Пукотници во Куманово

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fighter, 9 мај 2015.

  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Неофицијално тогаш е и бомбата за смилково , на 12ти.
     
  2. Инферно

    Инферно Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2015
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    50
    Така и ке биде,културно и убаво се извинив за неофицијалните информации,а понатака нема ништо повеќе во оваа тема да пишувам и давам некакви си информации,така да се читаме на други теми.поздрав и господ нека ве чува,вам и вашите семејства.
     
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    вакви рабти најдобро е да се знаат, за недај боже да бидеме спремни. Да знае човек кај да се засолни, да има доолно храна и ВОДА а не како 2001 без вода бевме со недели и деца вошки и красти добија. Да знае човек што да спакува. Луѓе куманово е на две педи од сите. Не паничете, но сепак бидете подготвени и за најлошо, па дај Боже да е се најдобро и утре сите да се разбудиме весели, наместо расплакани.
    Паметите ли како тетовчани немаа медицинска помош и лекови?
    амин
     
    На crimson, Doozy, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  4. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    24.154
    Пол:
    Женски
    @Инферно, слободно пишувај ако тврдиш дека информациите се официјални!
     
    На Инферно, Oscar Lady, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Информациите се неофицијални и одма се ствара паника !
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    34.598
    Пол:
    Женски
    И да не беа тие информации, сепак има страв и паника, треба да бидеме подготвени на се..
     
    На koritsaki, senza.parole и blueberry93 им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.761
    Допаѓања:
    162.825
    Се ежам.
    Се чудат кумановци по кој пат да тргнат...
    Мислев дека ќе се разбудам во подобро утре. Ама се заебав.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  8. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    24.154
    Пол:
    Женски
    Ама од сè што е лошо може да се створи паника, така да - подобро да бидеме подготвени на сè.
    Еве, мене Инферно не ми остави впечаток дека намерно ги преувеличува работите.
     
    На Sky-butterfly, Cka, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Воено лице е.
     
  10. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.025
    Допаѓања:
    10.388
    Дел од војската е мобилизирана уште од вчера, а дополнителното мобилизирање нормално се случи затоа што ситуацијава е далеку од расветлена.
    Легално, војската не смее да се активира додека не се прогласи воена состојба. И во 2001 официјално не беше прогласена, но тогаш поинаку беа поставени работите, сега полицијата има доста голем дел преземено од нивните обврски.

    Ќе видиме што ќе реши советот за безбедност...
     
    На НаталиЛили, senza.parole и Doozy им се допаѓа ова.
  11. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    "Пукотници во Куманово" ме потсети на строфата од Сердарот.

    Пискотници се слушаат од Галичник во Река.
    Што тешка несреќа ги збра,
    и мажите и жените та гласи тажна ека
    и навева сал коб и зла?

    Нека почиваат во мир.

    Во вторник ќе има нова "бомба" за убиените кај Смиколвско езеро. Таму беа 2ца мои пријатели. Тогаш мирен, и да сакаш не можеш да останеш. Гневот ќе расте, ама не помеѓу лугето. Туку спрема владетелите.

    Ама ништо нема да биде мирно од овие валкани игри..
     
  12. Инферно

    Инферно Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2015
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    50
    Не е работата значи за пишување на информациите,значи никој од форумов тука незнае ни кој сум ни што сум,и каде и што како работам.Значи луѓе ова не е шала и не се заебанции ова е еден мал дел од војна,а вие како сакате така сватете,јас за сите мој напишани информации тука јас одоговарам,а вие понатака слободно окривувајте ме.Само да ве известам,дека мојот татко и мојот братучед се веќе спремени за мобилицизација,уште ноќеска ги известија и тоа на врата ги побараа,дека сабајлево мора да бидат подготвени како знаат и умеат,и дури сега ги собраа.НЕКА БОГ ГО ЧУВА МОЕТО СЕМЕЈСТВО,МОЈТЕ БРАЌА И СИТЕ ОНИЕ КОЈ СЕ НА ТЕРЕН.Толку од мене,чувајте се добри луѓе.поздрав
     
    На Mama25, Sky-butterfly, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979

    А баш тоа си мислев, зошто е ситуацијава оставена на полицијата, буквално се борат луѓето таму веќе повеќе од 24 часа..... Цивили надвор, пушти им тенк внатре и чао пријатно....
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Смирено е. Сабајле од 7:20 до 20 за 8 некаде имаше истрели и оттогаш бар во центаров ништо не се слуша.
    За друго не знам, се молчи, а од рекла-казала не вреди да се шпекулира.
    Сега кружи веста дека се целосно неутрализирани и на испитување...али тоа е сепак Сител.

    Што вика другаркава - Куманово мое, секогаш првите пушки си ги примало.
    Не знам, луѓе. Жално е само да се гледа како во другиов дел од градов има некоја раздвиженост, како народов пробува да се преправа дека живее нормално, деца долу си играат, родителиве висат на прозор, демек чистат или нешто, а сите сме свесни дека нецел километар од нас изгинаа недолжни, млади души.
    Прееска се изнаплакав за нив...6, па 7, па 8....аман!
    И не ми е страв воопшто. Скурчено ни е на сите. Сега вака во афект, сон ми е на врата да ми тропне некој и да ми понуди зоља, па мислам дека комотно би отишла во судот кај што наводно ги испитуваат, по еден во чело и мирно ќе си ги лежам ако треба после до крај на живот.
    Ете...тоа е оној момент кога веќе ти е преку тасета, посебно па од гнидиве што ко малоумни деца уште си префрлаат вина чија партија била по(не)виновна дури земјава гори.
     
    На LaraSolare, Oxymoron, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    [​IMG]

    Ненад Серафимовски е роден 1987-ма година во Гостивар, во својата фудбалска кариера настапуваше за тимовите на Вардар, Работнички, Турново, ФК Скопје и Милано Куманово, каде нанижа повеќе од 60 официјални натпревари, на кои постигна 3 голови (два во дресот на Вардар).

    Редакцијата на Спорт Клуб изразува сочуство кон фамилиите на загинатите.

    3от од лево во горниот ред ( втор во црвен дрес)

    Да додадам и ова за Нено, беше каратист со црн појас и многу храбар и мил дечко.
    Тренираше во карете клуб Полог-Гостивар.
     
    На Bojana.20, mileystar, Yowannty и 6 други им се допаѓа ова.
  16. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.728
    Пол:
    Женски
    Зошто се трудат да не се прогласи воена состојба. Ако се прогласи војна и се пушти АРМ на терен, ќе се кренат сите терористи, исламисти, сиријци и сите муслимани кои се веќе распоредени по градовиве во земјава и отиде Македонија. Тоа ќе биде долга крвава војна која во најлош случај би прераснала во Балканска.
     
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Не ми замерувајте што пишувам пост по пост, дека не можам да се смирам, а најлошо е што немам како да помогнам и што да направам.
     
    На Doozy, ALISA0000, IronLady и 3 други им се допаѓа ова.
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.524
    Пол:
    Женски
    Виа твитер пак:

    [​IMG]Давидовски‏@SieMiGaDjuro
    Мирно е по Куманово, продавнице работив, аптеке, кафиќи, нема пуцање и слаба раздвиженост на народ!
     
    На Victorian и naturally им се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979

    Абе да, јасно ми е тоа, ама полицајциве, па и тие од специјалните единици, се обучени за интервенции, најчесто брзо интервенции... Колку може да издржат уште таму, се гледа дека им треба засилување.:(
     
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Знаев дека и сабајле исто ќе се дешава. Не сакав да пишам ама знаев дека нема така лесно да заврши. Исто важи и за денес, ако не кажат официјално дека се завршило тогаш очекувајте дека вечерва пак ќе се стишат ама сабајле пак и пак истото. Господ нека ги чува сите. Се наежив кога видов дека има уште загинати за оваа проклета земја во која никој арно не видел. Чувајте се Кумановци сите сочувствуваме со вас и сите сме на штрек. Господ нека ги прости загинатите.
     
    На BestFriends.99, Victorian и theowndemon им се допаѓа ова.