Здраво дечки ја направив темава со цел да се најдеме тие со слична дијагноза и искуство за да споделиме мислење и да дадеме добронамерни совети за како побрзо да излеземе од оваа состојба
Zdravo. Pred tri nedeli moja mnogu bliska licnost od nigde nikade resi da go napusti semejstvoto,vo koe spagja i 4 god since,za koe zivee i koe i e se na svetot. Ne kaza zasto,no samo povtoruvase deka mora. Se vrati dr den, se i sesto pominavme za tie tri nedeli,za na kraj sostojbata da eskalita,vo ne pienje lekovi,i kompletna neprisebnost,za na ktajot da doznaeme deka ima i deluzii a i glasovi. A i prvata vecer duri imala i samoubistveni nameri,najdovme poraka. Zivee vo stranstvo,jmase mnogu teski premrezja,bukvalno se sama naprabi i dere izrasna i finansiski problemi i se. Postfestum doznavam ( od nej tel,nej dokument) deka podolgo vreme imala maki ama se kontroliralara.Ama koga i da se cuemve vikase deka e se ok,deka site se ok,pravese realni muabeti... Hospitalizirana e veke 3 dena vo psihijatriska ustanova vo drzavata kaj sto zivee ama nemame detalni infofmacii od doctor. Mozeme da ja dobieme na tel, prvite 2 dena zboruvase,uste borejki se so realnost i iluzija,od vcera odbiva sekakva komunikacija Me interesira ima li nekoj slicno iskustvo,ili poznava nekoj ? Ko grom od vedro nebo ni dojde,nz ni sto da pravime ni kako da se idnesuvame A najstrasno od sto nz nisto l...
Ќе пробам да ти помогнам со тоа што знам од лично искуство за да не се грижиш многу, од одма ти кажувам ништо страшно не е и се надминува Прво психоза претставува ментална состојба во која личноста има халуцинации и делузии. Се разликува од шизофренијата и биполарното растројство по тоа што не претставува психичка болест и трае извесно време додека пак психичките болести слични на неа се лекуваат подолг временски период, ако не и доживотно. Слободно некој нека ме надополни ако има нешто да додаде. Се лечи со антипсихотици и минимум трае месец ипол дена(состојбата е проследена со халуцинации, личноста слуша туѓи гласови во главата или гледа работи што никој друг не ги гледа, значи не се реални) Слободно пиши ми порака тука сум за да помогнам
Blagodaram na odgovorot. Navistina sum od pamet izvadena. Jas iskreno uste ne ja znam dijagnozata,posto nikako do doktor da dojdeme.Utre duri i mk ambasadata ke se vkluci vo obidot da se ostvari sredba so doktor. Iskreno se nadevam deka e psihoza samo. Mnogu cudno,ko grom od vedro nebo,so cel intenzitet eskalirase strasno,bukvalno do nemanje nikakov oset so realnosta Ja cuv samo ednas na 1 min strav mi e da jz baram,dopolnitelno da ne ja voznemiram,od druga strana ne sakam da se cuvstvuva osameno. Soprugot duri i ja vide,petokot i sabotata bese ok(kolku sto moze da bide,se uste borejki se so realnosta i iluziite) Ama od vcera ne saka da komunicira.A vo bolnicata ne ti kazuvaat kako e ako pacientot ne dozvoli,a ona denes ne dozvoli Izvini,mozebi se povtoruvam,no navistina sme preplaseni i prezagrizeni.
Само треба време да помине и пред се зависи од неа колку брзо ќе се врати во реалноста. Мој совет е да и кажеш дека мора да се избори со тие гласови и да оди против нив, да проба да мисли, мислите се најбитни тука да мисли како што мислела претходно. Затоа што знам дека се што чувствува е ново и непознато во моментот, кажи и дека искрено ќе трае ова и чудно ќе биде опоравувањето ама на крај ќе се врати во нормала. Биди и поддршка јавувај и се често и треба тоа во моментот и повторувај и го ова што ти го кажав, ќе ја утеши Слободно пишувај ми на лп тука сум за се што треба, ќе помине don't worry
Zdravo Eve me pak, licnosta izleze od bolnica po 2 nedeli. Dijagnozata e psihoza,pie olanzapine 15 mg navecer i po potreba ako e voznemirena ili ansiozna promentazine Mnogu e podobra, vo odreden del od vremeto e starata ona,ama vo drugiot del e izgubenka ,zaborava, ne znae sto treba da napravi,(pr.zema tanjir od masa i nz kaj da go nosi,sto da mu pravi, ili ke trgne bo toalet ke izleze,pa ke se vrati),spie so svetlo, miese noze so otvorena vrata od toalet,ima fleshovi i ja voznemiruvaat i ona sto mene najmnogu me zagrizuva, nekontrolirani dvizenja,tremor na ramenjata, mesto ne ja faka (osobeno na sabajle), stani sedni, ednata noga ja drzi vo vis,racete gi tegne nagore,ima periodi koga e ova mnogu izrazeno,no ima periodi i koga e pomalku... Doaga sekoj den ko domasna poseta, sabajlevo bese tuka 5 min,prasa kako e,maja imase down, no ne ja prasa nekoj posebni detali ili nesto,posto do 5 ja vodat kako pod nadzor. Snimka na glava ne i pravele. Premnogu e senzitivna ,se zamara ,muzika ja opusta. Iskreno ne znam ni sto da pravam,ni kako da se odnesuvam,i najvaznoto dali ke bide dobro....
Ти пишав погоре во првиот одговор. Од неа зависи мора да се прилагоди на симптомите, а вие упорно кажувајте и ги работите што ги прави што се чудни да не ги прави за да биде свесна за тоа. Кога ќе прави чудни работи не ја оставајте да ги прави едноставно зборете и, гушнете ја, објаснете и зошто да не го прави тоа. Поздрав и се најдобро ви посакувам. Се надевам се ќе биде добро. Ќе биде малце тежок периодот за надминување, ама трудете се, тоа е најбитно.
Некои од симптомите што ги наведе, се последица на лекарствата мислам, прочитај за екстрапирамидни симптоми( extrapyramidal symptoms). Однесувај се нормално, не ја притискај да биде " нормална" треба време лекови да делуваат. Плус ако околината ја притиска, може пак да ги крие симптомите .
Моето искуство од тоа што сум видел е дека психозите се најсериозни психички состојби и се класифицираат во дијагноза од 20 до 29 по МКБ листата. Тие што се најниски се и најтешки. Психоза е состојба која може да биде пострауматска или да се јави поради огромен стрес и анксиозност што траат предолго време. Тука сигурно има генетски фактори. Следно важно е што и шизофренијата спаѓа во оваа категорија но таа е болест додека класичните психози се или акутни што траат период до неколку месеци и помалку или неспецифични психози. Лица што имаат психоза не мора да имаат халуцинации може да имаат само делузии што значи погрешни верувања и нерационалност што се манифестира со целосно погрешно однесување. Лечењето кај акутна психоза многу често може да биде со хоспитализација на пациентот во психијатрија и инекции за стабилизирање. Понатаму може и долгорочно се даваат антипсихотици лекарства што се слични на познатите антидепресиви и лекови за смирување од типот на алпразолам или лоразепам во големи дози. Кај некои пациенти не се даваат лекови во апчиња и се преминува на истите лекови во инекции еднаш во период од неколку недели поради нивно контролирање. Проблемот кај психозите е што може да се повторуваат или да се појават пак од некој тригер фактор. На клиника за психијатрија психозите се лечат со овие горе споменати методи но не сите пациенти се хоспитализираат, повеќето ќе продолжат со нормален живот и препишана терапија. Тој што се сомнева во друг во постоење на нерационални ставови и размислувања, гнев и погрешни верувања може да е лице со психоза која мора да се лекува. Овие лице може да имаат прво домашни проблеми и ситуацијата да се влошува.
Убаво објаснување, мала корекција лоразепам е повлечен од употреба поради предизвикување на малигности..
Лоразепам е генеричко име на лек што има различни производители. Тоа што е повлечено е лекот Лорсилан од Белупо што е лоразепам но има други заменски производители што не се, такада генеричко име и фирма на лек се различни работи. Кај психозите од антипсихотици најчесто се дава арипипразол, рисперидон и оланзапин сите овие имаат различни производители кај нас има домашни фирми што ги прават последниве две и се на позитивна листа значи одат на рецепт додека на пример арипипразолот што е многу силен лек и се дава во дози до 30мг се плаќа приватно. Исто и клозапин но за него се издава со шифра шизофренија.
Јас сум пациент клинички случај врќе 4 години се борам со ова ментално растројство и не знам дали воопшто ќе излезам целосно од оваа ситуација еднаш е добро потоа не и така веќе 4та година
Здраво, која дијагноза ја имате? Какви се симптомите и примате ли терапија во лекови? Психозите обично траат многу пократко тие се најчесто акутни.
За шизофренија и биполарно растројство постојат научни сознанија дека има улога и генетскиот фактор. На пример ако имаш родител или брат/сестра со некое од овие растројства, ризикот да развиеш вакво растројство во понатаму во животот е поголем. Но, за некои други видови психози генетскиот фактор игра помала улога отколку за спомнативе. Обично се смета дека причините се повеќе. Не е никогаш само еден фактор причина за појава на психоза, обично се повеќе фактори и нивните комбинации. Инаку психотичната состојба треба да се сфати како симптом на различни видови ментални болести. Така што секој случај е различен и треба да се гледа во склоп со другите симптоми што ги има лицето.