1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психологијата како професија

Дискусија во 'Психологија' започната од realna, 26 октомври 2010.

  1. realna

    realna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Што мислите за психологијата како професија? Има ли просперитет во нашава државичка со оваа професија? Ќе може ли да се успее со приватна ординација (канцеларија) каде што ќе се даваат вакви услуги?!?!?
    Каде се може да работи еден дипломиран психолог??
    Дали би можел да заработува убаво со соваа професија???
     
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    колку би била профитабилна оваа професија кај нас незнам но му се восхитувам на лугето кој добро си ја знаат оваа работа кај нас потребни се...
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.514
    За да те биде,треба да имаш талент за вакво нешто.
    Точно,само 2% е талент,а остатокот учење и работа,ама тоа можда за да свириш пиано или да црташ...ама кога станува збор за психологија,бара многу повеќе.Прво емоционална интелигенција која треба многу,многу труд да ја стекнеш,а често и не може,едноставно мора да ја имаш,а остатокот да умееш себе објективно да се анализираш што исто така е премногу тешко,ретко кој може.Ако не можеш да се разбереш себе,нема да можеш ни останатите,ниту да ги процениш нивните постапки.
    Е сега кога се ова ќе се сумира,па завршиш и факултет,па посетуваш семинари за надградба и вложиш во себе уште 5000 евра за такви работи,да супер е.
    Ќе млатиш по 1000 денари од час со пациент,а не ти бара никаков друг влог,освен една добро осветлена,удобна и уредна просторија.Што е повеќе од одлично,ама реков,тоа можно ако ги поседуваш претходните предуслови,затоа што познавам такви психолози антиталенти кои само кукумјачат како не можат да најдат работа,а не вложиле во себе воопшто,ниту имаат интерес,ја сфаќаат како некоја си административна работа,па очекуваат да се вработат во некое училиште и да пијат кафе по цел ден,зошто нели,ретко кое училиште ги испраќа своите ученици кај психологот на разговор.
     
    На clock.sk, MarchelineAmaru и Lux им се допаѓа ова.
  4. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    Направете ја разликата помеѓу психолог и психијатар. Психолог е личност која работи со деца и нешто поврзано со нив. Психолог и педагог се многу поврзани. А психијатар е оној кој дава стручни совети и помош на лица. Психолози во Македонија има премногу, фалат психијатри. А за работата и колку се заработува со оваа професија, зависи за кого како и како се снашол.Ама факт е дека оваа работа е барана и не е за секој
     
    На Sunshine88 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Леле ако не знаете нешто ќутете си,не мора да се истрчувате одма.Психолог и педагог многу слични? :o

    Психологот претежно се бави со секојдневните проблеми на луѓето како стрес,нервози,постојани кавги во семејството,љубовни проблеми и сл.Психолозите се делат на:детски,клинички,деловни,школски...
    Педагогот се бави со воспитание,работа која не може да биде надвор од образовна установа.
    Психијатарот е специјалист,кој се бави повеќе со душевни заболувања и спротивно на психологот,тој може да препишува терапија.Е тоа е тоа јас мислам накратко.
    А инаку за психологијата како професија,убава ,благородна професија,но во повеќето случаи и не така перспективна тука кај нас.Надвор луѓе од секакви профили си имаат психолози кои си ги посетуват,ама тука тоа е сеуште табу..Може само да се надеваш на работа во некое училиште или да предаваш психологија во средно,каде што се учи само во 4та година,па и повеќе од еден професор по тој предмет не ни примаат.
     
    На butterfly33, Stoimenovska, MarchelineAmaru и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Caci-d

    Caci-d Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    За да биде човек психолог не е доволна само желбата. За успешна кариера во оваа професија пред се е битен карактерот на личноста, способноста за комуникација и сталоженоста. Да бидеш психолог не значи само да филозофираш и да „им солиш памет“ на луѓето, како што многумина мислат. Тоа е нешто многу поголемо и позначајно и затоа не секој може да проникне во тајните на психологијата.
    Што се однесува од општествена гледна точка, сметам дека психологијата како професија не е доволно развиена и ценета во државата. На неа, како и на психијатријата, се уште се гледа со резервираност, па дури и потсмев. Се надевам дека во иднина ова ќе се промени... :?:
     
  7. realna

    realna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Желба мора да се има и тоа СИЛНА и ГОЛЕМА !!
    Но,пред се мора да се поседуваат некои карактеристики:
    -искреност,
    -реалност,
    -психологот мора да биде добар слушач,
    -добар советник,
    -да поседува големи знаења и по можност искуства,
    -најмногу од се да биде професионален (да не ги изнесува проблемите на своите клиенти надвор од ординацијата)
    .
    .
    .
    и тн.

    фала девојки за мислењата,но ајде нешто повеке околу заработката на психолозите , еве Lilit спомна сума од 1000ден. за еден сат.........
    Што мислите за приватните ординации на психолозите? Можат ли да успеваат на нашиов македонски пазар?
    Имате ли информации можеби за заработката и нивото на клиенти на психолозите надвор од нашава земја??
     
  8. budalce.budalo.malo

    budalce.budalo.malo Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    4
    kolku e samo pametno da se ide na psihijatar ama vo nasata zemja e tabu tema,zoso sme malce poise bez mnogu znaenje i taka malce sme prosticki...
     
    На adri_an му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Чекај сеа Мало, како мислиш психијатар.
    Па женска, тоа ти е веќе доктор.
    Се збори за психолог.

    Инаку одлучена сум да студирам психологија.
    Ваљда.
     
    На rosana92 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. budalce.budalo.malo

    budalce.budalo.malo Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    4
    pa dobro se nadovrzav na muabetot za psihijatar.... deka e mnogu pametno da se ide na psiijatar toa na zapad i u amerika e normalna pojava... inace za psiholog kako rabota nema mnogu golemi sansi za nekoj golem uspeh, profit... edinstveno ako skoknes nadvor od drzavata...
    [mod-kirilica:2ur6sxz6][/mod-kirilica:2ur6sxz6]
     
  11. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    121
    Вака да ви кажам накратко девојки :) Јас студирам психологија...Факултетот бара доста посветеност и волја. Јас кога почнав немав никаква основа од оваа наука .. Се постигнува се ! Сметам дека доколку имате желба треба да одите на тие студии :) Лично сум презадоволна ... Ќе видите колку делува на личниот развој :)
     
    На sj *O*, Princess-88, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Не верувам да има просперитет во нашава држава со оваа професија, ама мене навистина ми се допаѓа. И доцна сватив дека психологијата и психијатријата се две различни работи, а психологијата е нешто слична со педагогија. Знам зашто сум имала искуство со тоа, не би сакала сега да изнесувам иако не е ништо страшно. Лично сум видела што работат психолозите и за таа работа искрено треба да си смирен и трпелив човек и искусен во работата што ја работиш. Да знаеш да раководиш со сопствените емоции и да не бидеш импулсивен и агресивен пред пациентите. Искрено ме влече ова ама имам цел живот пред мене и ќе видам што ќе одберам, зашто поседувам и други таленти да ги речеме, па кое повеќе ќе ме привлекува ќе видам понатака во животот. :)
     
  13. rjgdm

    rjgdm Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    40
    ГООООООООллема грешка си... психолози работат со секоја возраст ...предпоставувам ти знаеш само за психолозите во училиште......За жал во македонија има мн психолози но мн малку сакаат да ја работат вистински работата, психијатрите се сосема друг правец тие се бават со девијации на пациентите , болести но мн често знае да се поклопи со работа на психолог и обратно.Психолозите мозат да се специјализираат за повеќе работи како судска психологија , клиничка(најблиску до психијатар ), детска или развојна итд.Психологија е наука која еволвира со секој момент.
    Како професија е многу бара.треба да се посветиш на неа , нема дијагноза и лекови него само терапии со разговор , музико терапија итд.

    И психијатар и психолог имаат психотерапија но првите се бават претежно со ментални болести препишуваат лекови ЕШ терапии а ние психолозите се на Разговор терапија и душевни болести
     
    На BV87 и Cvet1 им се допаѓа ова.
  14. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Психологијата како професија, барем според мене тоа би било една од највозбудливите работи.

    Имам другарка кога студира психологија, зависност сега кој го интересира али често кога имам време и зимам некоја книга пошто учат доста интересни работи, а баш до пред некоја недела кај мене имав книга Решавање на Конфликти или не се секавам како точно беше, и според тоа шо читав а и тестовите, конфликтите или ги решавам или со разбирање или уцена :D :D
    Но како и да е, за работа и креирање кариера барем јас мислам потешко, кај нас сеуште го нема тоа за разлика од западот, кај нас е буквално ако одиш на психолог (како и шо лугето ретко разликуваат психолог/психијатар) мислиш одман нешто болна си во умот.
     
  15. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    иако имам само 14 години јас уште од мала од сдекогаш сум сакала да бидам психолог па од тогаш па се до денес се трудам колку што можам повеќе да им помогнам на моите пријатели околу мене за некој нивен проблем и речиси секогаш сум добивала комплименти дека навистина ме бива да бидам такво нешто хаха. Навистина имам голема желба,но дали се исплати тоа во оваа држава? во странство ова е навистина добро платена работа и скоро секој втор човек посетува психолог. Иако има време дур дојдам до факулетет но јас уште сега почнав да размислувам за што сакам да бидам во животот и ова е дефинитивно прво на мојата листа :D :)
     
    На Princess-88 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cvet1

    Cvet1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    6
    Не се согласувам дека психологот е само за деца, а психијатарот дава стручни совети. Завршив психологија и сега ми е точно јасна разликата меѓу психолог и психијатар. Психијатарот препишува апчиња врз основа на направен профил на личност од страна на психолог. Психологот е тој што проценува каква е личноста врз основа на разни тестови и методи што ги дава и на деца и на возрасни. Само психологот држи советодавна работа, но не кажува совети што да прави личноста, туку му помага на клиентот да се освести во тоа што сака да го направи(доколку е збунет) или да му ја крене самодовербата, или да ја надмине фобијата.
    Психологот би можел да работи во училишта, во клиники, истражувачки центри, по фирми(за проценка при нови вработувања, за зголемување на задоволството и мотивацијата на работно место и сл.) и на крај, како независен и да отвори своја ординација со претходно посетуван курс за психотерапија и да работи со клиенти.
    Иако кај нас повеќе се ценат психијатрите од причина што тие имаат завршено Медициски фак- отсек Психијатрија, а психологот во "Кирил и Методиј", сепак сметам дека исклучително е важна улогата на психологот во одредени области. Но, ова е сепак Македонија, кај нас покасно доаѓаат работите од Запад
     
  17. sweetybarby

    sweetybarby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    8
    Доста интересна област, јас студирав јавна администрација но имав еден семестар предмет психологија и бев воодушевена од предметот и многу се заинтересирав за таа наука.. А кај нас не знам колку би просперирала, но според мое мислење во секоја една институција треба да постојат по неколку психолози кои и тоа како ќе придонесат многу за развојот на секоја личност...
     
  18. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Од секогаш сакав да бидам психолог/педагог/психијатар, и се мислам дали да фатам и тоа да го учам, но не можам да се решам. Кај нас е срамота да посетуваш психијатар, дури и мислам дека влегува во досие, и веднаш личноста се обележува како луда, забегана и така натака, што е жално...Факт е дека на секој трет човек му е потребна стручна помош, но не секој може да си го признае тоа. Во развиените земји е сосема поинаква ситуација, таму и за најбаналната работа луѓето се консултираат со посебно лице... Но, се тоа е прашање на свеста кај народот, која за жал, кај нас и не е толку подигната :|
     
  19. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тоа дека кај нас не е развиена свеста за одење кај психолог, јас студирам психологија и тоа е стварно најубаво нешто според мене,убаво е кога на некој некој начин им помагаш на луѓето, се надевам во иднина ке се освестиме затоа што скоро на секој човек му е потребен психолог :)
     
  20. Araksi

    Araksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    Така е, се согласувам со тебе! Кај нас се луѓето мнооогу резервирани кон таа тема. Подсвесно секој од нас посакува да отиде кај некој добар психолог - но кој? Каде? Сите тоа прашање си го поставуваат, кој е најдобриот психилог, каде да се обратам, дали да му верувам? Тие се прашања од логичко значење затоа што кај нас ретко кој посетува псхолог - мисли дека средината лошо ќе влијае врз него ако знаат дека отишол. но сепак на запад психолозите се на секој чекор - чекор поблиску до срцето на секој човек. Самиот начин на живеење е многу тежок, на секого му е потребно некој на кој може се и сешто да му изнакаже без тоа на некому да биде пренесено.
    Кај нас постојат разни институции кои се бават со ова проблематика, можете во секое време да ги посетите и верувајте дека многу ке ви помогнат, душевната болка ке ви ја намалат.

    Како професија е навистина многу тешка и значително професионално треба да се ориентира човек за да може секому да се отвори и помогне колку што може. Да знаете дека и некоо врвни психолози одат на психолг - и ним не им е лесно секојдневно да слушаат разни проблеми. Секоја нивна сесија си има своја проблематика.
     
    На kiki4kablondy му/ѝ се допаѓа ова.