Психологијата како професија

Дискусија во 'Психологија' започната од realna, 26 октомври 2010.

  1. Filip N

    Filip N Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2024
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Машки
    Овој одговор го добив од Институтот за психологија:

    "согласно Законот за вршење на психолошка дејност сакам да ве информирам дека психолошка дејност може да вршат само дипломирани психолози.
    За вршење на психолошка дејност потребно е да сте дипломиран психолог, да имате приправнички стаж од една година и да имате положено стручен испит во Комората на психолози на РСМ."

    А што се случува на терен баш ме интересира...
     
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    Ај смири се!
    Познавам ПСИХОЛОЗИ КОИ РАБОТАТ БЕЗ (БЕЗ ПОВТОРУВАМ БЕЗ ЛИЦЕНЦА)!!!!!!!!!!!!
     
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.270
    Допаѓања:
    35.222
    Пол:
    Женски
    Ај смири живци и не викај.

    Психолози. Не други. Ти тврдиш дека во земјава некој може да работи како психотерапевт без лиценца. За да се добие лиценца за психотерапевт мора прво да си психолог па да станеш психотерапевт.

    Не е страшно да не знаеш нешто ако не си од фелата. Ама е страшно да тврдиш дека си во право и да викаш, а да не си право зашто немаш доволно познавања од нештото што го тврдиш.
     
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    Ти викаш!
    Баш сум од фелата!
    И баш во Македонија едно е на хартија, а друго е во пракса.
     
  5. sweetdesires7xo

    sweetdesires7xo Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2019
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Дали психологијата воопшто нуди просперитет во државава? Имам избрано скроз различна струка ама чисто ме интересира како стои работата.
     
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    Просперитет 0.
    Од моја генерација дали 5 работат како психолози.
    За во странство ако ме прашуваш, имам многу да кажам.
     
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.270
    Допаѓања:
    35.222
    Пол:
    Женски
    Јас знам многу што работат во струка. Дел имаат дообука за психотерапевти, дел се психолози во училишта, дел во затвор, и во последно време многу често завршуваат во менаџмент на човечки ресурси во компании што е супер движење (мислам дека таму баш е место за психолози). Дел има по проекти или сродни полиња. Е сега има и многу што не работат како психолози ама тоа е тоа.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    29.417
    Пол:
    Женски
    Како психолог без лиценца, односно само со дипломирање на институтот по психологија можеш да работиш на одредени места од типот: училишен психолог, психолог во градинка, психолог во одредени институции, HR...

    Не можеш да работиш советодавна психологија и во болниците односно клиничка психологија без лиценца(поправете ме ако грешам).

    Лиценцата се зема после дипломирање на студии по психологија со тоа што вршиш една година стаж во одредена институција каде што нели има работно место психолог, потоа се пријавуваш во институтот да полагаш испит за лиценца.

    А за да можеш да бидеш психотерапевт мораш да имаш завршено доедукација. Кај нас моментално актуелни се Гешталт, Когнитивно бихевиорална терапија и Семејна. Сите имаат различни услови кога и кој може да запише.
     
    На theowndemon, Just.do.it, Filip N и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    Познавам психолог-психотерапевт кој работи без лиценца. Сам кажува дека нема лиценца. Не била потребна...
     
    На GirlLove и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    29.417
    Пол:
    Женски
    Ова колку што знам е незаконски :tmi:
     
    На JoyJoy и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    Па не е законски, а во Македонија се е можно. Исто така незаконски е да работи школски психолог без лиценца. Комората пропишува во кои услови е потребна општа лиценца, а во кои посебна.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Filip N

    Filip N Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2024
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Машки
    Ви благодарам на одговорите.

    Дали може некој што работи во оваа професија да го пренесе искуството од студирањето, а потоа и од работење како психотерапевт? Кои се позитивните страни, а кои се предизвиците при студирањето, а потоа и работењето?

    Поздрав до сите
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    Студирањето психологија нема да ти даде никакви специфични знаења.
    Прво, ништо не се учи. Има предмети како клиничка психологија на која се учи ШТО Е УПАТ, ШТО Е КЛИЕНТ, ШТО ПАЦИЕНТ :rofl:.
    Исто така материјалите од кои се учи се мнооооогууу застарени, не се учат нови истражувања, не се споменуваат светски списанија, професорите не објавуваат нови истражувања, методите на истражувања се праисториски, споредено со странство.
    Лаборатории каде се спроведува истражување нема, исто така не се учат методи како EEG, TMS, ECV, DBS итн.
    За да можеш да работиш како психотерапевт, мораш да создадеш добро име и квалитет, за да може клиентите да имаат доверба во тебе и да доаѓаат. Негативна страна е тоа што ти не можеш да формираш свои цени на услугите, минималните цени се поставени од комората.
     
    На Filip N му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    3.252
    Пол:
    Машки
    Поздрав и до тебе. Молам. Со среќа.
     
    На Filip N и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Дечки здраво, дали знаете отприлика како се движат цените за обуките што ги нудат Алтернатива, Когниција, и слично? Благодарам!
     
    На Filip N му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    Когниција пред 3 години обуката беше околу 5000 месечно, мислам. За Алтернатива не знам.
     
    На Pixi5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    9.321
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам со тоа дека ништо не се учи.
    Јас одамна дипломирав на психологија, во времето кога психологија имаше само на УКИМ и можам да зборувам само за своето искуство од тој факултет и не знам како е на другите факултети денес.
    Тогаш навистина имаше застарени учебници за дел од предметите (подоцна видов дека за новите генерации се заменети со нови) и имаше недоволно практична настава, ама дека ништо не се учи е претерано да се каже.
    Клиничка психологија не се сеќавам да сум учела што е упат, што е пациент, иако од денешен аспект ако ме прашаш, може и требало да учиме како изгледа упат или наод со мислење (барем на вежбите), зошто ова јас го видов за првпат дури на крај од студиите, во тек на задолжителниот месец пракса и тоа зошто јас сакав да видам. А по клиничка баш учевме посуштински и постручни нешта и имавме доста практична работа, а не само теорија. Ова беше вообичаено за предмет од последната 4-тата година од студиите, зошто најголемиот дел од праксата го имавме во последните две години... Учевме како да користиме различни дијагностички техники и практично ги применувавме на пациенти, моравме да изработиме клиничко досие за нив, што значи да го анализираш целосно случајот. Мене лично ми беше еден од најинтересните предмети во студиите и изработката на клиничкото досие со задоволство го работев..
    Зошто толку различен впечаток имаш за предметов не знам...
    А цената е подобро да биде одредена од регулаторно тело, како за сите услуги отколку да наплаќа секој колку сака..се ствара нефер конкуренција... Ова некој економист подобро може да го објасни од мене, ама на овој начин се заштитени најпрво клиентите на кои им се дава можност да бираат според квалитет на услуга, а не според цената за услугата (зошто таа ќе е иста).
     
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    Исто и јас дипломирав на УКИМ психологија, понова генерација од тебе сум, и да, уште сум на ставот дека ништо не се учи. Мислам да се вреѓаме сеа, ќе учиме пациент клиент упат, а не учат работи како електроенцефалограм, мозочна стимулација, невроимиџинг техники, ама се учи за горенаведените несуштински работи. Буквално суштинските работи се изоставени, и се е сведено на учење ветер во магла.
    За учебниците, буквално НИШТО НИШТО не се учи споредено со странство.
    За цените малку комората треба да си стави прст на глава да размисли дали популацијата со која сака да работи зема германски плати или мизерни македонски, зашто покрај квалитетот на услугата, битно е и базичните потреби да бидат задоволени, а ако некој се мисли дали ќе има пари за јадење, тешко дека ќе помисли да иде на психолог.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.620
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Не може, можеби некоја врста на пракса да е, но да работат, не.
    Не може ни ни од сродна струка 4 години да учи за терапевт, само 2 може, а дипломирани психолози можат 4.
    Тие што лично ги знаеш, нешто лично те лажат.
    И да, материјалот за предметот Клиничка психологија нема благе везе со тоа што си го пишала горе.
    Не знам која ти е поентата со ширење дезинформации.
     
  20. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    Да не пишувам тука со име и презиме, ама да, нема лиценца, а работи психотерапија.
    Што нема благе везе?
    Треба да сликам од тоа каде се ули за упат пациент и клиент?
    Не знам што не ја прифаќаш реалноста!
    Си видела во странство што се учи на психологија?
    Чисто де сомневам
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.