Сите оние што се од куманово,или се заглавиле во куманово,имаат треба од помош слободно нека пишат тука да им помогнеме. ова е веќе многу опасно- http://denesen.mk/web/?p=345276
Нека му е лесна земјата,слава ти хероју. http://kurir.mk/makedonija/vesti/19...-crnina-denes-ke-go-pogrebat-Saso-Samoilovski неофицијално учките се спремаат за војна и ке започне на 12 мај.
8миот е исто албанец од гостиварските села, ама и за него неможам да ви кажам име, зошто семејството сега го информираат. Прво кажаа дека е критично поради бомба, но подоцна и дека починал. Бог да го прости.
Добро луѓе, кој дел од НЕ ШИРЕТЕ НЕПОТВРДЕНИ ИНФОРМАЦИИ не ви е јасен? Малку треба за паника да се дигне, доволно се истрауматизирани и исплашени сите. @okcenzi, не се однесува на тебе.
Луѓе тек во 17:00 ќе се состане советот за безбедност со целот државен врв. На што личи ова, два дена поминуваат веќе до тогаш. Играчки си играат, цел ден ги нема да се појават на телевизија, а тие уште и не стигнале состанок да направат. Србија успеа да свика состанок, ние не можеме. Има ли државава одговорни лица? И ќе ве молам да се воздржите од неофицијални информации што влеваат страв во коските и да не го паничите народот со такви вести дека УЧк планирале војна, па уште и со сигурни датуми. А и ако веќе споделувате информации кажете од каде ви се, а не вака како на пазар.
Господ нека те благослови за инфомацииве. Дај Боже нека престани ова и ајде јас да повторам, нека им е лесна земјата на починатите, нека ги чува Господ сите тие што се таму и сите граѓани во државата. Барем овие неколку дена да се воздржиме од меѓусебно плукање поради политичката инволвираност на ова.
не е вежба,него кажувам она што ми е пренесено.за жал информации да давам од каде што ме известуваат,тоа извинете ама сепак ке остане тајна. Се извинувам од сега ке имате само официјални информации.
@Giovanna, еве од кај им се http://webtribune.rs/voda-terorista-makedonci-lazu-nismo-uhapseni-opsti-rat-pocinje-12-maja/# .... јаката разузнавачка служба, хрватски портал кој пишува глупости за да го кликаат повеќе
Не ми се од тука,ама ајде да не навлагаме толку многу во дискусија сепак како што кажав,тајна си е тајна.
Како намерно да ги убиваат баш оти се од Полог, сите што не се од таму се случајно убиени Немам ништо против тебе, ама се нервирам од вакви постови.
https://www.facebook.com/viktor.mancev/videos/vb.1358109618/10204259306306992/?type=2&theater Најреално кажано досега, се гледа образован човек, со искуство, а не само празна слама да млати..... Иначе го тргнале видеото од Канал 5, дечково на фб го ставил низ некоја од групите. Бтв се кладам дека веќе е опоменат....
Јас сум од Куманово и сега за сега не се слушаат пукотници само хелихоптери кои набљудуваат, последен пат слушнав пукотници синојка доцна. Чекаме и ние ништо не знаемо, само што е много страшно. И сакам да изразу жалост за погинати људи кои се боресва за наш град нека им е слава!
Девојки учк пак ке го проба тоа од 2001, но бидете сигурни дека нема да биде исто. Немаат сила. Немаат таква поддршка како тогаш. Верувајте дека ние сме по спремни и со повеке искуство од тогаш. Ова што се случува во куманово е само фрлање курбан. Шпиуните ги имало и ке ги има. Нека почиваат во мир моите сонародници. Бог нека им го подари рајот и нека им даде сила и спокој на нивните семејства.
Зошто објавуваш слика и име од починатиот кога може уште и неговото семејство не знае. И кок фактор си ти за да добиеш информација дека во вторник почнува војна.Извести го државниот врв и сапси ја Македонија штом ти е точна информацијата.