1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психички попуштив

Дискусија во 'Психологија' започната од Kiki.N, 1 декември 2012.

  1. Kiki.N

    Kiki.N Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Неможам повеке вака.Сакам да се спасам од сево ова...Да скратам:јас имам пеколен живот бидејки правев работи без да си имам граници и мислев дека се што лета се се јаде.живеам во страв и срам.Постојано се плашам.Во ова школо каде што ме префрлија добро ми е се дружам,не викам не,и мн сум среќна со тоа,ама наутро се будам со страв се враќам со страв.Не заради школото.Бев во полиција,татко ми ме однесе заради некои причини и тие беа толку мн груби,како да ме осудуваат,а викаат дека јас не сум виновна за ништо,бидејки сум малолетна и немам никаков закон прекршено само дека сум била многу наивна и на некој начин сум жртва :x ...Иако сум мала имам страшно минато и сите работи ми се појавуваат постојано,постојано мислам на тоа.Дури сега сватив колку татко ми ме сака и се грижи за мене.Само неможам да сватам како сум можела толку да верувам и да сакам други,а да не видам колку татком ми ме сака.Психички попуштив,се осудувам самата себеси за се.Несакам да мислам на тоа,сакам да бидам како сите девојчиња,среќна да одам во школо,да учам,да се дружам,а не да го правам тоа....Сакам да се сменам,сакам да бидам др личност,ова да го оставам зад себе.Ми требаат совети и мислења од вас. :)
     
    На LudaJakimovska и Saricko им се допаѓа ова.
  2. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Ете сега одиш во ново училиште и викаш добро ти е. Ете и татко те сака и се грижи за тебе. Па продолжи да си имаш убав однос со татко ти, имај си ново друштво во школото. А што било порано, ма не се врти. Жи вееме за иднината а не за минатот. Ич да не ти е гајле, само напред, цел живот е пред тебе да ги смениш работите. Добро си почнала, само продолжи така.
     
    На Dd1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rihanna13

    rihanna13 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    немозам веке...некогаш загнкувам,никој неме разбира.порано постојано си разговаравме со татко ми,но сега тој е во груг град,(бидејки таму работе) нема со кој.имам еден брат откако се роди тој никојне ме забележуваше,оти јас бев одличрн примерен ученик никој не мислеше на мене.мајка ми ми вели дека ако не се потрудам да не гнкам,кога ке отидам во средно ке ме преместат во училиште за деца со посебни потреби,а јас не го сакам тоа.брат ми уште од прво одд. го носат во училиште,а мене ни на забавиште ме немаат носено а не па на школо.спрема него имаат повеке трпение.можеби ке помислите дека сме во финансиска криза по затоа татко ми отижол да работи во друг град,но не имаме своја фирма,се ми е овозможено но мене ми треба психичка подршка не финанска..
     
  4. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Знам дека сум оф топик ама морам да прашам
    А ти колку профили имаш на Фемина :^)
     
    На Ella.313 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Можеби другава и е сестра близначка :D
     
    На K.Mari4ka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rihanna13

    rihanna13 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    кој јас ли??
     
  7. GentlemansChoice

    GentlemansChoice Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    29
    Време е да започнеш нов принцип на живеење. Не се плаши од своето минато, сите имаат бурно минато. Не заборавај го своето минато, за да можеш да учиш од грешките, но немој ниту да се плашиш од него, затоа што тоа е само минато, настани кои поминале и нема никогаш да ги доживееш повторно.

    Време е да се воздигнеш духовно и психички. Да превземеш целосна контрола врз својот живот.

    За почеток предлагам да разговараш со себеси, да си кажеш себеси каде грешеше, да си кажеш себеси колку болка имаш создадено, и со насмевка на лицето да си простиш и да си ветиш дека нема да го повториш тоа. Вети си дека ќе бидеш примерна дама, со цврст карактер и завидливи карактерни особини. Вети си дека ќе бидеш грациозна во секој спектар и дека ќе зрачиш позитивна енергија во секој момент понатаму. Вети си дека ќе научиш да се радуваш и да ги вреднуваш и најмалите нешта во животот. Вети си дека ќе го цениш туѓото мислење, дури и тогаш кога ќе воочиш дека е погрешно.

    Почни да ставаш насмевка на лицето секогаш кога ќе видиш нешто убаво, слатко, спонтано создадено од природата или луѓето. Допри го, погали го, почуствувај го. Наутро излези на прозор или тераса, затвори ги очите и вдиши длабоко. Вдиши го воздухот на природата, вдиши ја слободата и мирот, вдиши енергија за твојата душа. Додека вдишуваш, прошетај ја твојата фантазија, прошетај ги врвовите на највисоките планини, полетај над мирни води и погледни во нивните длабочини. Почуствувај ја вредноста на животот.

    Почни да уживаш во сончевите зраци. Одамна е познато дека луѓето кои ја препознаваат енергијата на сонцето успеваат и да ја акумулираат. Брановите должини лесно можат да се поклопат и да се спојат во една заедничка позитивна енергија. Затвори ги очите, сврти се кон сонцето, почуствувај ја неговата топлина, црвената бесконечност пред твојот поглед, диши длабоко, мирно и самоуверено. Наполни се со сета потребна енергија и искористувај ја во текот на денот.

    Фокусирај се на својот живот. Запиши ги на лист хартија сите работи кои сакаш да се сменат. Дефинирај се себеси и сопствените желби. Запиши го буквално секој детал што би сакала да го промениш. Под него запиши како би изгледал променет, совршен, според твојата замисла.

    Кога ќе го направиш ова, почни од оние детали што сметаш дека се најдинамични. Визуелизирај ја постапката, визуелизирај го процесот на промени. Размисли кои чекори треба да ги превземеш за сето тоа да се промени и запиши ги. Кога имаш јасна дефиниција на животот, јасни ќе ти бидат постапките за напредок. Искористи ја енергијата што ја собираш за да направиш промени. Не се обидувај да правиш промени ако немаш енергија во себе. Тоа нема да направи никакви промени и ќе доведе до неуспех и демотивација.

    Пробај да најдеш силна мотивација во своите амбиции. Размисли кои се твоите совршени фантазии, каде сакаш да се видиш себеси понатаму во животот. Како сакаш да те гледаат другите. Мотивирај се со својата цел. Прави планови и дефинирај ги чекорите кон нивно остварување. Подели ги плановите на многу чекори, па така секој успешно завршен чекор ке ти носи дополнителна сила и мотивација.

    Најди го своето Хоби. Хобито треба да те исполнува, да ти дава мир на душата и да те окупира секогаш кога незнаеш како да го искористиш слободното време. Побарај на интернет листи со различни хоби активности, побарај слики, видеа, и ќе дознаеш што најмногу те исполнува. За некои луѓе е пишување, творење, цртање, музика... за други е делкање, сецкање, украсување, лепење. Можеш да станеш и колекционер на одредени предмети. Битно е да ја развиеш пасијата во себе. Пасијата е многу силен двигател и извор на енергија и мотивација. Пасијата ќе ти помогне да го оствариш и невозможното. Јас често одам на Instructables.com и таму веднаш можеш да најдеш некоја креативна креација и да ги прочиташ постапките за нејзино креирање. Обавезно ќе најдеш нешто прекрасно што ќе ти го задржи вниманието. Отвори го, гледај ги сликите, читај ги инструкциите и почни да создаваш и обликуваш :)

    Секогаш биди извор на позитивна енергија. Кога шириш позитивна енергија тогаш ги отвараш каналите за позитивна енергија кај сите околу тебе. Тоа ќе предизвика сите околу тебе да бидат позитивни и да канализираат позитивна енергија кон тебе. Ќе бидеш среќна, весела, воодушевена, почитувана, посакувана, љубена... Секогаш смеј се и чувај ја насмевката на лицето.

    Внимавај на луѓето околу тебе. Сомневај се кога ќе почувствуваш таква интуиција. Не дозволувај да бидеш манипулирана. Сомневањето е најдобра превентива против манипулација. Така ќе станеш активна и свесна, ќе анализираш и проценуваш. Ќе знаеш точно кои луѓе треба да ги задржиш околу себе а кои не.

    Поздрав!
    Со секое добро :)
     
    На FotoLina3, MarchelineAmaru и vitomir им се допаѓа ова.
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    па нели си сватила греските поЧни од тоа.
    поЧни со тоа дека убаво ти е на уЧилисте..
    дека имас родители сто те сакат и сто и ти треба да ги сакас на ист наЧин.
    поЧни со тоа дека треба да одис напред во зивотот со добри работи и дека тоа сто било поминало и да не дозволис да се слуЧи пак.
    поЧни со позитивност за тебе и твојот живот.поз :)
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Драга, сите сме поминале низ некоја тешкотија.
    Сите сме западнале во некоја беља и претпоставувам повеќето нема да се сложат, но мене ми е драго што имам поминато мачна година. Исклучително мачна, стигнав до самоубиство значи.
    И да не се случеше тоа, сега ќе бев проста и наивна. Добив таков шамар од животот што уште ми е црвен образот.
    Верувај, немаше да го ценам она кое ми е пружено од дома, немаше да сакам да ги направам моите горди, или пак да бидам онаква каква сум ако не поминев низ сето тоа.
    Не вели сакам да бидам нормална. Ти си комплетно нормална, без разлика на тешкотиите низ кои си поминала. Гледај на се како лекција, и пред да направиш нешто запрашај се што ќе направев тогаш? и одма направи спротивно од тоа.
     
  10. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Се што си сторила во животот нека ти биде поука ,да не ги правиш истите грешки.
    Штом си почнала во ново школо ,почни сосема нов живот ,промени се ,гледај позрело на нештата околу тебе ,труди се да оставиш позитивен впечаток и што е најважно - направи си една мала анализа на твоите маани и доблести и гледај да преовладуваат токму вториве.
     
  11. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Почни да живееш нов живот , не мисли на минатото и тоа што те повредило.Биди среќна
     
  12. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Здраво...Имам еден проблем и немам на кого да му кажам, немам со кого да разговарам за тоа, затоа пишав тука.Уште 4 дена ми е 18ти роденден, имам дечко и сакам да си седам со него повеќе време, но мајка ми не престанува да ми врти на телефон да си одам дома исто како да имам 5 години и незнам кога ми се спие, кога ми се јаде. Ми се јавува пред 12 и ми зборува ајде дома ладно е надвор, утре си сабајле у школо, доцна е. Пред да фатам дечко седев со другарките до 5-6 сабајле никогаш ама баш никогаш не ми вртеше. Неможе да кажам дека и е страв од тоа што сум со дечко ми затоа што сме повеќе време заедно секој ден го поминуваме заедно, се знаат и нашите и нема проблем со тоа. Кога ке дојдам дома таа како ништо да не е, сега почна и да го подучува татко ми и тој да ми врти да ми се дерат како незнам што да правам.Што и да се случи нешто дома за се сум јас виновна мајка ми почнува да ме вреѓа, да ми вика за ич ништо, сестра ми ме прави ненормална затоа што не сум користела редовно шминка, што не сум ја пеглала косата јас имам причина за тоа,а и мислам дека нема таа што да ми се меша во животот. Кога ке се скарам со дечко ми таа веднаш се меша ми збори остави го види се каква си поради него и цело време тоа да го оставам па да го оставам. Што мислите во ред ли е тоа? Цело време кога сум дома нешто ми зборуваат против мене се чуствувам глупаво како да сум заостаната во развој. Како да го сменам тоа? Неможам со муабет пробав ама пак не ми дозволуваат да зборувам ме криват мене за се.
     
  13. GentlemansChoice

    GentlemansChoice Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    29
    Има различни начини како да се справиш со овој проблем. Но прво да ти објаснам што всушност е проблемот тука. Твоите по дома очигледно имаат вишок нервози создадени од нивното секојдневие, и како што се наредила работата најлесно им е да се испукуваат на тебе.

    Штом со фин муабет не си успеала да го промениш нивниот однос, значи дека повеќе им е грижа да ја испукаат својата нервоза. Затоа можеш да го решиш проблемот со еден драматичен чекор кој ќе им го смени изразот на лицата на сите.

    Престани да комуницираш со нив! Одреден период, нека биде да речеме 2 недели до 1 месец, може и да се пролонгира процесот (некои луѓе се многу тврдоглави и водат инает). Но верувај.. сите ќе попуштат на крај. Многу е бедно на душата кога живееш со некој и тој не ти прави муабет. Ќе помине некое време и ќе сфатат колку боли и гарантирам дека ќе го променат односот.

    Значи, воопшто не им зборувај, не им се обраќај за ништо. Можеш да одговориш кратко намќорестко само кога си под притисок да одговориш. Не попуштај им во ниеден случај. Ако те замараат кажи само: Не комуницирам со тебе, и готово, заврши ја дискусијата со тоа, игнорирај секој следен збор.

    Ќе видиш дека на крај ќе почнат да ти се обраќаат фино и културно и ќе бидат во болно исчекување да им одговориш.
     
    На SomeWhere му/ѝ се допаѓа ова.