Во Куманово според сајѕовите од 4:30 се пука имало судир со полиција и вооружена група. http://falanga.com.au/video-vo-kuma...-prestrelka-megju-policijata-i-vooruzeni-sili Е ОД БАРОК И РЕЛАМНИ БЛОКОВИ ЗА ПРЕУУБАВ ЖИВОТ,ОГРАДИ,ФОНТАНИ И СПОМЕНИЦИ ОД МИЛИЈАРДИ ЕВРР НЕ СЕ ГРАДИ И ЧУВА ДРЖАВАТА.
Некој од Куманово да напише што се случува? Се уште се пука? Лудница од држава ако ова се случува, уште и сред град.
Мирно е сега и не се пука. Наводно биле повредени 3-4 и биле префрлени во Скопје во болница. Ми мириса на Гошинце сценарио, само нешто подобрено, бидејќи првото им беше утка тотална. Едит Јас не сум од Куманово, туку вестите се од Кумановски портал.
http://www.makdenes.org/content/article/27005119.html Македонија Полициска акција во Куманово за разбивање вооружена група Пукотници и хеликоптери се слушаат во Куманово од рано утринава. Од МВР велат дека станува збор за акција за разбивање на вооружена група во кумановската „Дива населба“. Светлана Антиќ Јовчевска 09.05.2015 Од раните утрински часови граѓаните на Куманово ги разбудија и ги вознемирија пукотници од огнено оружје и надлетување на хеликоптери над населбата Диво Насеље, на влезот на Куманово, од Скопје, каде што мнозинско население е од абанската етничка заедница. Пред осум часот неколку поединечни истрели се слушнаа и во централното градско подрачје. Големи групи полициски припадници се во населбата, а полиција е распоредена и насекаде во градот. Во Диво Насеље има и возила на итна медицинска помош, а очевидци велат дека има и повредени. Поради состојбата забрането е движење на возила од Зелениот пазар кон населбата. Албанците кои живеат во оваа населба велат дека се вчудовидени, вознемирени и не знаат што се случува во нивната околина. Тие се револтирани за ова што се случува, но ги повикуваат граѓаните да останат смирени, со студени глави и максимално да соработуваат со полицијата доколку им влезе во домовите да врши претрага. Многумина од нив се исплашени поради што и апелираат да не се излегува од домовите, заради евентуално некој заталкан куршум. – Народот нема ниту за леб, а нема потреба и од никакви конфликти, велат тие. Кумановци од другите етнички заедници сметаат дека сега е најпотребно единството на сите и сето ова да се надмине без провокации од каков било тип. Од МВР за МИА потврдуваат дека се презема мерки за разбивање на вооружена група во кумановската „Дива населба“. Портпаролот на МВР Иво Котевски. Вели дека акцијата, која се одвива по претходно добиени оперативни сознанија дека во тој дел од градот има вооружена група, се уште трае. Од МВР апелираат граѓаните да останат мирни. Од итна помош информираат дека имаат две екипи на терен во тој дел од градот, но и тие немаат детални информации за евентуални повредени лица.
Е ајде сега.... Уште ли не ја сфакате ситуацијата...Се повторува ситуацијата 2001, и како и тогаш се знае кој е крив... Абе знаев чим се појави Баки Баксуз на Македонија, дека ке има нешто посериозно.. ВЛАСТ ( и сите привилегии за кои мршојадциве го прават ова сценарио ) СЕ ДОБИВА НА ИЗБОРИ Се друго е смислено сценарио во кое жртва се секогаш други.. Само жалосно што секогаш се злоупотребува младата интелигенција... Во ред е да си незадоволен и да протестираш, и ако сакаш промени тоа да го изразиш на избори, кога би се организирале.. Така почнаа и 2001 прво немири ..ја организираа младината, нив е најлесно..нив им врие крвта и така се незадоволни од се по дифолт, и секогаш најлесно се користат како топовско месо од политичките елити.. За да после премине во мегуетнички раздор и војна..што кај нас е многу лесно да се испровоцира со оглед на мегуетничките разлики кои поради ниската свест и на двете страни, е секогаш лесно да се испровоцира.. Се е за лични интереси... Нека помине се... со помалку штета..и за година две со ладни глави и од друга временска дистанца...ке ни биде се појасно Зошто сето ова се исценира..
Не можеше Заев да предизвика војна протестирачите, па ги викна албанците на помош во Куманово а нив тоа им одговара. Засрамете се, Заев е спремен да гази врз мртви луѓе за да дојде до власт ама ги искористи слепите овци кои му помагаат во целта. Овде само полицијата многу меко реагираше, при намерните провокации требаше да возврати како што тоа го прават американците чие масло е сега ситуацијата во Куманово. Требаше власта да реагира уште кога се почна со смешните бомби, да не дозволи полицијата мирно да седи додека се фрлаат метални шипки по нив. Си баравте -гледајте.
Sram da i na ova glupa vlast samo da ja izbegnat nivnata kazna podgotveni se na vojna. Alsat informira ima i zrtvi dva zeni i dva deca trojca mrtvi policaiji i 15 povredenii...Losoo mi e samo koga citamm.
Абеја, немој и ти, значи те поштувам низ другите теми, ама немој не копирај муабети од штабот на ВМРО. Немирите во Куманово не се дело на Заев, не му иде во прилог, немирите се за дефукусирање, игра на ДУИ и ВМРО. Знаеш и сама. Поштувам партиска определба, ама не се правете по секоја цена слепи и не се бламирајте анонимно на форумот. Подобро молчете. Ова што го напиша во штаб да им го кажеш. Не е хумано, за некои болни хирови да гинат луѓе.
@JuLleE оди на Кумановци кажи им го тоа. Сега кога навистина разгоре крива ви е власта, а до вчера протестирачите и сдсм провоцираа војна. Многу е јасно чие масло е ова и уште еден безуспешен обид да се префрли ова на власта. Можеби и премиерот сам си го удри цајканот со цигла? Требаше ова да се пресече во корен, а не да им се дозволат вакви безредија.
До кое дереџе ни дојде земјава од овие безумници што ни се на власт. Не е масло на Заев ова во Куманово, се знае кој платил криминалци да прават безредија. Не дај Боже да се повтори 2001, ама тогаш Грујо и компанија нема да бидат во Македонија, а народот ќе се тепа меѓу себе. Ова е смислено сценарио за да се прогласи вонредна состојба за да нема протести. Прогледајте слепци, отворете очи!
Абе никако младинава неможам да ја разберам, во ред се и протести и се ама како упорно неможа да разберат дека сето ова е само план за СДСМ насилно да дојде на власт?Зарем се толку лесни за манипулирање?Јас лично не сум партиски определена ама ова шо моментално се случува воопшто не е во ред.Македонскиот народ самиот ќе се испоубие.Со вакво размислување ни држава не заслужувате.
Абеја со лажниот патриотизам е готово, кој му верува? Никој! На сите ни е јасно дека ВМРО и ДУИ стојат зад инцидентите во Куманово. Џабе е, и на билборди да ве тераат да пишувате, слушнавме и знае народот како функционира власта. Минус поени за ВМРО!
Јас лично не верувам во случајности. Случајност ли е тоа што пред месец дека Ангелов најави дека дебело се потплатени банди од Косово да направат дестабилизација во државава? Арам нека им е на гнасиве спремни се да жртвуваат и полицајци и невино население само да си го спасат газот.
Ова беше смислено од соросоидите и тоа пред да почне се, а смислено е и ова со Куманово, за да ако не им успее со протест да се обидат со војна. Толку ли сте слепи, отворете очи. @Luna91 сама се укопа, Ангелов го рекол тоа ЗОШТО ЗНАЕЛ а бидејќи е прост му излетало.
Џули, се сеќаваш на видеото пред еден месец каде за Ал Џезеира Шеќеринска плачеше за албанците? Се сеќаваш? Сакаш да го видиш сега? Не е Абеја крива за УЧК во Куманово. Види го видеото. А во него - Шефот на УЧК од Косово јасно и гласно, стојќи пред картата ва Голема Албанија, вика дека ако има немир во Македонија, они веднаш ќе дојдат да им помогнат на нивните албанци и сонот за Албанија ќе се оствари. Потајно, им вика, кренете се, идеме ќе ја поробиме државата. Најглавната цел на прилогот е да се прати пораката до секој албанец, вие почнете, УЧК доаѓа на помош. Веднаш по него, Шекеринска кажува дека дојден е климаксот, дека сега треба да се реагира.