1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психопати

Дискусија во 'Психологија' започната од ceca-1, 15 ноември 2011.

  1. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Што конкретно се подразбира под овој поим?Кои луѓе спаѓаат тука?Што мислите за нив и што треба да им се прави?Дали е можно нивно излекување?
     
  2. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    па психопат , растроена личност,тие мислам ддека можат да бидат и многу опасни,лек има ама треба и они да саккаат да си помогнат самите себе,кај нас у мала имаше жена која од време на време ја факаа напади,и кога бевме ние мали идеше по нас сакаше да не нападне ,мн пати кога ке ја пријавеа ни полицијата не можеше да ја собори,сега од време на време иде на инексија,гадна и страсна работа :)
     
  3. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Еве еден извадок за психопатијата како психичко нарушување од стручен аспект

    Психопатиите најчесто претставуваат дефекти во самиот развој на личноста, при што се јавуваат ненормални однесувања што подолго траат. Психопатските заболувања можат да бидат од три вида: нарушување на структурата на личноста, нарушување на цртите на личноста и социопатско нарушување.
    При нарушувањата на структурата и цртите на личноста доаѓа до распаѓање на интегритетот на личноста. Цртите на личноста не функционираат единствено и организирано. Можат да се јават следниве реакции: претерана затвореност и аутизам, тенденција на чести варирања во расположението без поголема причина, крајна крутост и тврдоглавост во мислењето и ставовите, постојана сомничавост и љубомора, емотивна нестабилност, претерана педантност и т.н.
    Социопатските нарушувања се јавуваат кај луѓето кои се неспособни успешно да се социјализираат. Во детството тие биле најчесто премногу чувствителни и срамежливи или пак претерано тврдоглави. Во адолесценцијата стануваат агресивни, деструктивни и бегаат од дома, а како возрасни стануваат егоистични и нарцисоидни. Се вели дека им недостасува чувство на реалност затоа што нивните барања не се прилагодени кон условите на средината, ги избегнуваат задолженијата, се борат против секој авторитет, сакаат да доминираат, а своите сопствени несигурности ги проектираат на другите. Личноста со соципатско нарушување најчесто е незрела, неодговорна, некритична, неморална, воспитно запуштена и склона кон секаков вид на криминал, а неретко знае да биде и сексуално девијантна.
    Во општата популација психопатиите се јавуваат доста често (околу 10%). Со соодветно однесување на околината тие можат да станат корисни и за себе и за неа.Не се препрачува болничко лекување зашто тоа уште повеќе би ги зголемило симптомите.
    *ова корисни не сум баш сигурна колку и за што, јас лично сметам дека нивното излекување е невозможно

    Мал оф, нешто што го научив во средно. Психопатите во секојдневниот говор ги нарекуваме и манијаци, што според стручната терминологија е погрешно бидејќи манијачно-депресивното заболување претставува поинаква дијагноза каде напати болниот губи секаква комуникација со реалниот свет, не може да егзистира нормално и нарушени се голем број на психички процеси, за разлика од психопатот кој долго време може да дејствува без некој да забележи дека нешто не е во ред со него и со неговиот начин на резонирање. Манијакот пак, гради свој паралелен свет во кој се разликуваат две состојби манијачна (претерана и нереална веселост) и депресивна (претерана и нереална потиштеност).Кај манијаците е неопходен медицински надзор, а потешките случаи мораат постојано да бидат сместени во здравствени установи. Манијачно-депресивното заболување може да биде наследно, а може да биде и резултат на некоја прележана болест или повреда на нервниот систeм и заедно со шизофренијата спаѓа во категоријата психози.
    Психозите и психопатиите се најтешки видови на психичко нарушување.
     
  4. samanthago

    samanthago Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    9
    Здраво, би сакала доколку некој знае подетално да ги опише психопатите и што претставува всушност тоа, дали е психоза, нервоза или нешто слично. Неодамна дознав дека дечко ми е всушност психот, така му е дијагностицирано од психијатар.
    Дали знаете колку е опасно тоа?
    Модератор: Ве молиме пишувајте кирилично, ако не знаете како прочитајте ги правилата на форумот. :)
     
  5. bblue6

    bblue6 Нов член

    Се зачлени на:
    15 март 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    zdravo bi sakal da vi go kazam mojot problem pa da me nasocite sto da pravam. pred nekolku meseci cuvstvuvav ankcioznost ne se potrudiv toa sam da go resam i otidov na psihijatar toj mi dade da pijam deprozel i respiridon. Gi piev eden mesec i poveke mi se vlosi sostojbata I se zgolemi dozata, gi piev polovina godin pa gi ostaviv bidejki vidov oti e zaludno, resiv da odam kaj bajacka i taa mi rece deka imam pregazeno za da nemam sreka, no jas seuste se cuvstvuvam loso i mislam oti vo mene ima nekoja psiha sto nemozam da se oslobodam od nea. Se konsultiram so rodnini prijateli itie mi velat ti si zdrav bidi silen, taka e no jas ne se cuvstvuvam zdravo kako veke da ne se prepoznavam kako da sum drug covek ne toj sto sum bil porano, za nekolku meseci e i mojata svadba se trudam kolku sto poveke da mislam na toa no ponekogas kako cuvstvoto e beznadezno ve molam da mi kazete dali postoi lek za ova moja psiha :’-(
     
    Последна измена: 15 март 2015
  6. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Само редовно:!:
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.204
    Тоа се луѓе кои поради тешки трауми во детството искомбинирани со одредени генетски предиспозиции немаат развиено чувство на емпатија (осет за тоа како се чувствуваат другите). Тие немаат чувство на сомилост, сожалување и искрено разбирање за другите луѓе, меѓутоа честопати истите тие чувства умеат мошне вешто да ги одглумат за да постигнат одредена цел или прикријат нешто - значи умеат да бидат големи манипулатори. Нормален човек може под дејство на алкохол или во афект да повреди физички некого, или вербално да навреди некого но по некое време ќе се кае за стореното. Кај психопатите нема чувство на каење, тие не согледуваат зошто физичкото или емоционалното повредување на другите не е во ред.

    Не ретко во одредени мали или големи кругови тие можат да бидат и харизматични личности (луѓе кои привлекуваат како магнет околу себе група, шармираат, воодушевуваат со својата појава и говор) - но не сите харизматични луѓе се психопати. Воглавно, големите историски водачи биле психопати. Но психопат може да биде и бездомник, и политичар, и бизнисмен, и чистачка и тн...
     
  8. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208

    прекрати со секаков вид на лек најпрво тоа можам да ти кажам зошто можат само да ти ја влошат состојабта ...погледни околу себе имаш многу причини за да не се осекаш така...види за неколку месеци ти е свадбата имаш причина да се радуваш...дружи се со повеке народ не останувај сам ,,,за да можеш да ја андминеш таа сосотојба ...сите имам периоди во животот кога се чувствуваме слабо и немоќно но мораш да најдеш причина и да се избориш...само немој со лекови да лечиш анксиозност или депресија ....2-3 пати во неделата оди на црква ослободи ги мислите и таму разговорај со бог ке видиш како ке осетиш мир....
     
  10. kikidare

    kikidare Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    11
    ne se soglasuvam so tebe ,prvo ne si strucno lice da mu kazuvas dali da prekine ile ne so lekarstva ti neznaes niz sto pomineva,ne sekoja sostojba e ista i ne kaj sekoj deluvaat isto lekarstvata i ne sekogas mozes da se oslobodis i ednostavno da ne mislis na nisto i sigurna sum za poslednoto deka ima otideno vo crkava i se ima pomoleno sekoj koj ke se najde vo maka bara spas nekade dali toa ke bide crkva ili drugo zavisi od licnosta vo sto taa veruva no koga ni toa ne dava rezultat togas ne treba da dozvolis da tones treba samo da zastanis cvrsto i da ja prezemes kontrolata vo svoi race da najdes nacin kako da izlezes dali toa ke bide so lekarstva ili bez ke odredi strucno lice koe ke preceni do kade se moznostite nekogas i skoro sekogas covek od dve zla go bira pomaloto zlo,na nikoj ne mu se pie lekarstva no ako toa e spas togas nema dilema.
     
    На GirlLove и crimson им се допаѓа ова.
  11. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    точно е дека не сум стручно лице јас само му дадов неколку предлози ....тој никаде не спомна дека е бил во црква а и ти не знаеш дали е бил или не зошто во постот нема спомнато дека е бил....пишува дека со пиењето лекови состојабта му се влошила....па само му дадов малку храброст....најлесен начин да преминеш преку некоја сосотојаба е да си опкружен со луѓе некој што те саакаат и што ти мислат добро...не кажав ништо што не треба...
     
  12. bblue6

    bblue6 Нов член

    Се зачлени на:
    15 март 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Se soglasuvam so dvata komentari sekoj se moli za podobro utre no koga sakame da izlezeme od ovakva teska da ja narecam situacija (bidejki jas taka se cuvstvuvam) trazime se i sesto samo za da se spasime a kakvi ke bidat posledicite neznam pozdrav i se ubavo
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ние незнам колку сме компетентни да дискутираме на оваја проблематика,се знае кој е компетентен и ние тука можиме народски речено чамче муабет само да си правиме,како и да е да го кажам моето мислење...
    Од една страна да се соочуваш со ваква личност во твоја близина сигурно е претешко и макотрпно,господ да не даде на никој таква мака,знат овие луѓе да бидат опасни и за околината и за другите...
    Моментално ако сме нападнати од ваква личност на било кој начин сите реагираме бурно и сме заштитнички настроени и со право нормално,но ако се замислиме подлабоко тоа за ЖАЛ СЕ БОЛНИ ЛУЃЕ кој заради некои околности стигнале во таква состојба и мене искрено тоа мн.ме растажува...
    Како и да е мое мислење е дека све од себе треба да му се даде за да се помогни да се вратат на вистинскиот пат (иако сите знајме колку е тешко но не е и невозможно)...
    Незнам дали е соодветна темата но последниот настан што се случи со детето кое избега од Душевната болница Демир Хисар и притоа е пронајдено мртво мене крајно ме трогна,бог знае каква мака имал и колку било болно ова дете,а кој да го сочува и да го третира како што треба?овие кај нас болници ли се бре?она душевна болница ли е?3та личност е ова дете кое исчезнува од таму што уште треба да се случи?,навистина страмота,страм да му е и цел живот дај боже детето на душа да го носат...
    Кога ќе се изгради една душевна болница каде што навистина ќе се лечат болните се прашувам, на вистински начин,како што е соодветно да добијат грижа и помош катастрофа невидена се страмам што живеам во ваква држава,каде што млади луѓе умират заради не грижа заради не соодветна медицина заради долги процедури страм да му е...
     
    На crazylady, presiosaP и kikidare им се допаѓа ова.
  14. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    proucuvav sto znaci psihopat (zatoa sto imav osobena cest da imam interakcija so full- low functioning psychopath)

    znaci na psihopatija: patolosko lazenje, custvo na grandioznost (on e bog u negoviot svet), nedostatok na empatija za drugi luge,sposobnost da ostanat skrieno nervozni dolg period (da ti se odmazdat za neso so si go naprail pred 3 godini koga najmalku ocekuvas)

    najdobar nacin da doznaes dali nekoj e psiho e da go trigeruvas preku indirekno nagovestuvanje deka znaes raboti za nego (nesakaat svetot da znae deka se razlicni,deka glumat) za da doznaes poveke raboti za nekoj so somnevas deka e psiho zbori so negovi drugar,kolegi,nekoj so ucel so nego zatoa sto nemozat da se krijat dolgo vreeme i koristat povtoruvacki taktiki za manipulaija
    ako trigeruvas psiho moze da stane nasilen taka da dobro e da ima u blizina nekoj so moze da se spravi so nego

    psihopati se ragaat
    sociopat moze da se stane zaradi mehanicka ili psiholoska trauma koja sto dovela do promena na mozocna aktivnost/hemija

    zaradi ovaa razlika nekoj smetaat psihopati i sociopati za edno...
    postojat i necelosni/borderline psihopati

    high functioning psihopat e nekoj so e socijalno superioren od normalen covek
    low functioning psihopet e nekoj so upotrebuva pogresni emocii na pogresni mesta

    ratioto megu low i high functioning psihopati e isto kako megu pametni i glupi luge, iako low functioning psihopati pravat cesti greski mozno e da bidat pouspesni od normalni luge zaradi kombinacijata na megalomanstvo i nedostatok na empatija sto doveduva do prezemanje cekori samo za da vidi sto ke se desi (nekoj vikaat deka zatoa bil krahot na berzata nz koja godina) za koj normalen covek bi potrosil vreme u mislenje

    ova e akumulirano znaenje od gledanje dokumentarni,intervua so psihopati sto posetuvaat terapeft i emisii cela nedela

    PS ne se site psihopati maliciozni(losi) ama ako doznaes deka nekoj e los podobro e vednas da isklucis sekakov kontakt so nego

    EDIT: na kraj sto rece eden ne maliciozen psihopat vo govorot na TED "vo nekoj situacii site sme po malce psihopati"
     
    Последна измена: 26 март 2015
    На tambelina, Mhhm и anel им се допаѓа ова.
  15. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Психопати се личности кои медицински е невозможно да бидат третирани, "умираат" со самото раѓање, се смета дека во прашање е генетика но најчесто тригер за активирање на тој ген е насилство и малтретирање во раното детство.
    Поконкретно, делот од мозокот наречен амигдала кој е одговорен за генерирање на чувства, страв и расудување (што е добро а што лошо) кај психопатите е во потполна дисфункција со самото тоа тие не чуствуваат емпатија (сочуство) имаат недостиг на расудување (што е добро а што лошо) и недостиг на чувство на вина (каење).

    Психопатите можат да бидат насилни (пр. сериски убијци, девијантни во опшеството, анти -социјални итн.) но немора да значи, може да ги среќаваме во секојдневната комуникација како личности кои нормално функционираат во секојдневниот живот, кариера, брак итн. но едно е сигурно и во двата случаеви тие не чуствуваат емпатија кон останатите.
     
    На tambelina, mime87 и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  16. Strelec27

    Strelec27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Од Ваше искуство би сакала да знам дали има начин, односно дали со некоја терапија има можност за надминување на проблемот?

    Се работи за мое блиско лице кое е несвесно дека има проблем и од година во година се повеќе не заплашува неговото однесување. Не станува збор за лоша личност, баш напротив, но меѓутоа се повеќе дејствува на одредени начини кои ги повердуваат намерно или ненамерно нас, односно тие што сме околу него. Никогаш не го загрижуваат последиците од делата, баш напротив некогаш и намерно ги тестира и другите до кој степен може да идат со толеранција на неговите дела.

    Станува збор за високо интелегентна и способна личност, но проблемот е што на некој начин како да живее во некој свој свет или филм не знам како да го наречам каде што епицентарот е самиот тој.

    Искрено потребно ми е да знам, бидејќи ние како негово семејство се плашиме од тоа дали некогаш тој ќе може да оформи семејство и да функционира и егзистира во реалноста таква каква што е. Досега имал повеќе девојки , но меѓутоа најчесто се однесува со нив во првата година прекрасно, и потоа неговото однесување се променува дури делува и угнетувачки а ние се чувствуваме немоќни да помогнеме.

    Ви пишувам бидејќи последната негова партнерка заврши на силни лекарства за смирување поради неговиот однос кон неа и не би сакала да дозволиме и понатаму да дојде до такви ситуации.
     
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски
    Извини што вака ке одговорам, грев би било кога некој од овде оф форумов ти даде мислење или било каков одговор за работа која е од животна важност.Треба само стручно медицинско лице да направи прегледи и анализи а потоа да даде дијагноза и терапија па за фамилијата совет.секој одговор од овде би бил некомпетентен, може да ги изврти работи несакано и нехуман...ако ти е поентата за да нагаќаме или каѓуваме свои лични искуства тоа е друго но негледам која би била поентата.
     
  18. Strelec27

    Strelec27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Имав потреба да си разменам мислење. Ние сме во комуникација со многу лекари ама проблемот е дека тој мисли дека нема проблем со себе нити пак му треба било каква терапија. Кога веќе има ваква отворена тема, мислам дека и тоа е поентата на пишувањето на вакви теми. Да бидеме рационални, тоа што овде ќе се напише далеку од тоа дека ќе биде применето или не знам што, али темава и баш не е за секој ден на кафе да ја трачариш со било кој. А вака кога сме сите анонимни на некој начин, барем некое објективно мислење секогаш би било добредојдено. Тоа беше поентата.
     
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски
    Те разбирам потполно но има нелои луѓе кои одговорите од овде ке си ги врзат во крпче и мислат дека аха еве го тоа што го барам или нешто во таа смисла.Втора работа е што нема да бидеме рационални ниту објективни.Можеме да збориме и да си олесниме на душата каков е животот со такви(сега незнам какви без потврдена дг.)..немој погрешно да ме разбереш, сакав само правилно да те насочам да не дојдеш со погрешни заклучоци и мисли но секако слободата е твоја на форумов.
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Мислам дека првенствено треба да се дознај коренот на неговиот проблем од каде потекнува,дали од детството или од некои ваши домашни проблеми или некои случки што му се случиле него па ги нема кажано дома,за таквото понашање сигурно постои причина...Ако сеуште тлеј тој проблем околу него све поагресивен и поагресивен ќе станува затоа како семејство треба да поразговарате отворено со него и да пристапите на убав начин без спомнување на доктори или некакви драстични мерки како за почеток...
    Треба да има 100% доверба во вас да можи да ви се довери и отворено кажи што го мачи и што го наведва на тоа,може да е и пропратено со некоја психичка болест која треба да се третира не пишуваш што симтоми има поточно и што прави,сепак пак ќе речам на убав начин треба да му пристапите првенствено,и трпение све ќе биди во ред...