1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психологијата како професија

Дискусија во 'Психологија' започната од realna, 26 октомври 2010.

  1. Severina

    Severina Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    6
    Јас студирам психологија и воедно одам на психотерапија бидејќи нормално неможеш да му помогнеш на друг ако не си ти чист, условно кажано, доколку не си поминал личен раст и развој. Секако дека има голема разлика меѓу психолог, психијатар, се надевам дека набргу ќе влезе вистински на широка врата психологијата кај нас.
    За оние кои сакаат психологија и кои се замислуваат како идни психолози, би рекла дека не е баш така лесно, јас кога за запишав имав едно мислење, дури сега ја сваќам тежината на оваа професија.
    Не е за потценување веќе има добри психолози, психотерапевти во Македонија и ме радува што има интерес за психологијата, доколку некој нешо подетално го интересира , слободно може да ми пиши и во порака. :)
     
    На adri_an и daylight им се допаѓа ова.
  2. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Ретко кои луѓе студираат психолоѓија како професија.
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Од каде оваа информација?
     
  4. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    јас ке студирам психологија :)
     
    На Queen^^ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Мајка ми студира психологија, на рускиот факултет Славинист во Свети Николе, и задоволна е , а понекогаш ги читам нејзините книги, многу се интересни и мене ми стана интересна, сега е при крајот на 4та год и да сме живи и здрави до сепетември трееба да дипломира :)
     
    На Ametist68 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kasandrasrce

    kasandrasrce Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2014
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    26
    So zavrseni 4 godini si diplomiran psiholog a za klinicki psihilog treba da se specijalizira ?znae li nekoj?i kolku godini e ?
     
  7. isidoradora

    isidoradora Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки:hai:,моментално сум 4та година средно и размислувам да запишам психолошки факултет.Дали вреди да си психолог овде?Колку се платени приватните психолози?Дали е безбедна работа?На што се треба да сум спремна?Дали со таа плата ќе можам да се осамосталам и да не бидам зависна од никој?
    Ова ми е голема желба и сакам да му помогнам на луѓето.:D;)
     
    На adri_an му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.384
    Прво не се вика психолошки факултет, туку факултет за Психологија;).
    За другото приватни психолози зависи колку клиенти имаат. Ако имаш ќр бодеш нрзависна. Не р фиксна плата.
     
  9. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.922
    Пол:
    Женски
    За приватно ако мислиш на психотерапија ќе треба да идеш на едукација за психотерапија. Со факултетот психотерапија не можеш да одржуваш.
     
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    9.321
    Пол:
    Женски
    Психологијата е многу убава и крајно корисна наука и оној кој има интерес и афинитет треба да студира.
    Од аспект на пазарот на трудот кај нас има повеќе дипломирани психолози годишно отколку што има слободни работни места. Тоа значи дека има голема конкуренција за работа во струката. Но, тоа е случај и со некои други професии кај нас.

    Мислам дека луѓето не се информирани доволно за ова прашање и често поистоветуваат психолог и психијатар. Или пак имаат ограничена претстава што работи психологот. Областите во кои може да работите како дипл. психолог не ги опфаќаат само здравствените установи каде што може да работите како клинички психолози или приватните психолошки советувалишта. Мора да имате во предвид дека како психолог може да работите во најразлични организации. Има многу опции. На пример: во образование, во центри за ментално здравје, во човекови ресурси, маркетинг, и во цел куп организации со најразлична дејност.
    Исто така, ако размислувате за оваа професија, многу важно е да го прочитате Законот за вршење психолошка дејност, објавен во Сл. весник 2005 година со кој се регулира кој се смее да врши психолошка дејност. Поточно, за да отворите приватна пракса не е доволна само дипломата, туку мора да добиете и соодветна лиценца од Комората на Психолози.
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.922
    Пол:
    Женски
    Според закон дипломиран психолог мора да поседува лиценца за работа, без разлика на кое работно место е вработен.
    За приватна пракса односно ако одржува психотерапија мора покрај факултетот да има завршено и едукација за психотерапија, бидејќи само со факултетот не може да се одржува психотерапија. И за ова треба лиценца.
    Односно според закон има општа и посебна лиценца.
     
    На Cosmic Girl и RosettaStone им се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.270
    Допаѓања:
    35.217
    Пол:
    Женски
    Психолози требаат секаде. Само ретко кој кај нас сфаќа дека психолог не треба само да работи на советување и психотерапија и во училиште. Затоа се чини дека имаме вишок

    Еве јас сум психолог кој никогаш ниту сакал да се занимава со нешто од горе наведеното ниту се занимава. Поле за дејство на психолози има во маркетинг, менаџмент на човечки ресурси, истражувања и слично.
    Така што настрана тоа со Комората, сите полиња и аспекти на дејствување на психолозите сеуште треба да се развиваат кај нас.
     
    На ginger, theowndemon, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  13. CocoChannel

    CocoChannel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2020
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Колку трае таа едукација за психотерапија?
     
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.922
    Пол:
    Женски
    Отприлика 4 или 5 години.
     
  15. Spielrein

    Spielrein Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Психологијата како професија отсекогаш ме интересирала и сметам дека треба повеќе да се застапени психолозите во секоја работна организација и повеќе да се цени нивното стручно мислење при регрутација и селекција на кадри и општо во текот на донесување одлуки и нивно спроведување.
    Кај нас не е лесно брзо да се пробиеш како добар психолог, треба многу да вложуваш во искуство за да еден ден ако успееш имаш добар финансиски бенефит. Но мислам дека секој добар и способен психолог прво тргнува од потребата да помогне, па потоа гледа исклучиво на финансискиот бенефит.
     
    На adri_an, Just.do.it и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Работи ли некоја феминка како психолог? Какви се можностите за работа, дали се подобрени со текот на годините, дали се уште е табу тема кај нас? :)
     
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.813
    Допаѓања:
    97.297
    Пол:
    Женски
    Психолог или психотерапевт? Пошо викаш табу тема, а тоа повеќе ми звучи како за психотерапија да зборуваш.
    Психотерапевти добри, оние стварно добри, имаат клиенти, прават пари.
    А дека е табу сеуште е, ама подобрени се работите, да.
     
  18. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Да, психотерапевт.
    Јас моментално сум при крај со студии на Правен, но голема желба ми беше да студирам психологија ама моите ме предомислуваа со ставот "нема работа" и ете си останав на факултетов без некој мерак. Некако сега при крај се најдов на крстосница со мисли за што понатаму и почнав да размислувам да се запишам на психологија :) па ме интересираше искуство и мислења дали се подобрени работите сега за разлика од претходно
     
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.813
    Допаѓања:
    97.297
    Пол:
    Женски
    Ако се запишуваш на психологија, а сакаш да си психотерапевт, да знаеш дека треба да поминеш и 4 годишен курс за психотерапија. Обично студенти што сакаат да се психотерапевти, се запишуваат на курсов заедно кога ќе запишат факултет, за да завршат после 4 години исто кога ќе дипломираат.
    Тоа е ако сакаш да си психотерапевт, пошо само со дипломирање не можеш да работиш психотерапија туку само психолог, на пример во школо.
    Има неколку сертификациски куќи кои издаваат сертификати за психотерапија на студенти што ќе ја поминат обуката од 4 години.
    Таа обука колку што знам е теоретска настава, практична настава ( ти одиш на групна психотерапија и самата всушност поминуваш низ психотерапија заедно со други студенти ) и психотерапија 1 на 1
    ( ти и терапевтот ).
     
    На Pixi5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Баш читав пред малку за курсов, не знаев дека може напоредно со факултетот, мислев дека е откако ќе дипломираш. Ти благодарам на информацииве. Многу ме интересира оваа област, пред се бидејќи поминав низ многу случувања кои доста влијаеа на мене и позитивно и негативно, но ги пребродував самата па инспирирана од тоа душата ме тера да можам барем некому да помогнам бидејќи сега сфаќам колку е значајна психолошката состојба на еден човек. :)