Психологијата како професија

Дискусија во 'Психологија' започната од realna, 26 октомври 2010.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.611
    Допаѓања:
    14.963
    Пол:
    Женски
    @Just.do.it скроз јасно ми е. Лично познавам две, со преку десет/петнаесет години работење со клиенти.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.620
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Имаше и доктори така што работеа, значи не е законски. Пријави го/ ја

    Туку, ај да прашам тука.
    Каков стаж треба да се има за да се добие лиценца од комора?
    Само во болница или од други институции- министерства, училишта?
    Дали ако си вработен некаде, може да се важи тоа?
     
    Последна измена од модератор: 23 мај 2024
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    Во Македонија се е можно. Замисли на клиничка психологија учиш за пациент клиент упат.... немам коментар.
    А во странство се учат многу повисокостручни работи.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.611
    Допаѓања:
    14.963
    Пол:
    Женски
    @Just.do.it тука и со можноста што ја имале да работат, пак за деценија не научиле ништо. Ај упатот ќе го научиш, документација исто ќе научиш, ама ако не те бидува да сослушаш, џабе. Е сега тука нема селекција и проверка како што треба на вработените и затоа сето се допушта. Странство барат и дополнителни доквалификации на одредена позиција, рандом проверки и ред други пропратени ситници.
     
    На Cosmic Girl и Just.do.it им се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    9.321
    Пол:
    Женски
    Во суштина за вршење на секоја психолошка дејност треба да поседува психологот лиценца издадена од Комората на психолози.
    Ако си вработен како психолог, вршиш психолошки работи, како на пр. што велиш во здраствени установи, образовни установи и сл. (било приватни, било државни), тогаш да, треба да имаш лиценца.
    Што се' се подразбира под психолошка дејност е дефинирано во чл. 2 од законот за вршење психолошка дејност:
    https://zdravstvo.gov.mk/wp-content...N-ZA-VRSHEN-E-NA-PSIHOLOSHKA-DEJNOST-6.05.pdf

    Кој го мрзи да отвара линк и да чита еве накратко :):
    - Психолошка дејност може да врши САМО лице кое завршило факултет за психологија, врз основа на општа или посебна лиценца која на негово барање му ја издава Комората.
    - Приправнички стаж (од една година) се стекнува со упис во именик на приправници и тој стаж мора да го врши според упатствата на психологот кај кој што стажира. (Што значи дека друг психолог или институција треба да те прими/вработи како стажант на една година). Не можеш самостојно да работиш како стажант и не можеш било каква работа да работиш и да ти се „брои“ како стажирање.
    После стажирањето мораш да полагаш стручен испит пред комората и добиваш лиценца. Секако таа треба да се обновува (на 7 години).
    - Многу битен момент во законот - завршните одредби кои никој не ги чита :)според кои оние кои во моментот на стапување на сила на законот (2005 год) веќе имале мин. 1 год. стаж како психолози во струката, се ослободени од стажирање и треба само да полагаат стручен испит пред Комората, а оние кои имале мин. 5 год. работно искуство во струката се ослободени и од стажирање и од полагање стручен испит и со само со барање за лиценца до комората ја добија лиценцата.
    На овој начин постоечките психолози се озваничија, а новите кадри мораа да добијат лиценца од Комората.

    Најголемата зае**нција за невработените тазе дипломирани психолози по донесување на законот беше тоа што никој од струката не сакаше да ги прими да стажираат. Од мое искуство, се држеше монопол од постоечките психолози. Прво, местата за психолози беа ограничени, а се продуцираше доста кадар. Обично како оправдание да те одбијат како стажант стално имаа изговор од типот - немаме финансии за уште еден вработен, ние сме мала организација и сл. Реалноста беше дека местото си го чуваа за свој близок кој веќе студира на психологија и тоа отпосле го дознававме.. или претпоставувам дека не сакаа конкуренција утре да имаат...Дури нудеа да те учат за пари, со што тие би имале лична корист, но не и конкуренција утре. А на тој што сака да стажира не му врши работа, зошто тоа не е приправничко стажирање, зошто не те пријавува како стажант, туку како корисник на услуга или клиент.
    Во јавна установа вработувањето е друга приказна бидејќи овие институции се под закон за вработени во јавен сектор, вработувањата мора да се прават по овој закон, така да мал дел од луѓето успеваа да влезат во нив, обично кога некој ќе заминеше во пензија и ако имале соодветни врски.
    Образовните институции обично имаа место само за еден психолог и еден педагог. Некои од нив ако имаа пополнето едно од овие места, не вработуваа уште еден човек.

    Денес е малку подобра ситуацијата зошто се отворија повеќе работни места за психолози, има и нови приватни правни лица кои вршат различни видови психолошка дејност со лиценцирани психолози, така да новиве генерации психолози можат да пробаат да стажираат кај нив и да се стекнат со лиценца.

    Приватната пракса истотака е уредена со овој закон и е под контрола на комората. Колку се прават тие контроли во пракса, немам информации...
    Не ме изненадува тоа што членките овде пишуваат дека има психолози кои работат во дејноста без лиценца. Верувам дека има и такви кои работат на црно - односно од дома или он-лајн а немаат регистрирано приватна пракса.
    Законот беше донесен да се стави ред во тој поглед, ама треба и да се применува тој закон.
    Верувам и дека има фирми кои вработуваат дипл. психолог, го пријавуваат како нешто друго, секако тој и работи работни задачи кои не се психолошки, ама кога клиентот ќе побара психолошка услуга, оп - еве имаме психолог, бујрум. Што истотака не е ок како и за клиентот така и за вработениот зошто е злоупотреба на знаењето кое тој психолог го стекнал и сигурно нема да му плати за две работи што работи...Стварно ми е мило што новиве генерации бар се паметни во тој смисол па си поставуваат граници - сакаш психолошка услуга, ангажирај ме како психолог, а не како административен работник..
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.620
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Многу долг одговор ама не на моето прашање, не си ми го разбрала прашањето. Но, сепак фала на одвоено време
     
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    9.321
    Пол:
    Женски
    Нема на што. Секако ако јас не сум разбрала може некој друг подобро ќе те разбере и ќе ти даде одговор каков што бараш.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lanna89

    Lanna89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2021
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски

    Едно е да нема лиценца, а друго е да не завршила соодветно образование - дипломиран психолог и дипломиран психотерапевт.

    Полагањето за лиценца е формалност која е задолжителна за во државна институции. Знам зошто работам во таква, а тие над 5 год. што имаа искуство мислам им дадоа без полагање лиценца.

    Многу пострашно за мене е што работат милион ,,клучеви" и неидентификувани не знам си какви психолози (што завршиле курс од 4 часа) или прочитале 10 книги за личен развој и станале тренери за личен развој и лечат секакви трауми, анксиозност и депресија. Истите не знаат ни што е тоа, па не знам каде им е совеста. Јас лично имам страшно искуство се додека не отидов на психотерапија и не ја сфатив разликата. За малку ќе изгубев верба во тоа дека има лек.
     
  9. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    Според закон психолог НЕ СМЕЕ да работи БЕЗ лиценца.
    Тие што имаа работно искуство од 5 години автоматски добија, ама ново дипломираните мора да полагаат стручен испит од Комората за лиценца.
    И едниот и другиот случај што ги кажуваш се недозволиви.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.