Во која смисла? Ако сакаш да бидеш психотерапевт, не. Треба дополнителна едукација која трае 4 или повеќе години.
Да сакам да станам психотерапевт. Дали тоа значи 4 години додипломски плус 4 години специјализација? Или може директно на специјализација?
Факултет + неформално образование е ова за психотерапевтски правец. Некои нудат две години и со друга професија (пр. Социјален работник, свештеник, учител, педагог итн) да учиш каде би бил советник на крај, и ако поминиш уште една година во институтот за клиничка психологија - можи и да ти дозволат да доучиш преостанатите 2 години. Ама не знам дали е ова често пракса, генерално мора да имаш студии завршено прво. Јас кај шо одам генерално тие шо имаа испит до дипломирање не ги оставаа после втора да продолжат во трета дур не положат на факултет се. Ама ова веројатно зависи од институт до институт.
Ако збориш за психотерапија, може и со факултет општествени науки да се запишеш, значи може и со историја. Што нема никаква врска со психологија.
Не е евтино. Инаку, веројатно не знаеш, колку што јас сум информиран - некој нека ме коригира, ако не е така - првите две години се терапија ВРЗ тебе, земи предвид дека тоа се околу 2000 денари неколку пати неделно . Плус, две години, треба да следиш група на предавања, т.н. „модули“. Но ова е некаков минимум. Познавам психотерапевти што „се образувале“ 5+ години.
Да, не значи дека ќе трае 4 години. Може и 6 години да биде, се зависи колку студентот е посветен. Воглавно концептот да се запишуваат луѓе што немаат никакво образование поврзано со психологија, нема никаква поента.
Лично познавам човек што е доктор по психологија и се образуваше за психотерапевт 10 години. Да, инаку, затоа бараат „сродни“ дисциплини, за да може да имаш основа. Секако, не е невозможно. Добрата страна е и што нема ограничување во години, но, треба да се има предвид дека процесот трае долго.
Како историјата е сродна со психологија? Мислам некогаш се иде со небулози. Треба да дозволуваат со сродни науки во смисла со дефектологија. А вака, нема никаква поента.
Нешто си помешала, јас ЛИЧНО, никаде не спомнав историја. Јас само објаснив каква е рамката на тоа образование. Да знае членот што отприлика го чека. Луѓето кои би го „примиле„ на тие обуки одредуваат од која дисциплина може да тргне.
Јас спомнав, зашто лично јас знам со историја запишани на психотерапија. Одредуваат Сигурно ако има плаќаш по 50 евра па и повеќе месечно, нема да ти речат не.
Тоа е сосема друга дискусија. Но, еве, не знаев дека им овозможуваат на луѓе што студирале историја да учат за психотерапевти. Фала за информацијата. 50 евра месечно, ми се чини дека е и нереално евтино. Се согласувам, инаку, треба да постојат некакви критериуми во однос на дисциплината. Тоа е како да сакаш да се дообразуваш во домен на теоретска физика, а никогаш да не си учел математика.
Мхм. Али јас поќе зборам од аспект јас кај шо сум. Има "одобрени" професии ама искрено не ги памтам сите (ама генерално се сродни како социјален работник, свештеник имаше, образовен асистент, педагог, дефектолог и слични), кои можи да почнат првите две години. Без да продолжат да учат во институтот клиничка психологија една година или да имаат соодветен факултет не им одобруваа трета да продолжат. За трета дел не продолжија (ова зборам за моја група) зошто немаа психологија и/ли медицина (психијатрија) и не им одобрија. Една колешка конкретно уште испит имаше и мораше да одложи цела година за да можи да продолжи. Ама:
Ви благодарам на одговорите. Би сакал да прашам за кои психотерапевтски правци може да се специјализира во нашата држава? Знам дека постои можност за Гешталт и CBT. Дали постојат и други ? Исто така Ве молам за препорака за институти кои вршат обуки, каде би можел да се обратам за повеќе информации. Поздрав до сите
Најмногу има еклектични пристапи (кои комбинираат разни пристапи, иако секогаш сум се прашувал околу конзистентноста на методологијата на овие терапевти), има Гешталт (која користи егзистенцијален, хуман пристап), CBT е релативно нова, има трансакциона анализа (оваа е постара и веќе не толку популарна), класична фројдовска психоанализа нема (во смисла, на терапевт кој има сертификат), колку што знам има Action Therapy, има многу семејни терапевти, психотерапевти за детска психолигија, има нешто biofeedback, EMDR, од најновите, но, ова се само модули, цели „школи“ можеби од Белград натаму. Пиши ми да ти дадам контакт од човек кај кого можеш да се распрашаш.Професор и терапевт со искуство над 10 години. Не дека го рекламирам, мислам дека може да ти даде информации.
Психпотерапевт со лиценца не може да се стане без факултет за Психологија. Ниту кај нас ниту некаде во свет. Може евентуално до нив на советник да се стигне. Затоа многу што не се психолози сега земаат едукација за лајф коуч, бизнис коуч и слично. За вистинска лиценца за клиничка пракса треба психологија и едукација во одреден правец на психотерапија и да се земе лиценца од Комора за Психолози за вршење психолошка дејност. Е сега тоа што има луѓе што ќе веруваат на некој што има нешто ваму/таму завршено па потоа некој курс во нешто не е проблем на психолозите. Има и луѓе што лажно се претставуваат.
Трансакциона анализа не е признаен центарот. Во Македонија може и без лиценца да работат. Така што може без факултет за психологија да се биде психотерапевт во Македонија.
Од каде ти е оваа информација??? Си сретнала некој кој е психотерапевт а да не е психолог или психијатар? Да има лиценца за психотерапевт (не за советник), а да не е психолог или психијатар? Баш ме интересира дали ова постои. Зашто ако постои е казниво. Не знам ни кој би можел да издаде таква лиценца за вршење психотераписка дејност без соодветно претходно образование. Лиценците не се ни издаваат во Македонија. Образованието се стекнува тука ама потоа лиценцирањето за психотерапевти е според Европски стандарди.