1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психата како најголема болест

Дискусија во 'Психологија' започната од mon4ence17, 28 ноември 2009.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.579
    Допаѓања:
    155.732
    Пол:
    Женски
    Психата ќе ме докрајчи мене. Лошо расположение, панични напади, губење воздух, тресење, плачење. Не знам, во последно се осеќам дека се губам готово. Па параноична колку сум ... па тоа чудо некое ...Колку се плашам од се, колку паничам, колку ги премислувам работите, па колку се стресувам за глупости.
    До сега плачев, се тресев (имам кандида на усниците, ништо страшно како шо ми рекоја, а јас припаднав), па сега од ко направив се шо можи (во смисла, миење, плакнење, мачкање), се чуствувам посмирено, и се обидувам да не мислам на тоа.
    Со Господ напред ако не ја загинам глата негде успат, ќе се смирам пак. А вака под стрес сум долг период, ме јади анксиозност, и баш шо би се рекло од замислен лебдечки страв. Професорката фино ми предложи да одам на разговор некој ден (се смеев уште прво одење на факс дека ќе добијам безплатна терапија), ама пусто не ми се оди. Ама ајде оваа недела еден разговор нема да ме убие.
     
    На ivanchos му/ѝ се допаѓа ова.