Залади и мене одма рацеве ми се одма лом. Користев една крема од Кам, па една со бадем тетка ми ми ја донесе од Србија, па Павловиќева, па на крај Бекутан. И пак исто, кога ќе се намачкам моментално ми се ок рацете, кога ќе ги измијам иста приказна. И си се вратив на добро проверената Glicemille за мене нема подобра крема за раце од оваа. Околу 120 денари е, + - некој денар зависи каде ќе ја купите. Не е баш од оние што скроз се упиваат, ама па не е ни многу мрсна. Патем, ако некој видел кај нас во тубичка како на сликава нека ми каже, јас имам видено само во кутивче и малце ми е непрактична за носење со мене насекаде.
Истиот проблем и јас го имам еве почнаа веќе да ми пукаат по малце,денеска забележав,јас користам павловиќева,зошто незнаев некоја посебна ваква дали има,и некои други креми за раце дома што имам користам ама пак не ми помагаат доволно! Баш како што викаш,кога ќе се измијам пак исто Сакам да ја пробам оваа што ја збориш,па ќе ја побарам,а и да,и ја би сакала оваа во тубичка да ја најдам,полесно и попрактично за носење
Трикови за меки раце и во ладните месеци. На рацете има многу палку потни жлезди и затоа кожата е склона на пукање. 1. Во средството за миење садови ставете малку бадемово масло.Водата ќе ја омекне кожата, а маслото ќе и пружи хидратација. 2. Отстранете ги мртвите клетки со пилинг од крупна мрска сол и малку лимон кои ќе ти втриете на кожата со стара четка за заби. 3. Пилинг може да се направи и со две лажички шеќер и масло(бадемово, сончогледово, детско).Измасирајте ги рацете со смесата и измијте се со млака вода. 4. Измијте ги рацете со млака вода, а потоа убаво истријте ги со груба крпа. Додека е кожата влажна, нанесете смеса од малку мед и маслиново масло, ставете најлонски ракавици и оставете да отстои 30тина минути. 5. Држете ги рацете 5 минути во загреано млеко.Млечните киселини позитивно влијаат и на ноктите.
Мене ми пука кожата на рацете зимно време од водата, слушнав дека добар бил сапунот од козјо млеко да се користи.
Сто пати проверено. Ги омекнува рацете, ја прави кожата мека и ја хидратира. А не е скапа.. ја има во аптеките.
Од пукање многу често се создаваат и баш рани на рацете. Ако дојде до рани купете си Белосалик, во Зегин ја има и е околу 250 денари. Мене ми помага и за раце и за усни. Дури и херпес ми помина од неа.