Форумџика на годината 2020

Псоријаза

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од mimidjon, 3 декември 2010.

  1. mimidjon

    mimidjon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2010
    Пораки:
    1.319
    Допаѓања:
    2.317
    Neznam mnogu i nemozam da najdam nisto posebno okolu psorijazata ,ve molam ako znae nekoj ili ja ima ovaa bolest da mi pise nesto.

    [mod-kirilica:112xq0px][/mod-kirilica:112xq0px]
     
  2. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.837
    Psorijaza

    Сега отворив на google и ми излегоа 100 страни...како се лечи, што значи, какви врсти има....провери ли на google?
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.399
    Пол:
    Женски
    Psorijaza

    Па ни јас не знам нешто за оваа болест, инаку мајка ми ја има.
    Сум слушнала дека се наследува преку едно колено на женските деца ( мајка ми има, и прабаба ми имала), а да се појави причинител е силен стрес, ама колку е вистина не знам.
    Се појавува на лактовите на рацете и нозете, позади уши , на глава... најмногу во пролет.
    Мајка ми се мачка со Белосалик и и помага. Исто и кога е на море од јодот и солта и се повлекува.
     
  4. mimidjon

    mimidjon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2010
    Пораки:
    1.319
    Допаѓања:
    2.317
    Psorijaza

    Za ovie raboti citav na nekoj srpski forum,i majka mi go ima,edno se plasam da ne se prosiri vo nesto drugo,a drugo da ne ja nasledam i jas lele neznam vo depresija sum ,sto da pravam?
     
  5. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.878
    Имам блиска пријателка со ваков проблем, и се јавува по цело тело. Кожниот доктор ја убедува дека е поради стресни ситуации, а ја разбирам дека кога и да виде флеки нови по телото, уште повеќе се нервира...
    Се испроба, креми, чаеви, апчиња... џабе и е :worried:
     
  6. GuitarLover

    GuitarLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Нова сум и баш барав ваква тема,ако не ништо друго барем совет да дам.
    Најпрво да,наследна е,но не значи дека мора да ја добиеш,не мисли ти сега на то ,глупости.
    А ако во некој случај ја добиеш,прво што треба да направиш е да одиш кај добар проверен дерматолог ,и да ти кажи кој вид е оти ги има милион!Да избегаваш стресни ситуацији(ако то воопшто е возможно) и да купиш и правиш се што ке ти кажи тој.ептен е макотрпно и никогаш 100% ,ама се исплатува! на нет можиш да најдиш колку сакаш и ок е да читниш и да се едуцираш околу то ,ама мојш да дојш до инф кој несе потребни...и само да се замараш секојдневно...Да одиш на море ке мора да ти стане обврска за твое добро=) (ете има и некоја добра страна),едиствено за оние луге кои ја имаат е добар солариумот,всушност е корисен,ии не смееш да дозволуваш да ти пага имунитетот:worried: ... и ке си живееш нормален живот=) и да никогаш не можеш да се излечиш,привремено може да се губи но само ПРИВРЕМЕНО,и пак одново и одново... кожниве болести се лоши од естетска страна само...велат ако имаш псоријаза дека си заштитен од тешки болести ,е тоа колку е точно :/.... се надевам ова на некој со истава мака ке му биде од корист :))
     
    На AStojanovska му/ѝ се допаѓа ова.
  7. House95

    House95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    27
    Дедо ми имаше, користеше од овие китките МЛЕЧКИ што ги викаме и му исчезнуваа раните..
     
  8. Jente

    Jente Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Има на интернет многу информации за псоријаза. Треба да видиш со дерматолог што ќе ти препише како терапија, сега кај нас има многу креми, лосиони, мелеми и сл. што ублажуваат симптоми на псоријаза.
    Тоа што треба да знаеш е дека болеста, за жал, е неизлечива, има повеќе фактори за појавата, може да ти е наследна, да се појави при поголем животен стрес и кога на сето тоа ќе се додаде ослабнат имунитет се појавува болеста. Сите медикаменти, всушност служат за ублажување на симптомите (чешање, пешење, дури и крварење). Како совет, за почеток добро би било да се запишеш на некој спорт (ако имаш нешто омилено) или на јога и медитација, потоа да се храниш мноооогу здраво (пред се сирова/свежа храна, овошје, зеленчук, варено или печено), да внесуваш витамини, особено витамин Д и да одиш редовно на море, по можност на Мртво Море :)
    Инаку, на линковите можеш да видиш неколку случаи на кои им се повлекла псоријазата:
    http://www.youtube.com/watch?v=aRIHc36ZTSw
    http://www.youtube.com/watch?v=pYdXn24d ... re=related
     
  9. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    4.325
    Неможам од лично искуство да ти кажам, но можам да те посоветувам за една крема што многу се задоволни и им помогнала. Аптекарот што ја прави е во Охрид, во една аптека во стара чаршија, мислам дека Пашоли се вика аптеката, и кремата не е воопшто скапа 120 денари некаде, може и помалце. Ако имаш некој да оди или ти ако наминуваш обавезно нарачај си ја кремата.
    кремот е за псоријаза но Јас ја користам еднаш месечно за лице, онака да ми се обнови кожата, а брат ми става после бричење за црвенило
     
  10. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    56
    да ви казам јас ја добив болестта на 22год и страсно се упласив се појави поцело тело како кругови најмногу на нозете,се пробав и на крај само оваа маст butavate ми помогна
     
    На Jule.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kitty18

    Kitty18 Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Здраво. Значи вака: изложена сум на многу стресни ситуации, како со образование, така со љубовни проблеми и ред други работи што до некој степен придонесуваат за појава на стрес Вчера дознав дека имам псоријаза :( што уште повеќе ме фрли во очај и депресија. ми се појави на главата, мислев од прво дека станува збор за првут но кога отидов на лекар уште од далеку кога ме виде ми рече имаш псоријаза. сега читам на нет нешто за тоа и гледам дека е неизлечива болест, дека ако еднаш се изгубат симптомите настануваат потоа рецидиви :( многу сум тажна, незнам како ке живеам со тој проблем. оваа година сум матурантка па ако ми се појави баш тогаш ке си пукнам од мака. почнав да користам креми и да пијам лекови на природна база, но прашањето ми е, има ли некој од вас со сличен проблем? како живеете со тоа? мене ми ствара комплекси, морам да излегувам мрсна во главата, естетски не е добро :( и што е најлошо - лек нема ;(
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.755
    Лек има-да избегнуваш било каков стрес. Комшијата мој имаше. Знај дека ќе си ја носиш цел живот. Ама, пази велам ама може целосно да изчезне и години да ја немаш. Т.е ќе ја имаш само нема да излезе на површина затоа никаков стрес. Ако можеш за во главата да најдеш течност Дермоват најдобра е незнам дали во Мк ја има. Или кутерид маст или евентуално бутавате маст. Кај оваа бутавате е скоро слична како Дермоват само што првото е маст а второво течност баш за во глава,веѓи и двете се од GalaxoSmithCare така под нив пишува. Исто и свеки моја имала ама сега чиста е како солза. Така немој стрес и редовно мора да си се мачкаш наутро и пред спиенје рутина. Ако ти излезе на др места користи масти или витаминска крема таа розовата страшно помага. И на море ќе си одиш и сонце треба. Така да пошо матурата е тек јуни птретпоставувам на солариум или на сонце изложувај се мачкај се стрес никако и се ќе си е ок. Се надевам ти помогнав.
     
    На Kitty18 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    56
    Би ти кажала да не паничиш бидејки од стрес само ке се размножува,послушај ме јас сум го поминала ова,мислев е крај на светот кој ке ме сака мене ваква,како во лето ке се соблечам и само плачев.....Ја открив оваа маст бутаваре и со мачкањето си исчезна се за од прилика две недели и не се појави повеке освен на вегите каде што редовно имам.Купи ја маста и не паничи ;)
     
    На Kitty18 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kitty18

    Kitty18 Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Ке пробам, и се надевам дека ке излезам на крај со тоа, се надевам дека ке се навикнам да живеам со тој проблем. иначе јас користам крем од еден доктор од струга. познат дерматовенеролог е, кај него бев и тој во зависност од тоа кој тип на кожно пореметување имаш сам ти ја прави кремата. ми кажа дека за една недела симптомите треб да се повлечат, па ако тоа не помогне ке се обидам со таа крема. фала ви на двете!
     
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.832
    Допаѓања:
    11.015
    Пол:
    Женски
    Не се знае точно причинителот на псоријазата. Може да е наследно, може да е стрес, може да е нешто сосема трето.
    Има неколку видови на псоријаза, иако сите се доста слични и по изглед и по манифестациите.
    Се карактеризира со лупење на кожата, појавување на меури, и многу често зафаќање на зглобовите и ноктите. Зглобовите добиваат посебна поставеност, што е многу битно за да се разликува од реумата.
    Најчесто промените на кожата се на скалпот, рацете, грбот, придружени со силен јадеж. Може да е зафатено и целото тело, секој милиметар.
    Лошото кај оваа болест е што не се лечи. Можни се периоди на ремисии, кои најчесто се куси. Потоа одново следат периоди на напади на болеста.
    Како терапија се употребуваат кортикостероидни масти и фототерапија (ПУВА). Целта е колку што може да се спречи ширењето на болеста и повторните егзацербации.
     
    На Kitty18 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kitty18

    Kitty18 Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    И сакав да прашам во врска со миењето на косата, затоа што мене ми се појави на скалпот па сакам да знам ако знаете некој да ми кажете колку често можам да се мијам и кој шампон е најдобро да го користам?
     
  17. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    56
    Ке ја миеш што поретко за да не се суши скалпот бидејки тоа е штетно и за косата,ете мене ако не ги мачкам вегите со крема ми пагаат и ке се миеш со природни шампони пр камилица или бебешки.
     
    На Kitty18 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    734
    Пол:
    Женски
    Да да со таа маст се мачка татко ми има и му помага помалку му се тргнуваат тие црвенилата инаку викаат и Омега3 помагале.
     
  19. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.304
    Мојата мајка е болна од оваа болест,има различни видови на псоријаза. Мајками имаше рани одоздола на петите,замислете успеа да ги излечи со вода од море,седеше на брег и си ги триеше нозете од песок и со камен си ги триеше во солена вода,треба да се избегнуваат стресни ситуации,кавги и било каков психички стрес и товар.. Бидејки многу се нервираше се разболе,но сега кога ке доживее некоја стресна ситуација со мене или братми или таткоми пак и се појавува,и идеше кај некоја жена што и даваше некоја крема од некои билки и а и се појави малку одма се мачка и ништо.. цел живот ке ја има таква е таа болест.. :/
     
    На Jenniffer му/ѝ се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.515
    ајде јас да ви раскажам имам 27 год а псоријазата ја добив на 11-12, на почеток на главата потоа на десно колено па лево па на лактите па позади уши па на глуждовите и последниве месеци во ушите што почнаа веке да ми се преполнуваат па добив инфекција и 4 дена не слушав па одев на специјалист па примав инекции и ми помина малку ( во ушите).
    пробав се и сешто од креми од посебна исхрана ама резултатите беа кратки
    Значи бев во ресен кај еден тревар Науме, во скопје кај исто некој тревар, велес кај Сефер и уште многу многу што веке имињата им ги заборавам ама се беше залудно ( ова го кажувам да не се расфрлате со пари за џабе)
    пред некои 7 години бев кај една бајачка ( муслиманка) и ми помогна многу ама не одев до крај кај неа ( а се одеше по 3 дена во месецот, ама пошто тогаш почнав да студирам а секој ден патував неможев да одам редовно кај неа и престанав. Сега имам време и почнав минатиот месец и феминки верувајте дека многу помага и почна да се повлекува. Ја прашав жената колку време ке треба да одам, ми рече дека неколку месеци. Бае ( пее дова) и врти со игла во круг, не зема пари а што е највазно одма после пола месечина почна да се повлекува, баш како што ми кажа иако добро не ја разбирам дека слабо знае македонски пошто е турчинка и во години ( мислам околу 70) а се од исто село со мајка ми :) ама пак и мајка ми има подзаборавено турски ама небитно, битно е дека довите ги пее на млада месечина а резултатите почнуваат после полна месечина. Ова морав да ви го кажам иако можеби вие нема да верувате ( жената кажа дека е ограк ако го разбирате зборот-нешто нагазено)ама ова е моја приказна моја реалност и се надевам дека сите ке го најдат лекот. Бев минатиот септември кај Дуле во велес и тој ми кажа дека оваа “болест“ е за на бајачка и дека во близина на велес има некоја жена -баба стојанка или станка во село Сојаклари и дека обавезно лечела псоријаза или во нивни превод самовилска болест
    Ако некоја е од гостивар или може да иде до гостивар 3 дена во месецот нека ми пише пп и ке и дадам број пошто кај женава само жени лекува а се иде преку ден кај неа а пак ако некоја оди кај бабата од велес и ако ја знае нека ми пише
    И да немој да ме гледаде како некоја забегана по виша сила или нешто слично дека човек за мака секаде ке оди
     
    На AStojanovska, Matic и rainbowec им се допаѓа ова.