1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психолошки проблем кај мајка ми

Дискусија во 'Психологија' започната од OzzyAngel, 5 август 2010.

  1. portokalcemace

    portokalcemace Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    30
    и јас исто,само јас не се плашам од помислата дека не го сакам сопствениот татко,јас го мразам :swear: ]:)
     
    На feminagirl25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Оф се изнаплакав ко ги читав сите постови и во сите се пронајдов :(
    Еднаш имам пишано во друга тема,но оваа ми изгледа поссодветна. Иако е за псилошко проблем кај мајката,малце можеби ке ја утнам темата, но не најдов друга соодветна каде што би можела да пишувам.
    И двајцата мои родители се починати, мојот татко почина кога имав 10 години,а мајка ми 12. Од тогаш живеам со чичко ми и стрина ми,на кои што им сум бескрајно благодарна што ме примија во својот дом,образоваа,воспитаа. Но, откако починаа моите чичко ми многу се смена. Постојано некој му е крив околу него,постојано му сметаме ,вика по сите,научив да живеам со тоа,но некогаш е неподносливо. Пример кога ќе излезам со дечкото ке ми изнакажи еден куп погрдни зборој некогаш,а некогаш пак не. Се што ќе направам не е доволно,секогаш ништо не му е по мера,се мора да е како што тоја сака инаку ако е ке крени бунт.Не можам да ви го доловам тоа чувство кога некој постојано ти укажува дека не си доволно добар,дека си бескорисен дека седиш дома,кога јадиш нешто пример тост се трошеча струјата не било здраво не знам што, значи за се сум јас крива некогаш. Се чувствувам како да сум во затвор некогаш ми иди да заминам и никогаш повеќе да не се вратам.Во последно го игнорирам, но сепак боли го почитувам поради тоа што ми е втор татко и го сакам и е толку добар некогаш ,но некогаш чувствувам голема одбивност кон него. Среќа што секогаш можам да му кажам се на дечкото и да ме сослуша и што тука е за мене инаку до сега ке скренев.
     
  3. portokalcemace

    portokalcemace Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    30
    ILIPILI навистина ми е жал што твоите родителу се починати,но тоа е животот,не знајш што може да ти донесе ;(
    е сега за стрико ти:потрудисе да не влегуваш во конфликти со него,како прво него му е тешко за загубата на неговиот брат и снаа
    е сега не знам како стои финансиски али ако има свои деца тогаш има и зошто да се нервира.не е лесно да се одгледуваат деца.треба за се да мисли,за школо,за облекување итн
    во денешно време е стварно тешко.треба да мисли за тебе за свадба (боже здравје) за јадење,пиење,исто и за своите деца.
    јас мислам дека не треба многу да се секираш околу тоа само биди претпазлива и не се карај со него.има за се решение,со муабет се се решава ;) :*
     
    На feminagirl25 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Го разбирам целосно јас него како му е дури и се смеам кога ми е тешко за да не забележи како ми е и не се карам со него,ми е страм да му возвратам,а камоли карам, финансиската состојба е ок веке сите имаме завршено факултет, но некогаш е неподнослив,не можам да ти опишам како се чувствувам
     
  5. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Мојата мајка не е најлошата во никој случај, но не е ни најдобрата мајка на светот.
    Таа едноставно, не знае да ја искаже љубовта кон мене. Никогаш не ни знаела.
    Затоа не комуницираме многу. Секој муабет кратко ни трае, површински што се вика, или пак најчесто завршува со карање. Шти ми вреди мене кога ми пегла, готви и се тоа, кога јас воопшто не чувствувам ништо кон неа? Што ми вреди тоа, кога никогаш не разговарала со мене како кон ќерка, која треба да ја советува не само за учење, туку и за се друго во животот?
    Дури и кога сака да ми укаже на нешто, она тоа го прави со дерење, што мене секогаш ме нервира и најнормално избувнувам. Секогаш е нервозна, не прифаќа никаква шега, никакво зезање, строга е.
    Никогаш не знаела со убаво да ме утеши. Кога ќе каже некоја девојка дека мајка и и е најдобра пријателка, јас не знам ни како изгледа тоа, оти никогаш не сум и кажувала ништо што чувствувам.

    Кога ќе се изнервира пак е најлошо. Е тогаш пола саат можам да слушам глупости и се остало. Иако сега имам 20 год. се случуваше пред некој месец и шамар да си изедам.
    Немам зборено никому за ова, освен на феминава што сум пишувала и на дечко ми што му се имам исповедано. Тој ме прекорува дека сум мн нервозна, и тоа е точно, јас се нервирам за се и за сешто, али тој не знае како е да живееш со таков човек. Штом живееш со некој таков 20 години, нормално дека и ти ќе станеш ко него. Неговата мајка е супер, го подржува иако некад и не го заслужува тоа, па нормално дека не може да ме сфати мене како ми е.

    Јас само се надевам дека нема таа нервозата и мене цел живот да ме прати и ќе научам да ја контролирам, а исто така, и се надевам дека ќе им бидам мн подобра мајка на моите деца некој ден. :)
     
  6. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    59
    Се замислив малку кога ги читав постовиве.На моменти кога сум изнервирана,се прашувам зашто токму јас имам ваков живот?Но,кога ќе видам,луѓе без мајка/татко живеат или пак со живи родители,ама исто како да ги нема.Сваќам дека јас имам живот за каков што многу лѓе сонуваат да имаат.Имам родители, здрави прави (фала богу),имам покрив над глава,имам се што ми е потребно за добар живот.После ова,незнам дали уште еднаш ќе се прашувам зашто токму јас имам ваков живот.

    И...навистина ми е жал за сите оние со родители со психички проблеми или во најлош случај,без родители.Но тоа е,субина.Суров е животот и никогаш незнаеш што може да ти донесе... :hug:
     
  7. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24


    Се пронајдов и јас овде , но кај мене проблемот е можеби и по лош, и мајка ми ме нервира , си фатила свој пат.. татко алкохоличар .. нема убави моменти , со години немаме јадено заедно , постојано само караници , и јас по цел ден не се враќам дома , не ми се влегува дома , знам што ме очекува , нервите ми попуштија а имам само 20 години , постојано му се исповедам на дечко ми , кутриот и тој како ме поднесува не знам ;( ;(
     
  8. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    никој човек не рекол еве јас имам прекрасен живот!!! све не сме си задоволни со животиве што ги имаме и да ни се исполни некоја желба пак све нешто ќе ни фали човечко око ненаситно,биди задоволен и цени го тоа што го имаш моментално,секој ден буди се со многу надеж во себе верувај тоа ќе не направи посилни и по амбициозни за остварување на нашата цел во животот ,тоа е исто како да живееш на картон а сонуваш за куќа палата изгледа мошне неостварливо но тој што верува и се надева за него е остварливо :) мене надежта ми дава позитивна енергија секој ден, извинете на оф топик јас само се надоврзав со ана.убавката и мојата мајка се поремети по разводот стана себична никој не гледа и никој не ја интересира си има еден и со него се бафтосува |( а кај мене не дошла со месеци да ги види внучињата моите деца баба незнаат што е :( а и не ми ни се јавува за жал со тек на време го тгнав на страна овој проблем и све повеќе се обидував да заборавам и ете сеа ми е полесно и толку не се ни секирам се одалечив едноставно не ја чуствувам како мајка ама знам дека ќе дојде денот кога ќе и завршат лудориите во главата ама тогаш касно ќе биде :envy:
     
  9. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Одамна немам пишувано на темава. Впрочем, две години, а за сето тоа време ништо не се смени, само оди од лошо кон полошо. Секоја надеж за подобро утре во нашиот „дом“ тоне во вода. Татко ми е тежок пијаница, што е одлучен да се уништи и себеси, и нас. Го чувствувам како туѓинец, по сите кавги, психички малтретирања од негова страна, немаме никаков однос. Престана и финансиски да не не подржува веќе, ама и такви пари до душа не ми ни требаат - ако ти дал 500 денари, цела година ќе ти зборува за нив. Да се здрави и живи мајка ми и баба ми кои не издржуваат. Посебно во овие години, кога со сестра ми студираме, кога пари за нас тој нема, а за ракија има.
    Еден најдобронамерен совет до сите истомаченички на форумот. Не дозволувајте ваквите проблеми да влијаат на вашата психа! Помирете се дека вашиот родител е таков, а потрудете се сето тоа да не се одрази на вас самите. И што е најважно, не се срамете, ако некој треба да се срами, тоа сигурно не сме ние!
     
    На S.W.A.G, Maya3112, mime87 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Неможам повеќе :@
    Ве молам луѓе помагајте, наоѓајте чаре, било што неможам веќе...
    Вчера мајка ми виде една слика каде што сум сликана со неколку другари...ПОЛУДЕ ЖЕНАНА, ПОЛУДЕ!
    Чудо големо една слика!!!
    Ајде тоа, туку му кажа и на татко ми и тоа не онака како што е туку 100 пати преовеличено и и тој ПОЛУДЕ :@
    ЗОШТООООО?
    Значи вака да се разбериме:
    - НИКОГАШ во животов не сум имала дечко ниту сум се плеткала со некој НИШТО ЗНАЧИ НИШТО!
    - Од прво одделение па навака ги имам сите 5, НИКОГАШ не сум донела дома нешто подолу од 5!
    - НИКОГАШ не сум пушела цигари, не сум пиела алкохол, ниту сум се дрогирала!
    - НИКОГАШ не сум барала премногу пари зошто знам каква ни е ситуацијата и задоволна сум со помалку!
    И покрај сето тоа, јас пак сум: УЛИЧАРКА, НАРКОМАНКА, МЕНТАЛНА, ЕДИНИЧАР, КУРВА, НАЈЛОШО ДЕТЕ НА СВЕТОТ. Да, да ова се зборовите на мајка ми.
    И сега неможам да излезам од дома заради сликата, заради една обична слика со тројца другари |(
    Сега некој ќе речат седни разговарај со неа... :^) Епа ајде ве молам објаснете ми КАКО?
     
  11. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Не можеш да разговараш со неа затоа што во нивните очи си премногу мала. Плус тоа знаат дека сега си во пубертет и дека ти е најкритичен период па пробуваат као да те однесат на прав пат, а очигледно го заборавиле најважното правило. Колку повеќе ти бранат сега, толку повеќе глупости ќе направиш кога ќе имаш било каква слобода. Очигледно се многу старомодни чим не ти дозволуваат да имаш машки другари, а може и се свесни во какво време живееме. Сега на 15 години веќе се мајки, или имаат поголемо сексуално искуство од мене на 21.
    Така да од една страна имаш право да се лутиш, а од друга мораш да сфатиш дека времево е ужасно и родителите не знаат веќе како да си ги заштитат децата. А друг пат кога ќе те наречат од дома курва излези и не се враќај 3-4 саати нека им дојде малце памет дека сопственото дете со такви зборови никогаш не смеат да го навредуваат. А може и ти во нервоза сега малце ја преувеличуваш работата :) КОлку и да ти вријат бубачки во главата не заборавај дека си во пубертет и се што ти се чини најлошо на свет уствари не е ништо трагично, али такви ти се годините.
     
    На Justice.Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    Те разбирам во целост како се осекаш,и јас го имам поминато истото во тинејџерските денови.И јас сум се распраавала со мајка ми ,не ми давала да излегувам до касно и често,за школо сум расправа просто кажано имало денови кога сме сакале ножеви да извадиме и да се поколеме од дома.Во тие денови сум и била љута и грубо кажано сум ја мразела што така ми правела кога сум гледала како другите шетаат а јас сум седела дома,но како поминаа годините сфатив дека она тоа го правела од страв.Како што кажа феминката над мене живееме во едно лудо време кога не се знае кој јаде кој пие.Малолетни деца од 8мо одд изгледаат ко девојки од 25 години ,почнуваат со сексулани односи уште на 15 год и менуваат партнери ко гаки што менуваат,се пијанчат и се дрогираат и што уште не.Па можеш да замислиш како им е на родителите покрај ваков пореметен свет да се трудат нас да не истераат на прав пат.И јас никогаш не сум правела такви глупости па ете сум имала ограничувања од дома,и сум се расправала со моите ради тоа како сите нешто прават само мене ми е се збрането.Мој совет ти е да пробаш да ги сфатиш и нив како им е ,знам дека во пубертет тоа е тешко,но ете нареден пат кога за нешто ке ти пререче мајка ти ,ти не се расправај него мирно прашај ја -Мамо зашто така мислиш,зарем толку немаш доверба во мене и сл.?Со тек на време ке видат и твоите дека си паметно дете и дека не си извеаница ко останатите па ке почнат повеке да ти допуштаат и да имаат доверба во тебе.Барем кај мене така беше. :)
     
  13. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски

    Не сакам да те разочарувам, но ситуацијата нема да ја промениш. Јас го трпам истото сеуште, мажена сум, а уште го трпам, со таа разлика што јас курва станав многу порано од тебе на 10 години, кога ми дојдоа другари од одделение на роденден, само среќа јас тогаш не знаев што значи тој збор. Девојче, јас завршив факултет (математика) со просек 9.86, заработувам од 18 години и ги давав сите пари до денар, ама пак не вредев и пак бев курва, наркоманка, идиот и таму незнам што. Се омажив, ми се случи здравствен проблем (фиброаденом на градата) она не ме ни погледна, ми рече дека сум била безобразна и затоа ми се случило ова. Сега одам на психијатар и патам од анксиозно депресивно невротско пореметување, заради преголеми стресови, пијам седативи, а таа не ми дојде ни на свадба ни ми се јави ни ништо. Затоа, не мешајте пубертет кај детето, климакс кај мајката и таму други работи. Уште си мала, издржи додека да завршиш школо и не ја прави мојата грешка, вработи се и бегај, зашто кога ќе заработиш пари ќе ти биде уште потешко, тогаш мајка ми престна да се контролира. Не сакам јавно да пишува што се ми правеше, а ако ти треба совет пиши ми во ЛП.
     
  14. MraFce

    MraFce Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.562
    Пол:
    Женски
    Докторот си е добар ама не знам дали ќе можеш баш кај него да закажеш.
     
  16. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    Истото ми се случува и мене.. Од кога паметам за себе е таков, се сеќавам на моменти на коишто не сакам да се сеќавам (како ја удира мајка ми, како психички ја малтретира) и се осеќам гадно и глупо кога гледам како таа пропаѓа а јас не можам да помогнам бидејќи не сум финансиски способна, уште сум студент.. Ме има навредувано со секакви зборови, и не само мене туку сите дома... Мисли дека парите коишто ни ги дава ќе ни ја вратат љубовта и почитта кон него..
     
  17. Arla

    Arla Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2019
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Јас би искоментирала само едно нешто на темава: најтешко е кога детето пати поради неиживеаноста на родителите. :)
    Сум имала проблеми и од двете страни,ама луѓе чувајте ги и сакајте ги,сигурно има причина зошто се такви, но не ја покажуваат можеби. Јас да можам времето би го вратила само да видам дека татко ми ме бара.
     
  18. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Мојата мајка беше многу лоша. Отсекогаш ме казнуваше,имаше лош пристап кон мене, се што правев беше недоволно, постојано викаше по мене , ниту еднаш не направивме смирен муабет. Таков и беше карактерот. Потоа се лечеше од рак и беше уште полоша, ми влегуваше во соба и кога ќе видеше малку расфрлено ми го отвараше плакарот и се што имав ми истураше на подот за да средам одново, кога се враќаше од работа спиеше по 10 саати и не смеевме да ја будиме бидејќи ќе беше уште полошо. Еднаш ме имаше влечено за коса и ме турна по скали бидејќи сум имала дечко кој не бил за мене.. Греота е да кажам вака, ја сакав иако беше лоша, но откако почина мене животот ми е полесен... Паметам дека постојано барав некој излез од дома бидејќи не сакав да се чувствувам постојано дека сум под притисок. За разлика од неа, татко ми е прекрасен човек.. И не не се опуштив, не почнав да правам глупости кога останав само со татко ми. Иако е попустлив и смирен човек јас се трудам дс го поштедам од нервози.. Верувајте тешко беше и се уште имам последици од детството.. Самодовербата ми е на нула,сум трпела се од дечковци и пријатели кои лошо се однесувале мислејќи дека тоа е добро бидејќи сум го видела лошото од дома.. Ме уништи како личност...