Психолошко семејно насилство

Дискусија во 'Психологија' започната од Kitasato, 23 ноември 2012.

  1. Kitasato

    Kitasato Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Машко сум, студент. Жртва сум на психолошко семејно насилство. Родителите ми се од работничка класа, измачени, слабо платени. Не се задоволни од економската ситуација, нервозни. Татко ми е премногу затворен во себе, а мајка ми е премногу нападна. Секој ден кога ќе си дојде од работа почнува да се жали од мачниот работен ден, меѓутоа премногу е гласна и агресивна во објаснувањето и јас тоа не можам да го поднесам. Цел ден што ја трпела шефицата над глава кога ќе си дојде нас дома ни се истура, значи секојдневно го слушам истото "таа мене ќе ми ги дава најтешките операции, на нејзините пријателки може секој ден да им дава полесна работа, а мене, зошто јас секогаш на стара машина, пак денес ме изнерира колешката до мене, ми ја земала мојата нова ножица, јас денес пак седев на скршен стол", и секојдневно ова го слушам. Сите си имаме лични проблеми, па не се истураме на некој што не е виновен за тој проблем. А татко ми кога е изнервиран, само молчи и тешко се издишува, веднаш знам дека не е нешто во ред со него. Многу ретко ги гледам насмеани. Мајка ми кога развикува низ дома ако и речам дека ми смета тоа, таа само ќе ми рече "со татко ти разговарам , тебе ништо не ти реков", и во тој момент збеснувам. Значи не можам да и објаснам дека не му зборува само на татко ми туку дека сите што сме во соба ја слушаме и ја трпиме. Јас ако го повишам тонот и таа веднаш почнува да се расправа со мене, ако види дека јас ја надвладувам во зборувањето веднаш почнува да плаче, како да ние сме ја малтретирале, таа на никого не му дозволува да ја искритикува. Кога ќе и кажам нешто дека ми смета или дека тоа не е убаво да го прави таа веднаш се лути и тоа го сваќа како навреда, бега во друга соба, или почнува да плаче. Највеќе ми е криво затоа што имам еден другар кој што се наоѓаат неговите родители во слична состојба како и моите, ама мајка му кога ќе си дојде од работа го гушка и го бакнува, како да син и кога ќе го види добива позитивна енергија и заборава на напорниот работен ден, му се обраќа со "сине, мило, златен на мајка, итн...", а мојата мајка кога ќе си дојде од работа е намуртена и само ќе ми рече "изнервирана сум, ми треба тишина", а таа е таа што ја убива тишината. Никогаш не сум успеал нешто да и докажам затоа што таа не сака да ислуша и многу се нервирам, ги губам живците. Значи со текот на времето се понервозен и понервозен станувам. Од мал бев многу паметно и ведро дете, во основно бев најдобар ученик во класот, меѓутоа почнав да "пропаѓам", се чувствувам дека со текот на времето нервозата ми го јаде паметот. После секоја расправија со мајка ми јас живците неможам да си ги контролирам, излегувам од соба, мавам тупаници по ѕидовите, неможам да заплачам туку испуштам некои крици и гласно бревтам. Понекогаш ми вика "што ти фали, гладен да не си, да не ти студи, да не немаш облека, што сакаш повеќе од нас", како да јас сум домашно милениче, а не човек, неможе да разбере дека родителот најважно е како му влијае на своето дете да изгради карактер. Таа никогаш за некој проблем не сака да си направи анализа каде таа згрешила, дали таа е виновникот за тоа што се случило, туку едноставно за секој проблем таа наоѓа субјект којшто е причинител. Се однесува како да сите околу нејзе работат против неа и дека сите ја мразат, како да никој нема попаметна работа од тоа да нејзе и наштетува. Ние не бевме вакво семејство до пред 10-тина години кога татко ми ја загуби добро платената и лесна работа. Се затвори фабриката каде што работеше и во семејството наше надвладеја песимизам, сивило, депресија, безнадежност. После секоја тешка расправија наредниот ден мајка ми е премногу љубезна и ми зборува како ние можеме да бидеме среќно семејство, потивка е некое време, меѓутоа на секои 4-5 месеци избива по една тешка расправија. Неможам повеќе да трпам, понекогаш размислувам да се обратам кај психолог, ама се плашам што ако мајка ми заврши во лудница. Или пак мене ако ми препишат некоја терапија со која што ќе треба да пијам лекови со кои што ќе несмеам да возам, да ми ја одземат возачката, или да немам право да работам на секое работно место. И од татко ми многу се нервирам затоа што е многу наивен, понекогаш му викам да превземе ситуација меѓутоа не сака. Тој никогаш не и се спротивставува, никогаш не навлегува во расправија, а и многу и помага во домашните работи. Значи профилот го направив само поради тоа да си ги искажам маките и да ме упатите какви мерки да превземам. Сметам дека овој форум е најкомпетентен за мојов случај.
     
  2. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    1.010
    Мојот најголем проблем

    Добро утро!

    Го прочитав твојот пост, и да ти кажам искрено и јас имав еден таков период, кога мајка ми се враќаше некогаш нервозна, а некогаш расплакана од работа. Искрено да ти кажам не можеш ништо да направиш. Или треба да ја смени работата, или шефицата да и ја сменат, трето нема. Единствено што можам да ти советувам е да не се расправаш воопшто со неа. Ако можеш дури, излези од дома во времето кога таа се враќа од работа. Таа мора некаде да се испразни. Каде ако не дома? Замисли се на нејзино место? Цел ден се нервирала, но морала да ќути за да ја задржи работата, се бори за егзистенција. А во Македонија баш и нема работа на секој чекор, па за да може да и се спротивстави на шефицата. Знам дека ти е тешко да ја слушаш секој ден истата приказна, но неопходно е некој да ја ислуша. Кога веќе татко ти е дома, ти излези непосредно пред да се врати таа од работа. Врати се по еден или два часа, до тогаш таа сигурно ќе се смири. Нејзе и треба поддршка, а не некој да и се спротивставува. Знам дека е тешко, но ќе помине.
    Во мојот случај, мајка ми по долги години имаше среќа да и‘ ја сменат шефицата, но потоа дојдоа на ред болките (не е таа виновна што цел живот и бил тежок и уште на млади години се‘ ја боли), а сега кога е дома - на дневен ред е татко ми. Постојано ми се жали од него: ваков бил, таков бил, вака и рекол, така и рекол... а тој не е така лош човек, малку е понечувствителен и навистина има остар јазик, ама тоа не е од сега- од секогаш!
    Сакам да ти кажам денес е шефицата, утре ќе е нешто друго. Во суштина проблемот се парите и егзистенцијата. Кога би ги имале доволно, секој би живеел како сака и не би морал да трпи некого.
     
    На LittlePinky и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.069
    Мојот најголем проблем

    Tешко е да ги гледаш родителите во светло во какво што можеби никогаш не си очекувал да ги видиш, им ги знаеш проблемите и сакаш да се однесуваат како возрасни и да ги решеваат на еден нормален начин или барем да се помират и да не прават секојдневни драми од нив...но ете попуштиле нерви, се нема волја за борба, се чувствуваат немоќно а бесот и фрустрациите некаде мора да избијат, дали преку викање, дали преку повлекување во себе и апатичност...
    Што можеш ти да направиш? Сигурно не да им додаваш сол на рана, да ги потсетуваш дека се лоши родители, дека си тотално разочаран од нив надевајќи се дека така ќе ги свестиш за грешките што ги прават...Пробувај со смирен разговор, пробај да внесеш ти некоја позитивна атмосфера дома, не се опседнувај многу со расправиите дома бидејќи тие расправии секогаш потешки изгледаат за децата отколку за родителите што се караат...тоа им е издувен вентил и немој многу да си ставаш при срце...
    Гледај си ги твоите работи-школо, дружба, хоби...од нив не барај финансиски повеќе од колку што имаат да ти дадат, ако е криза тогаш намали и ти со барањата, и во ред е некогаш да влезеш во расправија со нив и да си кажеш што имаш но прави го тоа со ладна глава...
    Тие ќе си го тераат нивното како знаат и умеат, ти еден ден ќе се одделиш и ќе станеш свој човек а за тоа ти требаат здрави нерви, затоа чувај си ги и не им се мешај во секоја расправија...
     
    На CoCoGiiiRL му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    Мојот најголем проблем

    Тоа е еден вид ланец од истресување! Значи, шефицата се истресувала на мајка ти заради тоа што нејзиниот шеф или шефица се истресела врз неа, мајка ти дома се истресела на тебе и татко ти бидејки нејзе шефицата и се истресела на нејзе, значи за да немаш проблем едноставно истреси се на некого, а ако не сакаш на некого да повредиш, едноставно влези во веќе формираната тема на фемина ИСПУКАЈ СЕ, па наиши се што ти лежи на душата, пишувај секогаш кога ќе имаш потреба и верувај полесно ќе се чувствуваш! :D Искрено делува! :!:
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.971
    Допаѓања:
    5.428
    Мојот најголем проблем

    Вакви стуации ме полнат мене со нервоза, имам доволно за 5 животи. Татко ми е физички работник, а мајка ми домаќинка. Кога создаваат таква атмосфера, кога ќе почна татко ми да кажува дека дека функционери имале високи плати, администрација, а рботниците неамел, мис е смачува. Истото милион пати го кажал, а не се потрудил цел живот да смени фирма, да замине во странство, да се доквалификува. Епа сега кој како се снашол така ќе живее. Тој само се жали, а во основа сам си е крив. А кога ќе видам луѓе си ај анредиле работата, си бил мажот во странство, се вратил пари ан сметка, камата зема, дуќан или стан дава под кирија, си зема редовна плата, не се мали многу и фино им е на лужето, карање нема. Ама кога ќе му се укаже прилика на човек да дојде до пари треба да ги вложи паметно, инаку џабе. Или сега на 50 год татко ми не може фирма да менува, кој ќе го земе. За тоа се мсили на време, иако животот не може до детали да се испланира.
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.971
    Допаѓања:
    5.428
    Мојот најголем проблем

    Гледај да завршиш факултет, да си најдеш работа и да не те мачат вакви проблеми. ЈАс сма кога почнав да си заработувам мислам дека нов живот почнав. А сум одела на факс со 2 пара панталони, сега имам полн плакар, ама ете се борам некако. Луѓето од страна немаат осет, и мене во средно другарка ми викаше - еејј па ти само два пара фармерки емнауваш, ама тоа е , животот е тркало. Таа од богато0 семејство работи во фабрика, јас сум на многу подобра позиција.
     
  7. nepoznata33

    nepoznata33 Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    Мојот најголем проблем

    Обрати се кај психијатар не можат да ти забранат да работиш,ниту да возиш ништо.Ова ти го кажувам од искуство бидејќи мајка ми имаше тројно растројство и го доби стартелството над три деца кои се малолетни од 6,11 и 13 години.И излегувај на прошетки,медитирај,пишувај дневник,зборувај самиот со себе и се разбира труди се да учиш и да се вработиш негде па да се преселиш од кај твоите.
     
  8. jasminka-mikus

    jasminka-mikus Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    22
    psihicko nasilstvo

    sto mislite za psihickoto nasilstvo vo brakot?dali mozebi nekoja od vas doziveala ili dozivuva vakov vid na nasilstvo?dali postoi izlez od ovaa situacija bez da se raspadne brakot?procitav mnogu raboti na internet za psihicko nasilstvo i sekade pisuva deka vo nikoj slucaj ne treba da se trpi zosto podocna se odrazuva na psihickoto zdravje,najcesto ovie luge stradaat od depresija a nekoi od niv duri posegnuvaat po sopstveniot zivot zosto ne mozat da trpat...a ima i hrabri zeni koi koga ke vidat deka nema izlez i nisto ne moze da go promeni partnerot ednostavno si zaminuvaat...sto mislite vie?
     
  9. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.821
    Допаѓања:
    5.136
    Пол:
    Женски
    psihicko nasilstvo

    За мајка ми можам да кажам дека преживеала психичко насилство и тоа се одрази ан нејзиното здравје.
    Не е лесно да живееш на тој начин.
    Скоро една жена изврши самоубиство баш поради оваа причина.
    Сега зависи која е причината за тоа насиллство, зошто мажот го прави тоа но мислам дека треба да се собере сила и да се напушти ваквиот брак.
     
  10. blackduplicate

    blackduplicate Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Vidi decko, jas isto se slozuvam so povekjeto - izbegnuvaj go vreme koga si doagja majka ti (iako toa ne e trajno resenie), ova se kje vlijae na tebe najmnogu zasto ti ja trosi voljata i nadesta za podobro utre, jas ziveev vo semejstvo i so psihicko i so fizicko nasilstvo (iako sekogas go izvlekuvav najtenkiot kraj - sekogas posledna si go dobivav), ama samiot fakt deka toa go gledas i cuvstvuvas ti gi tenci zivcite koi za vo idnina za sebe i tvoeto semejtsvo sto kje go osnovas mnogu kje ti trebaat. Iako jas ne uspeav da najdam nekoj sto kje me natera da si go smenam mislenjeto za zivotot, iskreno se nadevam deka ti toa kje go dozivees i kje ja pocuvstvuvas ubavinata na zivotot. Spored mene psihickata tortura vlijae mnogu povekje na licnosta otkolku fizickata zatoa izbegnuvaj dur da avrsis fakultet, najdi si rabota i kje se preporodis :) pozdrav
     
  11. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    3.415
    Не е само недостатокот на пари причина за овој вид насилство, туку има и спротивни случаеви.
    Навидум се среќно семејство.Имаат речиси се.Но тој е психички болен и ретко кој го гледа тоа.
    Постојано е намуртен, лут,полн со омраза кон луѓето,со презир гледа кон секого,упатува навредливи зборови,си го малтретира семејството без потреба и сите ги критикува.Никогаш не се смее, а постојано е во контакт со луѓе.Полека но сигурно ќе му пропадне бизнисот од таа негова особина, зошто постојано е со клиенти и сака практично да го молат, да трчаат по него буквално.
    За жал луѓето го толерираат само затоа што е богат.

    Жално е и трагично како се однесува со членови на семејството во присуство на други луѓе.
    Што ли се случува кога нема никој?
    Има зборови кои болат повеќе и од тупаница.Има постапќи од кои би требало да се запраша човек?
    Дали парите го претвориле во толкаво чудовиште или тој едноставно е таков?
    И она најважното прашање.
    Има ли лек за ваквите нелуѓе?
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.434
    Допаѓања:
    3.072
    Има, се вика психотерапија. Психотерапијата може да биде групна (на пр. семејна) или поединечна (разговор во 4 очи со психотерапвтот) Проблемот е што тој „лек„ дејствува само доколку поединецот доброволно сака да го започне тој процес на работење врз себе си. Неретко таквите луѓе сметаат дека другите имаат проблем а не тие самите.

    Сепак, доколку оние другите т.е. неговиот потесен круг појде на психотерапија, ќе научи со тек на време како правилно да изградат позитивен одбрамбен механизам и го намалат негативното дејство на другиот колку што год тоа е можно под дадените животни услови.
     
  13. pink1991

    pink1991 Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    4
    Според мене ова е потеЖок вид на насилство отколку физичкото насилство. Со ваквите луге не се излегува на крај побрзо тие ке те натераат да одиш на психолог отколку тие што ке појдат. Не се издрЖува секојдневниот прритисок во секој момент треба да си спрмен да ги дочекуваш нивните зборови. Прво ке се испокара со сите роднини зошто тие се глупави ии некоорисни да нема кај да отидеш и кој да ти дојде. Второ ако одиш на работа ке те натерра да не одиш бидејки нема потреба од твооите пари потоа секој денар што ти го дава ке ти го вади низ нос. Трето ке го избркаат од работа зоштоо и таму е неподноослив. За Жал ова е реалноста многу тешка со вакви луге. Не се издрЖува веке ПСИХОПАТИИИИ ;(
     
    На мишелџ. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.184
    Кажете каде може да се пријави човек што психички не малтретира сите во семејството? Се работи за човек со кој делиме ист двор. Џабе е големиот двор кога не сме салам излезени онака да си испиеш едно кафе. А те види надвор одма излегува и почнува секако да зборува со секакви погрдни зборови кои не вознемируваат сите и ни ствара стресови, па после заради него моите дома се расправаат. Не ми се верува дека го трпиме повеќе од 20 години психички не оболи, најмногу мајками се нервира. Навечер ми е страв да си влезам во сопствениот двор. Секако не навредува и плус се Заканува. Тој е психички пореметена личност ама не дозволувам повеќе и нас да ни го нарушува здравјето и мирот.
    И што превзема институцијата потоа? Не само да го пријавиме а тие да си спијат на уши :fubar:
    и пак истата песна да ја трпиме.. И дали треба докази И сведоци?
     
  15. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    1.513
    Џабе е психотерапијата кога нема слога,ни елан за да се отиде на неа.
    Ти кажувам бидејќи потекнувам од такво семејство.
     
  16. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.275
    Пол:
    Женски
    Мајка ми во бракот беше изложена и на двата типа искрено...
    Сега и ние децата дојдовме до тој степен.Психичкото насилство спрема нас не натера да го пријавиме.Особено спрема мене.Се толерира до одредени граници,ама некој секој ден да те измачива психички не.Се става крај и на тоа.Знаејќи се што и правеше на неа и како жената поради него се разболе,не планирам и со мене истото да се случи...
     
  17. lili.g

    lili.g Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Jas Imav problem so psihicko nasilstvo . Toa e najstrasnoto nesto...pasivno psihicko nasilstvo.tones,se gubis,zapagas vo strasna depresija i dobivas sindrom na niska vrednost.se osvestiv Koga psihijatarot mi dade jaki antidepresivi,antipsihotici i sedativi.nemozev da spijam bez sedativi cela Edna godina.togas resiv da posetam strucno lice . Odev Kaj dr.Olumcev vo 8mi septemvri. Bivsiot soprug. Se naluti Koga doktorot mu rece da izleze...i togas doktorot go svati problemot...da ne dolzam poveke..seto toa Zavrsi so razvod.tableti Veke ne pijam.Imam nov normalen covek vo zivotot...i konecno i jas licam na covek.
     
    На Hipica и Sunflowers им се допаѓа ова.
  18. Bruinete

    Bruinete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Се работи за мојата мајка...
    Подолг период покажува екстремни промени во расположението и станува се по неподнослива од порано. Таа е веќе во период на климакс, претпоставувам дека состојбата и годините си го носат своето. Накратко да ја опишам нејзината состојба. Премногу е хистерична, покажува изразен гнев па дури и омраза кон своите најблиски. Се лути и хистеризира за обични и нормални секојдневности. Врши на еден начин психолошка тортура на сите во семејството. Татко ми се однесува неутрално, не вмешувајќи се во расправии (таа самата ги започнува, како да бара причина за кавга), јас и сестра ми често и се спротиставуваме затоа што отворено не провоцира и таа уште повеќе се раздразнува и беснее (буквално!). Има и промени во однесувањето, во текот на денот може да е бесна, нервозна, па да се смири да заборави и да се однесува спокојно. Знае при такви нервни испади да ми посакува и најлошо во животот (користи тешки зборови, колнења, навредливи зборови врз личноста). Покажува завист и омраза и према други луѓе од блиска околина, нејзино работно место, роднини.. Причините за кавга и се и оправдани (но не во толкава мера да се однесува така), но за жал многу често и неоправдани и доколку започнам да ја убедувам дека не е така како што тврди несака да ја признае грешката, Се смета за безгрешна личност, нема нормален дијалог а да не спомнувам дебата (секогаш е само таа во право). Се случува и обична општествена тема кога дома ќе ја дискутираме да го наметне своето мислење сметајќи го за вистинско, спремна дури и да "те натепа" дека твојот став е погрешен...
    Покажува и депресивни знаци, самосожалување за животот кој го живее, знаци на желба за смрт (само ги спомнува, познавајќи ја како личност нема храброст да крене рака сама на себе). Антисоцијална личност, само дома седи и на работа што оди (таму им се прави фина, а дома душа ни вади), нема пријатели, несака да се дружи ни да излезе да прошета барем...Дијабетичар е, но од кога и имаат кажано за болеста таа само пие апчиња (веќе 2 години), а не го мери гликемичниот индекс (веќе 2 години како знае за состојбата). Покрај тоа што самата таа е депресивна, наметнува работи за ти да се чувствуваш растроено и да ја изгубиш и најмалата воља и верба во себе напаѓајќи те за најмали грешки или несовршености како физички така и психички :( Имам уште мнооогу да пишувам за ова.. Се обидувам да најдам начин да си помогнам и себеси а и на останатите дома а пред се сакам да и помогнам на мајка ми бидејќи душава ме боли кога ја гледам со очи на најголем непријател...
    Знам дека треба да се оди на психијатар, сме разговарале за ова милион пати, таа не прифаќа велејќи дека е со здрав разум и свест. Вели дека сите останати во фамилијата треба да посетиме психијатар па дури и во лудница да лежиме, освен неа... Незнам што да правам немоќна сум :( Може ли некаде да се пријави ваков случај на психолошка тортура? Со сила неможам да ја влечам по психолози или психијатри (сериозно прашувам)?

    Ве молам дајте ми совет!
     
  19. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    @Bruinete јас сум во иста ситуација. Не знам дали ти помага ова, али ете има уште еден човек во ситуација слична на твојата. Решение немам, мака имам. Кај мене работите забегуваат до степен на удари, али да не навлегувам. И мене ме боли кога ја гледам како се однесува, но повеќе ме загрижува моето здравје. Страв ми е да не побудалам, а уште живот не сум почнала да живеам.
     
  20. Eylul

    Eylul Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Isite problemi se i kaj mene....postojano se dere,strav mi e da ne se srusham psihicki i da stanam slaba licnost.