Затоа што не знаеш и нагаѓаш @Val-Dim, затоа ти кажав, зашто си донела заклучок од погрешни информации. Никој верувај не ја сака оваа состојба, никој со здрав разум не би сакал вакво нешто. Кој сака да го чека сопругот, таткото, братот да се врати, да чуе вест дали е жив и добар? Без зборови сум за ситуацијата во Куманово, не знам ни што да напишам, ми враќа едни ужасни спомени кои не ги посакувам на никој. Се надевам од се срце дека ќе се смири ситуацијата, без разлика како се случила и зошто, доста му е на овој народ гинење.
http://republika.mk/?p=428317 еве дечки, само што ми го пратија мене, па да го постирам ова..а колку е точно не знам..
^ Пред спиење вака ме изнервираа дополнително, "Доколку не се работи за шпекулации" Mрш! Овие медиуми дополнително допринесуваат само за ширење паника! Преку...уфф Мислам дека се разболев денес, ајде да се разбудиме утре и да биде се подобро...кој може да заспие
Треба да останеме силни, соочуство до загинатите храбри војници што ја штитеа Македонија со своето тело и храброст многу жално и болно, знаеаме дека овде не беше почетокот ниту крајот на тероризмот никој град не е безбеден никој незнае( од граганите ) кој стои зад ова и што планира и каде , треба да се освестиме веке ова не е филм туку реалност , наместо да се делиме ние Македонци по партии и да се мразиме ние треба да сме здружени и да недозволиме никој да ни ја земе државата од наши Македонски раце посебно не некои дивјаци , луге без душа ....
Република е најлошиот портал што може да постои, најверојатно ова не е точно, Баш ќе го разгледам твитер акаунтот на дечково. ЕДИТ: Ко што мислев, глупости. Еве го акаунтот, нигде не пренел таква вест https://twitter.com/VincentTriest
Па, не се погрешни информации фотографиите со насилство врз полицајците!!! А оваа првава фотографија со цвеќенцево и насмевкиве некако многу иронија ми содржат!!! По првиот ден тепање по полицајците, вториот ден цвеќе Ви даваме!!! За втората фотографија !!! Мм сега се врати од Куманово... Во градот е мирно, нема пукотници!!! Се надевам завршила акцијта на полицајците!!!
Наредните два дена ќе бидат прогласени за денови на жалоста , така пренесуваат порталите , штета стварно и жал ми е за тие 5 луѓе ако не и повеќе што ги дадоа животите на тој начин . Истотака би сакал да го споделам постот на Никола Пишарев од Фацебук , да се прочита пред легнување ... " Сочуство за загинатите, ама нешто мене ми смрди. Зошто? 1.Ниеден нормален терорист, платеник, војник не носи оружена група у мало со тесни улички со куќи опкружено со поле од сите страни каде лесно може да биде блокиран и од каде нема шанси да се евакуира. 2. Повеќето од ранетите се ранети во потколеници. 3. Загинатите се од Госитвар, Брвеница и Зубовце - западна македонија 4. зошто ако веќе биле во 2-3 кукји не се евакуира прво цело население од маалото па да се исклјучат струја вода комуникации и потоа да се блокираат макар и 20 дена до предавање или истоштување. 5 Нема барање, нема информација од оружената група за што се бори, што сака, нема комуникација нема ништо, што се тие ликови камикази? 6. Ако се некаква група за која мвро имало податоци од порано зошто не ги фатиле еден по еден порано тие сигурно оделе по цигари, по леб, наполитанки пиво јогурт.... Последно цел ден се прашуем кој кур бе работат тие агенции за државна безбедност убк мубк дб мдб ако 50 души влегле у сред град со се пушки, машинки и слично. "
Ова го прочитав сега на фејсбук, ме докусури... Утрешниот ден и онака ќе е тежок, да се молиме да нема дополнително влошување на ситуацијата.
Не е точно дека првиот ден ги тепаа полицајците. Дојде една група на хулигани кои предизвикаа немири, а потоа полицијата удри по сите. Луѓето што протестираа не ги нападнаа полицајците, пак ќе кажам не е точно. Не сакам да се шират вакви невистини, не по се што направија сите што протестираа за да се задржи мирот и да биде без насилство. Нема да пропаднат сите напори за задржување на достоинството и целиот народ што излезе да се карактеризира како хулигани. Полицијата не се напаѓаше, затоа народот оди со кренати раце, во знак на предавање. Откако луѓето сфатија дека станува збор за групи кои само сакаат да донесат немири истите беа опкружени и потоа си заминаа. Немојте да ширите вакви дезинформации. Овие нашиве портали место да мислат што ќе објават уште толку дотураат сол на рана. Го разгледав и јас профилот на твитер за наводната вест за напади што следат, врска нема, не верувајте на се што ќе прочитате, прокопајте малку подлабоко, страшно многу дезинформации кружат.
А јас па не знам што е со фејсбук страната на УЧК, којзнае кој ја води, преведете ги постовите на гугл транслејт. И добро луѓе како да ви објасниме дека мала група маскирани лица ги напаѓаа специјалците, останатите луѓе мирно си протестираа сите денови.
Од кога го прочитав тоа на република знам дека нема да склопам око. Луѓе вие незнаете како се чувствувам, се плашам за себе си и за роднините во Куманово. Имам толку многу да се искажам, да навредам некого но... нешто ме кочи и во мене ми вели да су смирена. Толку сум мирна,но од памет не ми излегуваат грижите. Тешко е верувајте, мајками денеска беше до Куманово со душа чекав да се врати, сега не може да заспиее таа ми вели"Сликата е језива, насекаде куршуми, никогаш не сум го видела Куманово во таква состојба, нема никој по улици и само полиција и чад.Се слушаа пукотници". И кога слушнав за трагично загинатите полицајци дека имаат деца оставено си реков тоа можеше да биде мојот татко.
@Val-Dim ги виде ти повредените полицајци од протестите? Дали ги виде колку се повредени? Знаеш дека освен гребнатинки немаа ништо, само да те информирам зашто јас видов, т.е. бев во болницата каде што доаѓаа еден куп џандари „повредени„ колку да пријават било каква повреда за да се брои, ти текнува? Од другата страна, помисли колку се тепани „хулиганите„ во станица. Или на нив така им треба? Покрај нив имаше приведени и ДЕЦА кои ете биле на погрешно место во погрешно време и изеле добар ќутек во станица. Оооо греота џандарите, зарем не ги гледаше видеата? Кој може да ги повреди со тие штитови, шлемови, заштитна опрема... може невооружено лице да им направи нешто?