1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психолошки проблеми како последица од случка/и во детството

Дискусија во 'Психологија' започната од newme, 20 септември 2012.

  1. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Пред да почнам само накратко да кажам.Се зачленив од почеток на Фемина бидејќи преку стариот профил стекнав некои познанства и веќе не ни можам слободно да си кажам што ми лежи на душичката. :worried:

    Имам 20 години.
    Сметам дека уште од мала имам некои психолошки проблеми,како што се социјална фобија,комплекс на ниска вредност и срамежливост,пропратени со депресија. Причината за тоа не ја знам точно ,но претпоставувам дека е недоволно покажување на љубов и подршка од родителите,истакнување на негативните особини и омаловажување и ненаградување на позитивните -исто така од страна на родителите.
    Поради тоа социјалниот живот уште како мала не ми бил како што треба.Тешко се вклопував во друштва,се плашев/ам да не згрешам нешто кога ќе кажам,па и се срамев од бизарни нешта.Всушност имав и се уште имам многу ниска самодоверба.Од тогаш ми се случија многу негативни работи на школо,бев многу пати повредена,омаловажувана,исмејувана...Едноставно се чувствував како ружна Лети ,иако можеби сум била далеку од тоа.
    Сега имам друштво ,но последиците се се поголеми.Ми влијај на сите сфери во животот,не можам да си најдам работа или поточно кажано не можам да работам нешто што е во контакт со луѓе и комуницирање(пр.келнерка,шанкерка,да презентирам нешто и слично),на факултет ми оди многу тешко кога треба да стапам во контакт со некоја личност или треба да презентирам семинарска.Кога одам негде сама чувствувам како да сум невидлива,како на никој да не му се допаѓам,како да сум вонземјанин :worried: .Смешно е вака кога пишувам ,ама кога го чувствувам тоа грозно чувство, не е. :!: Не можам да се опуштам,чувствувам како срцето забрзано ми чука,рацете ми се потат,мозокот ми се блокира кога сум во контакт со некој-посебно со машко.
    Во текот на овие години постојано читам статии за тоа како да станам посигурна во себе.Ја проучував психологијата и веќе сметам дека знам да разграничам отприлика каков проблем имам.Но никако не можам да научам како да имам повеќе самодоверба,како да го избришам минатото од моето сеќавање и да продолжам понатаму.Сама знам дека не би можела да си помогнам,затоа што се трудам и тој совет кој сигурно ќе биде во предлог е веќе преку милиони пати испробан.Едино мислам што може да ми помогне е да се дружам со машки,ама никако не можам да стапам во контакт со машко на таков начин.Додворувачи имам многу ,едино кога не сум трезна ,само тогаш знаам да се опуштам и да не размислувам толку длабоко на работите,иначе никој ни ме забележува ни ништо. :worried: Ова е огромна контраст која за многумина е чудна ,па дури и самата јас не можам да разберам дали навистина не сум убава или самодовербата е во прашање.

    Стварно би била благодарна доколку некој има поминато низ оваа фаза и знае како да ми помогне.Само без совети од типот-ако не си помогнеш самата себе никој нема да ти помогне.Како што кажав со години ми е ова вака,и се трудам колку што можам.Срамот е веќе каде каде подобрен,ама самодовербата и комплексот на ниска вредност не е ,дури и се влошува состојбата за тие две работи. :sweat:
     
    На Istata od vcera му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Од старт ја исклучуваш опцијата сама да си помогнеш, што е разбирливо бидејќи моментално мислиш дека не си во состојба. Но стекнувањето на самодоверба и ослободување од сите твои фобии и комплекси не се случува преку ноќ, се работи чекор по чекор...Можеш да пробаш со психолог ако си во можност, ако не останува на тебе, мада и психологот нема со магично стапче да ти ги реши проблемите...
    Некои вообичаени совети како-опкружувај се со позитивни луѓе, исклучи го понекогаш мозокот кој верувам работи 300 на саат и едноставно делувај, читај мотивирачки книги, во вакви ситуации оние за самопомош можат да бидат доста ефикасни, внесувај промени во твојот живот макар мали и безначајни, во изглед, во однесување...
    Веројатно и сама знаеш што треба само немаш доволно храброст, но стравот обично исчезнува кога ќе се соочиш со него...Колку повеќе се впушташ во ситуации страшни за тебе, со тек на време помалку страшни ти изгледаат. Ќе се вцрвиш-да, ќе се препотиш, ќе ти се фати гласот, ќе тропнеш глупост, веројатно некој ќе те исмее за истото, но ако се откажеш ќе застанеш во место...Ако продолжиш ќе има подобрувања секој нареден пат...
    Ова вака површно кажано, но по форуми поинаква помош се сомневам дека ќе добиеш...
     
    На newme му/ѝ се допаѓа ова.
  3. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Знам дека на форум не можеш да добиеш посебна помош.Но сепак сакав да ја испробам и оваа опција.
    А за тоа што кажуваш да се терам самата себе си во такви ситуации,се терам верувај.И се нешто ќе се изглупирам,изгледам преуплашено како којзнае што да правам.Кога комуницирам се заплеткувам со зборовите од срам.Ова посебно оваа година вака се соочувам со стравовите ,но нема некое подобрување,освен за срамот.
    Како и да е фала ти на мислењето ,го имам во предвид секој твој збор. :*
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Со време ќе станеш посигурна во себе и со самодоверба. Само треба да гледаш опуштено на се, треба да си во комуникација што почесто, не е битно еве пробај виртуелно прво комуникација и тестирај се себе, опушти се и дај си сигурност дека можеш ... после во реалноста само по себе ќе дојде. Битно е да не се разочаруваш, да се затвораш во себе ... Пробај го и ова. Повторувај во себе дека си силна, дека си полна самодоверба, дека ти можеш се. И прави некакви промени на себе со кои мислиш ќе можеш да си ја покачиш самодовербата. Најважно прифати се себе таква каква што си и никако немој да се потценуваш. Цени се доволно за да другите те ценат.
     
    На Tanjamm и newme им се допаѓа ова.
  5. VanessaCool

    VanessaCool Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    9
    И јас имам Social Anxiety Disorder цел живот од мала,бев срамежливо дете не зборував со никого,немав другарки,не излегував од дома,се повлеков во себе не искачав никаде,не ми се учеше,секогаш седев во последна клупа сама,немам ни до ден денес другарки,цело време бев во депресија,кога наполнив 20 отидов на психијатар не ми помогна ми даде само антидепресиви,ништо не се смени,сега имам 22 се е исто само не сум до толку во депресија зошто се помирив со реалноста на некој начин и незнам што да правам во иднина.Сето тоа потекнува од мојата фамилија,местото кај живеам.Гледав едно видео за ова на YouTube http://www.youtube.com/watch?v=gmEJEfy5f50
     
    На butterfly@ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Јас незнам дали ова моево е психолошки проблем или не, ама јас кога сум во друштво некако се испаничувам, ме фаќа срам и поцрвенувам по градите и вратот како нешто да ме има исфрлено некоја алергија и рацете ми се потат и тресат. Најверојатно е од недостаток на самодоверба, многумина за мене би рекле дека сум личност со самодоверба но не сум ни најмалку. Се трудам некако да го надминам тоа, да кажам и јас некоја шега или да се вклопам ама тешко ми оди. Тоа е најчесто кога сум со машки, додека со другарки е друга приказна со нив го нема тоа, или со другар машко, ама кога сакам на некое машко да му се допадна секогаш се изглупирувам нешто.
     
  7. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Кај мене не е до тој степен изразено ,а и не сум сигурна дека го имам тој проблем.Излегувам, се дружам со тие другарки што ги имам колку што можам.Мене ми е страв само од луѓе кои ги гледам првпат,и то не некој посебен страв дека нешто ќе ми направат ,туку страв од исмејување,неприфаќање.Посебно го имам тој страв ако одам негде сама.Имам потреба од подршка.Но,не се затворам во себе.Кога барам работа многу пати немам сила да одам на разговор,бидејќи се плашам таа личност да не ме исмејува.Повеќето пати сум се соочувала со стравот,но некогаш попуштам и ја губам можноста за работа.
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Ве сфаќам сите затоа што за жал, се пронајдов во некои работи тука.
    Кај мене не е многу изразено, излегувам и се дружам, ама најубаво ми е кога сум сама. Вака кога седам со луѓе многу често ми се случува да молчам затоа што многу ми е страв да не кажам некоја глупост. И знам дека тоа е недостиг на самодоверба. Не знам точно како да си помогнам, имам некој впечаток дека никаде не сум прифатена како што треба, а може и самата јас си го измислувам тоа, а нема врска. Отсекогаш сум сакала да читам, да се надоградувам, да учам и може да кажам дека тоа ми оди најдобро во животот, речникот и познавањата од најразлични теми ми се многу добри, и како пак да не е доволно за конечно да почнам да верувам во себе и да сум посигурна.
    Но не се откажувам, па забележав дека во последно време комуницирам многу повеќе и онаа несигурност полека исчезнува. :)
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Девојчиња, вака ве читам и не сте ни глупи, ни ограничени ... паметни сте и добро се изразувате. Не би рекла дека сте срамежливи толку. Има уште многу вака несигурни ама успеваат да функционираат без проблем. Се е во опуштеноста и во тоа многу да не се анализирате себе. Никој не е толку сигурен и полн самодоверба кога стапува во контакт со некого, кога некаде треба да се покаже и докаже. Сите сме со резерва и страв, ама мора да се трудите. Опуштено и се само по себе доаѓа. Со време ќе надминете се.
     
  10. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Овој проблем го имаат многумина многу добро е што отворено си се искажала и си го поставила. Јас се би дала да знам како се решава, ама изгледа не е толку лесно, треба стручни мислења, литература, искуства итн.Многу ми е жал што видеото не го разбирам бидејќи е на англиски без превод. Би ги замолила сите што навистина можат да помогнат нека напишат на оваа тема.
     
  11. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас порано го имав овој проблем. Што другите ќе мислат за мене. Луѓето многупати ќе не критикуваат и зборуваат нешто и што не е вистина за нас. Тие секогаш ќе зборуваат никогаш нема да бидеме доволно добри за секој. И мене некои ми имаат зборувано глупости не да не. Но сега со тек на време и зборувањата исчезнаа. Сите ние имаме по некоја мана. Знам дека повредува кога некој ќе ти префрли нешто ама тоа е негова култура. Секогаш има некој што ќе ти најде мана па да ја не сум совршена јас имам мана и ја прифаќам. И ти имаш, секој има. И тие наши недостатоци не прават посебни. Па на крај и некои што не не почитуваат нема што да ги се замараме има и други што не ценат и сакаат.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Не знам дали пелтечењето се смета како психолошки проблем, ама ако е така - го имам.

    Имам пишувано и порано.. Кога имав 3 години, некој ми фрли петарда пред мене, јас се преплашив и почнав да пелтечам. На почеток не се сеќавам како ми беше, кога почнав прво мама и‘ кажа на учителката па таа веројатно им кажа на децата, па не ме исмејуваа. Во петто ми беше тешко зашто пола клас ми се смееше, па плачев нон-стоп, не можев да издржам, но помина. Сега во средно ги слушав се потсмеваа на почетокот, но потоа престанаа.
    Оние кои исмејуваат ги имало и ќе ги има, ама некако со тек на време се поправаат некои работи, се зголемува самодовербата и тие по некое време сфаќаат дека така не треба.

    Сега сепак ми е тешко и повеќе пелтечам кога треба да одговарам на училиште или пред група луѓе, ама значајно ми е подобрен говоров. Па и треба, 13 години се во прашање..
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    значи скрос истото ми се случува кога без ептен мала 5-6 години и ќе отидеаме на одмор и ќе видев на пример некое дете на моја возраст и некако некој ќе ме натера да пријдам и ќе речам како се викаш на пр. ке ми рече марија и јас здраво марија јас сум таа и таа и таа ќе ме преша ај да одиме таму и јас ќе и одговорам аа мене таму мајка ми не ми дава ај овде ке играме па ќе дое е друго гете да се запознаеме и оваа марија и на него ќе му рече ај таму тоа ќе прифате и ај одат заедно потоа тоа дете ќе си отиде и таа пак кај мене ќе се врати и ќе ме искористе, после во градинка никој не ме сакаље сите ми ги земаа играчките не ми даваа да си играм и ќе ме викне некое дете да ми ја држам вратата ама од внатре од вецето и јас влезам потоа тоа на мене од надвор да ми ја држи вратата па ми ја отвораа сите ми се смееа значи сите гледааа да ме искористат ми се подсмеваа избегнуваа па ид родителите подршка 0 ги мраев и така во мене се стори некој јадеж и не излегувам, не се дружам, значи да се дружам мразам ретко со другарките, значи како да кажам ги замразив лугето :devil: (ок е не сите) значи немам самодоверба и почнав така како да кажам со одмазда веќе не преќутувам навреди ако некој сака да се степа со мене па ме удри или сл ја му вратам со камата и.. тоа е тоа |(
     
    На icona.pop му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Немојте да бидете толкаи песимисти, само малку :) па се си доаѓа а место. Ако ти се исмејуваат, само насмевни се и покажи им дека многу те боли што тие мислат, па покажи им дека ни тие не се оргинални, ако те остават, заврти се и не ги примај назад, родителите не ти обрнуваат внимание, привлечи го сама, покажи им дека постоиш. А, случките од минатото, па ако веќе сакате да се ослободите од нив, силно вдишете воздух и пуштете некоја песна која ве орасположува и поченте да игарате и пеете на сет глас, но погрижете се да сте сами, а откако ќе ви помине бесот или тагата, a потоа соочете се со тоа и прифатете го, простете на оние што згрешиле но не им заборавајте, потоа кога најмалку очекуваат вратете им! Како се вели: Светот се врти во круг! :D
     
  15. andjela.p

    andjela.p Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Јас имам друг случај, јас имам гледано татко ми како ја тепа мајка ми уште како мала. Првиот пат кога се случи тоа морав да ја проголтам цела моја омраза кон татко ми и да го молам да не си оди заради браќата и сестра ми. Ме уништуваше фактот што со години гледав како ја понижува мајка ми, како ја вика дека е курва, а жената буквално иде дома - работа - дома (и тоа работи во зградата до нашата, сама), и понатака уште некое време ја малтретираше додека не му запрети дека ако уште еднаш ја допре ќе го убие на спиење. Престана да ја тепа, ама останаа тие расправии, буквално се караа/т кога ќе се разминат во ходник. Ја слушав мајка ми како се жали на сите проблеми кои се јавуваат во бракот.
    Дојде време за дечковци, а јас не можам со ниту еден да останам, сите ме потсетуваат на татко ми (во било која смисла - некои кога ќе се поднапијат, некои кога ќе се искараме). Фатив дечко, идевме што идевме, почна насилно да се однесува (повеќе супериорно, отколку насилно кон мене, ама понатаму и таа супериорност во насилство премина). Го оставив (ај ќе кажете се однесувал така па ради тоа го оставив, ама не, јас сакав уште многу претходно, не знам зашто, ама ме потсети на татко ми и толку беше љубовта, само ми беше жал па останав со него). Мислам дека масло во оганот беше што тој дечко практично ме силуваше. Вториот дечко ми беше најдобар другар, го сакав неизмерно. По една многу потресна караница дома отидов кај него и го натерав да има секс со мене (буквално, физички го малтретирав). Од тој момент се залепив за него бидејќи беше прв кој во ништо не ме потсеќаше ниту на татко ми, ниту на бившиот. Одевме (уште одиме) долг период, се беше перфектно, додека не се појави еден излив на љубомора од негова страна. Тогаш ми рече дека сум курва. Од тој ден се повеќе ми се создава одбивност спрема него, особено бидејќи носев негово дете (знаеше дека е негово, тука немаше сомнеж) а во една караница ми плесна дека немал он никакво дете, дека тоа јас што сум го носела е копиле (така и викаше и татко ми на мајка ми).
    Би сакала да сум со некого најнормално, да имам подоцна и брак и живот со тој, ама што ако не успеам? Велат дека сите мажи се исти. Што ако секој нареден ме потсетува на татко ми?
     
  16. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Многу работи што сме пертрпеле од 2-5 година не водат понатака во животот,многу голем дел од нас не се воопшто свесни.
    Во ваквите случаеви верувајте многу голема предност е кога сте свесни од кај иде сето тоа.
    Колку често се случувало да сретнете луге кои се нервозни, разјадливи, се им смета, целата околина им е за се крива, несвесни дека тоа е нивен внатрешен проблем најчесто допринесен од детството.
    Затоа не за џабе се вели децата треба да растат во мирна, спокојна, хармонична средина исполнета со многу љубов, во спротивно целиот живот ке си носат во себе трауми.

    Кај нас сметам дека е голем минус што не се развила практика да се посетува психолог, додека во Америка психолошките сеанси се многу посетувани, лугето учат за себе, ги надминуваат проблемите.
    А во спротвно доколу се потиснуваат, си наогаат издишен вентил како нервоза, разјадливост, анксиозност до тешки психолошки бости.
    Затоа човек треба највеке на самиот себе да си се посвети.
    Има многу убави книги кои помагаат човек духовно да порасни.
    Да си го изнализира детството, да свати од каде му идаат некои "бубачки" во главата, а со тоа ке може и да си помогне на самиот себе.
     
    На newme и mimiiiii им се допаѓа ова.
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.640
    Пол:
    Женски
    Го имам истиот проблем,јас како бев малечка бев навредувана од страна на „другарките“ од маалото.Тие 3 девојчиња баш,го наговорија ЦЕЕЕЛО маало да не се дружи со мене.И за жал тоа ми се случуваше и во забавиште,се дружев со едни 2 мои имењачки и ужасно ме искористуваа...но сега сватив,дека не треба да се нервирам за тоа :) Сега се е океј,ама сепак тоа ми е како лузна во минатото.И сепак имам некој страв да не ги изгубав стекнатите пријателства.
     
  18. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Мене ми се случи во ноември.Направив нешто што несакав да го направам,а морав.За ова никој не знае.И иако поминаа неколку месеци јас сеуште се секавам на тоа како да беше вчера.Одвнатре ме јаде.Имав надеж.Мислев дека ако го направам тоа ке се спасам,а и некако ке побегнам од таа личност.Ама сватив дека џабе сум се надевала.Во глава ми е таа ноќ,тие случувања,таа средба,зборовите.И затоа секој ден плачам заради тоа.И мислам дека нема да се спасам.Почнав да се гадам од самата себеси,од моето тело.
    Одкако дојдов дома еден месец бев исплашена.Се чувстував како да сум убила некој.Како себеси да се убив.И мислам дека ова цел живот нема да го заборавам и дека со ова ке живеам цел живот.Мислам дека ако се доверам на некој за ова ке ми олесни,ама немам личност во која имам потполно доверба.Дека помалку ке ме боли глава.Во некои моменти сакам да имам амнезија да заборавам на се,да не знам која сум,да почнам од почеток,никогаш да не ми се врати памтењето,да имам нов живот.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    истото ми се случува. И порано бев во голема депресија. Не знам како извлеков глава, со никого не разговарав, ако разговарав бев многу повлечена или па се расправав. Бев дебела од јадење по 200кг :D чоколадо денот. Ама, сега некако се средив со добра волја. Тоа е најтешкиот дел. После е лесно :D
     
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Како да си помогнете самите себеси при комуникацијата со другите, кога сте свесни дека имате Психолошки проблеми како последица од случка/и во детството, за луѓето да не го искористат тоа против вас:

    - Не зборувајте за сопствените чувствата со никој друг освен со својот партнер и своите родители
    - Зборувајте со пријателите/познаниците исклучиво за општи теми, ги има толку многу – филмови, книги, разни филозофски прашања, правилна исхрана, бизнис идеи...
    - Бидете подготвена да слушнете секакви изговорени реченици од другата страна. Другиот знае и да ве навреди па зато никогаш не покажувајте дека со било кој збор тој ве повредил и налутил. Само насмевнете се!
    - Повеќе слушајте него ли зборувајте
    - Контролирајте се колку зборувате за себе и своите најмили
    - Не дозволувајте другиот да си земе преголема слобода и да зборува се и сешто. Ако почне со напади вие умствено и културно имајте ја последната реченица и ќе знаете за понатаму на кое место котира на вашата листа
    - Колку вие сте си голем во сопствените очи, толку станувате голем и во туѓите.
     
    На icona.pop и newme им се допаѓа ова.