За фотографии е фејспалмов, не е за постот.... Искрено да сум на местово на полицајците, да одам да се пукам таму, животна опасност значи, да ме повредат, да стасам до болници и потешки повреди, да ме оперираат, и да ми дојдат циркузанти за да се сликаат со мене и за да ги има по весници...... Епа ќе ги упукам нив на крај, е така мислам. Едит - а врвот е тоа па шо ги нема веќе два дена, е богами жолта беше фасадата, сега мачкаат ли мачкаат......
https://www.facebook.com/KuRatnaZona/videos/vb.1601423763448282/1601885140068811/?type=2&theater Значи видеово немам коментар. Кантер Страјк у живо, ненормални!
Кумановки абер некој да пуштите?! Добри ли сте?! Ви треба ли нешто..било што?! ********** Се надевам сите не чекаат подобри денови.. Искрено жалам за сите жртви, сочувство до сите семејства.. голема тага..
Има повеке загинати а не ги кажуваат има и од мојот град соочуство уште едно семејство остана без татко, син, роднина, има и цивили загинати ништо не кажуваат ова не сопира туку се повеке се зајакнува нека Господ е со нас
Абе не правам јас поделби, во никој случај. Сум рекла не сум ни за едните ни за другите. Ми е жал што се случува и дека политичариве си го користат ова во своја полза. Заев се фалеше со бомби... еве му бомби - вистински бомби. Каде е сега - прв треба да е таму да ја заштити државата, оти нели тоа му беше целта. Да го спаси народот од криминали и не знам што. Викаше и животот би си го ризикувал за народот, немаше страв од никого. Ама кога се згусти сега, никаде го нема. Другиов џабе е премиер. Никаде го нема ни него. Од се што можеше да направи, тој отиде во болница да се слика. Ми се повраќа од сите. Народот е оставен сам на себе и на храброста на бранителите. Господ нека е со вас, бранители наши!!! Ова нема да ви го заборавиме никогаш
Jaс сум добро бидејќи сум во приградска населба не се трауматизирам од пукотниците. Ќе останам тука додека не се стабилизира скроз ова. Имам тука се' што ми е потребно, фала што се грижиш.
Вале мори, да не читавме на форумот, ако гледавме по телевизииве сега раат ќе си ја прчев на кафе..... А верувам и многу останати. Значи морници ме лазат цело време, ве молам од Куманово што сте, пишувајте одвреме навреме дека сте ок...... Ги мислам и феминките што им се мажите таму, да не сме ви во кожа, само и вие да ни потврдите добри вести......
Дуз, другарка ми кажа вчера ноќта дека ситуацијата се потсмирила, а луѓето излегле надвор, па мислев дека до утрово ќе се среди. Но, сега кога читам дека се зголемува бројот на жртви се чудам. Инаку не, не следам вести на телевизија и им верувам на феминките.
Ја ќе замолам такви како окензи да пишуваат инфо тука бидејќи имаат инфо од прва рака , а другите да престанат да копираат статуси од портали кој врска немаат од пишување.
Леле, во теков на денов ќе се обрати Хорхе луѓе! Правете стој на глава, обраќајте куќи со се кровови надолу, не знам што да не се направи. Врховниот командант ќе се појави, еве не знам јас многу се возбудив. А овие полицајциве, рака ќе му пружам на кретеништето. Море кога ќе го заплукам, раката да му се исуши да даде Господ (ако го има!).
Сабајле кога станав се разбудив пак со лоши вести и веќе аман. Се надевам дека сите вие што се таму ќе бидете сигурни и дека овој кошмар брзо ќе помине. Не познавам никој од Куманово, но имам роднини и пријатели што познаваат и знам како и е... тоа е немоќ! Актуелно на вести е префрлање на вината од едното на другото зло. Ми се гади веќе. А овој Грујо што го немаше и одеднаш се појави да се слика со повредените полицијци ( на истрауматизираните, уште тој и треба) зборува за неговата исценираност во намерите.Мислам одморете од злоба и пресметливост, гадни сте сите!
Не знаев каде да се издерам па ајде тука Ми се гади од овој народ, ми се гади од политичарите, од медиумите... Во време на војна сите се бават со политика, барем сега олабавете не. До сите политичари: За Вмровците: Ако беше сценарио на опозицијата, немаше да откажуваат протести и да повикуваат на смирување и на Заев семејството не е во Швајцарија. За Комунистите: Ако беше навистина сценарио на власта зошто уште никој не излегол со изјава ?! Нели требаше да имаат спремено говори ?! Ако навистина целта им беше да не се одржи протестот на 17 зошто уште не прогласија вонредна/воена состојба ? И не ви личи во ваква ситуација да се фаќате за бркот на Јанкуловска. Пораснете !!! Вие пак карајте се по Фејсбук а УЧК веќе се чекирале дека се во Куманово. За медиумите: Ај што цел ден чекаме да слушнеме некакви вести, па и кога слушнеме само шпекулираат. Ебати оноа истражувачко новинарство. Повеќе од РТС дознаваме отколку од нашите „медиуми“ Денови на жалост а тие со стандардната програма, да не случајно заостанеме со турските серии. Да не испуштиме некоја епизода. Па и уште Латас се дрзнува да каже дека „Не е Куманово најбитно“ битно е да ни кажат како да се однесуваме во другите држави зоштотешко дека некој сака да остане тука. А за сите оние што шернуваат слики од полиција за лајкови, ЖАЛНИ СТЕ. И немаше да го пишам ова ако не видев еден пост каде се зборува како полицајците се само со гребаници или ако се ранети само во колената било. ОСУМ ЛУЃЕ ПОЧИНАА !!! Како се тоа гребаници ?! Па и анализа се прави од умрените. Само од Гостивар и Тетово биле, па само Македонци и се са за да се направат меѓуетнички тензии.Па зарем намерно биле гаѓани затоа што се од Тетово/Гостивар ?! А што правиме со Штипјанецот ?! Тој по грешка да не бил убиен ?! А со Србинот и Албанецот ?! ДА не мислеле дека се Македонци ?! Жално е Протестот од 17 не вреди, 8 човечки животи !!! Вонредна состојба не е прогласена, а и да е ништо не ве спречува да протестирате на 17. Видовме колку вреди уставот во оваа наша држава. Јас сум убедена дека оваа ситуација е „Двајца се караат, третиот користи“. Кој и да победи ние сите губиме. Кумановци бидете силни. Господ нека ви/ни е на помош.