Нормално е да кажете ако знаете сигурно. Само ве молам не обjавуваjте име,презиме, може сеуште не се известени семеjствата
Процентуално ако се гледаат работите, за оваков соодност некој треба да си преземе командна одговорност. Ова се веќе сериозни жртви ало!!! Нема слободоумна мисла, нема здрав човек во оваа држава!!!
Па lost си зошто ова воопшто не е сценарио на никого. Не сум политички определена туку сум на страната на двајцата војници од мој град кои загинаа за кретени од ВМРО и СДСМ да си играат на протести те удрив - ме удри. Свестете се луѓе, војна не им одговара ни на едните ни на другите. Доколку дојде до истата најдебелиот крај ќе си го извлечеме ние како народ, ќе се бега низ светов а најлошо од се е што ќе нема каде да се вратиме. Не се надевајте дека ако дојде до полошо на крајот Заев или Грујо ќе седнат на тронот. Македонија ќе биде избришана од мапа!
Сценариото е излезено од контрола и има жртви , нека се заврши ова па после ќе дискутираме од политички аспект што и на кого му одговара ова и остало.... Сега ако ништо друго да се тргне политикава , грујо и заев и остала компанија барем додека не се заврши ситуацијата во Куманово. А после ќе се објасни што како ....
Дали си ти озбилна?на ниеден портал ни интернет нема објавено за човекот,официјално од прва рака е информацијата за инспекторот што е убиен.
А нели на вести кажаа дека ги фатиле сите терористи, дека завршило? Ве молам нека ми објасни некој бебе сум за вакви работи
И да ни каже и да не ни каже Инферно, ќе разбереме. Инферно, другар, кажи само ако треба да се креме у подрум, вакви иинформации не ни спасуваат нам глава.
Јипмен во право си дека сценаријото им забега малку, ама не биди сигурен дека не им е заеднчко масло со плус надворешен фактор, само мораше да има драматична завршница. Нема да се објави ни за смилковско, ни па ќе има протест на 17, слушајте ми го зборот. А и сето ова не е толку битно, јас сум на страната на мојот народ. Моите кумановци викаат дека во моментот се добри, но се исплашени и многу им е тешко што има загинати луѓе.
Тогаш чуму ти е да се петелиш дека имаш информации, кога не ги споделуваш? Седи и трај си, остај да чуеме кога ќе е официјално, јбт. Деца по форумов имаат татковци таму, девојки и жени имаат дечковци/сопрузи, роднини, пријатели...ти никнуваш со битната вест дека уште еден загинал али не смееш да кажеш кој. Они нека се тресат, ти битно информации имаш. Аман бре, луѓе!
Само се надевам дека вакви нешта нема повторно да се случуваат, цела вечер не можев да заспијам, апетитот го изгубив, не можам ни да замислам како им е на оние чии блиски биле во полицијата......
Не е завршено, прогласена е вонредна состојба во Куманово и утре нема настава по школи, градинки...Не смее се да се кажува зашто ситуација е надвор од контролс
Тоа го пишав за твојот претходен пост, каде не држеше во неизвесност за дали да споделиш информација или не.
Сега за сега не се слуша пукање,па ке видиме подоцна. Инаку нема да работат училиштата и градинките се додека не е доволно безбедно.... Сабајле се слушаше пукање,не ги фатиле сите терористи во тоа сум сигурна...
Да се петлам?дали си ти свесна што збориш?јас имам татко и братучед кој се таму,зарем мислиш ти дека само тука се тресат луѓето?Загинатиот е пријател на мојте,и моето семејство и неговото семејство е веќе известено.од сега нема да имате од мене ама баш никаква информација,значи никој повеќе да не ми пишува во инбокс,нема да враќам на никој,затоа што сте расипани сите,јас тука ви давам информации за кој одоговарам и не смеам а вие мајтап со мене си играте.од сега ништо во оваа тема.чао
Ајде вака - не верувај (целосно) во официјалните извештаи од властите зашто секогаш главната поента е да се заштити населението од паника и (по)жестоки реакции, а со тоа да се заштитат и самите себеси... Има се уште терористи во Куманово и се уште се пружа отпор. Не како вчера, можеби, но немири има... општиот страв е дека допрва ќе ги има со се' поголем интензитет. Дај Боже стравовите да ни се лажни.
Добро бе, колку имаш ти, 12? Голем курац, извинете на францускиов, ако не не известиш. Демек досега беше главниот извор на информации и сега ќе живееме во потполн мрак. Мислиш јас не можам да почнам да пишувам што изнаслушав и од прва и од десетта рака? Ама постои нешто наречено основна логика поради кое не си дозволувам да тресам што ќе ми прдне на мозокот или што ми кажале, затоа што и повеќе од доволен е овој стрес за луѓево.