Се пронајдов во текстот. Само кај мене тоа се случува на периоди, и оди ептен во екстреми. Се однесува како да не е при здрав разум, тоа најчесто кога сака да ме разубеди за нешто бидејќи таа секогаш мисли дека е во право. Спојлер Ме има заклучувано дома, ми го зеде еднаш телефонот и не ми го даваше неколку недели. Бев сама и затворена во соба, немав контакт со никого. Има правено драми, кршено работи по дома, си ја има кинето облеката од себе, ме има обвинето дека поради мене татко ми завршил во болница, ми се има заканувано дека нема веќе да ми го плаќа факултетот, и многу други работи. Тој период заврши пред скоро, но кога ќе се свртам назад не знам како сум ги издржала сите тортури, и како денес уште пробувам да бидам добра со нејзе. Што се однесува до нашиот однос, издржуваме така што јас си донесувам одлуки што мислам дека се правилни за мене, без разлика на нејзиното мислење,а секако се обидувам да го прикријам тоа од неа бидејќи тоа е единствениот начин да го живеам својот живот и да имам сопствено мислење и став за некои работи. Друг излез нема сега за сега. Исто така би била блгодарна доколку некој ме советува како да се справам доколку пак се соочам со нешто вакво, бидејќи не знам како би издржала повторно.
Не знам колку години имаш и дали си во можност да се одвоиш од таа околина. Тоа не е нешто што поминува и тоа е посилно од неа. На неа и е потребна стручна помош за која претпоставувам таа не би сакала ни да слушне. Тоа не е здрава околина без разлика на тоа дали ќе претрпиш уште еден таков период или уште десет. Но би те советувала во тие моменти како прв чекор да останеш смирена и да се обидеш и неа да ја смириш- на пример добро, разбирам, во право си, чекај да поразговараме за тоа, само сослушај ме на кратко, ајде да се договориме... Гледај ја во очи директно и обиди се да не и возвраќаш бурно колку и да тоа би била нормална реакција од твоја страна бидејќи оган со оган не се гасне.
@Emotional123 Сега ќе првам 22 години. Размислував многу и дефинитивно би можела да се одвојам од околината кога ете барем факултет ќе ја завршам уште оваа година која ја имам, бидејќи ако направам таков чекор сега тогаш нема да можам ни факултет да завршам, а стварно не сакам да дојде до тоа. Затоа гледам да сум најсмирена што можам сега, да не и ставам никакви сомнежи на мајка ми,и да не и давам до знаење дека и се спротивставувам на мислењата и идеите, барем уште оваа година. Инаку да, таа воопшто не размислува за стручна помош и на тоа реагира многу бурно велејќи дека на нас другите ни треба стручна помош, а не неа. Ти благодарам многу на советите. Ќе се обидам да постапам така следен пат.
Kaj gi prijavuete psijopative koi sto maltretiraat se sto dise okolu? Seriozno koja ustanova bi gi pribrala..?
За жал, ниту една! Ќе ти кажам конкретен случај. Дечко 26- 27 години ги малтретира психички и физички родителите, а поширокото семечство трпи секакви навреди и закани (кои полека преминуваат на дело). Пријавен е неколку пати при што доаѓале надлежни и нивниот одговор на таа ситуација е "додека не се случи нешто сериозно, ние не можеме ништо". Со оглед на тоа дека злоупотребува наркотици, пријавен е во служби надлежни за тоа и таму само креваат раменици.
истиот случај го имав и јас,мислев дека мајка ми ме мрази ,идеше нервозна од работа ,стално со викање,,со секојдневните обвинувања ,кавги држење лекции до два сабајле иако наутро треба да идеш у школо.Почина брат и ,и сите и бевме виновни ,се затвараше во соба не разговараше со нас...колку пати кога сакав да ја гушнам и бацам ме отргнуваше од себе ..како бегај сеа неаме друга работа ке се грвалиме,или ке рече бегај испотена сум ....наметнуваше свое мислење за било што,се мораше да биде по нејзино дури и студии одбрав по нејзина желба иако јас сакав нешто сосем друго.....тоа многу многу ме болеше и ми остави трага до ден денес да ја обвинувам за многу работи иако сега е сосема сменета.А ја смени коа виде дека лугето денес ги има утре ги нема и одеднаш и текна дека љубовта е она што останува.Сега и после дваесет и кусур години таа е онаа која иде да не гушне ,сака да прави муабет,ама кај мене отпорот останал,и сега едноставно сакам мир додека таа сака муабет да си правиме. И вашите мајки и блиски ке се сменат ,но треба да се свесни дека и вие ке се смените,а лузните остануваат цел живот и улогите се менуваат....дајте им до знаење дека е краток животот,и штета е да го поминат намрштени кога има толку причини за насмевка и добар збор ...и на крај краеви животот е тркало ,се се враќа се се плаќаво животов.
Луѓе вакви проблеми има во секое второ семејство. И јас вака си пораснав, имам пишувано по темите. Ова е лошо, многу лошо. Се чудам од каде извира мојата толеранција и колку со тоа си штетам самата на себе. Зато сум со став дека имаме скапо општество, семејства... Кога детство и младост ќе ти отиде во трауми, што понатаму?
Јас сум присуствувал порано како помал на тешки караници во семејството, и идам со порака: Што нема да те убие, само ќе те ојача!
Родителите многу често ја користат својата влас, бидејќи имаат пари, свое живеалиште, возрасната разлика. Но тоа е најлошата опција што ја прават. Бидејќи тие самите бирале дека сакаат дете! И затоа и према истото не треба да бидат идиоти. Зошто кога нив најмногу ќе им требате вие ќе бидете тие кои ќе им свртите грб за она што го правеле кон вас. Зошто вие еден ден ќе се осамосталите, имате свој дом, работа, деца. Затоа најдобриот совет е дотолку сеуште зависите од нив а се идиоти. Или да ги пријавите или да не доаѓате во расправија со нив, ниту пак да им се противите, туку да ги вршите работите во молк и без нивно допуптање. А дотолку се тотално злобни. Извинете вака што зборам но секој не е родител, тогаш кажете им дека се слагате со тоа, но поради некои причини така испаднале работите. Ако ве вреѓаат кажете им дека тоа ве повредува и дека не сакате така да разговарате со нив. Доколку се ужасно неподносливи, избегнувајте ги, т.е гледајте да не сте дома, ако треба шетајте во парк по час, два, три само да не ве замараат. Ако им се спротиставите на нивните агресии, нажалост нема да ја добиете битката, зошто нив ги штити како што кажав нивниот статус, пари, куќа, т.е работи што вие ги немате зада можете докрај да се спасите од нив. Секако тука многу ќе ви помогне дружењето со пријатели на кои ќе им кажете какви се вашите родители, зошто еден ден незнаете што завера можат да ви направат токму вашите родители. Добро е да си најдете дечко, нормално што ќе ве сака, не само зада избегате од дома. Кој исто така ќе знае дека ви е тешко, па ако е насвитина ок човек тоа ќе го цени, а со тоа и ќе видите дали е правиот човек за вас. Разговарајте со психолог, психотерапевт без проблеми. Тоа што они се такви кон вас е нивен проблем, но вие не сте виновни за нивниот живот и за нивното минато кога не сте ни биле родени. Нема човек што не поминал низ тешки ситуации, од нас самите зависи дали ќе се издигнеме или пропаднеме. Нормално дека тие доживеале многу повеќе работи од вас, но сепак размислете зошто некои стари лица се во супер а некои не. За што и да ви зборат или притискаат нон стоп само кажете во себе, тоа не е мој проблем, изборот за мојот живот е лично мој. Т.е моја е одлуката кога ќе бидам во брак, каде ќе се вработам, дали сакам да гледам цртани или трилери. Не потклекнувајте со причина да го смирите нивниот бес, зошто тие одново и одново ќе најдат друга причина за нивниот бес. И на крај ќе сватите дека тие не се промениле, а вие дека сте си го уништиле животот, поради туѓите потреби! Ако се агресивни кажете им дека тоа не е во ред и дека со тоа не се решава ниедна работа, ако сакате да разговараме бидете смирени. Ако не им значи тоа што го кажувате тогаш, избегавајте ги. Има родители кои се тотално луди. Кои се насилни, кои тепаат, малтретиараат, силуваат. Но секој удар, секое насилство пријавете го, снимајте ги кога се однесуваат лошо кон вас. Штом почне кавга снимајте го тоа, не им се противете, нека ви служи се за доказ, правото лице. Дотолку некој не ви верува само покажете му го доказот. Немајте страв да ги кажете работите какви што се на вашите пријатели, тоа не е страмно, страшно. Само важно е да знаете дека таа особа ве подржува на која ќе и кажете. Не го кажувајте на секого истото, зошто може некој е само радознал, а нема да застане на ваша страна. И нешто најважно што треба да го знаете и примените во својот живот е следново Без оглед дали сте биле малтретирани дома, тепани, вреѓани, понижувани, силувани... Значи сите најлоши работи што постојат во едно лошо семејство. Не ги следете стапките на вапите родители, не правете му го она што некој ви го правел! Со тоа што ќе го правите истото зошто, татко ви бил таков или мајка ви или двата родители, НЕМА ДА ГИ ИЗЛЕЧИТЕ РАНИТЕ! Со тоа ќе потврдите дека сте исти монструми како нив! Затоа не правете го она што ви го правеле никому!!!! Раните се лечат со тоа што ќе бидете добра личност, која ќе го цени своето семејство! Така се лечат раните, но никако со повторување на моделот од кој сте биле повредени! Многу машки имаат омраза кон жените зошто некогаш мајка му го изневерила татко му, но тоа не значи дека треба да ги мрази сите жени на светот, поради траумата! Тој случај бил помеѓу мажот и жената и единствена причина е што не се сложувале, се погодило да не се сложуваат и друга причина нема. Тоа не значи дета таа била лоша или таткото. Доколку имате прашања пишете ми, ќе ми биде драго да помогнам да исцелиме трауми и рани
Ве молам само за стручни мислења и искуство бидејќи сите знаеме дека таму некаде има број за пријавување ама ова е друг случај. Prasuvam za moj drugar koj trpi psihicko nasilstvo od negovata majka. Ve molam za mislenje sto moze da prevzeme covek vo slednava situacija. Majkata e mrzliva zena koja ne cisti, ne pomaga vo kukata, samo negativna energija i koga sinot probuva na sekoj nacin da pomogne 50% mu se vraka so histerija i vikanje. Majkata nema penzija ne se potrudila ama mozela, pusi cigari i samo lezi i odmara. Majkata nema svoi pari i se plaka sinot. Majkata i pokraj se voopsto ne e zadovolna. Majkata verovatno kako odminuva vremeto ima psihicki rastrojstva. Edniot sin ja ostavi bidejki nemozese poveke. Pomaliot sin mojot prijatel trpi bidejki zivee vo nejziniot stan. Toj saka da si zamine ama so toa majkata ke ja ostavi na nisto i zenata ne e sposobna da prezivee. Zenata ima voopsto ne se zamara so toa deka e zavisna od sinot. Moze da go prodade stanot i da zivee od parite ama treba da bide spremna i snaodliva daleku e od toa. Ako sinot si zamine veli deka ke se ostavi taka i deka toj ke bil kriv. Cigarite i se opsesija i so razlicni metodi go zaplasuva sinot mu se zakanuva za da i dade pari za cigari. Sinot ima snimki video kako majkamu se odnesuva necovecki pa duri i kako se obiduva da mu zeme pari od tasnice i sl. Sto e najpametno resenie? Dali nasiot sistem ima resenie za luge koi ima treba vistinska pomos profesionalna. Sto realno moze da se napravi?
Ален 1990,како прво мора да биде цврст другар ти да не и попушта меѓу другото и за цигарите .Нека си гледа за него да си ја гледа работата,па ако има девојка да шета со нејзе ,или да си најде хоби во меѓувреме.Мајката можеби ќе треба да побара стручна помош,тоа е така со такви луѓе.Дали мајка му работи барем домаќински работи по дома ?Каде е татко му?Во секој случај да си гледа за себе иако е родител таа нема да е лошо . Колку и да сака да и помогне,и тој со неа ќе потоне ако така продолжи.Нека си живее сам или со девојка да си продолжи со животот за да не пропаѓа со неа друго решение нема .
Кажи му на другарот дека ако мајка му не сака самата да побара стручна помош за своите психички проблеми, тој нема да може да и помогне да излезе од нив, колку и да сака и колку и да се труди. Не можете да му помогнете на човек што самиот не признава дека има проблем и не бара помош. Заканите што му ги кажува кога и вели дека ќе си замине, се насочени точно кон неговите емоции за неа. Затоа што таа многу добро знае дека не му е сеедно за неа ја користи таа карта за да го манипулира и држи до себе. Неговата грижа за неа како мајка, таа ја злоупотребува за да го контролира. Значи работи на штета на своето дете. За своја корист. Ако не сака да си побара помош, барем другар ти нека побара некој со кој може да се советува. Него сигурно таа психичка тортура му влијае негативно и му треба и на него помош и поддршка.
Се работи за моја блиска личност. Се сомневаме дека пртнерот ја уценува. И фали голема сума на пари, а таа тврди дека не ги има земено тој. Обвинува други луѓе дека и ги имаат потрошено, меѓу кои и јас, а тоа не е точно. Исто така имам приметено модрици по нејзиното тело. Мислам дека ја тепа. Изгледа се плаши да признае. Кога некој ќе го нападне него, таа бурно и нервозно реагира и сите останати се лоши, освен тој. Некој совет како да и помогнеме? Дали некој бил во ваква ситуација?
@Little girl да се дистанцирате сите од нив и да ѝ пратиш број од психолог. Ваљда ќе ѝ текне да побара помош кога ќе остане скроз сама без пријатели и кога овој ќе ја мава.
Се мислев дали да пишам или не. Моите ме манипулираат психички. Се играат со мене како играчка некоја да сум а не човек со чуства. Што да правам? Еднаш им викнав полиција и ме мислеа за луда полицајците и ме пратија во болница. Ама стварно имам мака со моите.. Никој не ми верува. Ги гледаат као фини луѓево, а јас луда. Не знам веќе што да правам. Сакам јазик да научам и да заминам некаде далеку. Но, додека тоа се деси ќе ме исцрпат психички. Дали да се пријавам на она крени глас што се врти на реклами, не знам. Што мислите дека треба да направам?
Да си направиш една длааабока интроспекција и да размислиш кои проблеми од каде потекнуваат. Дали имаш болест поврзана со менталното здравје или си под стрес? Мене така ми изгледа од сите овие работи што ги имаш и претходно пишувано. Колку години си?
Не прај ништо. Не реагирај на ништо. Не покажувај никаква вознемиреност, не се жали на никого, не се доведувај во ситуација да имаш некој негативен излив на емоции пред нив или блиски особи, па да имаат причина со прст да те покажуваат. Дома само климај со глава, не реагирај на провокаци и терај си по свое. Земи работи, заштеди едни мочани 500 евра, не кажувај на никој ништо, најди некој да те повлече у странство и батали ги. Не ти треба јазик за стигнеш странство, само муда. Ја со 200 евра и едно Hallo дојдов...
За жал ме фати два-три пати хистерија. Еднаш додека се карав со брат ми скршив неколку чаши. Значи стварно не се издржува ова. Ќе почнам англиски да учам. Немам толкава храброст со едно хелоу да идам во странство, за жал.