Психологијата како професија

Дискусија во 'Психологија' започната од realna, 26 октомври 2010.

  1. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Па според мене психологијата е добра , и воедно интересна и тешка професија , треба да ги советуваш луѓето и да ги охрабруваш , да ги разбереш нивните проблеми. Па, во нашава држава мислам дека со психологијата како професија не би можело добро да се заработува. Народов е во криза и најмалку што му треба да плаќа уште психолог. Може да се најде работа во некое училиште на пример или сл. Професијава повеќе би успеала во поголемите земји.
     
  2. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    мојата неостварена желба (за сега). ПСИХОЛОГИЈАТА претставува СЕ за мене..... се надевам дека после медицинскиов ќе се запишам на втор факултет т.е. на Психологија само со Божја помош :)....и ако некој некогаш би се определил за психологијата како професија, Македонија е мала за него (мој совет)
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Доста интересна професија, но воедно си носи и голема одговорност. Треба да си навистина спремен за да им помагаш на другите и тоа да не ти претставува тешкотија. За мене е една од најблагородните и најубавите професии. Во денешно време скоро на секој човек му е потребен психолог, и тоа не е ништо срамно ниту страшно. :)
     
    На Mini-Mouse и Lux им се допаѓа ова.
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Студираш медицина и после тоа сакаш на психологија ?
    Па имаш и други насоки после завршување на тој факултет, кај ти требаат 5 години да завршиш еден факултет и богами потежок и ќе бара жртва од тебе и другиот да го завршиш уште поголем напор (а вработување?) ако веќе ги учиш напоредно ако можеш тоа да си го дозволиш е уште потешко, зошто толку години да ги потрошиш залудно и да се зафркнеш на крај (зборувам да ги учиш двата и на крај да испадне дека ни еден не си завршила, а да вложиш пари и труд за џабе не е убаво.
    Две благородни професии и ако веќе си се одлучила за едната нема да сакаш да се надоградуваш во истата и да бидеш најуспешна во неа ?
     
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Навистина е тешка психологијата,барем за мене.
    Инаку интересна е, ама понекогаш кога земам да учам некоја потешка лекција, многу време потрошам додека сфатам за што се зборува, не е така се едноставно, бара разбирање.
     
  6. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880


    да студирам медицина и потоа сакам на психологија...мене тоа ми е скроз на скроз нормално...прво да завршам со медицинав, па потоа да продолжам на психологија...можеби и ќе се откажам од медицинскиов факултет (мада што искрено не верувам дека ќе го направам тоа ама ете....) но психологија ќе завршам по секоја цена макар да ми е последно што ќе го направам во животов...а за годините што ќе ги потрошам учејќи никогаш нема да зажалам :)....
     
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    ^Убаво од твоја страна што си амбициозна, ама како викаат прво скокни па речи ОП, ти посакувам да завршиш тоа што сакаш со најдобар успех, ама ако почнуваш со размислување дека ќе се откажиш општо за кој било факултет не чини, треба да се одбере професијата одлучно, сепак правиш нов чекор и тоа е нов предизвик за тебе, и која и да е професија може да ти го смени животот (има премислувања, ама според мене се штетни, колебањето нема да помогне во изборот или во резултатите ) ама има и доволно време за да се размисли и да се биде сигурен за она што потоа во животот и за иднината. Ако си доволно посветен и го учиш/работиш тоа што го сакаш не е тешко и не треба да помислиш на прекинување на истото од причина подоцна да не се каеш или да не ти биде мака за пропуштеното време или донесената одлука .
     
  8. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    мислам дека имам коментирано и порано на оваа тема, ама еве пак. Не можам навистина животен сон ми е да го работам ова, не можам какво чуство на сатисфакција чуствувам одкога ќе помогнам на некоја другарка со некој совет или било што, тоа за мене е најубаво чуство. Многу сакам да ислушам некој па потоа да му дадам мое мислење и да му помогнам некако, но мислам дека тоа кај нас уште е табу тема. Сепак сакам да работам нешто што ќе го сакам но воедно и ќе ми носи некој денар за колку толку пристоен живот. Не знам дали оваа професија ќе биде позастапена за некоја години но се надевам дека ќе биде и ќе ми се оствари мојот сон :) :)
     
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Може зошто да не... јас учев психологија и секогаш си муабетевме со професорката која ни даваше многу добри совети и по секој разговор со неа јас лично се чувствував задоволна како некој да ме разбира и знае дека ќе се случи нешто подобро.Мислам дека има отворено ординации и дека веќе работат до дипломирани психолози 8)
     
  10. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Сега го прочитав овој твој пост, и ќе пукнам ако не кажам. Ти девојко ќе бидеш одличен психолог! Видовме по твоите ставови во една од погорните теми. Умееш да се сочуствуваш со проблемите на другите, се обидуваш да им влезеш под кожа и да сватиш како им е, нудиш поддршка, не осудуваш, ниту потценуваш.
    Дали само факултетот и желбата се доволни да се биде добар во една професија или треба да поседуваш и некои други карактеристики како емпатичност, хуманост, способност некогаш го ставиш другиот пред себе си! Инаку кај нас веќе премногу се лекарите, психолозите на кои им се важни титулите, науката, статусот во општеството, а најмалку човекот.

    П.С незнам како да цитирам постови од други теми, но мислам дека знаеш на кои твои ставови мислам.
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  11. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.671
    Пол:
    Женски
    Одсекогаш сум го сакала ова, ова ќе бидам во иднина без сомнеж,не ме интересира колку е платена тука мојата желба и мојот сон кој во иднина морам да си го исполнам, единствената моја одлука донесена во најбрз можен рок !
     
  12. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    сите што дипломираат на психологија завршуваат ко психолози по школи или ако докторираат на факултет стануваат професори на факултет..
    а за да станеш професор треба да си најдобар мегу најдобрите..
    психологија има многу да се учи и многу да се разбира и чита али толку све а за ниска плата јас не би ризикувала...
     
  13. irena24

    irena24 Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Морам да искоментирам на темава зошто емотивно ме погодува!од кога знам за себе сонувам за тоа како ги слуам луѓето и им помагам,не ми е мака и не мие текошко да седам 2 саати да слушам некој друг што ми кажува како си ја олеснува душата и не ми е тешко не само да го слушам него да го пратам што бсушност сака да каже човекот,па луѓе бе се додека постојат размислувања од типот РЕАЛНО ГЛЕДАНО КАЈ НАС Е ТАБУ ТЕМА,КАЈ НАС Е СРАМОТА,КАЈ НАС НЕМА ПАРИ па да му се невиди кај нас што успева да си ѓубре да си мамин татин син-ќерка да седиш у четри затворени ѕида да штракаш на тастатура и лисотви цела планина? епа за мене тоа е монотоно убиствено досадно пасивно!зошто да е срамота да ПОБАРАШ ПОМОШ и да ДАДЕШ ПОМОШ,до кога со тоа орпавдување балкански менталитет,нема менталитет нема сваќање во глобала се тргнува од себе,сопствени ставови и размислувања и крај!!!не е е срамота да си црна овца,ако си сигурен што сакаш терај!да се ќути ако некој дома е малтретиран,ако е омаловажуван,ако има пролбеми зошто зошто комшивката Мица ќе каже на Петра и ќе знае цело мало дека си ЛУД!?СКот Пек стручен на ова поле започнува една негова книга со мислата СИТЕ СМЕ ПОВЕЌЕ ИЛИ ПОМАЛКУ ЛУДИ!4та сум средна и сега од исте страни слушам каде со психологија шо че правиш со тоа ќе немаш за леб,е па што да има бе луѓе електро машински или правен и економски????рутина?да не ме свати некој погрешно секоја професиај со своите вредности ,не омаловажувам ништо но кога нешто НЕ САКАШ,нема ни да го МОЖЕШ.ај доста беше ме пукнаа емоции :D поентата ми беше само напред кон соништата
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Како професија - баш ми се допаѓа психологијата. И тоа ептен.

    И сметам дека има психолози во државава, ама сите или работат нешто сосем друго или си седат во канцеларија во некое школо.
    На пример, на западот и Америка психолозите имаат голема заработувачка и работат баш на таа професија. Прво ги ислушуваат „пациентите“ , кои си ги искажуваат проблемите, маките, а потоа психолозите им кажуваат совети и терапии.
    Луѓето многу често посетуваат психолози, ама тука тоа не функционира, ние сме со друг менталитет. Сега на некој да му кажеш да оди да разговара со психолог ќе направи фацка „ :^) wtf? are you okay?“ , а уствари ти треба да го прашаш тоа.
    Ама, тоа е.
     
  15. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Не е доволно да читаш и да сакаш да помагаш, за да бидеш психолог.
    Потребни се чист резон, здрава перцепција, способност да се задлабочиш во психата на поединецот, не може психолог да биде медиокритет без 2 грама мозок.

    Што знам, зезната работа е... и има страшно многу учење... а мала плата, ако воопшто ја добиеш.
     
  16. tatjanceto

    tatjanceto Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    najubata rabota za site da ja ucime makar i za sebe
     
  17. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Психологијата ако професија... ја сметам за една од најдобрите и најинтересните професии. Освен во работата, може многу да ти послужи и во секојдневниот живот. За да ја работиш оваа работа, не треба само висење над книга и учење, туку да го имаш она чувството во тебе, ако можам да го наречам така. Да знаеш да ги анализираш работите и да го гледаш проблемот од секој агол, смирено. Да можеш да се поврзуваш со луѓето и да успееш да им „влезеш“ во мозокот, да ја разбериш нивната психа. Значи најпрво треба да од срце да ја сакаш оваа работа, да покажуваш интерес и силна волја, и да имаш големо трпение.
    Не знам како функционира кај нас, каква е платата и колкава работа има, ама многу е погрешно тоа што луѓето мислат дека треба да си ментално болен за да посетуваш психолог. Сите во животот имаат потреба да му се искажат на некого, да се ослободат од проблемите и да добијат стручна помош.
     
  18. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Ја уклучив темава за да напишам и баш викам дај да прочитам последен пост што има и го има тоа што сакав да го кажам :) ... не е психолог оној којшто висел над книга и набубал, положил испити и земал диплома па сега е психолог. За оваа професија дипломата е само црно на бело, треба да бидеш способен да анализираш, да бидеш слушател и даваш вистински совети, а и како професор како и секој професор по било кој предмет треба да знаеш да го пренесеш своето знаење. И има огромна разлика помеѓу психолог и психијатар, сеуште некои не ја прават таа разлика. Душевно болни не одат на психолог, туку на психијатар.
     
  19. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    ја ја сакам психологијата,
    како професија според мене мислам дека дааа
    а за тоа колку би успеала ,па.. порано лугето не посетувале психолог освен некој да ги посочи за некој проблем,а денес мислам дека полека лугето се учат да одат и дека во иднина мн луге би оделе,
     
  20. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Навистина ја сакам психологијата како професија...
    Понекогаш посакувам да станам психолог!