Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психоза

Дискусија во 'Психологија' започната од CocoChannel, 24 ноември 2020.

  1. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Бардовци е хорор.
    Кога бев таму од факултет, навистина како хорор филм беше.
    Зборам за повеќе од 6 години. Може во меѓувреме се сменило нешто.
     
    На Mumoftwo30 и tinkerbell22 им се допаѓа ова.
  2. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.866
    Допаѓања:
    4.625
    Не знаев дека 100 години ја реновираат психијатрија на клиника, во ходник не не пуштаа ама од скали изгледаше пристојно, 8ми септ не знам какво е. Како и да е не верувам дека ќе ја пратат во бардовци. Ако е подобра полесно ќе комуницира и ќе соработува, нема да тргне да си оди по секоја цена. За жал такви ни се повеќето здравствени установи, хорор, нормално да не сакаш да седиш таму, ама нема друго решение. Луѓе таму одат, лежат, се лекуваат и си одат и продолжуваат да функционираат нормално во животот. И мене би ми сметало тоа врзување да знам дека е мој близок, затоа ќе досаѓам кај доктор. Претпоставувам дека имаат и тимови со психолози, ќе разговараат со нејзе.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Пишував пред некое време за моја блиска личност која се соочи со ваква состојба, после една недела се врати во нормала, ја пуштија дома, ама пие многу лекарстава кои ја тераат на спиење и многу е успорена.Како да и помогнеме да се избори со ова,од лековите неможе да чита a порано многу читаше книги, се брзо ја замара, секоја недела оди на контрола, постепено и ги намалуваат лековите.Како да и помогнеме, сте имале ли некој слична ситуација?Се мислам да и купам антистрес боенка можеби ке ја релаксира.дали да одиме почесто кај неа или да и оставиме простор, не знам како да се однесувам.
     
  4. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.866
    Допаѓања:
    4.625
    Супер. Ќе се среди. Одете, ако не ви пречи вам. Не знам дијагноза, но кај мои блиски имало апс и доунс, да не се разочарувате и тоа ако се случи. Јас не би ја оптеретувала со боенки и книги сега. Можеби би зела омилен парфем или храна, да и се размрдаат сетилата. Повеќе дружба и шетање во природа, пешачење и сл. Не знам колкави ти се децата, јас сум била на нивното место, не правете драми и не ги вовлекувајте премногу, мене ми останало белег од некои ситуации. Носете ги, ама однесувајте се како во нормално секојдневие.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Машки
    Што дијагноза пишува дали е психотично растројство како психоза? Сега со кого седи има дома родители или?
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Дали си сериозен со прашањата?
    Претпоставувам ниту си психијатар ниту доктор за да делиш совети како што си тргнал на форумот.
    А прашањето воопшто не е долично.
     
  7. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Машки
    Форумов за здравје и психологија не е кафана, моите прашања се на место и од искуство можам да споделам. Те замолувам немој повеќе да ме цитираш, ако немаш како да помогнеш воздржи се од билатерална провокација, ова не е политика.
     
  8. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.316
    Допаѓања:
    5.346
    Пол:
    Женски
    Сестра ми беше хоспитализирана пред скоро 2 години во 8ми септември, околу месец дена. Читав нагоре, слична е и нашата приказна, но психозата настана поради веќе утврдена дијагноза (бпд).
    Знам дека во моментов ти е многу тешко, но со многу работа ќе биде подобра.
    Нормално е лековите да ја успиваат и да ја прават да биде slow motion, памтам сестра ми ми викаше се осеќам ко зомби. Но тоа беше за нејзино добро. Постепено и ги намалуваа, сега си пие само ад и хелекс. Според моето искуство, многу е битен разговор со психолог, редовно. А од ваша страна само поддршка, разговор и да сте тука за неа. Да знае дека ја сакате, дека може да се потпре на вас. Не форсирајте враќање во "нормала", треба време. И да повторам, разговор и максимална поддршка. Дали да одите почесто или не, отворено можеш да ја прашаш. Треба сама да си ги кажува потребите, т.е што и треба во моментот и од кого. Сепак тоа е променливо. Нема рецепт, секој индивидуално реагира.
    Поддршка и од мене, се надевам ќе го пребродите овој период. :hug:
     
    На Mumoftwo30, macalavica и Flier им се допаѓа ова.
  9. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Па баш дека не е кафана, ако не си психијатар значи НЕ СИ СТРУЧЕН да делиш совети, како што веќе правиш.
    Ти мислам беше кој тврдеше дека антидепресивите биле слични на антипсихотиците. Ако ова е твојата стручност, воздржи се од делење совети!