Ајде Господе нека прекине оваа тортура,овој страв.Нека не гинат веке.Ова не е живот вака.На штрек седиме постојано.
ДЕВОЈКИ СРЦЕ МИ ПЛАЧЕ Подршка за Македонската полиција Исповед на полицаец стрелан во левото око: Ни малку не ме боли затоа што оваа повреда ја добив во борба за мојата ТАТКОВИНА-МАКЕДОНИЈА! СИТЕ СПОДЕЛЕТЕ ЗА ОВОЈ ХЕРОЈ!
@Инферно, друже разбери дека состојбата во Куманово е страшна, сите сакаме да знаеме што се случува но тие кои треба официјално да не информираат- молчат. Ако сакаш да споделиш со нас вести, ти благодариме за тоа ама да дојдеш тука со став „ јас знам нешто што вие не знаете ама не ви кажувам“ е тотално инфантилно.
Драги девојки, сите тука сме напнати и под притисок и тоа не прави и по малку фрустрирани. Дај да се смириме, паниката не ни е пријател. Ниту напаѓањето едни со други. Јас сметам дека секоја информација, официјална или само шпекулација е добредојдена. Да не земаме се при срце ама пак лошо е времево..секое сценарио е можно и подобро да бидеме претходно подготвени за секое могуче срање..извинете на израз. Слушнав на тв сеа дека полициските станици во Гостивар и Тетово исто биле мета. Има ли некој некаква сигурна информација за тоа да сподели. Макар шпекулација. Вас ви верувам повеќе отколку на било кои вести. Гостиварки..имате ли некоја информација за можни пукања во Гостивар и околина?!?!
Немам 12 имам 8 годиники,бидејќи јас не бев главниот извор,еве ве оставам и пукајте информации,така да позз.
Не знам зошто, неутешно плачам... ебате државата, ебате...каде се сите да излезат да кажат официјално нешто? Во црна дупка? Црна дупка да ве проголта сите со се се најмило пичка ли ви матер алчна!!!
Во Куманово сега релативно е мирно но многу тензично, истрели се слушаа утринава но не со толку силен интензитет како вчера, се живо е затворено, утре нема да работат училиштата а можно е и фабриките кои се во тој дел од градот да останат затворени. Господе дај му сила на мојот град да излезе од канџите на овие зли јазли. Господ да е со сите нас во овие тешки моменти, сочуство до паднатите бранители....само едно за кого......за кого го дадоа својот живот, за чии идеали, и фотељи.....
добро ајде поз само не напнувај знам ама не кажувам дома со мамичка жити се се гледа дека си дете по постовите и по лутењето. Сеуште нема ништо во гостивар, мирно е.
Ако не е сарказам, тогаш јас ти се извинувам за поганиот речник, пошто си само ептен мало дете и можеби мислиш дека помагаш. Но, воедно и те замолувам да не се мешаш во вакви ситуации. Вам ви маскираат од дома, а фантазијата ви работи, но таа може да е погубна за туѓи нерви. Гледај си детски работи и уживај. Нека ти се вратат и твоите, а и на сите други дома живи и здрави. Инаку да. Се надевам дека смиреново ќе трае, но да не се опуштаме пребргу.
Спојлер За тоа дека треба да се тргне политиката на страна ломотам 2 дена, ама никој да ме чуе. Сите се фатиле за Груевски и Заев, пишував за тоа и не сакам да се повторувам. Со ова сакав само да укажам на нелогичностите во партиските препукувања. Ако ова навистина е сценарио, многу поголемо е од Груевски и Заев. Туку ме интересира дали има отворени линии за донирање и помош на Кумановци или некој друг начин за да им помогнеме ?!
што пишуваш уште, нели рече дека нема да пишуваш, ај не се прај фраерче овде на форум за да привлечеш внимание, додека народот се тресе. Оди порасни па дојди.
У моментов нема ништо, само знам дека на стадионот има некакви си комбиња бели, демек странски вести биле...