Луѓе Куманово во моментов гори. Зборев со моите и со другарки во позадина истрелите не запираат сите ми пренесоа дека ситуацијата е полоша од утрово. Запалени куќи,по неколку хеликоптери прелетуваат, не престануваат пукотниците. Ни отиде градот...тешко ми е плачам.
Оваа ситуација во Куманово не е за подценување бидејќи овие не се обични терористи на кои им текнало да земат пушка и да се борат за некакви си права ова се добро истренирани убијци. Сабајлево се слушнав со некои луѓе за да знам дали треба да доаѓам во МК (резервен Полицаец сум) и сега за сега ми рекоа дека све е под контрола и не треба. Затоа ве молам возджете се од секакви коментари против Полицијата ,МВР и други вакви наши служби и оставете ги да си ја вршат работата.
Не, уште полошо е што сите се заинтересирани за работи кои не би требало да ги интересираат, барем не до тој степен. Што ако дознаете која е точната бројка? Жалосно е за семејствата, ама тие на време ќе бидат известени. А знаете што е најлошо? НАЈЛОШО Е ДА СИ ВО КОЖАТА НА ОНИЕ КОИ НЕ ЗНААТ ШТО СЛЕДНО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО НИВ, А ТОА СЕ ОНИЕ СО ОРУЖЈЕ ВО РАЦЕТЕ И ОНИЕ ВО ЧИЈ ДОМ ПУКОТНИЦИТЕ СЕ СЛУШААТ СЕ ПОГЛАСНО И ПОГЛАСНО!!!
Цел град не,само делот што е зафатен...ако биде цел град само децава да ги тргнам ,јас не бегам од дома.
Каде е сега Грујо да ја среди ситуацијата,и Заев да направи да престанат децава да се тресат. Ми доаѓа да го извадам и моено чифте и да одам да бранам ,само не знам што и кого.
На Алфа сега на вести кажаа, 30-тина луѓе, дел од терористичката група, се предале.. Нели, неофицијално.
Дајте бе луѓе вразумете се не се напаѓајте едни со други, оставете ја политичката определба настрана. Ние обичните луѓе сите сме на истата страна. Што побрзо нека запре ова лудило. Луничка, не верувам дека ситуацијата до толку да ескалира, во секој случај бидете на ,,готовс“ и ако имате потреба од било што ти и останатите слободно пишувајте тука.
Луѓе јасно беше дека пак ке се пука во нашава земја. Премногу сум вознемирена за да ви објаснувам, бидејки денес сагубив пријател, погоден од снајпер во глава. И да точно е за гостиварчаните и тетовчанецот, како и за тој од Брвеница.