Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психоза

Дискусија во 'Психологија' започната од CocoChannel, 24 ноември 2020.

  1. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Машки
    Психозата можеби генетски не се пренесува од едно поколение меѓутоа самите лица со психоза имаат одредени генетски предиспозиции за развој на истата. Затоа тригер факторите се само маска не и причина за развојот.
    Психијатрите често зборувале дека лица со емоционална нестабилност што впрочем е и дијагноза за емоционално нестабилна личност или со зголемено и долготрајно присуство на стресни фактори може да развијат психоза. Постојат и посттрауматски психози од доживеан ненормален стрес од тип на учество во војна и насилства па до семејни загуби и проблеми.
    Такада психотичните растројства исто како и обични невротични растројства скоро кај сите имаат генетска подлога. А тоа што е различно се тригер факторите за самото настанување како и симптомите.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Сестра ми веке послледниве 3-4 години преживува огромни стресови предизвикани од нејзиното дете.Пред една година веке посети психијатар и почна да пие асентра и хелекс.Меѓутоа изворот на стрес е постојан и огромен, плус работи во смени, последнава недела интензивно беше вознемирена и се пожали дека неможе да спие.Тоа кулминираше со 3 дена неспиење и се изгуби скроз, како да полуде, почна да зборува глупости, час не препознава , час не не препознава, верува дека баба ми и е мајка, мајка ми не ја познава воопшто, час се смее, па после ке плаче, и не сака да заспие зашто ако заспие верува дека некој ке умре.Па беше опседната со бројки, кој е нејзин број, кои се наши броеви и.т.н.Дојдоа од брза помош едвај ја боцнаа ама тоа не помогна ништо, на крај ја однесовме во болница.Ја хоспитализираа на психијатрија, ни рекоа дека тоа е од премногу акумулиран стрес, таму при прием уште два пати ја боцкаа и неможеа да ја успијат, ни рекоа дека мора прво да се наспие да се одмори телото па да почнат да делуваат лековите, Првото утро кога се разбудила сакала да си оди, не сакала да прими терапија па ја врзале, еве 2-3 дена е таму уште велат деке не е стабилизирана,уште збори глупости, ни рекоа дека кога ке се стабилизира сите тие симптоми ке исчезнат.Нема ли ова хоспитализирање да остави поголема траума, се јадам себе си незнам дали правилно постапивме што ја однесовме таму, иначе реагираше само на мене и на другата сестра. Дали има шанси да биде повторно старата и да се излечи.Многу е интелигентна, високо образована е, сега требаше да магистрира, психологија, како се случи ова не ми е јасно.Она цела година се бори интензивно и се повлече од сите, само со сопругот, ни рече дека и треба време да се среди,и намали комуникација со нас, се гледавме од време на време и се слушавме еднаш неделно, предходно секој ден се слушавме, и не се среди на крај полуде скроз,како да и помогнеме сега кога ке излезе.Има ли спас од тоа, може ли пак да биде нормална?има шанси скроз да не избрише и да не ни прости што ја однесовме таму.Што ако не е луда а принудно ја држат таму, па и ај врзувале зошто сакала да си оди,можеби тоа било само од неспиење а ние ја однесовме таму.Не ни дозволуваат ниту посета ниту да ја слушнеме на телефон.Има ли некој слично искуство.
     
  3. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Машки
    Жал ми е за ова што ти се случило од искуство на особи што ги познавам и биле затворени на психијатриско лечење можам да ти кажам вака, немој да се секираш во затворениот оделение не може ништо полошо да и се случи. Знам дека вака ќе звучи чудно ама таму си работат искусни доктори и затоа постои таква постапка. Затоа постои затворено оделение за да се одмори да се смири со лекарствата и после ќе ја следат инаку во таква ситуација може да си наштети на себе за да и постават дијагноза и да гледаат која терапија најмногу одговара и ќе ја пуштат дома. Може да се работи за психоза а може и да не е.
    Тоа се контролира со лекарства и психозите се најчесто пролазни значи акутни психози се викаат проаѓаат по одреден период. Лежењето таму е најчесто две недели до еден месец. Ти посакувам се добро.
     
    Последна измена: 17 септември 2024
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Дали имаше симптоми и порано, пред да ги има овие проблеми и стресови?
    Дали некогаш порано примала антипсихотици?
    Дали пред тие 3 дена неспиење се случил стресен настан?
    Не се грижи, подобра ќе биде штом ја хоспитализирале.
     
  5. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.257
    Пол:
    Женски
    Здраво, многу ми е жал...јас имам искуство со лечење во психијатриска установа само едно можам да кажам. Доктори на психијатрија нема салам, сестри и болничарки се прават доктори. Од лично искуство јас кога се вратив од болница уште полошо бев.Терапијата која ми беше дадена таму воопшто не беше за мојата состојба. Тоа е се,само болница не. Се изживуваат врз пациентите. Моја препорака,да си ја земете и да ја носите на приватен невропсихијатар.Јас бев кај др Анте Поповски во Неуромедика.Фала му на бога помина година ипол од тој пекол.Еве сум жива,здрава, вработена,среќна,исполнета.Асентра си пијам уште и сега за сега не ја прекинувам. Контроли си посетувам еднаш во три месеци и штом јас се извлеков од таа состојба значи верувам дека ќе може и сестрати. Многу ме потресе ова што го прочитав и се сочувствувам со сестрати а и со вас... Не се мислете,земајте си ја одма. Ако треба нешто дополнително барај ме во лп ќе ти дадам и контакт и што и да треба др насоки. Секое добро и те гушкам!
     
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Не. Има психози акутни и хронични. Најчесто може да е почеток на хронично заболување.
     
  7. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    ѓ

    Една година предходно си пиеше терапија Асентра и хелекс,одеше нормално на работа, и функционираше без проблем.Единствено невообичано беше што се насочи поинтензивно кон верата, почна да го пости секој пост, плус среда и петок, има духовен отец, одеше во црква од време на време, се посветија со сопругот еден на друг и се дистанцираше од нас, едноставно и ние решивме да и дадеме простор, ако се јави тука бевме, се гледавме на празници и домашни прослави, родендени.Гледавме да не сметаме само она да се смири и да се чуствува подобро.Веруваме дека така е најдобро ама сега мислам дека згрешивме.

    Беше некој празник, незнам точно кој ден беше, отсекување на глава на св.јован, пиша дека ке оди на литургија од сабајле, потоа ми се јави, ушто тогаш беше вознемирена, ми рече дека не спиела неколку дена, се по многу малку, дека ноќта предходно неможела да спие, дека отишла во црква и земала да пали свеќи за ситеи кога ја запалила наводно свекјата на мојот син и се изгасила,или и паднала во таа вода и тука се вознемирали многу да не му се случи нешто, разговаравме, ја убедив да не се секира дека он е добро дека сите сме добри дека и мене ми се изгасиле многу пати свеќите па не сум обрнала внимание, ама мисла дека тоа беше тригерот. После пак не заспала, земала ден да не оди на работа, и како поминувало време се повеќе ја обзеало паника, таа беше цела во страв дека ако заспие некој ке умре. мене ме мачи што ако тоа било само акумулиран стрес од неспиење, што ако ја држат сега против нејзина воља таму.Кога отидов да ја видам ме препозна, на моменти е скроз звесна, на момети луцидна, треска глупости,па се смее, па плаче.Ама ни веруваше , јас и сестра ми ја убедивме да се облече и да тргне со нас, не беше ни свесна каде оди.

    Зет ми не се слага да ја извадиме, ми рече дека не дрмаат емоции, дека само ке и наштетиме, дека мора таму да ја стабилизираат,ама што ако они ја дополудат таму, што ако не била за таму а сега ја држат против нејзина воља и ја клукаат со лекови.Во соба е со уште 3 жени не била сама ама вчера сакала да си оди па ја врзале, мене тука ми се запалија сите аларми и ме гриже совест мислам дека и наштетивме.никогаш нема да ни прости.
     
  8. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Машки
    Ако е состојбата да може да си наштети на себе или на другите подобро е затворањето во затворено оделение. Зашто нема шанса со апчиња да се помогне во моментот. Инекциите што ги ставаат секако одма ќе ја смират ама мора да се види за што точно се работи и после дома да се врати и да си тера на долго со терапијата.
     
  9. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.866
    Допаѓања:
    4.625
    Немој да се секираш, паметно што сте ја однеле, добро и што имало место и што ја примиле, не ја држат принудно, во моментот кога ќе ја видат подобра едвај ќе чекаат да ја пуштат, не се ова психо филмови од холивуд. Целта на хоспитализацијата е да ја следат 24/7 за да можат за брзо време да најдат соодветна терапија. Со терапија ќе биде ок кога ќе ја пуштат. Јавувајте се, одете, барајте доктор кој ја води, разговарајте со нив, така ќе си дадете спокој и сигурност. Кога ќе биде во состојба ќе може да се видите или чуете, не знам какви им се сега правилата после ковид. Ќе и треба многу подршка и трпение кога ќе излезе и ќе бидете ок.
     
    На Flier му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Машки
    Врзувањето е да речам по постапка за да не си наштети. Фактички и самата психичка состојба може да направи агресија и да не е агресивна затоа најдобро е да почекаш што ќе речат, и кога ќе ја пуштат смирена ќе мора на долго да зема терапија како и редовни контроли
     
  11. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.257
    Пол:
    Женски
    Јас бев во таква состојба,си наштетував на себе и затоа и лежев таму . Сакам да кажам дека таму има се и свашта, изживување,малтретирање на пациенти.
    Пред мене се има случено да тепаат беспомошни пациенти ,хронично болни...имам многу да зборувам на оваа тема ама се надевам некој ден и јавно ќе биде.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    уште не дозволуваат да ја посетува никој, ниту да ја контактира телефонски
     
  13. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.257
    Пол:
    Женски
    Не дозволуваат посета додека не оди на подобро.Може да биде во соба за изолација подолг период.
     
    На Flier му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Добро сте направиле со хоспитализацијава.
    Да не се расфрлам со можни дијагнози по форумот, ќе биде подобра.
    Тоа што не дозволуваат контакт, имаат причина за тоа, мора пред се таа да се чувствува подобро. Не смее моментално ништо да ја вознемирува.
     
  15. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Машки
    Да во право си и јас се слагам со твојот коментар. Инаку моментално хоспитализација во Скопје има во Бардовци и затворено оделение во 8 Септември. Во клиника е затворена зградата не е се уште пуштена поради реконструкции што траат долго време.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.257
    Пол:
    Женски
    Јас бев во Негорци,реновирано е и чисто. Само што кај нас докторите не се замараат со пациенти.
    Зборувам за ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА НЕГОРЦИ.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.866
    Допаѓања:
    4.625
    Зборувајте со доктор тогаш нека ви објасни зошто е така нека ве успокои, јас никогаш не сум имала проблем со персоналот во тој поглед. Сигурно има причина зошто. Верувам дека подобра одлука не сте можеле да направите, состојбата во која била не е за дома.
     
    На tinkerbell22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.257
    Пол:
    Женски
    Иначе во Негорци пациентите ги нарекуваат смрдли,прости,неизбањати,гадови,
    магарици итн... какво е тоа лечење?
    Омаловажуваат,тепат...Ќотекот им е како добро утро.
    Лично мене не , ама др пациентки да .
    Еве јас втората ден се онесвестив и замисли не дојде никој,пациент ме крена ме однесе на вратата кај сестрите ,одпосле видоа дека не ми одговара терапијата ,шеќерот ми беше 1,притисокот 70/60.
    Тоа со посетите и јас сум за да не се дозволува посета додека пациентот не е добро.
    Влијае лошо.Јас не сакав посета на почетокот,многу плачев и не ми делуваше никаква терапија,не сакав и ќерка ми да ја носат.
     
    Последна измена: 17 септември 2024
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    она не беше воопшто агресивна, ни кон себе ни кон другите, беше екстремно вознемирена дека ако заспие некој ке умре.Ја врзале зошто сакала да си оди,во 8ми септември е.Докторот што ја прими и сестрата која беше на смена беа многу љубезни и стрпливи, она сто пати го праша докторот кој е, и тој ке и се претстави, ке му побара документ и покажуваше печат дека е навистина доктор, ке не праша нас да му верува ли, и така во круг.Пробаа на секој можен начин да ја смират и рекоа дека ке направат се што е во нивна моќ да ај стабилизираат и да неја пратат за Бардовци.Докторот рече дека мора така, дека со време ке се смири.Иначе оделението е баш морбидно, не е сама во соба, уште 3 жени има, полно е, мириса ужасно, и верувам дека ако е подобра со право нема да сака да седи тамо, делува како хорор филм.
     
  20. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.257
    Пол:
    Женски
    Никако не дозволувајте во Бардовци. Штом и се подобри ситуацијата,земете си ја и носете ја на приватен психијатар. Мене Анте ме врати во живот.
    Со соодветна терапија,разговори,контроли редовни ќе се врати во нормала,верувам!
    Мора терапија да ја пие редовно. Не смее никако да се прескокне ден.
    Со антипсихотици,депресиви,стабилизатори ќе биде добро.
    А таму со инекции бетонски и апаурин ќе биде како издрогирана цело време.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.