Не, оваа кутрава би да го фати авионот и да бега, ама Грујо ја има нагазено јако. Знаете како се осеќаме сите во моментов? Како дете оставено на улица, а родителот со намера здувал!!! Сами сме ало, сами!!!
Битен е фактот дека одржа прес, а нема врска што ништо не кажа. Освен дека ја потврди смртта на загинатите. Нека почиваат во мир. Господ нека им даде сила на нивните фамилии. Најголемо сочувство. И поддршка за Кумановци. Дај Боже се брзо да заврши. Знам кои трауми се. Нека не се повторуваат повеќе.
Некој од Куманово да даде информација? И @fighter знам дека ова не е за во темава, ама те молам смени го или тргни го потписот, огромен е и пречи во прегледноста на темава.
И да се однесуваме на ниво на ситуацијата со која се соочува државата, да не го користиме ова во Ку за дневнополитички препукувања. Што уште не ви е јасно, гледате женава пред нервен слом од стрес, вие барате одговори. Море и многу беше, па зашто чекавме да ја видиме и чуеме 24ч.? Она истражува, се стресира, сумира информации... А пастирот кај е? Он утре вечер може ова време ќе настапи на сцена,а? Прееска на таа отворената емисија на 24 вести, еден од гостите спомна дека се начуло оти Николче ја напуштил државата?! Ајј , ајјј до кај дојдовме, пусто Македонче! Иначе на страна на реалноста, поддршка за сите Кумановци, не сакам ни да замсилам како е во ваша кожа да е човек сега. Сочувство до фамилиите на загинатите храбри души, молитва за ранетите да излезат живи и здрави од болничките кревети и искрена поддршка до оние кои имаат некој на терен. Слава ви момци, само за што се боревте, што браневте, од кого браневте?! Нечии удобни фотељи и ненаситни амбиции!
И да се пука уште по некој рафал, ги доловуваат последните терористи...ама би требало за разлика од прееска да е посмирено. До сабајле да се надеваме скрос ќе прекинат пукотниците.
Моите роднини од таму пристигнаа кај нас,со нив донесоа уште едно семејство. Немаме многу голема куќа и ќе се стуткаме некако ама имаме големо срце. ЌЕ БИДЕ ПОДОБРО!
Ако ова заврши вечерва, а дај Боже да заврши, и ако терористите така лесно се предадат, ќе биде сомнително. Многу е јасно дека сето ова било наместено од надвор за да се прекине Турскиот тек. Се исполнува американската намера да не успее Турски тек а како што рече и Лазански, Македонија е најслабата алка со чија дестабилизација ќе се спречи изградбата на руски гасовод. Затоа и платениве соросоиди им помогнаа во целта и не им е битно што загинаа наши луѓе.
Денес цел ден кога ќе слушнам ПОЛИЦАЕЦ или ПОЛИЦИЈА пред очи ми излегуваат сликите од пред некој ден кога млади луѓе со камења и шипки удираа по нашите безбедносни сили... Зошто така жестоко ги напаѓаа??? Што беа тие виновни??? Само си беа на своите работни места и си ги исполнуваа своите работни обврски, исто како што тоа го прават денес!!!
Секоја чест за вас. Многу би се направиле недостапни и наудрени само за да не ги примат. Ама баш во вакви моменти се гледа кои се вистински пријатели и на кои роднини им значите. Сега ако не си помогнеме меѓусебе, никогаш нема.