Јас сум 8 одделение и имам проблеми со неколку наставници. Физика и хемија одговарам за 5 а тие ми ставаат 4 и ми велат како да не сум заслузувала за 5 и се понашаат со мене како да сум една обична НУЛА! Кога им кажувам на родителите и тие го велат истото дека не сум била доволно спремна. Цело време плачам и оваа е веќе неподнасливо. Денеска физика ми ставија 4 а јас заслузив за 10 а не за 5 ПОМОС ве молам
Прашај ги професорите зашто ти ставаат помала оцена и каде си згрешила во одговорите.Види што ке ти кажат.Ако не си задоволна од нивниот одговор оди кај директорот и објасни му ја ситуацијата,па ако треба и си толку сигурна во себе дека знаеш повеке а си неправнилно оценета кажи му да дојде да присуствува на наредното испрашување и пред него одговарај.
Изблефирај. Кажи им дека ке викнеш комисија и дека ке ги пријавиш. Истото и на класниот раководител кажи му го.
Јас имав ваков проблем, наставникот по физичко нејќеше да ми пише 5ка по физичко, ај да му беше изговорот не вежбаш па да го разберам, ама изговорот му беше дека не сум знаела да играм пајдушко, а јас одев на играорна од 6 години. Нејсе, 4 години ми ставаше 4ка, после откако се запишав во средно се сретнав еднаш со него, беше со други наставници и со дедо ми кој ми беше наставник по Француски, со сите се поздравив со него не се поздравив и ми препрече, јас се свртев и му кажав дека не заслужил да го поздравам, дека е нула од наставник и дека цел живот на душа ќе си го носи кутрото животно кое го убил. Инаку тоа животно била причината поради која нејќеше да ми стави 5ка, татко му бил сведок на тој настан и поради тоа ме малтретираше. Многу лошо од моја страна но ужасно го извреѓав, му изнареков се и сешто, и човекот сирот мислам дека да можеше во земја ќе пропаднеше. Добив подршка од сите наставници кои беа околу, никој не ме сопре, ама сите ја знаеа состојбата. Е сега со мојот совет, ако си сигурна во твоето знаење, оди кај класниот или кај некој поодговорен, кажи им ја ситуацијата и кажи им дека сакаш да одговараш пред комисија, па макар и да се работи за обична оценка за тромесечје, биди упорна, нека увиди дека не се шегуваш, училиштето е должно да ја повика комисијата составена од други наставници доколку наставникот не сака да ти пише реална оценка. Наставникот нема да може да одрече пред другите. А ако не сакаш да биде до толку голема, оди кај класниот и кажи му да дојде на час додека одговараш, кажи му дека и покрај твоето знаење наставникот не сака да ти пише 5ка и дека сакаш да ја добиеш неговата подршка, а тој ако е добар наставник ќе ти излезе во пресрет, ќе ти помогне. На крајот на краиштата биди упорна, секој час кревај да ја “поправи“ таа 4ка, нема да може да те одбие да одговараш кога си упорна и го знаеш материјалот.
Како што те посоветува и Ангел оф Арх и јас ќе ти кажам.Станувај секој час,се што ќе те праша биди спремна не еден туку два одговори дури ако треба да му дадеш.Доколку и така не сака да ти пиши петка кажи му дека сакаш да полагаш пред комисија,го имаш тоа право.Кажи му и на класниот раководител дека имаш проблеми со тој професор и дека не се чувствуваш добро околу тоа прашање.Не дозволувај да те омаловажува никој и имај самодоверба во себеси,биди упорна и цврста во својот став,па ќе видиш како ќе се сменат нештата.
Постојано биди активна,ако знаеш се што ќе те праша,нема право да ти стави помала оценка од 5.Но ако тоа не помогне,пожали се кај класниот раководител,ако треба и кај директорот.А ако родителите не ти веруваат дека наставникот греши,тогаш натерај ги да те испрашаат,докажи им дека знаеш,ако треба и тие да превземат нешто.
Мој совет е да се обратиш кај педагог/психолог, зборувај со нив, објасни им што ти се случило, без драми. Тие имаат надлежност да дојдат на контрола на час, доколку не успеат да ги убедат наставниците дека заслужуваш 5. Без закани или драми, зашто ќе постигнеш контра ефект.
Прво одговарај пред родителите т.е. тие нека те испрашаат за да се уверат дека доволно си спремна. Ако ја имаш од нив подршката ќе ја добиеш и заштитата пред наставниците. Потоа ако пак ти стават помала оцена со се` родителите кај наставникот и директорот. Барај да полагаш пред комисија, тоа е твое право. Во прва год. средно мене ме малтретираше проф. по биологија, сите ми беа 5-ки, само тој ми ставаше 4 или 3-ка за инает, едноставно не му бев симпатична, ваљда Фино лепо си го викнав татко ми, тој си направи муабет и со проф. и со класната и да видиш како се смени одма односот на проф. кон мене. Сепак за инает ме остави на 9 јуни да одговарам се` што сме учеле од полугодие до крај на година сите лекции за да ми стави 5-ка. И да додадам и дека ме обрука и изруга пред цел клас дека сум плачела на тато Ама ако, јас само си се насмевнав и продолжив да учам. Веќе наредната година односот и те како му беше сменет. До душа и јас секој час бев активна, однапред ги учев лекциите иако не беа предавани за да му докажам дека учам, а не дека сум лигла која плаче и се жали на татичко. Со среќа и само храбро. Викаат плаче и се жали само оној кој не знае и не е сигурен во себе, докажи им на сите дека знаеш
Прво на мене дома кога е за школо секогаш ми веруваат од причина што не лажам на таа тема... е сега јас имав сличен проблем со англиски тестови,писмени,диктати маставни со сите бодови и несака да ми ставе 3..еден час станав и ја прашав што ќе имам и таа кажа 3 и ајс кажав да одговарам со некоја 5 т.е. и двете да не изпрашува и кој нема да направи грешка да има 5 а кој ќе направи 3 и ајде јас и нејзината миленичка внуката и излеговме и таа е направила катастрофални грешки...и на крајот пошто вети морање да ми ставе 5 на мене а на неа 3 и не и беше мило....а ако сакаш полесен начин можеш да блефираш дека ќе викнеш комисија прво кажи на класниот на класен час а ако и почекај на видиш наредниот час ако пак ти е истата оценка кажи и во лице али не ако учтиво туку онака малку кажи го изнервирано...
во првите 2-3 години од средно школо ми беа пекол,значи во прва година професорката по хемија ме фати како препишувам на тест и од тогаш како да ме замрази и не поминуваше час без таа да не ме спомне и да не ме понижи пред сите,бев многу искомплексирана заради неа,ми беше дури страв од неа,а на класната не и кажував ништо,бев премногу срамежлива,а и таа самата беше преарогантна,ја сретнав пред некој ден професорката и ни здравоо ни добар ден не и реков,се свртев на другата страна,не заслужува
Јас знам една пријателка од Куманово учеше во Скопје беше уценувана од професор прифати да има секс за отценка и не пријави
Shto?!!!! A zoshto bila ucenuvana?! Prijavi ti ako go znaesh profesorot. Uzhas....... Da ne se navredat dobrite nastavnici, no sekakva budala mozhe da bide nastavnik...
Кај мене па обратно. У основно ниеден наставник не ми се погоди. Додека пак у средно професорите со мене се однесуваа како со свое дете.