Психологија на боите

Дискусија во 'Психологија' започната од April87, 29 април 2013.

  1. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    438
    Пол:
    Женски
    Психолозите тврдат да боите имаат големо влијание, не само на однесувањето на одредени личности, туку и на реакцијата на околината како резултат од влијанието на бојата која личноста ја обожава и ја носи. :)

    Црвена
    Оваа боја ја сакаат храбри и радознали личности, кои поседуваат јака воља. Овие личности животот го живеат со “полна пареа”, имаат јак осет и наклонети се кон ризик.Секогаш штом осетат отпор во својата средина реагираат многу жестоко, темпераментно, импулсивно или неконтролирано. Им одговара да донесуваат одлуки наместо другите и имаат желба за доминација. Психолошко уверување е да жените во црвено лесно се заведуваат.

    Жолта
    Оваа боја е симбол на изразит ум природна интуиција. Ја бираат личности кои се сигурни во себе и имаат високо развиен личен интегритет или самосвест. Се одликуваат со високи критериуми и барања кои ги поставуваат во својата околина. Претендираат на тоа да го насочат вниманието кон себе, сакаат другите да им се восхитуваат. Воглавно се оптимисти, многу нестрпливи и повремено недоследни. Се стремат кон целосно ослободување од различни и секојдневни обврски. Особено сакаат се што е ново, современо или необично.

    Жолта (Бледа)
    Оваа боја ја преферираат многу проникливи, остри и радознали личности. Овие личности на некој начин се многу специфични, кои се “разликуваат” од својата околина и не подлегнуваат на стандардите или просечните вредности. Многу се критични, но не сакаат критики на своја сметка. Одлично се контролираат и избенуваат компромисни ситуации. Делуваат многу срдечно и скромно, но никако не трпат пораз или одбивање. Доколку при изборот на боја посегнуваат кон бледожолти тонови – тоа укажува на сексуално ладни особи.

    Зелена
    Оваа боја е знак на стабилност и сигурност. Ја бираат личности кои умеат да “зграбат” секоја добра прилика. Понекогаш ги оптеретуваат другите, но им помагаат на луѓето, дури и на своја штета. Овие личности се многу упорни, вредни, педантни и прецизни. Умеат да бидат многу срдечни, но и затворени и повлечени. Кога се нерасположени постануваат критички настроении и можен е кнофликтен однос во својата околина.

    Зелена (Светла)
    Оваа боја најчесто ја преферираат личности кои поседуваат силна воља, и кои посакуваат власт. Исто така склоност кон оваа боја изразуваат и личности кои често избегнуваат различни животни тешкотии и се стремат да им ја наметнат својата воља. Неретко овие личности постануваат “управувачи” на важни друштвени и државни функции.

    Сина (Темна)
    Оваа боја ја сакаат личности кои посакуваат лична сигурност и психолошки мир. Изузетно го ценат средениот и хармоничен живот, а посебно водат сметка за мислењето во својата околина. Многу се чувствителни, но и неодлучни и често се двоумат. Жена во темно сина комбинација, по мислење на психолозите, е затворена, склона кон самоанализа и плашлива, но добро знае да се избори со традиционалните женски и семејни обврски, како со љубовниот пратнер, така и со децета.

    Сина (Светла)
    Оваа боја го симболизира фантазирањето, соновите или визијата. Личностите кои ја преферираат оваа боја имаат потреба за психолошка и емоционална рамнотежа, се стремат кон хармоничен начин на живот и оставаат впечаток на верност и чесност. Меѓутоа овие сонувачи во момент на голем емоционален занос или личен неуспех лесно паѓаат во тешка и депресивна состојба.

    Портокалова
    Ова е боја на осетливи личности и со изразито силна воља, личности кои умеат да ги контролираат своите чувства, и да ја “фиксираат” својата цел од која не се одрекуваат. Имаат многу развиена интуиција, склони се кон заљубување и размислување, но и самоодрекување. Ако бојата е блиска на жота нијанса, значи дека личноста посакува да биде во центарот на вниманието. Оваа боја посебно ја обожаваат здрави, рационални, успшни, весели и дружељубиви личности, спремни да им помогнат на другите.

    Кафеава
    Оваа боја ја бираат личности кои имаат реален поглед на светот околу себе. Посакуваат мирен начин на живот и самоуверено чекорат по цврсто тло. Пред се го ценат домот, семејството, пријателите, а посебно традицијата. Се случува да оваа боја ја бираат оние кои се наоѓаат во “озбилен” конфликт со околината или кои имаат непријатности (болест и сл.). Bo терапевтска смисла делува смирувачко, посебно за луѓе на кои им е потребен одмор.

    Цијан (Тиркизна)
    Оваа боја ја бираат личности кои себе се гледаат како посебни, исклучителни и одбрани. Во психолошка смисла се многу горди, емотивно воздржани или ладни и љубезни во обраќање. Доколку при изборот на боја посегнуваат по потемна нијанса имаат можност од опасност од самољубие или претерано затварање во себе. Покрај големите амбиции и потреби за лично истакнување, се случува да личноста постигне завиден успех во работата, но длабоко во себе остануваат осамени и несфатени.

    Виолетова
    Оваа боја симболизира и оддава подсвесна желба за допаѓање.
    Личностите кои ги преферираат овие тонови сакаат да заведуваат и да се забавуваат. Ова е исклучително машовита, деликатна и осетлива личност со високи идеали. Исто така повремено има желба да побегне од реалноста во свет на сништа и фантазија. Тие имаат посебен осет за естетско изразување, околу себе ствараат хармонична атмосфера, дружељубивост и слога, иако се склони и сами во се да се сомневаат.

    Розова
    Оваа боја ја преферираат изузетно романтични и нежни особи. Овие личности посакуваат љубов и милување. Повремено делуваат неодговорно и лекомислено. Одговорноста, кривицата или животниот товар обично го пренесуваат на својата околина. Во основа на својата природа тие навистина се лекомислени, посесивни, незрели, сентиментални од една, а преосетливи од друга страна. Доколку при изборот посегнат по јаки розеви тонови – тоа укажува на тоа дека сакаат да се покажуваат, да кокетираат и забавуваат, посебно во друштво на спротивниот пол.

    Бела
    Оваа боја отсекогаш била симбол на невиност и чистота, но исто така укажува на емотивен “студ”, снег и сјај. Им се допаѓа на личности кои се стремат кон слобода, кои особено сакаат да ја нагласат чистотата, педантноста, да избегнат непријатности и да отфрлат се што е “валкано” и “мрачно” . Во друштво обично сакаат да се покажуваат во бело. Меѓутоа умеат да бидат ситничави и по малку досадни, односно еднолични. Поивремено оваа боја ја преферираат личности кои се спремни да започнат “нов живот”.

    Сива
    За оваа неутрална и неемоционална боја, се определуваат личности кои се заштитуваат од влијанијата од надворешната околина. Овие личности сакаат да го зачуваат внатрешниот мир, рамнотежата на духот, стабилноста или се стремат по висок духовен идеал. Повремено се подложни кон верски или религиски погледи на светот околу себе. Од психолошки аспект “луѓето во сиво” се многу внимателни, често затворении повеќе сакаат да останат скриени во сенка и одтука ситуацијата да ја држат под контрола.

    Црна
    Оваа боја е симбол на таинственост и мистерија, но исто така симболизира и зло. Личностите кои ја преферираат оваа боја, во психолошка смисла, делуваат како нешто да им недостасува. Личностите кои ја носат црната боја, делуваат како да се штитат од надворешното влијание. Љубителите на оваа боја може да бидат склони кон песимистички прогнози, негативно гледаат на светот околу себе и често трпат порази. Тие имаат нагасена потреба за независност, се спротивставуваат на надворешните влијанија, не признаваат авторитет. Владее општо психолошко уверување дека “луѓето во црно”, сакаат да влегуваат во конфликт и многу се субјективни во своите гледишта. Меѓутоа црната боја одсликува и елеганција, но претставува и знак на жалост и тага.
     
    На FotoLina3 и Camellie им се допаѓа ова.
  2. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.253
    Пол:
    Женски
    виолетова и црна најмногу сакам и погодено е :D
     
    На Goticarka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    1.302
    Пол:
    Женски
    Црвена :inlove:
     
    На Gaga93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Camellie

    Camellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    107
    Виолетова!!!!!!!!! Другите се само попатна љубов :)
     
  5. Gaga93

    Gaga93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Црвена и Сина (темна)
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Antoninaaa

    Antoninaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.658
    Зелена
    Оваа боја е знак на стабилност и сигурност. Ја бираат личности кои умеат да “зграбат” секоја добра прилика. Понекогаш ги оптеретуваат другите, но им помагаат на луѓето, дури и на своја штета. Овие личности се многу упорни, вредни, педантни и прецизни. Умеат да бидат многу срдечни, но и затворени и повлечени. Кога се нерасположени постануваат критички настроении и можен е кнофликтен однос во својата околина.
     
  7. Torte19

    Torte19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    86
    Сина и зелена :inlove:
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.736
    секоја боја е убава на свој начин
    немам многу гардероба на жолто, сиво и црвено-особено црвено избегнувам да носам а и црно исто :!:
     
  9. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.628
    Допаѓања:
    5.342
    темна сина
    :D
    точно
     
  10. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    734
    Пол:
    Женски
    Црвена,Сина-темно,Тиркизна,Бела и Црна :)
     
  11. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    117
    ..

    ...ja обожавам едноставно....може да се комбинира со сите други,и на мене лично,дома,секаде скоро е ударна и главна боја. :emo: ..
     
  12. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.263
    Допаѓања:
    1.509
    црна и мислам дека скоро се од кажаното не е вистинито :emo:
     
    На faye му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.484
    Зелена ,и делумно сина :!:
     
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    1.314
    Црна и розова.
     
  15. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    921
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Сина (Светла)
    Оваа боја го симболизира фантазирањето, соновите или визијата. Личностите кои ја преферираат оваа боја имаат потреба за психолошка и емоционална рамнотежа, се стремат кон хармоничен начин на живот и оставаат впечаток на верност и чесност. Меѓутоа овие сонувачи во момент на голем емоционален занос или личен неуспех лесно паѓаат во тешка и депресивна состојба.
     
  16. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    390

    Да, сѐ е точно. За зелената не ми е погодено..
     
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    30.038
    Пол:
    Женски
    Сива.
     
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.890
    Пол:
    Женски
    Колку е само точно
     
  19. herbst-girl

    herbst-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    33
  20. blosson

    blosson Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Женски
    Розоваа <3