. Која особина најмногу ја осудувате кај себе си? Тоа што често се нервирам и нервозата ја чувам. Тоа што сум неодлучна и често се покајувам за некои работи. Што сум затворена во себе. 04. Која особина најмногу ја осудувате кај другите? Лажење, дружење само од корист, мешање во туѓ живот, немање осет за некои нешта како на пример дека некој сака мир и интимност. 05. На кој жив човек најмногу му се восхитувате? На една моја професорка од факултет, и се восхитувам на знаењето и начинот на зборување. 06. Која е вашата најголема естраваганција? Мислење и нервирање залудно на се и сешто и обидот да се докажам пред другите. 07. Која е вашата моментална умствена состојба? Во фаза на смирување, но со некој степен на немир и нервоза. 08. Која доблест сметате дека е преценета? Почит, искреност, вреднување на нештата 09. Во кои околности лажете? Кога морам, за да не повредам некого. 10. Што најмалку ви се допаѓа во вашиот изглед? Дупчето на образ, градите. 11. Која жива личност најмногу ја презирате? Не дека баш ги презирам ама не можам да ги сварам...Јатрвата, свекрвата и деверот. 12. Која особина најмногу ја цените кај мажите? Самооувереност, џентлменство... 13. Која особина најмногу ја цените кај жените? Искреност и незнам.. 14. Кои зборови или фрази најмногу ги употребувате? Зашоо? 15. Кој или што е најголемата љубов во вашиот живот? Љубовта кон музиката, љубовта кон моето семејство, моите најблиски, љубовта кон животните, љубовта кон Тоше <3 16. Кога и каде сте биле најсреќни? Најчесто сум најсреќна помеѓу позитивни луѓе. Кога одам на шопинг. Кога достигнувам некој животен успех (најчесто во образованието) 17. Кој талент најмногу би сакале да го поседувате? Да свирам на сите инструменти, да цртам како уметник професионалец, да знам неколку јазици јазици. 18. Ако можете да смените едно нешто кај себе си, што би било тоа? Неодлучноста. 19. Кое е вашето најголемото достигнување? Пеење на концерти во Хрватска и Турција и освојување дипломи. Одличен успех на факултет. 20. Ако починете, и се вратите како личност или нешто, што би било тоа? Дух 21. Каде најмногу би сакале да живеете? Скопје 22. Кое е најценетото нешто кое го поседувате? Мојата добрина, кој знае да ја види и процени...Моите сакани. Моите миленичиња, моите инструменти.... 23. Што е најмизерно, според вас? Конзервативно размислување. Неосмислено, просто понашање. Многу луѓе мислат само за себе, не размислувајќи за туѓите потреби и чувства. 24. Кое е вашето омилено занимање? Педагог, правник, уметник, бизнис 25. Која е вашата најизразена карактеристика? Ситничарка за перфекција, 26. Што најмногу цените кај пријателите? Смислата за хумор и квалитетен разговор, присутноста, искреноста, почитта. 27. Кои се вашите омилени писатели? Николас Спаркс, Гијом Мисо, Драган Таневски.... 28. Кој е вашиот херој од фикцијата? Незнам 29. Со која историска личност најмногу се идентификувате? незнам 30. Кои се вашите херои од реалниот живот? Мама 31. Кои се вашите омилени имиња? Теодор, Александар, Памела, Лана, Емил, 32. Што е тоа што најмногу мразите? Да морам да се оправдувам и бранам, кога сум лажно обвинета. Кога некој ми вади муабет. Кога некој ми се меша во животот. 33. За што најмногу жалите? Што не отидов да студирам во Скопје 34. Како би сакале да починете? Наеднаш, без мака, во длабока старост, заедно со маж ми. 35. Кое е вашето мото? На крајот секој ќе плати за се. Господ гледа !
01. Која е вашата идеја за совршена среќа? Да сме сите на број, не битно на која страна на светов. 02. Кој е вашиот најголем страв? Дека ќе ме снајде истата судбина на баба ми и мајка ми и ќе останам млада вдовица. 03. Која особина најмногу ја осудувате кај себе си? Барам начин да ја оправдам сечија постапка, иако најчесто не вреди. 04. Која особина најмногу ја осудувате кај другите? Злобата. 05. На кој жив човек најмногу му се восхитувате? На мајка ми и брат ми. 06. Која е вашата најголема естраваганција? / 07. Која е вашата моментална умствена состојба? Борбеност 08. Која доблест сметате дека е преценета? Искреноста. 09. Во кои околности лажете? Да избегнам некој да се чувствува лошо поради вистината, а кога лагата е скроз безопасна и на никого и никој начин не штети. 10. Што најмалку ви се допаѓа во вашиот изглед? Стомакот. 11. Која жива личност најмногу ја презирате? Нема таква. 12. Која особина најмногу ја цените кај мажите? Менталната стабилност. 13. Која особина најмногу ја цените кај жените? Снаодливоста. 14. Кои зборови или фрази најмногу ги употребувате? Ама не. 15. Кој или што е најголемата љубов во вашиот живот? Тие тројца. 16. Кога и каде сте биле најсреќни? Пред многу години. Во југото на татко ми. Се враќаме од Охрид. Моите напред, јас и брат ми назад. Првиот албум на Тоше на касета се врти. Јас пеам колку што ме држи глас. Се смееме. Сите сме многу среќни. Таа сцена никогаш нема да ја заборавам. 17. Кој талент најмногу би сакале да го поседувате? Да свирам пијано. Ако се рачуна? 18. Ако можете да смените едно нешто кај себе си, што би било тоа? Совеста би ја намалила на најслабо. 19. Кое е вашето најголемото достигнување? Соочување со/и преживување на многу животни трагедии за многу кратко време. 20. Ако починете, и се вратите како личност или нешто, што би било тоа? Желка. На Галапагос. 21. Каде најмногу би сакале да живеете? Каде што е тој. 22. Кое е најценетото нешто кое го поседувате? Добрата мисла. 23. Што е најмизерно, според вас? Алчноста. 24. Кое е вашето омилено занимање? Се што подразбира инспирација и хуманост. 25. Која е вашата најизразена карактеристика? Ведрината. 26. Што најмногу цените кај пријателите? Верноста. 27. Кои се вашите омилени писатели? Сите германски филозофи. 28. Кој е вашиот херој од фикцијата? Бетмен. 29. Со која историска личност најмногу се идентификувате? Папата Јована 30. Кои се вашите херои од реалниот живот? Секој обичен смртник кој после долга и тешка ноќ наоѓа сила да стане на утро, да се насмее и да оди да работи за да го прехрани семејството. 31. Кои се вашите омилени имиња? Константин, Филип, Бисера, Петра, Деспина. 32. Што е тоа што најмногу мразите? Неправда. 33. За што најмногу жалите? Што не успеав да го гушнам и да му кажам некои работи пред да си замине засекогаш... 34. Како би сакале да починете? На спиење. 35. Кое е вашето мото? Бидете среќни, зошто на никој не му е гајле ако не сте.
01. Која е вашата идеја за совршена среќа? Перфекционизам 02. Кој е вашиот најголем страв? Смрт и се што е поврзано со здравјето, страв од пораз, неуспех и слабост 03. Која особина најмногу ја осудувате кај себе си? Наивноста, мрзеливоста, срамежливоста 04. Која особина најмногу ја осудувате кај другите? Користољубивост, нелојалност, злонамерност 05. На кој жив човек најмногу му се восхитувате? Незнам, на многу луѓе им се восхитувам за различни работи 06. Која е вашата најголема естраваганција? Опседнатост со совршенство 07. Која е вашата моментална умствена состојба? Вознемирена 08. Која доблест сметате дека е преценета? Скромноста 09. Во кои околности лажете? Лажам речиси за сѐ 10. Што најмалку ви се допаѓа во вашиот изглед? Подобро да не набројувам 11. Која жива личност најмногу ја презирате? Повеќе се, ама не ги кажувам 12. Која особина најмногу ја цените кај мажите? Љубезност и верност 13. Која особина најмногу ја цените кај жените? Љубезност и верност 14. Кои зборови или фрази најмногу ги употребувате? Не можам да издвојам посебни 15. Кој или што е најголемата љубов во вашиот живот? Мислам дека тоа сум јас. Можеби е себично, но најмногу себеси се сакам 16. Кога и каде сте биле најсреќни? Незнам, најчесто сум тажна. Среќна сум била на родендени, концерти, празници, прослави, спортски натпревари, и други прилики кога сум со друштвото и семејството, но не во сите прилики 17. Кој талент најмногу би сакале да го поседувате? Да пеам, танцувам и цртам убаво 18. Ако можете да смените едно нешто кај себе си, што би било тоа? Ако може само едно нешто, тешко ќе ми биде да одлучам дали да се променам во поубава или во попаметна 19. Кое е вашето најголемото достигнување? Би рекла дека е поврзано со образованието, иако сеуште го немам завршено 20. Ако починете, и се вратите како личност или нешто, што би било тоа? Една измислена, паметна, убава, талентирана и речиси совршена личност 21. Каде најмногу би сакале да живеете? ЕУ или САД 22. Кое е најценетото нешто кое го поседувате? Ќе кажам телефонот бидејќи најмногу го користам, но ги ценам сите мои нешта и многу се приврзувам кон материјални работи 23. Што е најмизерно, според вас? Свесно да повредуваш, мамиш и искористуваш некого, свесно да дозволуваш некој да ти го прави тоа (да те прави будала а ти да го трпиш), да бидеш глупав/а и несмасен/на како мене и постојано да се посрамотуваш 24. Кое е вашето омилено занимање? Сеуште незнам 25. Која е вашата најизразена карактеристика? Упорност, тврдоглавост 26. Што најмногу цените кај пријателите? Способноста да те сослушаат и разберат 27. Кои се вашите омилени писатели? Не можам да издвојам 28. Кој е вашиот херој од фикцијата? Не можам да издвојам 29. Со која историска личност најмногу се идентификувате? Не можам да издвојам 30. Кои се вашите херои од реалниот живот? Немам херои 31. Кои се вашите омилени имиња? Моето име и имињата на личностите што ги сакам 32. Што е тоа што најмногу мразите? Да молам и да се извинувам на некого, да ме контролираат, да ми наредуваат и да ми се мешаат во животот, кога правдата не е задоволена, насилство од секаков вид 33. За што најмногу жалите? Речиси за сѐ во животот 34. Како би сакале да починете? Никако не сакам да починам, ама барем тоа да биде во мир, а не да заминам на другиот оставајќи ги проблемите на овој свет 35. Кое е вашето мото? Животот е твој и живеј го според своите правила.
01. Која е вашата идеја за совршена среќа? Моето семејство да бидат живи и здрави 02. Кој е вашиот најголем страв? Смртта 03. Која особина најмногу ја осудувате кај себе си? Тврдоглавост 04. Која особина најмногу ја осудувате кај другите? Дволичност 05. На кој жив човек најмногу му се восхитувате? Мајка ми 06. Која е вашата најголема естраваганција? Се да ми е под конец 07. Која е вашата моментална умствена состојба? Нестрплива, очекувам... 08. Која доблест сметате дека е преценета? Скромност 09. Во кои околности лажете? Кога сум во тесно 10. Што најмалку ви се допаѓа во вашиот изглед? Белегот од пирсот 11. Која жива личност најмногу ја презирате? ... 12. Која особина најмногу ја цените кај мажите? Искреност 13. Која особина најмногу ја цените кај жените? Љубезност 14. Кои зборови или фрази најмногу ги употребувате? Ниедна посебно 15. Кој или што е најголемата љубов во вашиот живот? Ќерка ми 16. Кога и каде сте биле најсреќни? Кога се роди ќерка ми 17. Кој талент најмногу би сакале да го поседувате? Талент за пеење 18. Ако можете да смените едно нешто кај себе си, што би било тоа? Карактерот комплет 19. Кое е вашето најголемото достигнување? Што научив многу на своите грешки 20. Ако починете, и се вратите како личност или нешто, што би било тоа? Птица 21. Каде најмногу би сакале да живеете? Италија 22. Кое е најценетото нешто кое го поседувате? Мојата душа 23. Што е најмизерно, според вас? Насилство 24. Кое е вашето омилено занимање? Судија 25. Која е вашата најизразена карактеристика? Упорност 26. Што најмногу цените кај пријателите? Довербата 27. Кои се вашите омилени писатели? ... 28. Кој е вашиот херој од фикцијата? ... 29. Со која историска личност најмногу се идентификувате? ... 30. Кои се вашите херои од реалниот живот? Моите родители 31. Кои се вашите омилени имиња? Клара 32. Што е тоа што најмногу мразите? Лага 33. За што најмногу жалите? За пропуштените прилики 34. Како би сакале да починете? Мирно 35. Кое е вашето мото? Биди тоа што си. Не се менувај за никого.
01. Која е вашата идеја за совршена среќа? Здравје љубов и среќен брак. 02. Кој е вашиот најголем страв? Неверство и Смрт 03. Која особина најмногу ја осудувате кај себе си? Нетрпеливоста 04. Која особина најмногу ја осудувате кај другите? Немање чесност и лажење 05. На кој жив човек најмногу му се восхитувате? Брат ми 06. Која е вашата најголема естраваганција? /// 07. Која е вашата моментална умствена состојба? Напнатост 08. Која доблест сметате дека е преценета? Искреност 09. Во кои околности лажете? 99% нелажам, само кога премногу ме испрашуваат 10. Што најмалку ви се допаѓа во вашиот изглед? Веѓите и трепките 11. Која жива личност најмногу ја презирате? Никого не презирам 12. Која особина најмногу ја цените кај мажите? Искреноста благодарноста и чесноста 13. Која особина најмногу ја цените кај жените? Искреноста благодарноста и чесноста 14. Кои зборови или фрази најмногу ги употребувате? Вистина озбилно 15. Кој или што е најголемата љубов во вашиот живот? Прво себеси па личноста што ќе заслужи 16. Кога и каде сте биле најсреќни? Најсреќи во срцето на мојата почината девојка 17. Кој талент најмногу би сакале да го поседувате? Цртањето 18. Ако можете да смените едно нешто кај себе си, што би било тоа? Лутината 19. Кое е вашето најголемото достигнување? / 20. Ако починете, и се вратите како личност или нешто, што би било тоа? Буф 21. Каде најмногу би сакале да живеете? Исланд 22. Кое е најценетото нешто кое го поседувате? Смиреноста и разбирањето 23. Што е најмизерно, според вас? Лагата и неверството 24. Кое е вашето омилено занимање? Гејмер и рабпта во Photo shop 25. Која е вашата најизразена карактеристика? Смиреност 26. Што најмногу цените кај пријателите? Искреноста 27. Кои се вашите омилени писатели? / 28. Кој е вашиот херој од фикцијата? Dead Pool 29. Со која историска личност најмногу се идентификувате? / 30. Кои се вашите херои од реалниот живот? Брат ми 31. Кои се вашите омилени имиња? Изида Марија Елена 32. Што е тоа што најмногу мразите? Лага и неверство 33. За што најмногу жалите? За смрта на моите најблиски личности 34. Како би сакале да починете? Брза смрт 35. Кое е вашето мото? Добриот збори железни врати отвара
01. Која е вашата идеја за совршена среќа? Да сме здрави и живи сите блиски, да не ми се мешаат во животот, љубов, верност и поддршка од партнерот, да сум сакана таква каква што сум. Душичката мала да ја одгледаме со мм во здрав човек, и да ни даде Господ уште бар едно детенце, може и две, а може и близнаци. Да станам тетка. 02. Кој е вашиот најголем страв? Да не ми се случи нешто лошо па да не сум во состојба да функционирам за мето дете. 03. Која особина најмногу ја осудувате кај себе си? Брза сум, па многу есто брзата кука слеи ги раѓа. 04. Која особина најмногу ја осудувате кај другите? Тоа што се прават мн паметни, што сакаат да ми наметнат нивни ставови и непочитување. 05. На кој жив човек најмногу му се восхитувате? 06. Која е вашата најголема естраваганција? 07. Која е вашата моментална умствена состојба? Умствената состојба моментално не ми е на завидно ниво. Лоо се увствувам. 08. Која доблест сметате дека е преценета? Истрајноста, верност. 09. Во кои околности лажете? Хм, што знам, најчесто сум искрена кога треба да покријам некого за нешто. 10. Што најмалку ви се допаѓа во вашиот изглед? Задникот. 11. Која жива личност најмногу ја презирате? Еден дебил. 12. Која особина најмногу ја цените кај мажите? Заштитничкиот однос што го имаат кон женскиот пол и секако не е на одмет покажување дека некој ти знае и после години брак/врска. Сакам маж кој ќе ме изненадува пријатно, нема да се лутам ако тоа често се суува. Искрен 13. Која особина најмногу ја цените кај жените? Достојност, другарство без предавство. 14. Кои зборови или фрази најмногу ги употребувате? Как ти стое? Мислам, како да ти кажам. Не, нееее не тоа. 15. Кој или што е најголемата љубов во вашиот живот? Ќерка ми. 16. Кога и каде сте биле најсреќни? Што знам периодот пред брак исполнет со патувања. Ќерка ми ме прави среќна секогаш. 17. Кој талент најмногу би сакале да го поседувате? Лидерство, да умеам да пишувам бестселери. 18. Ако можете да смените едно нешто кај себе си, што би било тоа? Би сменила неколку работи, прво би го променила студирањето, па после тоа да не допираат туѓите мислења до мене, комплексот на ниска вредност. 19. Кое е вашето најголемото достигнување? Ќерка ми. 20. Ако починете, и се вратите како личност или нешто, што би било тоа? Повторно човек ама среќен, исполнет. 21. Каде најмногу би сакале да живеете? Барселона. 22. Кое е најценетото нешто кое го поседувате? Другарство и се што е врзано со него. 23. Што е најмизерно, според вас? Лицемерие. 24. Кое е вашето омилено занимање? Адвокат. Наставник. Библиотекар. 25. Која е вашата најизразена карактеристика? Секогаш спремна да пружам помош. 26. Што најмногу цените кај пријателите? Не многу, да се сетат дека постојам и во деновите кога ништо не им треба од мене. 27. Кои се вашите омилени писатели? Зафон, Гијом Мисо, Линвуд Баркли, Паоло Коелјо. Сидни Шелдон. 28. Кој е вашиот херој од фикцијата? 29. Со која историска личност најмногу се идентификувате? 30. Кои се вашите херои од реалниот живот? Мм. Татко ми. Сестра ми. Мајка ми. 31. Кои се вашите омилени имиња? Сара. Ана. Ања. Александар. 32. Што е тоа што најмногу мразите? Предавство, изиграност, искористување, непочитување. 33. За што најмногу жалите? Најмногу жалам што дозволувам да паднам под туѓо влијание, а следствено на тоа и на изборот на студиите. Жалам што повредив еден човек кој навистина ме сакаше, што некогаш кога сум нервозна и ми се случуваат некои работи сметам дека кармата ми враќа заради него. 34. Како би сакале да починете? Брзо, без мачење, рум дум. 35. Кое е вашето мото? Бидете искрени, среќни, сакајте се себе си а и другте, почитувајте го туѓото мислење. Смејте се, и Ќе биде се во ред.
01. Која е вашата идеја за совршена среќа? - Здравје на моите најблиски 02. Кој е вашиот најголем страв? - Смртта на некои од моите најблиски 03. Која особина најмногу ја осудувате кај себе си? - Инаетливоста во одредени ситуации 04. Која особина најмногу ја осудувате кај другите? - Безчувствителноста 05. На кој жив човек најмногу му се восхитувате? - На мајка ми 06. Која е вашата најголема естраваганција? - Книги и штикли 07. Која е вашата моментална умствена состојба? - Среќна и ослободена од грижите 08. Која доблест сметате дека е преценета? - Искреноста 09. Во кои околности лажете? - Кога треба да заштитам некого од нанесување на болка 10. Што најмалку ви се допаѓа во вашиот изглед?- Струкот 11. Која жива личност најмногу ја презирате? - Не презирам никого 12. Која особина најмногу ја цените кај мажите? - Искреноста 13. Која особина најмногу ја цените кај жените? - Достоинството 14. Кои зборови или фрази најмногу ги употребувате? - / 15. Кој или што е најголемата љубов во вашиот живот? - Не би можела да издвојам една работа 16. Кога и каде сте биле најсреќни? - Кога се роди сестра ми 17. Кој талент најмногу би сакале да го поседувате? - Да знам да пеам 18. Ако можете да смените едно нешто кај себе си, што би било тоа? - Да не сум толку емотивна 19. Кое е вашето најголемото достигнување? - Што се пронајдов себе си 20. Ако починете, и се вратите како личност или нешто, што би било тоа? - / 21. Каде најмногу би сакале да живеете? - Лондон 22. Кое е најценетото нешто кое го поседувате? - Прстен поклон од моите 23. Што е најмизерно, според вас? - Осудување и исмејување на другите 24. Кое е вашето омилено занимање? - Моето 25. Која е вашата најизразена карактеристика? - Емотивноста 26. Што најмногу цените кај пријателите? -Лојалноста 27. Кои се вашите омилени писатели? - Умберто Еко и Достоевски 28. Кој е вашиот херој од фикцијата? - 29. Со која историска личност најмногу се идентификувате?-/ 30. Кои се вашите херои од реалниот живот?- Мајка ми 31. Кои се вашите омилени имиња? - Ања и Нинослав 32. Што е тоа што најмногу мразите? - Неправда 33. За што најмногу жалите? - Што не знаев на некои личности навреме да им кажам што ми лежи на срцево и колку ме повредиле 34. Како би сакале да починете?- Безболно 35. Кое е вашето мото? - Пред да судиш на другите погледни се себе си
01. Која е вашата идеја за совршена среќа? -Да ја работам работата во која уживам и да бидам опкружена со луѓе кои ќе помогнат да се изградам како личност. 02. Кој е вашиот најголем страв? -Неуспех во мојата цел. 03. Која особина најмногу ја осудувате кај себе си? -Импулсивност 04. Која особина најмногу ја осудувате кај другите? -Незнаење без желба за знаење 05. На кој жив човек најмногу му се восхитувате? -Мојата баба 06. Која е вашата најголема естраваганција? -Кинологија 07. Која е вашата моментална умствена состојба? -збунетост 08. Која доблест сметате дека е преценета? -Хуманост до степен да се одржи живото битие живо, без квалитетен живот. 09. Во кои околности лажете? -Лажам за моја корист 10. Што најмалку ви се допаѓа во вашиот изглед? -Кожата 11. Која жива личност најмногу ја презирате? -Дедо ми 12. Која особина најмногу ја цените кај мажите? -Рационалноста 13. Која особина најмногу ја цените кај жените? -Амбициозност, посветеност и борбен дух 14. Кои зборови или фрази најмногу ги употребувате? -Чувствувам/мислам дека 15. Кој или што е најголемата љубов во вашиот живот? -Мојата Беатриче (брадеста дама со четири нозе) 16. Кога и каде сте биле најсреќни? -Било каде со мојата Беатрис 17. Кој талент најмногу би сакале да го поседувате? -Посилна интуиција 18. Ако можете да смените едно нешто кај себе си, што би било тоа? -Да терам нешто без да изгубам надеж и да се откажам 19. Кое е вашето најголемото достигнување? -Сѐ уште не сум го имала успехот со кој би била задоволна 20. Ако починете, и се вратите како личност или нешто, што би било тоа? -Мачка 21. Каде најмногу би сакале да живеете? -На тропско место без ладно време 22. Кое е најценетото нешто кое го поседувате? -Мојата Беатрис 23. Што е најмизерно, според вас? -Самосожалување 24. Кое е вашето омилено занимање? -Сѐ поврзано со филмови или кинологија 25. Која е вашата најизразена карактеристика? -Молчаливост. 26. Што најмногу цените кај пријателите? -Поддршката која ми ја пружаат 27. Кои се вашите омилени писатели? -Фридрих В. Ниче, Данил Хармс. 28. Кој е вашиот херој од фикцијата? -Вулверин 29. Со која историска личност најмногу се идентификувате? -Фридрих Ниче 30. Кои се вашите херои од реалниот живот? -Билјана Гарванлиева 31. Кои се вашите омилени имиња? -/ 32. Што е тоа што најмногу мразите? -Ирационални постапки 33. За што најмногу жалите? -Не успеав да помогнам на личноста која најмногу ја сакам, што е полошо се чувствувам како да ја повредив и скршив. 34. Како би сакале да починете? -Пад од голема височина, да ги осетам сите делови од моето тело како се распрснуваат на секаде. 35. Кое е вашето мото? -Создај се себе пред да создадеш дете.
01. Која е вашата идеја за совршена среќа? Душевен мир и спокој. Да се сакам и прифаќам себеси потполно. Да имам деца. Да имам маж кој го сакам и го разбирам и обратно. 02. Кој е вашиот најголем страв? Дека никогаш нема да успеам да бидам среќна. Дека ќе се каам за последиците од одлуките што ги носам. 03. Која особина најмногу ја осудувате кај себе си? Overthinking, неможност да се опуштам и да уживам во моментот. 04. Која особина најмногу ја осудувате кај другите? Глупавост, неписменост. 05. На кој жив човек најмногу му се восхитувате? На другарка ми. 06. Која е вашата најголема естраваганција? Нездрава храна. 07. Која е вашата моментална умствена состојба? Немир, напнатост. 08. Која доблест сметате дека е преценета? Искреноста, добрината. 09. Во кои околности лажете? Многу често, кога мислам дека со тоа се заштитувам себеси. 10. Што најмалку ви се допаѓа во вашиот изглед? Тежината. 11. Која жива личност најмногу ја презирате? Не знам 12. Која особина најмногу ја цените кај мажите? Самоувереност, амбициозност. 13. Која особина најмногу ја цените кај жените? Нега и љубов за себе. 14. Кои зборови или фрази најмногу ги употребувате? Страшно; Што зборев, до кј бев?; Бог да чува 15. Кој или што е најголемата љубов во вашиот живот? Добри книги, добра храна и добри филмови. 16. Кога и каде сте биле најсреќни? Сум била задоволна, вистински среќна не. 17. Кој талент најмногу би сакале да го поседувате? Нешто уникатно што ретко кој го има. 18. Ако можете да смените едно нешто кај себе си, што би било тоа? Сите лоши навики кои ме уништуваат физички и психички. 19. Кое е вашето најголемото достигнување? Факултетот. .Она што најмногу сакам да го постигнам сеуште го немам: да се пронајдам себеси и да се засакам. 20. Ако починете, и се вратите како личност или нешто, што би било тоа? Исполнета и позитивна личност. 21. Каде најмногу би сакале да живеете? Во САД. 22. Кое е најценетото нешто кое го поседувате? Интелигенција. 23. Што е најмизерно, според вас? Лажна добрина. 24. Кое е вашето омилено занимање? Писател, психолог, професор. 25. Која е вашата најизразена карактеристика? Емотивност, силна интуиција. 26. Што најмногу цените кај пријателите? Присутност, поддршка. 27. Кои се вашите омилени писатели? Пауло Коељо и Гијом Мисо. 28. Кој е вашиот херој од фикцијата? побитните улоги во Casi Angeles. 29. Со која историска личност најмногу се идентификувате? Не знам 30. Кои се вашите херои од реалниот живот? Немам такви. 31. Кои се вашите омилени имиња? Миа, Клара и Лука. 32. Што е тоа што најмногу мразите? Луѓе што мислат дека се многу паметни, а всушност се глупави. Луѓе што глумат дека се добри и се претставуваат како жртви. 33. За што најмногу жалите? За моментите кога требало да се спротивставам на другите кога ми влијаеле лошо или на себеси кога самата несвесно сум си правела лошо. 34. Како би сакале да починете? На спиење. 35. Кое е вашето мото? Биди доволно силна да го прифатиш она што не можеш да го промениш. Биди доволно паметна да го промениш она што можеш, и биди доволно свесна за да го разликуваш едното од другото.