1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психологијата како професија

Дискусија во 'Психологија' започната од realna, 26 октомври 2010.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Не мора одпосле, факултетот нема врска со курсов, само работата е што се плаќа месечно не знам колку беше, отприлика може 3000 ден? Па ќе треба да плаќаш и факултет и курсов во исто време.
     
    На Pixi5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Да, јасно. Ти благодарам
     
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.745
    Пол:
    Женски
    Има врска дипломата. Мора да е најрано трета година на студии или веќе дипломиран. Различни дообуки имаат различни критериуми ама генерално е вака и зависно шо факултет имаш зависи дали 2 или 4 години можиш да учиш дообука за психотерапија ( со две години е советник и со одредени факултети е возможно шо не се психологија).
     
    На Pixi5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    7.709
    Пол:
    Женски
    Во право е @Mantub - разни дообуки, разни критериуми си имаат. Како и да е, опции има.
    Најискрено, пак да бирам пак психологија ќе учам. Ама морам да признаам едно нешто -она што мене лично ме нервираше додека студирав психологија е тоа што самите техники на психотерапија практично (не теоретски) не се учеа доволно во рамки на студиите, или недостигаше праксата. Па, ако сакаш да ги научиш мораш да учиш вон факултетот, да поминеш дообука и секако да си платиш дополнително. Зошто тоа не се учи на факултетот. Башка што некои курсеви ги држеа психолози, а некои ги држеа лица кои не учеле психологија, значи воопшто не ни беа психолози. Некои курсеви беа само за психолози, а некои беа за сите луѓе што имаат интерес, без разлика на претходно образование и возраст. Се прашував зошто кога веќе студираш да не ти го пренесат тоа знаење во тие 4 години и ти дипломата за која си се убил од учење, утре да можеш да ја употребиш и за таа цел, ако тоа е твојот избор. Имав чувство дека дипломата ни се потценува за сметка на сертификатите од дообуките, бидејќи не е доволна само дипломата да работиш како психотерапевт. Ми немаше логика никаква, како може студии да се подолу од курсеви. Ако треба дообука, зошто не се 5 или 6 години студиите? Подоцна научив дека цел свет функционира по принцип колку пари, толку музика. Луѓето најчесто си наплаќаат приватно за да ти пренесат знаење плус, односно дека профитот е во прашање. Секоја чест на исклучоци кои максимално се вложувале да ти пренесат без оглед платата.
     
    На givemelove му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Ќе ти биде ли проблем да споделиш како ти течеа студиите, како си задоволна, исто сега со работа? :) Може и во лп
     
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    7.709
    Пол:
    Женски
    Оф, надолго ќе испадне :D. Башка јас одамна дипломирав, уште пред да се воведе кредит трансфер систем. Значи не можам да кажам како е сега, сигурно нешто е сменето, знам дека и некои професори се сменети (кои нови, кои пензионирани). Еве знам пр. дека е подобрена состојбата со литературата од која се учи, порано немавме баш за секој предмет соодветен учебник, се мачевме со скрипти, белешки од предавања, фотокопии, стари книги на српско-хрватски... и сл. Имаат професорите за своите предмети направено нови учебници, баш заприметив долу во книжарата после некоја година од кога завршив.
    Од кога завршив со прекини работев во струката и се помачив на почетокот дур да најдам работа. Претежно во човекови ресурси имам искуство. Многу мал процент од дипломираните колеги/колешки од моја генерација работат психотерапија или се психолози во болници и здравствени установи. Некои излегоа од тие здравствени институции кога стекнаа години искуство и почнаа да си работат приватно, зашто им се исплати повеќе. Некои се во човечки ресурси по разни приватни компании, фирми, институции, некои се пак во НВО секторот. Дел се во државни институции. Секако има и дел кои не работат воопшто во струката, или работат со дипломите од средно или се преквалификувале и земале дипломи од друга област.
    Најчесто луѓето одат на овие студии со таква цел - утре да работат како психотерапевти, а реалноста е дека малку завршуваат на таа работа, и дека има многу други работи што може да ги работат како психолози кои се интересни.
     
    На WildMk, tina2018 и Pixi5 им се допаѓа ова.
  7. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за одговорот. Многу се мислам дали да се насочам на ова откако ќе завршам со правен бидејќи отсекогаш ми беше желба :?:
     
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Јас за ова кое го знам, за гешталт терапевт немора да си трета или веќе дипломиран, можеш да почнеш заедно со факултетот, бидејќи можеш да почнеш и без факултет воопшто да имаш, само тогаш не можеш да си терапевт туку советник.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    7.709
    Пол:
    Женски
    Точно. На гешталт е така. Имам доста пријатели кои завршија таков курс а не се психолози. Ова е добра опција за некој што не сака да студира психологија, си има друга професија, ама сака да си стекне вештини од психологијата. Си проширија знаења и видици. Имам пак и колешки што останаа да работат како терапевти кај нив и супер се. Ама многу време и труд вложија вон студиите во гешталтот. Се посветија во тој правец.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Јас знам студенти што се запишале на ваква обука одма кога се запишувале на факултет, па си ги воделе напоредно двете.
     
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    7.709
    Пол:
    Женски
    Нема попаметна работа од тоа дур студираш да одиш паралелно на курсеви и дополнителни обуки. Затоа и курсевите се направени обично за викенд да се одржуваат за да може да дојдат сите. Учи колку можеш повеќе дур студираш и се едуцираш, пробај една техника, друга, побарај негде да одиш волонтерски, на пракса.. Самоиницијативно. Се ќе ти биде од корист. Тогаш се прави тоа, а не после дипломирање, зошто влегуваш во друг бубањ тогаш кој те врти сакал или не- работа почнуваш зошто ти требаат приходи, па формирање семејство и раѓање деца.. Не сакам да звучам негативно, не дека и така не би било можно, ама бара повеќе труд и е понапорно.
     
    На tina2018 и Mantub им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.745
    Пол:
    Женски
    Како шо реков со мали исклучоци. Не е само Гешталт, за среќа.
     
  13. Cacii123

    Cacii123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Психологијата искрено за мене е навистина добра наука за студирање, а исто така имам желба и тоа да го студирам. Јас сеуште сум средношколка односно сега сум трета година и уште кога започнав втора година веќе сфанав дека всушност сакам да студирам психологија, затоа што давам баш добри совети и им имам помогнато на многу личности кои ми се блиски кога имале некој проблем и секако ми побарале совет, а и кога им помагам на другите некако се чувствувам исполнето. Но сепак за да се има напредок во оваа професија во нашата држава е потребен голем труд и голема желба за да се постигне таа цел затоа што многумина не посетуваат психолози, затоа што мислат дека ќе ги сфатат другите луѓе погрешно или пак ќе ги направат нешто што не се, а додека во другите поразвиени и понапредни земји посетста на психолози е многу нормална работа.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tamara123Samara

    Tamara123Samara Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    16
    Нема просперитет од стурката. Кој чита и има желба да студира нека размисли уште еднаш и нека избере нешто од насоките електро, информатика или нешто што е поприменливо........ Ч)
     
  15. Ametist68

    Ametist68 Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2021
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво,објавата ти е пред неколку години,те молам кажи ми што направи мајка ти.Дали денес е психолог или психотерапевт.Ќерка ми ќе оди на Славјансниот,не успеа тука во Скопје,има талент од мала,а воедно и огромна желба да го работи тоа
     
  16. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    2.820
    Допаѓања:
    10.461
    Пол:
    Машки
    Дали некој има искуство со едукација за психотерапевт во Институт Алтернатива?

    Колку е исплатливо да се запиши школата за псхиотерапија за некој шо не е психолог по професија?
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Мене ме интересира дали има форензичка психологија кај нас?
     
  18. Hisha

    Hisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.292
    Допаѓања:
    4.666
    Пол:
    Женски
    Мајка вика имало, у полиција би требало да има. Она го има изучувано како предмет на специјализација. *психијатар е
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Може да се заврши за терапевт и без да се биде психолог/психијатар?
     
  20. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    2.820
    Допаѓања:
    10.461
    Пол:
    Машки
    Мислам дека можи.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.