1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психолошки проблем кај мајка ми

Дискусија во 'Психологија' започната од OzzyAngel, 5 август 2010.

  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Се ја нервира веќе последниве 2-3 години, не се разговара со неа! пред една година отиде на лекар и за тоа, пиеше лекови, инфузии и даваа се среди малку ама само 1 месец или два! сега веќе не оди ни кај доктор, само си пие лекови за нервите и е неподнослива! ако се скарам јас со брат ми таа почнува да зборува и да станува хистерична, кој и да викне за нешто низ куќа таа посакува да се убие! за се не обвинува нас, ама ние не сме криви што имала неубаво минато и што цел живот работи тешка физичка работа! ете и ние ја работиме истата работа, е сега кога јас немам 5 мин време за одмор не ми е потребно уште таа покрај мене да кажува дека сум и крива за нешто! Сите дома и зборувавме и објаснувавме дека така сите ќе не разболи и дека не треба секоја ситница да ја нервира! ама на кој му зборуваме? се е исто! колку пати ќе се обидам да и укажам нешто и само ќе ми рече “ај доста нема нерви, ме оболуваш!!!“ и јас немам што да правам... понекогаш не можам да поднесам, по цел ден при толку работа уште таа ми шири негативна енергија! и кога е таква(речиси секој ден) сите ќе јадиме, а таа не! не знам што сака да постигне! нема ден да не се нервира, нема ден да не не обвини за нејзината состојба! дајте ми сила!!! :( ;( :( :( ;(
     
    На kikkki и kucence им се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    мислам дека единствено решение е да разговара со психијатар.колку и да и укажувате дома,да разговарате е џабе,на жената и е потребен разговор со стручно лице.
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Дефинитивно мора да оди на терапија кај психијатар..Зашто со тоа нервозно однесување прави сама на себе полошо да и биде а после на сите вас дома.Жал ми е за тебе што ете млада си а мора да трпиш вакви испади.Не дај Боже може да се рефлектира на тебе па и ти да станеш нервозна или пак може да станеш плашлива, несигурна.Кажете и дека не е лошо да оди на психијатар дека ја поддржувате во тоа со неа сте и посакувате се да си биде во најдобар ред..Едноставно дека сакате да живеете сите во хармонија и мир.Колку годишна е мајка ти?Да не е во климактериум?
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  4. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Одеше кај доктор, невролог психијатар! Напоменав за тоа, ама веќе ни таму не оди, не и беше баш од помош, кога таа самата не сака да си помогне! Мината година имаше операција на матката, сега нема матка! Но, ова не е од лани, трае веќе веќе неколку години! не сака да си помогне, а јас не сакам во таква средина да живеам! :( :(
     
  5. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Потполно те сфаќам како ти е, бидејќи јас го имам истиот проблем со татко ми. Тој е изрод во цела фамилија, се му смета, за се се лути, никогаш јадењето не му е убаво направено, сите се подобри од неговите ќерки и неговата жена, сите се лоши, само тој е најдобриот. Постојано е нервозен, со сите нас се кара, се заканува, се инаети, се лути... Плус тоа алкохоличар е. Не срами цела фамилија. Ама јас се навикнав да живеам со тоа, пошто едноставно нема друг излез. Тој одбива разговор а не па било каква друга помош. Се случувало да не зборуваме со месеци, денар ми нема дадено со месеци исто така, убав збор немам слушнато од него.
    За тоа дека може да влијае кај тебе ти кажувам од искуство. Од нервози почнав и јас да губам нерви, кога ќе се скараме со дечкото станувам и агресивна. Се како резултат на секојдневието што го имам во домот. До душа за мене зборот дом не постои. Таму само преноќевам што се вели, а поголем дел од денот сум или на работа или излезена да не слушам дома кавги и да не пречам некому. Сите заедно немаме јадено на маса со години. Ама тоа ти е.
    Не знам како да те утешам пошто утеха не наоѓам ни самата. За жал родителите не можеме да ги бираме...
     
    На IviA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    ^^ Жал ми е за твојата ситуација! :worried: :( Кај мене има понекогаш убави денови, на пр за празник или кога подолго време не сме се виделе, кога одам на факултет... Мајка ми не е толку лоша колку твојот татко, но како што знаеш и сама, тоа кај нив е болест! Понекогаш ќе се искараме и по некој саат и поминува, но за тоа време се полнам со негатива и неубави мисли за неа! Едно време многу си го земав тоа при срце и многу се нервирав, но сега се обидувам да се контролирам и да не избувнувам, не вреди! Првин ќе ме изнервира убаво, ќе си изнакаже триста глупости и после како ништо да не било... Што ми вреди после? кога веќе се и сешто сум слушнала? Денес ќе ме уважува и ќе се фали, а утре сосем спротивното! :(
     
  7. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Да се случува и тоа. Ќе направи џумбуш дома после утреднета како ништо да не било ќе се прави.
    Не сакам да звучам грубо но понекогаш се плашам од помислата дека не го сакам сопствениот татко. :worried:
    Што ќе правиме ние со таквите маки... Не знам. Само едно знам: моите деца ќе ја имаат најдобрата мајка и најубавото детство! Нема да дозволам да поминуваат низ истото што и јас!
     
    На kucence му/ѝ се допаѓа ова.
  8. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    се препознав тука .. :|
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Ози мајка ти е во тешка депресивна состојба.Проблемот што го имала јас верувам дека и се зголемил со тоа што ја изгубила матката.Секоја жена тоа лошо би го поднела.И мајка ми имаше нервен слом,па фала му на Господ сега е добра и ретко кога е нервозна(освен оние ситни секојдневни нервози).Мој совет ти е да продолжи да оди на психијатар и никако да не ја прекинува терапијата.Би ти препорачала ако сте финансиски стабилни да ја однесете во Неуромедика во Скопје,незнам дали има во некој друг град :^) Таму има доста стручен и професионален кадар.Многу ми е жал што поминувате низ ова и ти и некои други фемина грлс.Ви ја испраќам целата моја подршка и љубов.Знам како ви е,ама издржете и земете пример за тоа како не треба да се однесувате со вашите деца кои здравје боже ќе ги имате еден ден. :*
     
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Ах душо, не знам како би ти помогнала бидејќи ни јас самата не знам како да си помогнам. :( Да ти кажам да пробаш со разговор, знам излитено е, можеби делува на ден два, ама потоа пак по старо. За нерви се работи , проблемот е многу длабок...
    Како и да е најважно е да почне да се лекува... само медицината е спас..нека прима терапија,нека пие антидепресиви. И што е најважно обидете се да бидете потолерантни кон неа, не ја нервирајте, не викајте на неа, нека не се чувстува осамено... со нервозните луѓе само на тој начин, поинаку ќе биде само полошо.
    Се надевам ќе и се подобри ситуацијата, дека ќе дојдат подобри денови... Поздрав :* :* :hug:
     
    На twisterworp му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gjurga

    Gjurga Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ова што го прочитав е речиси пооловина од она ние дома што го презивувавме ( и сеуште трае). мојата мајка има некои паранои дека некој сака да ја „ликвидира„ и тоа од поблиската фамилија или пријатели. мисли дека тие ги плаќаат луѓето во веро и по сите дуќани да и стават нешто во храната за да и биде лошо. па затоа никој не смееше да ни дојде дома нит па смеевме со некого да разговараме. долги години (најубавите од 20 па до 28) живеев во таков пекол и што беше нејлошо ме убедуваше секој ден дека јас и она сме едно исто. Сега магистирирав и работам и имам маж но таа мачнина,бес, анксиозност ме прати секој ден. таа одби да се лекува бидејќи тврди категорично дека е здрава а ние болни. нема ден да поминам без антидепресив. таман ќе позаборавам ќе ми се јави и се ќе ми се изремети. Верник сум голем и нека ми прости господ за многу лошите мисли но посакувам да ја снема, ме мачи премногу. Сакам да имам свои деца а никако неможам да добијам психички сум срамнета со земја.
    не сакам да се споредувам ...но ние не сме имале ни еден момент “нормален„ секогаш само убеудавања за нејзините нелогичности. најмногу од се се плашам да не повреди некого. и уште повеќе се плашам јас да станам како неа, бидејќи често читам дека анксиозноста и депресијата се наследни.тој страв ме уништи.
    јас одев на терапија и ќе продолжам да одам но се е џабе...мојот проблем останува..од како е помине дејството на апчето повторно се враќам во суровата реалност.
    сакам да ја заборавам.... ;(
     
  12. Bise

    Bise Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    11
    А можеби мајка ти влегува во менопауза? Тоа е стварно долг процес, трае и до пет години и е со пропратни проблеми како што се нервоза, разочараност од животот и сл. психички проблеми, а има и доста физички проблеми. Е сега лошото е што матката и е извадена и не може точно да се констатира дали влегува во менопауза, но најверојатно е тоа, скоро сум сигурна дека е така. И ние дома го имавме истиот проблем со мајка ми, абе не се трпеше,цело време нервозна,сите и се криви, со сите се кара... И тоа долг период траеше, ама имало господ,помина. Всушност таа влегувала во менопауза, а тоа е еден од најтешките периоди за жената... Ако проблемот е ова, пробајте да ја сватете и да не се расправате со неа. Многу е веројатно дека таа ќе продолжи со таквото однесување уште некое време, ама најбитно од се е ти секогаш да го имаш на ум тоа дека тоа е само период и дека сега неа и е најтешко и и треба подршка... И не смееш да си ги земаш работите што ги прави на срце... Така само напразно се нервираш...Зашто во тој период тоа не е мајка ти туку зборува и дејствува нервозата и депресијата...Најдобро е само да почекаш да и помине кризата(малку повеќе чекање треба) и потоа ќе видеш дека ќе ти се врати старата мамичка :D
    Па замисли што какви ќе бидат кога ќе остарат многу... Намуртени баби и дедовци :D Ама тоа е, родители ни се и треба да ги сакаме без разлика на тие промени што ги носи староста...
    Поззз и се надевам дека мојот совет ќе ти помогне...
     
    На Devojche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. beautiful1

    beautiful1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    33
    Ех, а што да кажам јас за мојата мајка едноставно не ја сметам за мајка...За се се дере, се и смета на неа, за се сум била јас крива и и било срам што сум и била керка цц незнам која друга мајка е таква...Некогаш не се ни дере, но со зборови убива. Неможам веке вака да издржам а јас пошто сум си таква се си чувам во себе шо ме мачи и стварно ке умрам некој ден од неа а и она ми има ногу пати кажано јас те родив јас ке те умрам...Само на дечко ми можам да му се исповедам за се шо ме маче на друг никој бидејки ако им кажам на другите нема да ми веруваат за тоа каква е бидејки е дволична пред сите се прае фина,драга а позади грб за сите има замерка и за сите знае да зборе...Да ти рече мајката дека си проститутка,ороспија е тоа стварно ги мине сите граници и дека јас сум и го упропастила целиот живот што сум се родила стварно не личе на мајка али ајде уште 3 години да наполнам 18 и ке ме виде некогаш она мене нека се нада само...
     
    На kucence му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    читам и неможам да поверувам што се не се случува. |-)
    голема подршка до оззи и до анфејтфул за ваште чести страдања,но секогаш гледајте на позитивната страна.пробајте со разговор,после одредени стресови и тие самите номожат да признаат во каква ситуација се наоѓаат.се соживувам со вашите проблеми и би ве советувала,да бидете покрај вашите родители,тие ви се едни и единствени.имав и јас проблеми со мојот татко кога доживеа мозочен удар,остана фала му на бога здрав и жив надворешно,но се смена за 180 степени,стана нервозен и неподнослив на моменти,не ги прави работите кои некогаш ги правел но не до тие степени кои вие сте стигнале,а за тоа има само еден доказ,тоа што сите дома го толериравме,и со посетување на психијатар,и редовно лекување а пред се разговор и голема поддршка од сите нас дома,успеавме да се намали тоа со тек на време,и сега се навикнавме да живееме со татко кој е хронично болен,тој тоа го знае но никогаш не го признава,и со мајка која е столб на семејствојото и која има и свои испади но сето тоа сме го толерирале.никогаш не сум дозволила да ги навредам колку и да било болно за мене.затоа ве советувам да бидете покрај нив и вие да го прилагодите вашето однесување кон нив,и да бидете стрпеливи а не да посакувате да ве снема од дома.замислете како им е нив,на мајка ти со тешка работа,па можеби и во климектериум,и на татко ти со желбата за алкохол,верувајте дека не им е лесно. :hug: :hug: :hug: за вас и се надевам дека барем дел од ова ќе ве поучи на промена :^)
     
    На Unfaithful18 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Откако почина татко ми, мајка ми западна во депресија и многу се промени. И така имаше тежок карактер, но после едноставно стана неподнослива. Многу е избувлива, и ако и најмало нешто не е во ред, таа еруптира. А е перфектциониста, слична на Бри од Очајни Домакинки :lol:
    Врие на 100ка и за најмала ситница, вреска колку ја држи глас... Порано многу се нервирав за тоа и честопати успеваше ме изнервира, дури и да се затресам. Ваква си, онаква си, сестра ти ова направи, она, на тој детето дипломирало, тоа направило ... какви ти не зборови си имам слушнато од неа. Но кога почнав на 15 години, со 55 килажа да качувам притисок 170 со 130... сватив дека нешто треба да се смени. Неа нема шанси да ја сменам, нерви не се лечат, а почна и климаксот да ја фаќа, па морав јас да се сменам.
    Се направив недопирлива, едноставно не ја слушам што збори, и ништо не ставам при срце. Си збори што сака, ке и олесни на душата (а какво олеснување, кога чедото си го нервираш?) и на крајот ќе ја гушнам и ке и кажам дека ја сакам. И навистина ја сакам. А гледам дека тоа мое ТЕ САКАМ многу и значи. И тоа што нон стоп ја фалам дека е најдобра мајка. Средовековната криза е многу тешка, си мислиш дека ништо не си постигнал во животот, дека си пропаст и нема за што да живееш.
    А и родителите имаат голем удел во секој човек. Тоа е наследно и колку и да се труди човек да се промени, не успева. Тоа се гените, кои во афкет испливуваат.
    Ова е мојот совет кон вас, потрудете се да се контролирате и да не дозволите да ве изнервираат. Ама со ништо. Се прифаќајте со насмевка на лицето. И покажете дека ги сакате, дека ви значат. Тоа ке им биде од корист и на нив, а многу повеќе на вас. Барем кај мене досега оваа "финта" ми успева :lol:
    Штедете си ги нервите на време, за после да не бидете како нив, и вашите деца да си немаат проблеми со вас
     
    На ana.ubavkata, heart.stealer, Devojche и 2 други им се допаѓа ова.
  16. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Јас го имам речиси истиот проблем со мојата мајка. Не разговараме веќе со месеци. Таа беше причината за разводот помеѓу моите родители. Додека живеевме под ист кров постоеше нтрпеливост, тензија, немир..
    Таа ширеше негативна енергија а сите ние несвесно ја примавме. Баравме начин како да ги смениме работите на подобро дури сакавме семејно да посетиме психијатар, таа одбиваше.
    Проблемот кај мајка ми е што е премногу комфликтна личност (како да ужива да се расправа) Дури и сега кога е подалеку од нас пак секојдневно е во некакви комфликти со луѓето.
    За многу кратко време понекогаш дури и минути се во прашање менува ставови и расположенија. Прво напаѓа, потоа бара прошка па пак напаѓа.
    Понекогаш како воопшто да нема чувства дури знае подло да те уцени за доверливи работи :(
    Од време на време знае да се закани со самоубиство само за да се врати назад. Враќање нема, премногу не има повредено сите. За себичноста нејзина воопшто и да не зборувам, сите ќе не згази за нејзин кеф.
    Уф колку шанси и беа дадени, сите ги прокоцка. Има чиста плата живее кај нејзините (баба ми и дедо ми) скоро 2 години со во просек 10.000 денари ниту еднаш не не прашала мене и сестра ми дали имаме потреба од нешто. Сметките ги плаќаат баба ми и дедо ми имаат две пензии, таа има чисти 10.000 денари само за себе. Двете сме студентки, имавме премногу трошоци. Јас сум апсолвент годинава па сега малку му олеснивме на татко ми. Таа ниту еднаш не се запраша како со една плата успеваме да преживееме. Јас и сестра ми денеска имаме работа, утре не. Факултетот не смее да се запостави тој е нашата иднина.
    Да не зборувам за парички за излегување и гардероба.
    Кога ќе седнеме да разговараме со неа и да и кажеме дека и треба помош, таа негира за неа сите останати се луди.
    Лесно ми е да си ја отворам душата тука никој не ме познава но сето ова преживеано не е ни малку едноставно ;(
    Таа има потреба да лаже, има неуспешни обиди да не раскара мене и сестра ми. Последно и беше обидот да ме скара мене со дечко ми. Му се јавила да му каже како јас сум била опасна и тој нема иднина со мене. Дечко ми ми е огромна подршка да не е тој мајка ми 100 пати до сега ќе ме полудеше.
    Од една страна душава ми е мирна што сега не комуницирам со неа, но од друга.. таа ми е мајка, можеби се бори понекогаш и против самата себе, можеби ни таа самата незнае како да си помогне.
    Јас после се ова неможам да научам како да живеам како сите останати. Мене светот пред очи ми се урна. Го изгубив моето семејство. Се се распадна, ја обвинувам нејзе поради сето тоа, но ни малку не се чувствувам добро поради тоа. Незнам како да и помогнам? ;(
    Секојпат кога ќе ми зарие нож во грб ми дава сила никогаш да не и простам. Последен пат сите алишта не натера мене и сестра ми да и ги однесеме. 100 пати потенцираше до последен партал. Таа има повеќе гардероба од мене и сестра ми заедно. Ете до толку е себична. После се пак не ја мразам, но следува нај жалното можно ли е да престанав да ја сакам? Сопствената мајка? ;( Јас навистина понекогаш како воопшто да немам никакви чувства према неа. Не посакувам ни да ја слушнам, ни да ја видам а уште помалку да ја бакнам и гушнам ;( ;( ;(
     
    На ana.ubavkata, heart.stealer и maca99 им се допаѓа ова.
  17. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    не вреди ништо... дури сега не вреди ништо! немам надеж јас веќе за добар однос повеќе од 1 ден со неа... сега ми фали татко ми, сега нема кој да ја запре!
     
  18. twisterworp

    twisterworp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    19

    слушни ме те молам имаш дечинја прво и прво не можиш да се труеш мисли на нив не мисли на мајка ти толку многу.децата се прв приоритет на секој родител.нормално јас не сум родител ама знам што би направил.сакала нејкела ке се пусти малку до псхихијатрија и 100 % ке се подобри сега колку како незнам али сигурно ке биде подобро.ти се мачиш со нејзината личност.и никогаш нема да станиш како неа и јас имам татко со нервно заболуванје и се плашев со цело срце и дуса да не станам како него.ама сега ги гледам разликите мегу мене и него и знам целосно дека неможам да станам како него проследено со фактот дека знам каков е тој и свесноста за самата положба во која се наогам ми кажува дека за секое дело ке размислам 2 пати пред да го направам.јас искрено мислам дека ти треба да одиш на психолог мн ке ти помогне.јас знам јас одев кога ги имавем најголемите проблеми во фамилијата и мн ми помогна.психологот е доктор за луге со нормални пореметуванја потескотии и депресии а ти имаш депресија ГОСПОД да ти е напомош.значи не земај лекови оди зборувај со психолог е подобро
     
  19. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Ozzy доколку сте во можност мора да посетува психолог.
    Според она што го кажа, мајка ти буквално цел живот собирала и собирала маки и некаде мора да и се прелие чашата.
    Не дека таа го сака тоа, не дека сака и вие да работите таква работа каква што таа работела, туку се случува и не може веќе да се помири со тие околности.
    А, како што рече Bise може да е пред се и до менопаузата, многу жени стануваат неподносливи како 10 пати послиен пмс.
    Се сеќавам тетка ми кога и почнуваше веќе менопаузата постојано плачеше и се жалеше на болки во главата,кај секој различно се манифестира.

    Не се откажувај Ози, не се разочарувај, едноставно седни направи муабет со мајка ти, кажи и каде греши, кажи и што ти пречи, најдете заедничко решение.
    Секоја мајка е слабак пред своите деца, а верувај ќе и текне после разговорот дека прави нешто погрешно и ќе гледа да се промени.
    Работете и двете на подобрување на взаемниот однос и да привикне некогаш преќути, ќе се подери и ќе и помине
     
  20. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Многу ме натаживте и навистина се соживувам со вас. Не знам што и колку можам да ве советувам, затоа што не сум запознаена со ваков или сличен случај во блиската околина. Колку ќе ви помогне не сум сигурна, но еве ви ја праќам целата моја љубов и поддршка на сите што ви е потребна и со ваков проблем. Се надевам дека се ќе се среди во најкраток можен период. Вие сите сте млади и целиот живот е пред вас, па ви посакувам среќен живот и успешна иднина ..
     
    На CoverGirl10 му/ѝ се допаѓа ова.