https://www.facebook.com/International.Laliga?fref=ts&hc_location=ufi А гледајте ги овие.Не треба да разбираш албански да сфатиш што пишуваат.Стегајте рапорт барем толку се може. Некако кога слушнав дека и Србиве се лоцираат на два памета сум. -добро е зашто имаме заеднички непријател -толку ли сме слаби сами што не можеме да го решиме проблемот. Сочувство за загинатите,ова не е Господова воља,ова човекот ја зема неговата улога.
Meanwhile on Sitel А да се појави некој да каже нешто за овуј ситуацију пошто миљон шпекулацие има веќ 15 саата и па ништо не се знае. Дај не не' дупите бре смучи ни се овј дн на сви кумановци.Срамота!
Кога ќе прочитам плачипичкарски коментари од типот - нема да остане на ова, ќе биде бетер, ми оди да ви дојдам и на шамари да ве кренам, од кај знаете? Ај доста со прикаските и паничните напади, доволно е гнасно во моментов за да ги слушаме и читаме вашите глупости. Дланкиве ми се смрзнати и испотени во исто време, одвратно ми е, бедно ми е, како и на сите нас. Не ми се верува што направија од нас и до каде одат. Ми се рика ми се плаче.
Колку е морбиден звукот на хеликоптерите и оние беспилотни летала. Надлетуваат...Се грчам при секој шум...Да, сега се смирија. Молк...Колку бил убав звукот на тишината и удирањето на капките по олукот. Ни дождот не може да го измие чадот, ниту да ги избрише сеќавањата од денешниов ден. Почит до загинатите...
Албанци протестираа пред амбасадата на Македонија во Виена Објавеново 20:06 09 мај 2015| Прочитано1734| Повеќе од 150 Албанци, според официјалните податоци на виенската полиција, се собраа попладнево пред македонската амбасада во Виена, објави Танјуг. Тие носеа албански и американски знамиња скандираа „УЧК“, „УЧК“. Албанците, како што изјавија за Танјуг, го организираа протест, бидејќи сметаат дека македонските власти не го почитуваат Охридскиот договор и продолжуваат да го дискриминираат албанското население. Исто така, се собрале, како што изјавија, и поради актуелната состојба во Куманово и Тетово. pleme incesoidno zaginalo uste edno mlado dete od shtip
Ќе има прес на мвр во 10 ипол , ќе кажат што све се случувало Почивајте во мир сите жртви што се на денешниот терористички напад.
Феминки од Куманово, како сте? Иво - влегле од една соседна држава....која бе Иво? од ЕДНА соседна држава...ох мајко... А што се однесува до тоа корто, дека се за греота, се согласувам, впрочем луѓето од мојава населба им даваат храна од жал, но тоа не е начинот. Ако го бранам своето, го бранам и тоа нема исклучок. Жал ми е, ама пожал ми е кога ова ни се случува, кога би биле претпазливи, мува нема да може да прелета, не па добро вооружени терористи. Не си во право. Процедури се процедури.
Meanwhile на тв турските серии си врват... да ги гледаш телевизиите и состојбата опишана тука, нема да ти се верува дека се работи за истата држава. Дојдов и јас да изразам поддршка на сите феминки од Куманово. Иако не сум од таму, ниту пак имам некој близок таму, се ежам кога ги читам описите на Луничка, Геа и останатите... Чувајте се и бидете силни, ви посакувам се да биде во ред со тие што живеат во Куманово, и сите што имате некој таму што побрзо да слушнете само добри вести
Малце цела недела се нервирам и се чувствувам непријатно ради тоа што полициски кордон ми стои пред врата, да му е страв на човек да испадне од дома да не загази во некоја беља без причина, па и ова фалеше. Да ви кажам право стварно се вознемирив и цело време следам што се случува. Не ми е убаво на душичката. Само повторуваат да се смириме, смиреност, не кревајте паника, бла бла и мислам дека баш добиваат контра-ефект со тој муабет за смирување. Сите да ги фатат, не можат.... Се кладам дека некој е изнесен од таму како уплашен цивил а уствари е волк со јагнешка кожа.... страшното е што не знаеш кого бркаш во ситуацијава, дал бркаш племе, дал бркаш некој што нарачал тоа племе да оперира баш денес, дали да ги бркаш и едните и другите. Исто е страшно што има огромен број на луѓе, претежно неедуцирана маса, спремни во секој момент да се фанат за пушка и да пукаат, дали во име на религија, обединување земји или па чисто само заради тоа што им се пука. Оди па најди им го крајот. На крај нас ќе не избркаат, ете така да ви кажам. Да не се навреди никој, јас имам една многу блиска личност од знаеме која националност, ете и јас политички коректна да пробам да бидам, знам дека не се сите исти. Ама во вакви моменти сфаќам зошто имаат диктатури на Блискиот Исток. Оди па најди им го крајот без диктатура, не се образовани, не биле никаде, не мрднале од мртва точка во животот, како едно стадо да ви кажам право. И мора да има овчар да ги води, оти овците ќе се изгубат, не е човек да ги пушти сам да одат. Ќе ти ги изедат цвеќињата, ќе ти се исе*ат во дворот, ќе ти влезат во дневна..... ЕДИТ - И ако знае некој да ми каже за што е тоа беспилотното возило што брчи, има ли муниција внатре, камера ли, не сфаќам?
Инаку ова е најнебитно на свет во моментов, ама го видов и да го ставам во темава за да не се спомнува веќе:
И за сите што викавте вечер ќе било вака, така, пожестоко....ете дека требало само малку позитивно да се гледа на настаните. Гледате дека се полека се среди. Верувајте дека до утре уште толку ќе се потсреди ситуацијата. Само мислете позитивно.
Мои роднини во Куманово ги напуштиле своите домови уште денес. Барем децата однесете ги некаде за да не ги изложувате на опасност, ако веќе сте решиле да останете дома. Можеби стивнало, можеби не, но вашиот живот е на прво место.
http://fox.mk/zabava/tv/kanal-5-gi-prekina-zvezdite-na-grand/ Не ми се верува!!! Дајте им орден на Канал 5. Ударна вест - се прекинала емисијата Ѕвездите на Гранд!!! И тоа со пофалните зборови: 'Телевизија Канал 5 уште еднаш ја покажа својата сериозност и одговорност и веднаш реагираше според најновите случувања'. Дали е ова за да се пишува како вест и дали е ова за пофалба? Тоа треба да е нормална појава, да се прекине програмата ако се случува нешто вакво. Зарем треба да се фалат со тоа, и тоа откако ги дадоа сите серии и откако народот реагираше? Оф мајко, до кај стигна светов EDIT: луѓе, да ги отвориме нашите домови за луѓето од Куманово кои можеби моментално сакаат да избегаат од теророт и да си ги заштитат децата додека се смири ситуацијата!
Големо сочувтство до фамилиите кои ги изгубија своите најмили. Само сакав да кажам дека ситуацијата сеуште не е смирена ама не е како прееска. Девојче со своите родители е убиено од страна на терористите кои им упаднале во домот (официјално... овој збор е преглуп за објавување нечива смрт но бидејки по портали се пишува неофицијално) Едит: девојчете и родителите кои биле убиени се албанци но не е битно во моментов тоа, и тие се луѓе... зарем не заслужуваат да живеат.
Моментално сум во друга кумановска населба кај што не се слуша баш ништо. Ниту рафали, ниту амбулантни коли... се потсмирив, сега за сега сум океј. Но утре треба да се вратам во своето маало кај што буквално доживеав трауми. Димот од запалените куќи ми влезе во соба. Ептен бев блиску до критичната зона. Од прозорец можев да видам се и сешто. Како да спијам утре мирно во мојата куќа? Како ќе го надминам овој страв? Му е гајле некој за мојата траума и траумите на тие луѓе кои имаат поголеми штети?