Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психолошко толкување на личности

Дискусија во 'Психологија' започната од rici.aaaaa, 29 април 2013.

  1. Dolela

    Dolela Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Се пронајдов во сите за жал..........
     
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    За да можеме една личност психолошки да ја толкуваме треба извесен период да ја анализираме низ запознавање,односно комуникација.Психолошката база се темели на манифестирање на севкупните позитивни и негативни особини за да се создаде впечаток или слика за личноста.Психолошкото толкување спред пропишани фрази или примена на т.н.шаблон претставува еден вид парапсихологија.
     
  3. cheeky.cow-12

    cheeky.cow-12 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    22
    Се пронајдов..2,6 и 7
     
  4. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Во ниедно не се пρонајдов баш, но во 7 се пρонајдов целосно :worried:
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Според точките, наведени во првиот пост, човек не може да се води, односно да му бидат репер за толкување на личност.Почесто, се земаат здраво за готово.Секој човек е различен, а за добро некој да го запознае, за да го протолкува, треба да го знае цел живот, за да создаде комплетна слика за некого. Начинот на кој се однесува одредена личност е само мал дел од неговиот карактер, кој што го открива, без разлика на тоа што говори, како што реков претходно, треба долго време за тоа, луѓе може и со години да се знаат, но и пак да не се познаваат доволно добро, но тоа се зависи од тоа како меѓусебно се однесуваат, каква им е комуникацијата, значи за прецизно одредување на нечив карактер, многу е важно колку две личности се блиски.Во спротивно, џабе, па и интересно е кога ќе слушнам од некого дека некој друг се променил, другата личност не се променила, само некој не ја спознал доволно добро.Сосем ми е не логично некој да одредува карактер според некакви точки, правила, бидејки воопшто и не е валидно тоа.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  6. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    6.Ако личноста плаче за мали работи станува збор за лице кое има меко срце и никому не може да
    наштети...
     
  7. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    А да 100%.. психолошкиот профил на поединечна личност е толку комплексен што треба сеанси сеанси поминати со психолог/психијатар за да може да го дефинира...
    Темава повише ми е за у форумски игри колку за забава да се дефинираме зошто не знам кој би го сфатил ова сериозно...
     
    На Someonespecial и Madam-A им се допаѓа ова.
  8. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    и јас како @mackica1 ќе речам.

    Составил некој 5 реченици каде заклучот нели е благодетен исход и како личноста е оправдана за своите карактеристики и сега ајдееее ќе се пронајдуваме тука....
    ох туго :dance:
     
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.626
    Пол:
    Женски
    ^Потполно се согласувам, и да, фразиве со кои според првиот пост во темава наводно се донесуваат некакви заклучоци за психата на личноста - баш ми се тука некаде со оние во форумски игри од типот пронајди збор што те опишува... :D
    Самиот поим психолошко толкување е премногу комплексен за да се сведе и генерализира на заклучоци од неколку типови на однесување, кои патем можат индивидуално да имаат различно значење кај секоја личност.
    Ама ете, ги има многумина што кликаат на такви статии, веруваат и се пронаоѓаат во нив...
     
    На Ginger^ и mackica1 им се допаѓа ова.
  10. cokacola

    cokacola Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Машки
    Се пронајдов во 2 и 7
     
  11. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Само со едно од наведениве, делумјно се сложувам. Ќе образложам од лично искуство и според мои сфаќања:
    1) За лицата кои премногу се смеат - најчесто знаат да бидат центар на внимание, опкружени со многу луѓе околу нив и тие се оние „задолжените“ за правење забава во друштво, но сепак зависи до карактерот бидејќи некои од нив знаат да бидат многу нападни, а некои од нив сето тоа го прават на суптилен начин и те развеселуваат. Таквите луѓе можеби имаат помала самодоверба или некаков друг комплекс, па својот замислен недостаток го надокнадуваат на тој начин што секоја ситуација ја свртуваат на шега, но не се согласувам дека тоа го прават од осаменост. Впрочем кој не сака да биде во друштво со некој што секогаш е расположен.
    2) За лицата што спијат премногу - повеќе би кажала дека се флегматични и мрзоволни, отколку тажни. Понекогаш и здравствената состојба доста влијае врз сонот кај некои луѓе.
    3)За лицата што малку зборуваат - понекогаш ваквите луѓе не се вклопуваат во секакво друштво. Некогаш малку зборуваат зашто на одредена тема и не знаат што да кажат, тешко остваруваат комуникација, срамежливи се да не бидат подоцна исмејани од она што ќе го кажат или сметаат дека некого и не го интересира баш секој детал од нивниот живот. Дури имало случаи и кога лутаат по своите мисли и поубаво се чувствуваат кога се осамени.
    4) Напротив, личностите со слаб карактер најчесто плачат. Луѓето со силен карактер, ќе се борат до крај, ништо живо не може да ги скрши, тие немаат време за жалопојки, штом мислиш дека паднале тие се веќе исправени на нозе, не, верувај ми, таквите ретко плачат.
    5) Луѓето што премногу јадат или се гурмани или се депресивни и својата болка ја лечат со храна. Има и луѓе кои уживаат во храната. Кога човек е напнат, повеќе би кажала дека губи апетит.
    6)Единствено околу ова до некаде се сложувам, се работи за премногу емотивни луѓе, а понекгаш и слаби карактери.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.139
    Допаѓања:
    156.174
    Геа ја оживеа темава.
    Како што сум кажала - психологија не е астрологија, а уште помалку толкување.
    Секој е приказна за себе и во ранчето што си го носи на грбот многу повеќе кажува отколку овие нешта.
    Нејсе...
    Од искуството со луѓето со кои работам и она кое што сум го научила од мојата менторка (д-р на психологија патем) вака се нештата.
    1. Личностите кои се смеат како гореопишаното најмногу сакаат да бидат прифатени, а неретко значи и дека се чувствуваат непријатно, па непријатноста ја кријат со насмевка. Некој друг нешто друго прави кога му е непријатно, не генерализираме, но има случаи на луѓе кои постојано се смеат, се смешкаат и така натака, најчесто сакаат да ја разбијат својата трема и непријатност и се срамежливи. Оние кои бучно се смеат, како што кажав - сакаат да бидат прифатени и сакани, веројатно морале да се борат за внимание во своето семејство.
    2. Ако е промена во навиката на спиење и одеднаш почне да спие многу, веројатно минува низ тежок период кој сака едноставно - да го преспие
    3. Зборувачите, а често и оние хумористичните добацувачи на шеги се тн дистрактори. Ако не зборуваат и ако не се шегуваат со сто на час - ќе треба да чувствуваат. Ако престанат да се однесуваат вака мораат да се соочат со тоа што навистина го чувствуваат, а веројатно или им е претешко и/или не можат да се прифатат себе си.
    4. Овде ќе ја демантирам Геа. Луѓето со најслаби карактери не плачат и ова е многу точно. А најчесто се и најсуетни, а и најчесто заболуваат од срцеви болести. Ако не користат други техники за ослободување на емоциите огромна е веројатноста дека ќе заболат од некоја кардиоваскуларна болест и сепак - ќе станат слаби.
    5. Јадачите имаат малку љубов према себе. Овде не може да се дефинира дали јаде под стрес или не јаде под стрес, сосема е индивидуално и многу е погрешно да се генерализира. Ова има врска со тоа како се гледа и колку се сака себе си.
    6. Плачковците претежно се обвинувачи на сите останати, освен себе си. Не сакаат да преземат одговорност за себе си. Нема врска повторно со силината на карактерот. Овие луѓе најчесто заболуваат од одредени видови на карцином, кај жените - рак на дојка, кај мажите - рак на простата. И при тоа плачковци не мора да плачат, доволно е само да се жалат, особено од луѓето и животот, а никогаш не преземаат одговорност за себе си. Најчесто затоа што или биле премногу заштитени од своите родители или претрпеле траума поврзана со одговорност, зависи од случајот.
    7. Лутовците се перфекционисти кои веројатно имале строги родители. Најчесто се заглавени самите со себе си заради тоа и не треба да им земате се за лично. И да, љубов и гушкање добро би им дошло.

    Дигесија, ми фати окце со плачењето и слабиот карактер. Животот е емоција, а емоцијата се одразува на нашето физичко здравје. На крајот на денот е важно да сме среќни и здрави, херојството или така нареченото - силен карактер е потреба која доаѓа од надвор према нас, а не од нас према надвор, што значи, немаме корист од тоа и може само да ни наштети. Тајната е балансот, а тајната како до балансот.... ехее...
     
    На mims-89 и Gea им се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мое гледање, според искуството....

    1.Лицата кои премногу се смеат,тадури и за безначајни и глупави работи - најчесто се глупави и незрели луѓе. Во ретки случаи се работи за весељаци кои секогаш се насмеани.

    2.Ако личноста спие премногу - животот не и е мил за да се разбуди, најлесно и е времето да го поминува скриена под ќебе. Воедно често овие луѓе се многу флегматични, како резултат на предолгото спиење.

    3.Ако личноста малку зборува,а сепак и тоа што го зборува е набрзина кажано,станува збор за таинствена личност која нешто крие... - и најчесто сака да го скрие својот карактер (т.е некарактер), се плаши да не биде откриена пред другите, да малку и брзо зборува. Не се работи за срамежливи луѓе, туку најчесто за завидни, злобни и себични. Секој друг човек, колку и да се срами, ќе изговори нормално.

    4.Ако личноста не може да плаче - е цврст карактер чие срце се држи силно, не попушта. Едноставно солзите не му течат. Но, знае на крај да се исплаче. Но, не како другите луѓе, пречесто. Туку собира, собира...

    5.Ако некоја личност премногу јаде,станува збор за личност на која и фали љубов и внимание, па она што не може да го добие го трупа со храна. Не може да го наполни сцето, па го полни стомакот.

    6.Ако личноста плаче за мали работи станува збор за лице сака се да биде по негово без да се потруди за истото. И учни се со малку солзи се да добијат и придобијат. Најчесто не се искрени солзи. Воедно нема цврстина во својот карактер.

    7.Ако личноста се лути за мали и смешни работи,тоа укажува дека има направено грешки во минатото кои не може да си ги прости себе си, па се лути на се и сешто и секому. Лутината им припаѓа нив, затоа не се чувствувајте виновни кога вакви луѓе само ви се лутат.
     
    На buba4e89 и Gea им се допаѓа ова.
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав постовите на @Lilit и @Silver.E и можам да кажам дека и двете дадоа многу покомплетно и пологично толкување, отколку надрипсихологијата на почетокот на темава. Впрочем, секој човек е индивидуа сама по себе и не постои дефиниција што може во целост да даде слика за однесувањето на една личност. Генерализирањето според некои некомпетентни извори, од типот забавни списанија со психо тестови, создаваат стереотипи, кои реално не постојат. Не можеме во целост да се држиме до нечиј напис, доколку тој не е поткрепен со истражувања на таа тема и доколку не е поткрепен со аргументи и факти. Меѓутоа, кој поради тираж, кој поради досада или некоја трета причина, си дозволува да меша прсти во психологијата, која воопшто не е наивна и лесна дисциплина за донесување на конкретни заклучоци.
     
    На mackica1, Silver.E и Lilit им се допаѓа ова.
  15. cokacola

    cokacola Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Машки
    Ајде да влеземе малку подлабоко во темава зошто се случува тоа еве јас ќе кажам за под 2 зошто личноста многу спие еве јас што да правам сите сокласници ме исмеваат па дури и ме тепаат немам друштво среќа сега што завршувам основно па затоагледам светлина во тунелот но од тие личности не можам да ги избегнам ниту во средно секогаш ќе гиима едноставно самодовербата ми е на нула и како да не ми биде кога некој постојано те исмева те тепа ново друштво тешко се наоѓа а и да најдеш тие дотични особи ќе те сретнаат и ќе ги кажат приказните за мене и така друштвото ме напушти еве дајте ми совет како да излезам од овој проблем немам што да правам па спијам често на форумов е член и главната фаца што тоа го почна да му поставам едно прашање што постигнуваш со тоа што ми го правиш ако е до мене проблемот кажи ќе се искорегирам
     
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.602
    Допаѓања:
    79.243
    Пол:
    Женски
    Има вистина.:)
     
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    6.Ако личноста плаче за мали работи станува збор за лице кое има меко срце и никому не може да
    наштети...

    Колку само ми немаат врска овие психолошки толкувања
    На пр јас плачам ако видам повредено и малтретирано куче, тажно дете, стари и немокни, ама и тоа како би убила без око да ми трепне: педофили, дадилки-монструми, силувачи, Сорос.... Ете јас пак ке плачам за кученцата, ама да знам дека нема да одам во затвор или некој да се одмазди на моите, овие горенаведените би ги средила без проблем.
     
    На cresa-jagoda и Outlook им се допаѓа ова.
  19. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.097
    Пол:
    Женски
    Личности кои премногу се смеат ? веројатно се мисли се смеат во погрешни ситуации инаку што лошо има во смеењето ? мене ми е како вентил и баш сакам да се смеам... не ми има логика баш ова.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.