Никој не онаков како што ни остава впечаток 1.Лицата кои премногу се смеат,тадури и за безначајни и глупави работи за нив се вели дека се премногу осамени... 2.Ако личноста спие премногу,станува збор за тажна личност.... 3.Ако личноста малку зборува,а сепак и тоа што го зборува е набрзина кажано,станува збор за таинствена личност која нешто крие... 4.Ако личноста не може да плаче,станува збор за слаба личност.... 5.Ако некоја личност премногу јаде,станува збор за напната личност.... 6.Ако личноста плаче за мали работи станува збор за лице кое има меко срце и никому не може да наштети... 7.Ако личноста се лути за мали и смешни работи,тоа укажува дека има потреба од љубов каква што заслужува...
1.Лицата кои премногу се смеат,тадури и за безначајни и глупави работи за нив се вели дека се премногу осамени... и премногу нервозни па зад таа насмевка се обидуваат да ја сокријат нервозата
Колку е точно, овде се пронаоѓам јас, знам да заплачам многу лесно и знам да заплачам и за најмала ситница.. Колку е добро да се исплачиш толку е и лошо, ама што е тука е, ништо неможе да се промени, едноставно таква сум, таков карактер и тоа е...
1.Лицата кои премногу се смеат,тадури и за безначајни и глупави работи за нив се вели дека се премногу осамени... Овде се пронајдов Дајте уште вакви!
7.Ако личноста се лути за мали и смешни работи,тоа укажува дека има потреба од љубов каква што заслужува. Ме погодува ...
1.Лицата кои премногу се смеат,тадури и за безначајни и глупави работи за нив се вели дека се премногу осамени... и премногу нервозни па зад таа насмевка се обидуваат да ја сокријат нервозата-кога сум нервозна се смеам-покрај тоа што знам и да збеснам и други симтоми
Сака да каже дека овие карактеристики не се карактеристични за сите луѓе и не може да се веродостојни за точно и правилно толкување. За секој човек си треба посебен пристап и не можеш по некои пишани шаблони да протолкуваш некоја личност. Многу други фактори играат улога, не е само видливото однесување. И не е темава за да пишуваме каде се пронаоѓаме, всушност што треба да се дискутира овде?
Верувам дека позади секоја емоција, човеково однесување постои причина заради тоа, и таа е индивидуална. Сите до една ми се навистина без смислени. Изгледа никој од вас никогаш не се има смеено на некоја глупава работа, да бе да сигурно.
Се пронајдов во последниве две. Често се расплакувам за се и сешто и се лутам за се и сешто,овие две работи ми се како најголеми мани во животот..Ама кој нема потреба од љубов каква што заслужува? А за тоа дека имам меко срце имам,ама дека не можам никому да наштетам не знам бидејки сум полна со бес и одмазда....
Темава не е советодавна, но... Девојче Calla14 имаш само 14 години, основка си и имаш 7 и пол години постар дечко?? Прво моментот дечко на твои години, па уште и толку постар...не оди некако, па уште и од сега дури си мислела на тоа дека никогаш нема да најдеш некој?! А до сега си имала дури 5 души на возраст од 16 до 22 години.. Порадо би излегла со дечкото, отколку да одиш на полуматура. Сакаш твојот 10 годишен брат да умре, имаш 3 нови другарки со кои излегуваш, па после велиш дека немаш никакви другарки... Можеби ти натежнале некакви проблеми ама мислам дека не си тргнала по добар пат со однесувањето, низ твоите мислења се наоѓаат премногу лоши работи за дете на твоја возраст. Со најдобра намера ти советувам да подразмислиш малку за постапките и да поразговараш со некој.